БДП-то ни отиде во минус (-1,4%)

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Лол
Не знам колку си со светските текови ама тоа е стандард во сите народни банки како и да се каже последна потврда е ЛИБОР и местењето на ратите со амин од регулаторите ако се дешава тоа во Западот каде не остава нас ?
Мислам немој да ми кажеш дека веруваш дека ја кажуваат вистината.
И не е заговор докажано е со документација , charts и шо све не .
Е сега ако не знаеш да читаш англиски тоа друг проблем ...
Добра си? Како на работа добро?
Не летај, полека. Нашиот финансиски систем и Европскиот со Светскиот од друга страна се разликуваат како ноќ и ден. Нашата НБРМ не е Фед, не е ЕЦБ туку е НБРМ. Тоа значи дека ние имаме еден остаток на финансиски систем што го користеше Германија додека беше марката. Ваков систем речиси никој во Светот не користи. Ние немаме ни секундарен пазар, ни терцијален. Ние имаме систем кој лесно се контролира од страна на НБРМ и при најмал сигнал на неликвидност со монетарни мерки може да го врати чекор назад или да го избаци напред. Или ќе скрати оптек на пари или ќе ги пушти. Зависи од фискалната (владината политика на трошење буџетски пари). Така да бројки и цифри неможеш да местиш бидејќи од нив цел систем го држат и ги прават стратегиите за да можеш утре да си купиш леб по иста цена.
А местењето на ЛИБОР е продолжеток на скандалот со Светската криза и препродавањето на залозите и кредитите исто со амин од регулаторите. Мислиш дека они нафта пијат и незнаеа дека така ќе заврши? Што ве гледам чудни, демек они не претпоставија што ќе се случи. Ова е само втората епизода од истиот серијал.
Далеку е Запад од нас Марсовке, далеку во било која смисла на зборот.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни 2012 година, во однос на истиот месец лани бележи намалување од 2,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни бележи пораст од 0,6 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија,гас, пареа и климатизација пораст од 0,1 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,8 отсто, Капитални производи за 8,2 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,0 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,0 отсто.
Во првото полугодие од годината, бројот на работниците во индустријата во периодот во однос на периодот јануари - јуни 2011 година, се намалил за 1,7 отсто.
http://kajgana.com/namalen-brojot-na-vraboteni-vo-industrijata

Дај некој нека ме потсети колку лопати се фрлија овие години и се најавија вработувања? Зошто вакви бројки? Зошто толку лаги и филмови?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Дај некој нека ме потсети колку лопати се фрлија овие години и се најавија вработувања? Зошто вакви бројки? Зошто толку лаги и филмови?
Се вработија по министрества, општини, јавни претпријатија, по принцип клати врата, или уште полибералниот принцип седи-дома зимај плата.
А индустрија? Па на кого му треба такво нешто, нема таму 15 члена сигурни гласачи за секој вработен.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Второ тримесечие од 2012та , повторно пад на БДП-то , овој пат за -0,9%

Државниот завод за статистика пред малце ги извади податоците за БДП-то во второто тримесечие од 2012-та.


Во второто тримесечје од 2012 е забележан најголем пад во секторите (В+Г+Д) - Рударство и вадење на камен,
Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 6.9%; Ѓ - Градежништво од 5.1%
и секторот З - Сообраќај, складирање и врски од 3.0%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2011 година, номинално порасна за 2.2%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 79.2%.

За истиот период, извозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 4.2% , а увозот на стоки и на услуги номинално порасна за 4.5%.



 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.755
Поени од реакции
12.216
Сеа ко ќе плесне и градежништвото ко камиказа у подморница. И земјоделието оти многупаметните не вложија кај што треба туку потрошија милиони без никаков план. А штом не инвестираа со време и во енергетскиот сектор, малку шанси да се опоравиме. Допрва ни иде зимата за скапа храна, скапа енергија и оскудица.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Економија

Македонија влезе во рецесија

Намалувањето на стопанската активност на фирмите ќе значи и отпуштање на работници и намалување на платите.


Александар Пешев
14.09.2012
П
о две тримесечија негативен раст на Бруто домашниот производ, македонската економија западна во рецесија. Државниот завод за статистика денеска објави дека во второто тримесечие годинава стапката на раст на Бруто домашниот производ изнесува -0,9 проценти, што следи по негативната стапка од 1,4 отсто во првиот квартал.

Може да се очекува намалена активност на стопанството и застој во нови вработувања, како и кратење на работни места, велат познавачите. Професор Зоран Ивановски вели дека опасноста е намалена економска активност и евентуално влегување во спирала.
Тоа ќе значи, освен намалување на активноста на компаниите, претпоставувам и намалување на бројот на вработените, намалување на можностите за нови вработувања, затоа што обично во услови на рецесија инвеститорите повеќе апстинираат од нови инвестиции, а само тие се можност или прилика за намалување на стапката на невработеност. Рецесијата може да се преслика и на нивото на доходи на населението, значи освен на компаниите, секако и на населението, што директно после може да се преслика и на животниот стандард.
Зоран Ивановски, универзитетски професор.

„Тоа ќе значи, освен намалување на активноста на компаниите, претпоставувам и намалување на бројот на вработените, намалување на можностите за нови вработувања, затоа што обично во услови на рецесија инвеститорите повеќе апстинираат од нови инвестиции, а само тие се можност или прилика за намалување на стапката на невработеност. Рецесијата може да се преслика и на нивото на доходи на населението, значи освен на компаниите, секако и на населението, што директно после може да се преслика и на животниот стандард.“
​​
Нема сомнение дека излезот е во зголемените државни инвестиции, вели Ивановски.

„Забрзување на економијата со навремена исплата на обврските, долговите на државата по сите основи и реков, зголемување на инвестициите во оние гранки кои се пропулзивни и кои значат поголемо ангажирање на домашната економија и кои генерално на долг рок ќе носат прилив“, вели Ивановски.

Македонската економија има проблеми, вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори

„Се разбира, ако влеземе во рецесија тоа негативно ќе се одрази на реалниот сектор, ќе се намалат инвестициите, ќе се отпуштаат работници итн.“

Надворешните влијанија секако имаат ефект врз македонската економија, вели Чекреџи.

„Тие се секако големи затоа што нашите главни трговски партнери, некои се во криза, некои се на граница на криза или се со многу мал раст и треба да се анализираат и внатрешните услови, тука пред сè сметам на мерки за подобрување на ликвидноста, на зголемување на домашната потрошувачка итн., кои би биле елементи кои може да ја пресретнат кризата.“

Во второто тримесечје од 2012 е забележан најголем пад во секторите Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија и тоа од 6.9 отсто. Падот во градежништвото се проценува на 5.1 проценти според податоците на Државниот завод за статистика. Рецесијата подразбира две последователни тримесечија на негативен раст на Бртуто домашниот производ.
http://www.makdenes.org/content/article/24708302.html
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Очекувана рецесија на Македонија. Само кај цвеќарите се е одлично.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Сеа Вечер ќе не теши - Добро е, успех, од -1.4 на -0.9, а "светот го тресат кризи" "Холандија само што не се распаднала" "Германија едвам преживува"
Ќе биде објавена како обична секојдневна вест : Денеска времето облачно со темепература до 25 степени , пријатно.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ќе биде објавена како обична секојдневна вест : Денеска времето облачно со темепература до 25 степени , пријатно.
Јок, латас ќе направи филм со ова, ами ГЕРМАНИЈА ПРОПАЃА!:ROFLMAO:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.942
Поени од реакции
12.343
Па како е ова можно, нели спомениците ќе донесеа туристи и ќе ја оправеа економијата ? :tapp:

Тоа што ме интересира е:

До колку Македонците можат да трпат ?

Општо познато е дека над 30% од народот е невработен, општо познато е дека додека има овци за стрижење ќе има волна за продавање и општо познато е дека Македонците ќе продолжат да си ќутат и уста нема да отворат поради актуелната економска и социјална состојба.

А тоа дека допрва треба да ги враќаме половина милијарда евра пари кои ги позајмивме од ММФ за споменици, допрва ќе не удри тој камшик, да земеме да си ги подмачкаме грбовите навреме за да не боли премногу.

Ме интересира ставот на членовите на форумов:

Дали мислите дека ќе имаме протести, блокади и демонстрации како во Грција и во Шпанија откако невработеноста ќе надмине 40% или 50%, па можеби и повеќе од 60% ?

Или македонските овчички ќе дозволат да бидат стрижени за да берберите профитираат од нивната волна ?

Но и волната не е неограничена, откако ќе ги истрижат во целост, македонските овчички можеби ќе дозволат и рака или нога да им се исече, доколку после берберите на ред дојдат касапите.

http://www.24vesti.com.mk/makedonija-e-vo-recesija

Македонија е во рецесија

14.09.2012 | 13:06

Македонската економија е во рецесија. Заводот за статискика и официјално потврди дека македонската економија е во рецесија.



Во второто тромесечје има пад на БДП од 0,9%.

Со оглед на тоа што и во првиот квартал од оваа година заврши со економски раст од - 1,4 %, а сега пад е регистриран и во вториот квартал, економијата и официјално е во рецесија.

Најголемо намалување има во секторот рударство, преработувачка индустрија и снабдување со електрична енергија. Потоа во секторот градежништво и кај сообраќајот.

2012-та според проценките на аналитичарите се смета за една од потешките економски години, по онаа во 2009-та кога БДП изнесуваше минус 0,9%.

Коментари (1)

Анонимен

- 14.09.2012 - 13:08
ke se smeni toa lugevo bea vo grcka tamu im ja podborija BDP mnogu nasiov narod saka da i pomogne na nasiot juzen sosed
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ме интересира ставот на членовите на форумов:

Дали мислите дека ќе имаме протести, блокади и демонстрации како во Грција и во Шпанија откако невработеноста ќе надмине 40% или 50%, па можеби и повеќе од 60% ?

Или македонските овчички ќе дозволат да бидат стрижени за да берберите профитираат од нивната волна ?
Протести како во Грција или Шпанија само на телевизија. И се разбира контрапротест веднаш на другата страна од улицата.
А второ невработеност од 50% не е возможно, бидејќи тогаш државата би функционирала 1 месец, потоа би колабирала.
Искрено за овој народ само вака и никако поинаку. Чим ви е добро насмејте се да ве сликам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom