Изгубен телефон, изгубен ИМЕИ

Член од
26 јуни 2009
Мислења
562
Поени од реакции
10
Вчера ми беше украден телефонот Nokia N8-00 и отиднав да пријавим во полиција и тие ми рекоја дека мора да го имам и ИМЕИ бројот кој што ја го немам, бидејќи телефонот ми е купен на старо и од тој што го купив и тој го нема ИМЕИ-то бидејќи не е прв сопсвеник, па ме интересира дали ќе може некако да го најдем ИМЕИ бројот т.е телефонот.

п.с Некој ми спомна дека може да се најде преку Ови Сторе(преку кој ми е поврзан телефонот) но неможев да го најдем па ќе ве замолам за помош.
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Пиши му крст. Нишо не праиш. И не се надевај дека ако го имаше ИМЕИ-то дека ќе ти го најдат. На брат ми телефонот уште го бараат, а пред 3 години го изгуби.
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
562
Поени од реакции
10
Абе да го имам ИМЕИ-то 99 посто ќе го најдем имам доволно добри врске у полиција само тоа ми е проблемот. :mad:
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
IMEI или серискиот број можеш да го добиеш само доколку на телефонот напишеш *#06# и кодот си го запишеш негде или пак во кутијата треба да пишува на нешто. Побарај го стариот корисник на телефонот доколку сеуште ја чува кутијата да виде подобро за ИМЕИ-то. Без тоа... тешко.

За памет за друг пат друже.
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Кога го отвараш телефонот одпозади каде му е батеријата, го имаш ИМЕИ на едно место а така без телефон мислам дека неможеш да го најдеш ИМЕИ
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
welcome to the club :)

Него наогаш тој телефон баце реално да ти кажеме :D
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Јас бев изгубил Sony Ericson k550i и ми го најдоа после 6 месеци во Охрид..
а ИМЕИ мислам дека не ми требаше во целиот процес, не ми ни побараа.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
523
Поени од реакции
164
Реално батко, и да им кажеш на која адреса и слика да им дадеш од местото кај што ти се наоѓа телефонот моментално, нема да појдат да ти го земат :)
Дури и да ти е насилно одземен при кражба :)
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.477
Поени од реакции
3.287
Провери го ова, а посебно запази го овој пост:

Don't you have the original sales Package ? It should be on that or even written on the Bill / Invoice .
Else, if you have ever synced / Backed-up data thru' Nokia Suite on your PC then check on your 'C' drive.. Users--> (your User name)--> Application Data--> Local-->Nokia-->Nokia Suite-->Messages-->..and you should get a folder with a no. This no. is the IMEI of your device ...
The above path is on Windows 7 .. If you have any other OS..search for the Nokia Suite folder and then there-in ...
Иначе мене кога ми украдоа телефон, во полиција ми кажаа дека доколку имаат ИМЕИ број, 90 посто го наоѓаат телефонот, али тоа никад не се деси, така да..
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Незнам како ќе го најдат без ИМЕИ бројот. Мене ми украдија порано SE W810i по 2 дена од ко го купив, пријавив вполиција и ми го најдоја за 9-10 месеци (читај со јаки врски) и целиот искршен. Ама за то време јас си купив нов, така да...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Прашај го дали има гаранција од тој што го купил таму го пишува. Ако не кажи му чао на телефонот.
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
562
Поени од реакции
10
Провери го ова, а посебно запази го овој пост:



Иначе мене кога ми украдоа телефон, во полиција ми кажаа дека доколку имаат ИМЕИ број, 90 посто го наоѓаат телефонот, али тоа никад не се деси, така да..
Го немам тој фолдер :(
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
да си жив и здрав :) во бус ми украдоа nokia 5800 пред 3,5 год бев у станица им дадов IMEI ми рекоа не се секирајте 99% го наоѓаме и уште го бараат :) дај боже да ти го најдат ама искрено не се надевај многу

п.с. како што прочитав ти си го купил од некој, а и он го купил од некој трет така да ништо чудно пак да си го купиш :) што е твое ќе си дојде :)
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Во телеком си го имаат логирано ИМЕИ-то покрај твојот број во сите повици шо си ги направил. Така да ако сакаат можат да ти го најдат ИМЕИто и врз база на бројот само.
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
562
Поени од реакции
10
Во телеком си го имаат логирано ИМЕИ-то покрај твојот број во сите повици шо си ги направил. Така да ако сакаат можат да ти го најдат ИМЕИто и врз база на бројот само.
Да ама проблемот е што ја сум на ОНЕ :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom