B
BrunoFresh
Гостин
Незнам јас зошо бунењево кога ако се оди по правила испаѓа исто. Во семестар ти е дозволено да имаш максимум 30 кредити, си ги множиш со 3,33 ако си државна или 6,66 ако си приватна и доаѓа 99,9 евра или 199,8. Мене ова ми е сосем исправно. Сеа ако презапишуваш предмет нормално ќе си платиш казна,кога не си учел навреме
Мене ме нервира што студентите не се бунат за другите трошоци. 2500 денари за книжен фонд? За 5 тетратки кои ни ги даваат на полагање? Лани на економски на почеток на година плативме 4000 денари за водичот. Уште 2500 за книжен фонд, 750 за ИКСА, 200 административни такси....зошо, за кога упишувавме втор семестар да ни бапнат уште по 1000 денари од секој за интернет. Ма немој ти се молам. Имаше некој обид да се организира некој протест ама џабе, се видело од македончето. Додека има овци ( читај македончиња ), ќе стрижат.
Е баш во тоа си во право. Можеби на мојот факултет не е така но кога слушам за другите факултети посебно кога слушнав за медицинскиот факултет во Штип, значи другите активности идат да се поскапи од уписот. Уште 10 други глупости има што не требаат и ќе ти речат , МОРА да ти платиш. Пример ова за спортска активност што е. Сеа ако некој знај дека не е спортски човек да оди да изнајмува сали да му дој поефтино, што има да плаќа затоа? Мислам дека ми рекоја 600 денари за спортски активности плаќале таму. Им ги перат парите на мртво.
џабе им е друже - ќе си купат дипломи ама знаење не
ко ќе видиш се подлажуваат само себеси,,,,,оти тие никој пат нема да бидат со тебе барабар рангирани - секојпат ќе бидат 10 и повеќе скалила подолу од оние кои завршиле на некои од државните
Ама џабе истото го велам и јас уште пред кизнај колку време. Знам дека ќе бидат 10 скалила и повеќе на пониско ниво од мене, но пак тие ќе бидат првите што ќе имаат добри работи и високи плати иако врска немаат што завршиле, а другиве што се на државна ќе се акнат од земја да завршат и пак ќе џаболебарат.
Тој што сака да учи и да се образова и на ФОН е капацитет студент. Квалитетот нема никаква допирна точка со партиципацијата. Сакав да ти ја ублажам критиката и да ти укажам дека влијателните фаци и на твојот факултет поминуваат со протекции.
Иначе ви го поддржувам протестот... за студентите треба да има минимална партиципација со некоја симболична сума од 2000 денари каде секој еден ќе има можност да студира, храната во рестораните да биде со попуст од минимум 30% на секој оброк, јавниот превоз да биде значително намален односно половина од сегашниот износ на една месечна автобуска карта, пријавувањето испити да биде безплатно, сместувањето исто така да биде намалено и да се обезбедат плус објекти за да може секој еден да биде во студенски дом, и сите овие трошоци да ги покрива владата преку студенски кредит каде после завршувањето ќе обезбеди работа да тие кредити се враќаат, и со нив да студираат и други генераци. Казните нека не бидат парични, доколу пишуваш куб да го изгубиш статус на студент, бидејќи си неспособен за студирање, и да ја вратиш коплетната потрошена сума со камата.
А место да превземат акција, тие се рекламираат "знаењето е сила, знаењето е моќ"... каде јас не го негирам фактот на поговорката, но знаењето без услови и обезбедена иднина е моќ само на форуми.
Академските граѓани се чест на една држава, индексот е гордост. Жално е што сме се родиле тука, да не ја почувствуваме таа чест и гордост ради незначајни проекти и замисли на една рака ропаци.
Знам, истото тоа сакав го кажав и јас но можеби на погруб начин, но ете ти го ублажи постот