Нормално за очекување
контрапротест на протестов.
Вака јас гледам на ситуацијата:
Со Законот за енергетика од 2006 е формирана Регулаторната комисија и од тогаш енергетиката е во ваква ситуација. Законот за енергетика од 2011 само е проширување на претходниот Закон.
Според тие Закони за сите прашања, цени услови и се друго одлучуваат самите претпријатија, а само некаде амин дава Регулаторна. Што значи претпријатијата можат прават што сакаат.
Граѓаните - потрошувачите не се ниту спомнати, а камо ли да имаат право нешто да одлучат.
Едно сакам сите да знаете - Ова што го прави Топлификација е измама и кражба и ако некој ја подржува Топлификација, треба да знае дека подржува обични криминалци.
Затоа не верувам дека некоја сериозна партија стои зад овие контрапротести. Веројатно се работи за некој сили на локално ниво.
Ќе видиме, времето ќе каже....