Ке си земам за право да ти одговорам во негово име.
Вие атеистивте почнавте да ги исмевате религиозните. Вашите настапи не беа за да дознаете нешто, во случај да не ви е познато од светите книги, него цело време беше цинизам и исмевање. Сите прашања од атеистиве беа со цел да се негира, дури имаше случаеви каде сами си дававте одговор на цинично прашање. Поради вас ги затворија двете стварни религиозни теми на форумов.Целта ви беше да докажете дека религиозните се глупи, а вие сте полни со наука и знаење.
Потоа се појавив јас. Ги бранев сите религии. Тоа за вас е нешто страно...шпанска музика. Ви одговарав со прашања на вашите прашања и не знаевте на каде да се завртите.Дури и прирачници за атеисти ви напишав.
Лично не можете да ја нападнете мојата религија, затоа што сте во потполн мрак. Дури и Тесла ве збуни со неговите изјави. немате одговор на ниедна негова изјава.Најголемиот научник ве стави во ќорсокак....се расфрлувавте со наука на форумот за религија...а не сте го сватиле најголемиот научник.
Се појавија дечки кои почнаа да го разбираат моето мислење, го проширија знаењето и сега и тоа ви е чудно. До скоро беа Христијани, Ошоисти, а сега го бранат моето мислење, се слагаат со моето учење. Некогаш и дозволувам да ви одговорат на вашите прашања, и покрај тоа што јас лично сум против тоа.
Не е целта на форумот пропаганден материјал, целта е да го прошириш знаењето во тој дел ако си стварно заинтересиран...
Ај доста, се отепав пишувајки...
За првиот поголем пасус.
Зошто сега да се повторувам. Зошто не прочита претходно што пишав на Само Човек.
Ако некој има различен став од твојот и дебатирате тоа не значи дека се исмејува со тебе. Таквото размислување е типично покажување на неспремност за дебата и верглање на само тоа што го знаеш. А ако противникот е способен ус таа дебата да употреби цинизам и сарказам тоа значи дека гледиштето што го браниш е премногу погрешно.
За вториот поголем пасус.
Точно се појави ти. И ти не дебатираше туку поставуваше и поставуваш прашања а не одговараш. Но ова и не толку битно валјда тоа ти е начинот на комуникација. Битниот дел во овој пасус е тоа дека го покажуваш своето големо его кое тврдеше дека го немаш бидејки си ги отворил очите. Има една Шаолинска поговорка која изгледа Г (вистинскиот) не ја слушнал или не ја разбрал вика: Слаб ум слаба тупаница јак ум нема потреба од тупаница. Од тука покажуваш само дека имаш слаб ум те слаба воља.
За третиот пасус-само првата реченица.
Точно е дека не можеме да ја нападнеме твојата религија иако тука ако си приметил не ги напагаме баш религиите туку стилот на размислување на рерлигиите суптилна ама битна разлика. И како што знаеш и самиот причината што не можеме да ја нападнеме твојата религија или верување е бидејки не си се изјаснил у што веруваш. Што поткрева уште побитно прашање. Дали си толку несигурен у тоа што го веруваш што ни преку монитор немаш храброст да го кажеш тоа. Па нели сите тие книги што си ги прочитал и уште поважно сватил треба да ти влеат барем малце самодоверба и да кажеш јас верувам у тоа и тоа. Па некој и да те нападне бидејки си го сватил сето тоа лесно ке се одбраниш. Или уопште не си го сватил туку само си го меморизирал сето тоа што си го прочитал. На крај на краевите чуден став за некој со отворени очи.
За четвртиот пасус.
Само се тешиш се друго да напишам е само губење време.
И болдот.
Викаш целта е да го прошириш знаењето ако си заинтересиран.
Како да знам дали сум заинтересиран ако не покажеш дел од тоа знаење и ме убедиш у точноста и ми одговараш на моите цинични и саркастични прашања. Овој став пред се ми личи на размислувањето што го имаат сектите и монотеистичките религии. Секое размислување кое не им оди во прилог е погрешно и казниво.
Има една добра мисла у овој поглед: Нема да бидеш исврлен од верата за тоа што не веруваш туку за тоа што го знаеш.