Убиен американскиот амбасадор во Либија

  • Креатор на темата Креатор на темата VOLK2234
  • Време на започнување Време на започнување
Овие муслинаниве многу биле нежни, ептен се навредиле.
 
Гледам дека повеќето го осудувате убиството на американскиот амбасадор.

Но, да беше убиен Либиски амбасадор во САД сигурно ќе викавте „Си го барал и си го добил“.
 
Aмериканскиот амбасадор најдиректно учествувал во агресијата на Либија и посредно помогнал да се линчува Гадафи од разулавената исламистичка руља.

Дури и за време на владеењето на Гадафи, Либија беше полна со исламски екстремисти кои тој некако успеваше да ги мава и држи под контрола. Еден од исламистичките лидери Абу Јаја ал Либи е Либиец.

Сега таквите се на власт во Либија, се тепаат меѓу себе, а Либија тоне.

Инаку, демонстрираат и пред Американската амбасада во Сана, Јемен, фрлаат камења и др., за малку влегле во неа.

120913-yemen1.photoblog600.jpg
 
Треба западот да разбере дека трансформацијата на одредени општества е долг процес кој на крај може, но не мора да ја донесе нивната замисла за како треба да изгледа општественото уредување.
Не е западниот систем најправилен и универзален.
 
Гледам дека повеќето го осудувате убиството на американскиот амбасадор.

Но, да беше убиен Либиски амбасадор во САД сигурно ќе викавте „Си го барал и си го добил“.

Не.
Човек е човек, без разлика која му е националноста.
Тој ли го снимил филмот? Не. Како може било кој да каже “Си го барал, си го добил“? Што барал? Барал да не личи на човек во последните мигови од неговиот живот?
Пак ќе кажам. Секој човек заслужува достоинствена смрт, а не растргнување.
Исто како што убиството на Гадафи беше нечовечко, одвратно за гледање истото се однесува и за амбасадорот.

Добро мајку му, како може да сте толку полни со омраза и да оправдувате убиство на човек кој има деца, фамилија, луѓе кои го сакаат?

Сфаќам јас изреволтираност од политиката на САД, која знае да помине граници со мешање секаде, ама да оправдува било кој убиство на човек на најѕверски начин не ве прави подобри од нивната политика, напротив, ве прави исти. Затоа што никогаш не умираат тие кои ја нанесуваат злобата и болката, туку умираат споредни актери.

Не знам како може воопшто да се оправда смрт од заседа, напад, војна и слично.
 
Мислам дека читав : американците тргнаа кон либија со воени бродови КОЈ РЕЧЕ ДЕКА МОЌТА НА САД ОСЛАБНУВА НЕКА ГИ ПОВЛЕЧЕ ЗБОРОВИТЕ!!!!!!!!!!!!!
 
Мислам дека читав : американците тргнаа кон либија со воени бродови КОЈ РЕЧЕ ДЕКА МОЌТА НА САД ОСЛАБНУВА НЕКА ГИ ПОВЛЕЧЕ ЗБОРОВИТЕ!!!!!!!!!!!!!

Идеме на ТИТУЛА!

ČEKA SE OBAMIN ZNAK

Američki ratni brodovi na putu za Libiju!

http://www.tportal.hr/vijesti/svijet/214310/Americki-ratni-brodovi-na-putu-za-Libiju.html

Можне е сега да имаат оправдање да направат воена база во Либија. Дали е тоа целта?
 
Однапред е планирано таква случка за да се нападне Либија ,како што веќе знаеме со неколку стотици долари може да се постигне такво убиство над нивни Амбасадор
 
да им се врати се на АМерите како што они нас не нападнаа заедно со Шошонците наши
 
Добро мајку му, како може да сте толку полни со омраза и да оправдувате убиство на човек кој има деца, фамилија, луѓе кои го сакаат?

Колку Либијски фамилии има уништено тој амбасадор со неговите одлуки и одлуките на администрацијата на Америка еее... ама нели тие во “граѓанските војни“ се нарекуваат колатерална штета за која обично и не се жали и брзо се заборава.
 
Види, јас бев прва што го осуди тоа што се случи во Либија заедно со убиството на Гадафи. Тоа беше една од најодвратните работи јас што ги имам видено во животот. Ти стварно мислиш дека тој амбасадор нешто решавал? Да решавал нешто немаше да биде во Либија, туку ќе седеше удобно во некоја фотеља во Вашингтон.

Луѓево од што се водат по паролата око за око, на крај ќе останат слепи.
 
Нема разлика меѓу пророците , но разлика имаме во тоа што во Исламот нигде пророците од Мухамед а.с , Иса итд не се преставени нивните слики , а во христијанството нели имаме фрески , икони на кои тие се насликани..

Представени се, ти ги покажав сликите. Еве уште една од четрнаести век.

Арапската цивилизација била понапредна и потолерантна порано. Откако Вехабиите им улетуваат се уназадуваат.

А за слобода на говор се ми е јасно , ама ти неможеш на земја со шеријат да им наметнуваш такви работи. Суштината е дека во муслиманските земји , било какво омаловажување на Исламот како религија се смета за грев и се казнува.

ОК, али еден поединец или група направила нешто навредливо а толпата убива луѓе кои немаат врска со тоа.
А земјите со шеријат ми се чини дека сакаат цел свет да ги признае нив како најдобри, најпаметни, најкултурни, најсупериорни и цела планета да се повинува на нивните правила.

Кои се бе тие големи верници што ја земаат „правдата“ во свои раце? Што, се плашат семоќниот господ дека нема да може сам да се справи?
 
Види, јас бев прва што го осуди тоа што се случи во Либија заедно со убиството на Гадафи. Тоа беше една од најодвратните работи јас што ги имам видено во животот. Ти стварно мислиш дека тој амбасадор нешто решавал? Да решавал нешто немаше да биде во Либија, туку ќе седеше удобно во некоја фотеља во Вашингтон.

Луѓево од што се водат по паролата око за око, на крај ќе останат слепи.

Небитно важно бил дел од таа мрежа, арно му било кога вадел пари на туѓ грб и замижувал пред теророт на Америка и НАТО е сега ете што се случило. И мене ми е жал до некаде зошто е пиун од најниска класа ама неморало на ваков начин да заработува пари - секогаш има и други опции :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom