Вие албанофобите сте интересен феномен....но морам да ви признавам дека имате доза интелегенција повисока од еден обичен фобист, а се гледа со тоа што секогаш се обидувате да ја оправдувате фобијата и омразата на разни начини, тоа кажува дека чувствувате неспокој без да имате база и аргументи, наидете на некои случувања каде индивидуи албанци се актери (лоши се разбира) и веднаш го фаќате случајот за да ја храните вашата потреба за оправдување.....
Еве на пример оваа тема започна со нешто друго а продолжува со тоа што албанците се гнасни, албанците се котат, албанците се примитивни, итн...
Сите албанци да го држевме скалперот немате право да не ставите сите во тој куп, затоа што после тоа случка се родени други албанци, немате право да ја оцрните и Овк, затоа што во таа Овк немаше само криминалци имаше и чесни луѓе, луѓе кои го оставија западот со целиот раскош и се вратија да се борат за татковината, ДА и албанците имаат луѓе кои се бореле за татковината, имаат татковина, не се дојдени од никаде...........
Тоа што зборуваме друг јазик и што имаме друга вера не не прави поинакви, всушност албанците се поврзани со сите народи во балканот, со дел србите и македонците имаме иста вера (исламот), со хрватите исто така, со грците не дели иста вера, горе доле имаме и исти традиции иако ги негираме, илјади години сме биле соседи, имало времиња кога сме биле алеати како што имало времиња кога сме биле противници, денеска не сакам да го нарекувам ова време како време кога сме противници, затоа што тоа можеме да го смениме...........затоа што денеска обичниот човек потешко е да се манипулира, денеска не не делат огромни планини кои спречуваат за да се спознаеме, навистина да се запознаеме, да ги оставиме предрасудите.............
Знам дека не сум космополит, но знам со сигурност дека не сум националист....