Креационизам наспроти еволуционизам

WOLAND

Messire
Член од
13 септември 2012
Мислења
45
Поени од реакции
22
Експанзија*
Објаснете ми нешто ве гледам по науката сте јас прос чоек сум. На почетокот температурата била милиони келвини. Е како е можно да не изгореле организмите и денес да постојат.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Енергијата во изолиран систем е константа. Еволуцијата не значи додавање или одземање туку менување. Колку пати ти го повторив ова?
.
Тоа што енергија е сумарно, константа, тоа не значи дека и состојбата од елементите во набљудуваниот систем е „константна„, туку се влошува, со неповратен распад на системот....

И сега, ако системот неповратно се распаѓа, како можеш да очекуваш до еден таков систем, кој се распаѓа, да сториш обратен, неентрописки систем, во облик од живо битие, кое со својата структура, се инаети на распаѓањето?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Grand,

човековите „гранки„, кои живееле во пештери, тоа го чинеле не од што биле јааааааако прости и глупави, туку ради неповолните климатски процеси, кои ја зафатиле Земјава после промената на Земјината клима, по Потопот. Тоа, не го спорам, а она кое е траги-комично, тоа е начинот на кој се прикажани неандерталците: небаре се работи за чевеколики мајмуни, а не за човечеки битија. Така, „уметничкиот„ приказ на неандерталец, со одрана кожа на себе и со топуз преку рамото, подискривен од рахитичните коски (недостаток од сончева светлина и витамин „Д„, нели...), асоцира на тежок примитивец, а не на човечко битие, кое е створено во „..образ Божји и подобие...„.

За да видиш до каде може да оди човековата фантазија во поддржувањето на еволуцијата, погледни го и примерот од т.н.„човек од Небраска„.
Ти рече, цитирам "Човекот не живеел во никакви пештери: тоа е марксово глупирање, со цел, да и‘ помогне на, тогаш, младата дарвинова еволуција."
Сега викаш, аха океј, живееле во пештери ама не се сфатени.
 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
24
Некои на форумот со години се трудат машки да се избламираат. Тебе тоа ти успеа да го направиш во само неколку постови.

Respect...

Приметив дека на овој форум кога се нема аргументи повеќето од вас се трудите или да го омаловажите форумџијата или изворот на информацијата, или пак личноста која ја кажала таа информација.

Така не може да има сериозна дискусија, но фурајте , кој сум јас да ви кажувам што и како да мислите или да се однесувате.

Ставрогин, благодарам на комплиментот. Респект и до тебе (y)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако мислиш на некоја возвишена ултимативна цел тогаш ќе те разочарам. .
Ај не заебавај, па пред малку напиша дека еволуцијата и не била така бесцелна, нели?...:P
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Тоа што енергија е сумарно, константа, тоа не значи дека и состојбата од елементите во набљудуваниот систем е „константна„, туку се влошува, со неповратен распад на системот....

И сега, ако системот неповратно се распаѓа, како можеш да очекуваш до еден таков систем, кој се распаѓа, да сториш обратен, неентрописки систем, во облик од живо битие, кое со својата структура, се инаети на распаѓањето?
Се влошува? Што се влошува? Како се влошува?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ти рече, цитирам "Човекот не живеел во никакви пештери: тоа е марксово глупирање, со цел, да и‘ помогне на, тогаш, младата дарвинова еволуција."
Сега викаш, аха океј, живееле во пештери ама не се сфатени.
Не ми вади текст до контекст: убо напишав кој каде живеел и зашто така живеел.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Ај не заебавај, па пред малку напиша дека еволуцијата и не била така бесцелна, нели?...:P
Потоа сфатив дека целиш кон нешто налик твоите црковни сфаќања. Еволуцијата е процес кој настанува поради приспособување на животната средина. Примарна цел е преживување.
--- надополнето: 13 септември 2012 во 23:05 ---
Не ми вади текст до контекст: убо напишав кој каде живеел и зашто така живеел.
Што ти вадам од контекст? Неандерталците се подвид на homo sapiens.
--- надополнето: 13 септември 2012 во 23:07 ---
Објаснете ми нешто ве гледам по науката сте јас прос чоек сум. На почетокот температурата била милиони келвини. Е како е можно да не изгореле организмите и денес да постојат.
На почетокот имало бубашваби, а тие се неуништливи. Еве јас дома со години имам проблем со нив, ни дезинсекција не помага.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Се влошува? Што се влошува? Како се влошува?
Се влошува така, што слабеат енергетските врски помеѓу елементите од системот и така, системот постепено се распаѓа, неповратно, како што времето одминува. Пример: како старееме, така нашето битие ги губи своите способности и конечно, умира. Аналогно на нашата смрт, е распадот на неживите структури во природата. просто кажано, ако едно „нешто„ се расипе, само до себе не може да се поправи, без интервенција „од страна„.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Статистички, дневно изумираат по 130 видови живи битија.

Дегенерацијата на живите битија, а тука е и човекот, е производ од општата дегенерација на нашата животна средина, која не е последица само од природните неповратни ентрописки процеси, туку најмногу од човековиот упад во природните процеси и нивна девастација, со т.н. индустриска револуција, која до максимум ја загади почвата, водата и воздухот, кои , како „фид-бек„, негативно влијаат и врз луѓето. Така, неплодноста кај луѓето расте, со тоа што се‘ повеќе брачни парови не неспособни за природна репродукција на родот човеков.

Или, како што би рекол мојот омилен професор: некој како да ја притиснал клепсидрата во горната половина, која насилно и забрзано се празни кон дното...
Sve naopachki. Eden pogled von hristijanskiot mazohizam e dovolen da se sfati deka chovekot vo poslkednive 200 godini si go duplira zhivotniot vek. Deka 90ikusur posto od bolestite se iskoreneti I deka kvalitetot na zhivotot se podobruva eksponencijalno so sekoja generacija.

Kutija si e kutija. Prostor si e prostor. Ako dzvezdite ti se sijalici shto Jahve ti gi stail da ti je nebo lepo, teshko da mozhesh da si pretstavish nekoj raskosen pogled od strana, neli? Tolku ima perspektiva u edna kutija.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Grand,

човековите „гранки„, кои живееле во пештери, тоа го чинеле не од што биле јааааааако прости и глупави, туку ради неповолните климатски процеси, кои ја зафатиле Земјава после промената на Земјината клима, по Потопот. Тоа, не го спорам, а она кое е траги-комично, тоа е начинот на кој се прикажани неандерталците: небаре се работи за чевеколики мајмуни, а не за човечеки битија. Така, „уметничкиот„ приказ на неандерталец, со одрана кожа на себе и со топуз преку рамото, подискривен од рахитичните коски (недостаток од сончева светлина и витамин „Д„, нели...), асоцира на тежок примитивец, а не на човечко битие, кое е створено во „..образ Божји и подобие...„.

За да видиш до каде може да оди човековата фантазија во поддржувањето на еволуцијата, погледни го и примерот од т.н.„човек од Небраска„.
Мики, оние слики од учебниците по Биологија не се многу видоизменети со напредокот на технологијата и науката.

Имено, ти е се прават според еден куп параметри од должина на коски, заби, черепи, ноздрви... и секако не отскокнувата многу од тоа што го гледаш.

Имено во тој калап на препознавачка мрежа секако се тестирани и денешните луѓе до најситни детали како боја на коса и очи, па потоа се пушта низ тој калап и параметри за откриените остатоци, секако со некој тежински фактор на грешка, кој сепак не е толку голем и се блиски до реалноста сите слики.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Еволуцијата е процес кој настанува поради приспособување на животната средина. Примарна цел е преживување.
Приспособувањето ради преживување не е никаква нужност: имаш битија, кои се изразито отпорни на болести или битија со изразит фертилитет....Шо ќе им е нив „приспособување„, кога имаат сосема природен начин на запазување на својот род?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Приспособувањето ради преживување не е никаква нужност: имаш битија, кои се изразито отпорни на болести или битија со изразит фертилитет....Шо ќе им е нив „приспособување„, кога имаат сосема природен начин на запазување на својот род?
А тие способности ги добиле од Бог, така?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Се влошува така, што слабеат енергетските врски помеѓу елементите од системот и така, системот постепено се распаѓа, неповратно, како што времето одминува. Пример: како старееме, така нашето битие ги губи своите способности и конечно, умира. Аналогно на нашата смрт, е распадот на неживите структури во природата. просто кажано, ако едно „нешто„ се расипе, само до себе не може да се поправи, без интервенција „од страна„.
Збориш за јака сила? Интеракција на атомско ниво? Како е поврзано тоа со еволуцијата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom