Многу ми е мака што не победивме, после толку шанси. Океј е на гостување со Шкотска да извадиш нерешено, ама со ваква Шкотска и после толку шанси ми иде да си каснам од јајцево.
3-4 сто процентни шанси, статива на Хасани. Една глупава грешка на одбраната не чинеше драгоцени три бода. Немаме среќа и џабе. Но и знаење исто така.
Попов камен. Изгледа е она типичното, го удри славата во глава. Глигоров солиден, Демири повторно супер. Десното бекче ме мрзи презимето да му го пишам е ѕверка. Никого не ебава и си пичи. Алал да му е. Се надевам дека осигурано ни е место десен бек за во иднина.
Пандев беше исто така добар, колку му оставаа простор користеше. Ибраими е голем работник, не напраи ништо посебно но добро.
Хасани... момчево треба да игра многу почесто. Трча мислиш ќе падне во секој момент, ама е многу добар техничар, а и играч. Ни ја раздвижи играта кога влезе во второ полувреме. А Мирко Ивановски нека си ебе векот. Дрво, никогаш не ми се свиѓал. Како можеше така млитаво да реагира при зицер ситуацијата не знам.
Богатинов стандард добар, пофалби и за Чеде, што го стаи Величе на клупа, но критика за Ивановски. Можда треба Ивановски да игра, ама овој не е тој вистинскиот.
Е сега сите што серевте дека било само еден меч против Хрватска, да си ги јадете гомната. Точно е, треба континуитет и све тоа, не може инстант успех, но некако мора да се почне. Јас ова го гледам како почеток на нова фудбалска ера, и се надевам во иднина успешна.
Битно ми е што играат сите со срце, сега сите ја пејат химната, дури и Пандев што порано ја мумлаше.
Еден бод од две тешки гостувања со добра игра, ветува. Да собереме 4 на дуелите против Србија и Хрватска на Градски ќе бидам задоволен.
Можеме да направиме збрчки, ете не мора бараж, ама барем да бидеме во игра. Да не бидеме секогаш топовско месо.
Па со вакви играчи, и оние кои треба да играат од младинската, ни претстои многу подобар фудбал него претходно.
Идеме даље, стварно ми е криво, и знам дека сите се осеќате исто, но главите горе и атакуваме на Србија или Хрватска не знам точно, прво и на три бода против нив.