Грабеж на Филолошки факултет - Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата BrunoFresh
  • Време на започнување Време на започнување
B

BrunoFresh

Гостин
300px-Ss._Cyril_and_Methodius_University_of_Skopje.jpg

Во целост ви го пренесуваме повикот од „Слободен индекс“ за средба на сите студенти кои сакаат да се организираат и да реагираат против овие промени.

Колеги, другари, студенти,

во ЧЕТВРТОК (13.09) во 14 часот се собираме пред споменикот на Кирил и Методиј во дворот на УКИМ за да се организираме во однос на последните промени на Филолошки факултет, кои многу веројатно ќе почнат да се применуваат наскоро и на другите факултети.

Од овој семестар студентите на Филолошки повеќе нема да плаќаат по стандардната тарифа (200/400e), туку ќе си плаќаат според бројот на кредити и бројот на предмети што ги слушаат, при што цената на еден кредит варира од 205 до 515 денара, зависно од тоа дали испитот се запишува прв, втор или трет итн пат. Презапишувањето на предмет ќе Бара и дополнителни трошоци, од 600 до 1200 денара по предмет. Со оваа промена нашите колеги на ФЛФ ќе студираат по – во најмала рака – дупли цени од оние на другите факултети.

Ова е еден од начините факултетот полека да се приватизира, односно да стане зависен комплетно од давачките на студентите, а да се „ослободи“ од финансиите на државата, што за студентите нормално значи ништо друго туку ПОСКАПО ОБРАЗОВАНИЕ.

Без разлика дали ова ве тангира во моментов, поддржете ги колегите од ФЛФ зошто ако сега не се реагира, утре многу лесно ќе го применат ова и на сите останати факултети, и тоа исто вака нечујно и зад затворени врати, 5 дена пред упис!

На нашите родители се повеќе им се стеснува буџетот, не смееме да дозволиме ваков грабеж!“

Деталното упатство за пресметување на школарината е достапно на веб страницата на факултетот.

Извор

Јас немам коментар на сето ова
 
Од овој семестар студентите на Филолошки повеќе нема да плаќаат по стандардната тарифа (200/400e), туку ќе си плаќаат според бројот на кредити и бројот на предмети што ги слушаат, при што цената на еден кредит варира од 205 до 515 денара, зависно од тоа дали испитот се запишува прв, втор или трет итн пат. Презапишувањето на предмет ќе Бара и дополнителни трошоци, од 600 до 1200 денара по предмет. Со оваа промена нашите колеги на ФЛФ ќе студираат по – во најмала рака – дупли цени од оние на другите факултети.

На ФЕИТ е овака од поодамна како што знам...

Примери:
Ако студент во државна квота запишува 29 кредити, неговите финансиски обрски изнесуваат: 29 x 204,00=5.916,00 ден.

Студент во квота со кофинансирање што запишува 29 кредити, треба да уплати: 29 x 408,00= 11.832,00 ден.,
односно 29 х 510,00= 14.790,00 ден.,
односно 29 х 612,00= 17.748,00 ден.,
односно 29 х 310,00= 8.990,00 ден.
 
Ако е така и на други факултети, јас не знам зошто сте молчеле? Си има правилник за тоа како се плаќа школарина, не може на кој како му текне да наплаќа!!!! До кога ќе тоне образовниот систем?? Па барем да се зголемува квалитетот, а тој тоне надоле!
 
Да, и jас тоа се запрашав. Првиот семестар платив рамно 200 евра а овоj платив 226 евра (6,66 евра по кредит, вкупно 34 кредити). Плус 2500 за книжен фонд, 200 за студентски парламент, 750 за икса, 50 за административна такса и на се тоа плус провизиjа. Му доаѓа по 300 евра од семестар.
ПС. jа на економски сум.
 
Ако е така и на други факултети, јас не знам зошто сте молчеле? Си има правилник за тоа како се плаќа школарина, не може на кој како му текне да наплаќа!!!! До кога ќе тоне образовниот систем?? Па барем да се зголемува квалитетот, а тој тоне надоле!
Таков дојде животот. Да родиш пари ќе ти бараат или ќе те абортираат ако немаш (и тоа пази цената ќе биде високо неподнослива):)
 
Ако е така и на други факултети, јас не знам зошто сте молчеле? Си има правилник за тоа како се плаќа школарина, не може на кој како му текне да наплаќа!!!! До кога ќе тоне образовниот систем?? Па барем да се зголемува квалитетот, а тој тоне надоле!

Јас на овој начин од 2010 плаќам и не ми ни текнало да се бунам затоа што ми има логика. Еве 5ти семестар има само 3 задолжителни предмети кои носат 18 кредити, бидејќи сум на државна квота би платил 18х204, односно 3672, плус некој изборен ако се одбере не би фатило повеќе од 4500 денари. А ако беше фиксна цената од 100 евра по семестар (за државна квота) тогаш и поскапо би ме фатило. Така да овој систем ми изгледа доста реален.
 
Не е грабеж тоа е аларм дека веќе нема лесно да се завршува факултет како до сега со 300 филолози во една година.
Редно е да го воведат и ова.
Кој си учи ќе плаќа помалку и навреме ќе си заврши, а кој не нека плаќа казни.
Мора факултетите да се исчистат од оние студенти кои цела година лежат и накрај со препишување собираат кредити, а некои со мака. ;)
На Филолошки има студенти кои не ја знаат ни азбуката и за нив ли давам подршка?

Пак исто испаѓа 60 кредити годишно 12240 исто како порано цената си е фиксна нема никакво менување на правилото.
Нема потреба да се жалат никој не им е виновен што не успеале да положат пред почетокот на новата студентска година кога пред тоа имаат 2 сесии во јуни и 1 во септември.
 
Не е грабеж тоа е аларм дека веќе нема лесно да се завршува факултет како до сега со 300 филолози во една година.
Редно е да го воведат и ова.
Кој си учи ќе плаќа помалку и навреме ќе си заврши, а кој не нека плаќа казни.
Мора факултетите да се исчистат од оние студенти кои цела година лежат и накрај со препишување собираат кредити, а некои со мака. ;)
На Филолошки има студенти кои не ја знаат ни азбуката и за нив ли давам подршка?
Абе да растеа на дрво пари.
Верувај побогатите што не учат (оние што лежат како што рече ти) одат на ФОН и таму завршуваат без да учат со парите на татко им :) Не им се исплаќа овде, овде ќе треба да учи :)
 
Така на сите факултети ваљда освен на комплексот факултети на Бит пазар (бар на нив кога ќе им спомнам Шпанско село им е).
Прв семестар се плаќа 200 или 400 евра во зависност дали си државна квота или со кофинансирање.
После тоа се плаќаат кредитите. На ПМФ на пример е 210 денари од кредит за државна квота, 420 за кофинансирање.
 
Абе да растеа на дрво пари.
Верувај побогатите што не учат одат на ФОН и таму завршуваат без да учат со парите на татко им :)
Абе да седнеа да научат, а не да дремат на студентски и на кафиња по кејот. :)
Секоја среда трошат по 500-че и пак немаат пари за да си платат казната.
98% од средношколците се запишуваат на факултет а од тие само 30% заслужуваат да учат оние другите нека ги ограбуваат што сакаат нека им прават. :свиркам:
Инаку на УГД оние студенти на кои родителот им бил во војната во 2001 не плаќаат партиципација, дали и во УКИМ го има овој закон?
 
Јас на овој начин од 2010 плаќам и не ми ни текнало да се бунам затоа што ми има логика. Еве 5ти семестар има само 3 задолжителни предмети кои носат 18 кредити, бидејќи сум на државна квота би платил 18х204, односно 3672, плус некој изборен ако се одбере не би фатило повеќе од 4500 денари. А ако беше фиксна цената од 100 евра по семестар (за државна квота) тогаш и поскапо би ме фатило. Така да овој систем ми изгледа доста реален.

Не е тоа проблемот. Проблемот е што Универзитетот е како куќа без газда, не се знае кој пие кој плаќа. Уствари се знае кој плаќа. Ако има одреден правилник усвоен од сите, тогаш тој треба да се почитува. Нека биде и по кредити, еве како што велиш, така повеќе одговара (не знам, од 2010 навака не знам како стојат работите), ама тоа да си биде усвоено и да си има ред. А не на кој како му текне да прави правила.

Проблемот е што на повеќето факултети, плаќаш за се и сешто, а не ни знаеш каде одат и како се инвестираат парите. Проблем е што слушам студенти како се жалат за се и сешто, а не реагираат за ништо.

Тотално не ни се синхронизирани факултетите, нема ред, нема правила, секој факултет си има свој шериф, што за мене е апсурдно.

Коа ќе ве репнат вас по џеб одма скокате, а коа друг ќе си трга мака глеајте од страна и мавајте сеир.

Нема врска, јас секогаш вака реагирам. Јас немам никаква врска ни со Филолошки, ни воопшто со школарини повеќе, ама ме револтира образовниот систем кој се повеќе наликува на Див Запад. Наместо да се замараш со тоа што ти е за студирање, повеќе време се зафркаваш и губиш со факултетска администрација и со глупости кои врска немаат со животот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
Коа ќе ве репнат вас по џеб одма скокате, а коа друг ќе си трга мака глеајте од страна и мавајте сеир.
И мене ме репале јас само еднаш платив кредит 15 евра и не сум се ни пожалил бидејќи знам дека тоа е моја вина не на факултетот.
За се има прв пат ајде ќе се научат дека факултетот е озбилна работа не дискотека, па кога им прдне да полагаат испит еден во 2012 еден ќе остават за во 2015 е нема ќе презапишуваат и оро ќе играат пред студентски прашања. :pipi:
 
Е ако де, нареден пат 30 евра плати.
Шо е тоа, мачкина кашлица.
Затоа ќе си седиме дома ни ќе се буниме за поскапувања ни за нишо, ќе се тртиме и ќе молчиме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom