Ха-хахаха да да... знам, со тој КОМУЊАРСКИ закон, кој забранува сметки во други земји да отвараат државјани на РМ, закон од некои времиња на заедничка држава, а имаме аспирации да влеземе во ЕУ... најверојатно по флоскулата од дамнешни времиња, уште од илинденците: ‘‘Проток на луѓе, стоки, идеи и КАПИТАЛ.... многу ми се допаѓа овој закон!
Сакаш уште еден ‘‘дебилски‘‘ закон!? БАрем во УНИ банка ми кажаа кога прашав за процедурата префрлање од УНИ кон нивната банка мајка во Бугарија Прва Бугарско Америчка (така некако се вика).... Префрлање на сметка со дознака, значи по канален ред, значи преку институција регистрирана во РМ... можело само до 2 или 3,000 Евра месечно. а ќеш у џеб преку граница можеш до 9,999! По-дебилска работа јас не сум видел!? До душа можеби е изменето нешто, јас лани прашував во УНИ Банка....
А не сум сигурен и за БГ пасош дека е неопходен. Па кој ќе докаже ако си ги изнесеш парите дека имаш отворено сметка таму? Кого ќе викнат за сведок овде у единица? Претседателот на Токуда? Или на Рајфајзен? Смешки мислам! Ко нивните пари те. на побитните (на закононосциве мислам) да не се у Швицарска!? Е кога ја спомнав... еве еден добар закон за ‘‘пороманживе‘‘ од оваа нам пријателска земја...Значи не се грижеле само за нашите текстилни работници! Значи банките нивни ќе ги даночеле влоговите на сите што ги држат парите таму, а данокот ќе го праќале на земјите од каде потекнуваат сопствениците на депозити! Сега ние во Б‘лгарија ќе мора да штедиме, а овие што го носат законот или нивните финансиери на Кајмански острови! Е сега данок таму данок тука... овдека се штеди да се преживее, а таму се знае кој имаат депозити - најголемите поштењачини во Светов па и наши! Да и уште една работа. Од тие влогови нема Швајцарската држава толку зависност колку што има нашата од депозитите во нашите банки....