Никола Јонков Вапцаров - и во смртта Македонец

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247


Поетот Никола Ј.Вапцаров е роден Во Банско, Пиринска Македонија на 7 декември 1909 година, како прво дете на Иван (Јонко) Вапцаров и Елена Везјова, обата Македонци.
Таткото на Н.Ј.Вапцаров зема учество во револуционерното движење уште во времето на турското ропство. Мајка му, Елена Вапцарова родена Вејзова неколку години се школувала во американскиот колеџ во Самоков а потоа извесно време работи како учителка во Македонија.

Во еден меѓусебен дијалог помеѓу Вапцаров и неговата баба рекол:
- Ами зошто, бабо, едни се робови други ги тераат да работат? нели сите се луѓе и сите треба да се еднакви?
Баба му Милана се чудела како да му ја објасни таа неправда и му рекла :
- Така одредил господ, чедо, едни да имааат а други да гладуваат. Едни да не работат ништо а други да не исправаат грб.
- Тогаш, бабо, господ не е добар! тој лошо работи со луѓето, одговорил Вапцаров.

Елена Вапцарова, триесетина години подоцна, кога нејзиниот син ќе биде исправен пред прекиот суд на бугарската фашистичка солдатеска, веројатно со присеќавање на овие зборови на младиот Никола, ќе заклучи: ,, Нема бог, не може да има. Ако имаше, тој ќе ме слушнеше. Јас толку од срце се молев да ми го спаси синот, мојот син, кој се бореше за среќата на народот, но тој не ме слушна. Или пак ако го има, тој е ѕвер...
Го уништив во моето срце бога, но најдов во зборовите на Никола повеќе вистина: ,,Ако треба и ти ќе умреш за таа идеја" - така ми рече тој. И тие негови зборови за мене станаа смисла на животот"

Мајката Елена Вапцарова

Не делат веќе 70 години од од тој, непријатен за сеќавање ден 24 јули 1942 година, од оној зловес и кобен плотун на дисциплираните, студени цефки, кога разулавената фашистичка џган на царборисовата Бугарија стори еден од своите најтешки злочини, убивајќи го големиот поет, комунист, Македонец и заљубеник на човештвото - Никола Јонков Вапцаров
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.939
Поени од реакции
4.432
Булгариве и него си го имаат присвоено :) хах
или пак стварно е бугарин, ете прочитав и на англиски и на хрватски и на бугарски таму го пишува и како бугарин и како македонец, а некаде прочитав дека се изјаснувал како бугарин.... ??!:confused:
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Куќата на неговите родителие место кое е дирекно врзано за револуционерните превирања во пиринскиот крај на Македонија, најпрвин со илинденските денови, кога татко му е комита, подоцна со изгонувањето на турците (1912) и најпосле во деновите на одвратното македонско самоистребување, кога низ пиринскиот крај почнаа да вампиреат фашизираните банди на Ванчо Михајлов а таткото на поетот им плати данок од тешки заблуди на разулавените злоупотребувачи на македонските револуционерни традиции. Таа психоза ги отуѓи времено жената од мажот и синот од таткото, во семејството Вапцарови и остави впечатливи траги во поезијата на слободољубивиот бард.
Вапцаров ги прозре уште како мошне млад махинациите на македонските врховисти од фелата на ванчомихајловистите, виде во нивното лице подлост, лицемерност и лага и јавно ги осуди. Затоа и си го навлече гневот на фашизираната реакција во Бугарија побрза да го ликвидира, му се заканија со убиство!
Георги Караславов соопштува дека михајловистите кои го теририсуваа Пиринскиот крај помеѓу 1924-1930 година извршиле атентат врз Никола Вапцаров, на патпот помеѓу Горна Џумаја и Бараково.

,,Читав во весниците, дека над Горна Џумаја, на пат за бараково бил извршен атентат на Никола Вапцаров, ,,непознати,, лица, скриени покрај патот, стрелале врз него без да го погодат.

Се обидоа да ме убијат не заради татко ми, туку затоа што сум комунист, - рекол Никола без заобиколување и додава: мојата работа во фабриката не и се допаѓа на полицијата"
--- надополнето: 11 септември 2012 во 21:52 ---
Борбата за леб го одведува младиот Никола, недовршен ученик во гимназијата во Банско и Разлог, на школување во Варна. Резонот на суровиот татко е : синот да си ја обезбеди својата егзистенција. Зад Никола, Вапцарови имаат уште две детски усти. Преспективата е : морско-машинското училиште.

Елена Вапцарова раскажува дека таткото на поетот настои син му да замине за Варна, најпрвин затоа што школувањето таму е бесплатно и семејството ќе се спаси од расходи а потоа, што тој, Јонката, многу ја уважувал техниката.
На пешението на татка си да го прекине школувањето во гимназијата и да замине во Варна, тој со мајка си го споделува следниот дијалог:
-,, Не мамо, не ми е мака што нема да учам литература. Ако јас можам да пишувам стихови, ќе станам поте и без да учам литература. Не сите поети учеле литаратура. Напротив, ќе бидам поблизу до народот, до работникот и ако можам, ќе ја опишам неговата мака,, (Елена Вапцарова, спомени на мојот син, стр.103)

Во периодот кога се наоѓа на работа во фабриката во Кочериново, се среќава со својата идна сопруга - Бојка, дете на доселени Македонци од Грција, со која ќе го помине својот живот се до својот трагичен крај.
Некаде ко 1935 година во Бугарија отпочнува големата економска криза, почнуваат најтешките години на неговиот живот.
Тоа време активно се ангажира околуорганизирање на прогресивната македонска емиграција во Бугаријаи е иницијатор за образувањето на македонскиот литературен кружок.

Фашистичката наезда во Европа станува се подрска, една по една паѓаат европските земји по чизмата на германско-италијанските фашистички завојувачи.,
Вклучен нај активно во прогресивната јавност на Бугарија како комунист се ангажира во протесните акции против фашистичката наезда. Учествува во таканаречената ,,Соболева акција,, во пиринскиот крај за што ќе биде затворен од полицијата. Подоцна ослободен и протеран од родниот град како ,,опасен елемент,,.
*********************************************************************


ДЕВЕДЕСЕТ ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА НИКОЛА ВАПЦАРОВ
Институт за македонска литература, Скопје, 2001
Димензии 24см
Број на страници 60
ISBN 9989-886-10-5
Цена 150,00 ден.
Содржина: Поздравен говор: стр.7-9. - Блаже Ристовски: Националната идеологија на Никола Вапцаров: стр.10-22. - Гане Тодоровски: Македонците се должни да си го бранат Вапцаров: стр. 23-33. - Јованка Стојановска-Друговац: Вапцаров како поет за деца: стр. 34-41. - Васил Тоциновски: Литературниот критичар и есеист Никола Вапцаров: стр. 42-52. - Валентина Миронска-Христовска: Не е лесно враќањето дома: стр. 53-60
--- надополнето: 11 септември 2012 во 22:08 ---
Булгариве и него си го имаат присвоено :) хах
или пак стварно е бугарин, ете прочитав и на англиски и на хрватски и на бугарски таму го пишува и како бугарин и како македонец, а некаде прочитав дека се изјаснувал како бугарин.... ??!:confused:
Нема што да те чуди за нив. Во БАН книгите стои дека и Марс е нивни.
Никогаш Н.Вапцаров не се изјаснувал како бугарин. Можеби некаде некој ќе сретне такво нешто изготвено во кујната на бан.
Што ќе не чуди ,,Википедија,, ,,Јутуб,, и кој знае уште каде нема пишувано и филмувано како спотови дека македонската историја, македонците, не постојат.:facepalm::vozbud:
 

RTM

Член од
4 септември 2008
Мислења
844
Поени од реакции
214
Ne spodelqm komunistichkata propadnata ideologiq na Vapcarov, no negovata poeziq e silna (no samo vo original, prevedena na makedonski se gubi nejnata sila). Za jal e bil i lider na teroristi, ta duri starite familni kontakti ne mu pomognaha.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Зборовите не Вапцаров најдобро зборуваат за него:

"Ние сме Македонци.
И нашето творештво треба да и служи на македонската кауза."

Македонските доклади
Докладите пред Македонскија литературен кр'жок през 1938 г. са запазени в р'кописи в две тетрадки. Те са нај-слабото звено в архива и в житејскија п'т на Вапцаров. Отначало са се намирали в дома-музеј в Софија. През 1961 г. ЦК на БКП ги изземва и ги засекретјава, поради набираштија инерција спор с'с скопските политици за македонската идентичност на поета. Обаче един от нај-ревностните македонисти – акад. Димит'р Митрев, е непосредствен участник в с'бранието на МЛК, гдето е четен доклада . Друг б'дешт македонски академик – Блаже Ристовски, посештава музеја в Софија през 1960 и там му дават да разгледа Вапцаровите тетрадки[3]. Близкијат другар на поета Ангел Жаров, на когото е посветен единијат от рефератите, п'к си направил копија от тези „програмни документи“. И понеже до краја на живота си Михаил Сматракалев (Жарoв) бе предан на идеите на македонскија сепаратиз'м, понеже се оказа жив предтеча и вр'зка на МЛК с ОМО Илинден, то през 1986 г. тој предоставја Вапцаровите доклади за публикација в тамошните изданија.
Последното изречение, написано от р'ката на Н. Вапцаров гласи следното: „Ние сме македонци. И нашето творчество трјабва да б'де в служба на македонската кауза.“ [4] Ето отк'де и зашто македонците знајат за проектите за „вербуване и насаждане на македонско национално с'знание“, „македонска литература и македонски език“, за борба с великоб'лгарскија шовиниз'м и пр.
През 1995 г. след поредица срешти и упорито ухажване можах да склонја скулптора Николај Шмиргела да ми даде препис от програмнија доклад, четен пред МЛК. Даде го с думите: „Цјал живот с'м заштитавал Никола Вапцаров. Вече е време да го заштитава поезијата му“ . Публикувах текста в'в вестник „Литературен форум“ заедно с обширен анализ. Червенијат пропаганден тр'ст обаче прод'лжи да крие оригиналите чак до 2002 г.
Едва когато предадоха части от архива на ЦК в Д'ржавнија исторически архив, можах да се добера до тетрадките. Оказа се, че Шмиргела не само е преписал, но и леко е редактирал и дори доп'лнил текста. Оригиналните Вапцарови редакции на двата доклада сега са публикувани единствено в книгата ми „Никола Вапцаров. Текст'т и сјанката“. Само там може да се види, че не са „клевета, нито убијство, нито инквизиторство“[5] тв'рденијата за сепаратистките идеи на Никола Вапцаров. Самијат текст е доказателство, че е пор'чков и е индоктриниран от решенијата на Коминтерна и от антинационалната политика на продажните слуги на Москва с цел да се да постулира програмата на македонскија сепатратиз'м.
Лично аз обосновавам тезата, че е виновна партијата, а не поет'т-дилетант в политиката, че в противовес на пор'чковија текст в суверенното пространство на поезијата тој си остава автентичен б'лгарин, дори когато претворјава с'штата ситуација. :facepalm: Тија дни обаче с амплоа, прис'што на всјако невежество, водештијат от БТВ Н. Бареков се чуди и се в'змуштава как било в'зможно да се појави подобна глупост – Вапцаров да е бил основател на новата македонска литература. Бареков си е в'здух под налјагане, обаче и гостенката Маја Вапцарова игриво спекулираше с фрагменти за Испанија, макар че добре познава с'д'ржанието на тези доклади. И тја като простичкијат Бареков се к'лнеше, че не знаела отк'де и зашто, разчитајки на всеобштата неосведоменост и на самонадејаността на горкото момче.
Изглежда, че за родствениците тјагостната политическа грешка на Никола е опасна и непростима, за разлика от почитателите на поезијата му. Обикновените хора обичат просто стиховете, а наследниците – дивидентите, които им носи името и престиж'т му в прод'лжение на 60 години. ште прод'лжат да кријат докладите и да пот'пкват истината, това е јасно. Една или нјаколко книги с нис'к тираж не могат да преборјат л'жите и манипулациите, когато те разполагат с медијна, финансова, политическа, а сигурно и с тајна власт.

Водевил'т с вапцаровите архиви - Цвета Трифонова.
 

RTM

Член од
4 септември 2008
Мислења
844
Поени од реакции
214
...Некаде ко 1935 година во Бугарија отпочнува големата економска криза, почнуваат најтешките години на неговиот живот...
Gevara, koj budala od MANU e fantaziral knigata?
Dovolno mi be da procheta samo toa pogore.
Vistinata e deka od 1935 Bugaria beleji golem ekonomski podem, koj e osobeno silen vo 1937-1939 g.
Dosta so chitane na slichni "knigi"!
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Смрдежите вчаурени во пропаднатата буржоаско фашистичка во гомна идеологија и денес ја подржуваат таа срамна геноцидна фашизоидна активност во ова модерно време. Веројатно фатаморганата не им е избришана од котлите во кои и понатаму се вари во нив таква перспектива.

Кобниот ден за Н.Ј.Вапцаров 4 март 1942 година, полицијата го затвора. Четири месеци потоа, подложен е во дирекцијата на полицијата во Софија на жестоки измачувања. Заедно со поголема група антифашисти меѓу кои и Антон Панов, осуден е на смрт, без право на жалба, од страна на фашистичкиот воен суд.
На 23 јули 1942 година, во 11 часот во присуаство на најблиските, изречене им е пресудата. Истата вечер во 21 часот и 10 минути, заедно со петмината свои другари е стрелан.

Елена Вапцарова, мајката на Никола го опишува последниот негов ден:

,,Кога веќе беше во затворот, и јас со со ужас му ги погледнав осакатените раце, на прстите немаше ниту еден нокот....
- Тоа не е најлошото, - се насмевна тој и се мачеше да ми ја расее болката. - Имаше многу по страшни нешта...Туку нели минаа...

- Кога ќе дојде нашата слобода, мамо, одмаздете му на Гешев за мене, одмаздеде му за другарите, за маките на кои не подложија.

Јас го гледав со љубов и со болка. Нему му беше мачно дека јас страдам, но, не сакаше да ме заблудува-јас требаше се да знам. Тој имаше желба да го рзбуди во мене тој гнев кон фашистите, што гореше во неговото срце, и ако е потребно и јас да го продолжам неговото дело,"
(Елена Вапцарова, спомени на мојот син,стр.210)

Во затворот Вапцаров чини обиди да се самоубие: си ги реже вените со клинец знаејќи дека деновите му се одброени. Не успева. Го спасуваат, за да го исправат пред студените челични дула пред убијците. Исправен на процесот, на кој треба да го слушне обвинението, тој повторно израснува во сета своја морална големина на револуционер антифашист кој е готов да се жртвува за спасот на другите.


Без Вапцаров, литературата ќе беше посиромашна

***************************************************
--- надополнето: 12 септември 2012 во 00:06 ---
Gevara, koj budala od MANU e fantaziral knigata?
Dovolno mi be da procheta samo toa pogore.
Vistinata e deka od 1935 Bugaria beleji golem ekonomski podem, koj e osobeno silen vo 1937-1939 g.
Dosta so chitane na slichni "knigi"!
Да отидеш во бан на фалсификаторите и на твоите наставници што те учеле да ги исплукаш, после да им удриш по еден шамар да ти се залепи плунката на рака.

Будалитe читаат историја од бан што ја изработиле бан будалите.
(Народна поговорка)

...Некаде ко 1935 година во Бугарија отпочнува големата економска криза, почнуваат најтешките години на неговиот живот.
Бојка Вапцарова раскажува:
,, Немаштини налегнаа врз нашето семејство. Беа тоа денови на тешки искушенија. Детето ни почина. Кољо падна болен. Без постојаната и самосвесна поткрепа на неговите другари, бездруго ќе подлегнеше под гнетот на мизеријата. Во почетокот на нашиот заеднички живот, годините 1936-1937 беа најтешки. тешкотиите и искушенијата продолжуваа .........


РТМ .... ти и твоите верувајте на вашиот бан но не продолжувај да сереш негови гомненици и да правиш некој во МАНУ будала, затвори ја муцката на време.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Булгариве и него си го имаат присвоено :) хах
или пак стварно е бугарин, ете прочитав и на англиски и на хрватски и на бугарски таму го пишува и како бугарин и како македонец, а некаде прочитав дека се изјаснувал како бугарин.... ??!:confused:
Заедничката историja нема како да биде присвоена от един или друг,таа останува заедничка.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Заедничката историja нема како да биде присвоена от един или друг,таа останува заедничка.
Бугарите немаат историја!
Фалсификатите не се историја...освен за бугарите.

Пак ќе почнете на командировки ако не ја подржувате политиката на фалсификаторската т.н. академија за перење мозоци.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Зошто бе Gevara, немој така.
Си имаат они "заедничка историја", ама упорно ја бараат на погрешно место.

Имаат некои нивни политици што собраа троа храброст па си тргнаа по вистинскиот пат, ама после испадна пу-пу не важи...

БОЛГАРСКОЕ ЕДИНСТВО

Ама што да се очекува од народ којшто до ден денешен не си го знае ни произходот кој му е, а камо ли друго?
Оставо ги, не им е лесно.


Еве која му е земјата на Вапцаров:


ЗЕМја


Тази земја,
по којато т'пча сега,
тази земја,
којато пролетен вјат'р пробужда,
тази земја – не е моја земја,
тази земја,
простете, е чужда.
Сутрин тр'гвам.
Фабричнијат п'т
го задр'ства
с рубашки
безброја.
Ние сме слети с с'рцето,
с ум'т,
но... земјата не чувствам моја.
Над мојта земја
напролет
л'чите
шуртјат,
г'рмјат водопади
от сл'нце
над мојта
земја.
Ти чувстваш д'лбоко
с'рцето на земната гр'д
и виждаш как с скокове
раснат безбројни цветја.

Над мојта земја
в небето
опира
Пирин.
И мурите в бурја
илинденски приказки пејат,
над Охрид лазура е
толкоз просторен и син,
а оште надоле
е светлија брјаг на Егеја.
Спомнјам си само.
И ето нахлува кр'вта
в'в с'рцето, което
топи се от нјакаква нежност...
Моја страна! Моја прекрасна страна!...
Поена с'с кр'в
и разлјулјана
в метежи.
По Беласица телени мрежи...

.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Убаво е да се прочита докладот на Вапцаров.
Таму пишува

И се случи така, че с'битијата ни надскочиха, удариха ни ритник и след този ритник ! тази вечер едва ние се м'чим отново да запазим равновесие. Случи се така, че в Ср'бска и Гр'цка Македонија великоб'лгарските утопии изстиват и крепне едно поколение, ентусиазирано от лозунга – Свободна и Независима Македонија. Това е нај-важнија етап от македонскија в'прос в последните години, којто ние навреме не забелјазахме и за чието проспиване носим лична и организационна отговорност.
http://cveta.eu/blog/literary-criticism/116-doklad.html
 
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
Chento kako obiknoveno se probuvash da apesh shtoto si bezsilen i zalok. Ako majka mu veli deka e bugarka kakov trebe da e sinot. Na sichkoto otgore i pishuva na edin mnogo stranen jazik, koi trebe da se preveduva na rodniot mu jazik. Toa e skodoumie ot very high level. Ti samiot si edno nedorazomenie ot epic proportions!
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Елена Вапцарова:

Кога за прв пат влегов во широката сала, погледот ми го побара мојот син. И јас го видов. Рацете му беа заклучени со белезици, но лицето му беше спокојно и чисто. Штом ме виде, по него се разлеа онаа топла несмевка, која му беше присутна само нему. Веројатно од очите ми потекоа солзи и тие солзи го огорчија, затоа што тој ги крена рацете горе заклучени во белезиции така ми даде да разберам дека му е непријатно да плачам..........
Го видов исправен и горд како зема збор и се мачи да ја преземе и тука вината на сите врз себе:
- Ако сум направил нешто против вашите закони, сум го сторил тоа само јас, другарите мое не знаеле што правам- мислеле дека ми вршеле услуга само мене!
Што ли му одговорија судиите - не паметам.....

Никола го остави шеговитиот тон, со кој сакаше да ме успокои, и сосема сериозно ми рече:
- Не треба, мамо, не бива да плачеш....
- Како сакаш ти од мене, Николо, таква надчовечка сила, да гледам дека мојот љубен син оди на растрели јас да не плачам?
- Не бива скапа мајко кралице, ти си родила борец, а крајот на борецот е или слобода или смрт. Житното зрно додека не се зарие во земјата не дава плод. Ти самата ќе видиш како од мојата смрт ќе се родат илјада борци за правдата....
Јас ги апев до крв усните и се мачев да го задржам липањето, што ми извираше оф градите. Никола ме гледаше нежно, внимателно и ми шепнеше:
- Не бива да плачеш, но ако е потребно и ти ќе умреш за таа идеја.
Потоа тој се обрма кон Бојка и со нему топла својствена нежност рече:
- Јас сакам ти да станеш архитект, за идните дворци што ќе се градат за децата.

Потоа ги одведоа кон стрелиштето.

Кога попот им го поднел распетието на осудените, мрморејќи ја својата молитва, Никола му рекол:
- Јас не верувам во никаков бог, но за времето, дури ќе ми читате, дозволете ми да испеам една песна. - Џелатот се приблиѓил да му ги врзе очите, но тој ја растресол главата:
- Јас не се плашам од смртта - ќе ја пресретнам со отворени очи. И запеал, така запеал, како што пеел осудениот од неговата ,,Песна за животот,,. Запеал не друго а оној незаборавен куплет од песната на Ботев:

Тој што во бој за слобода гине,
нема да умре: за него се е
в жал - земја, небо, и ѕверовине,
и поетот песни за него пее.

Ја потфатиле и други песната. И во тој момент тунелот екнал од грмежите. Не издржале џелатите - побрзале да ги ликвидираат поскоро пламените борци, кои ништо не можеше да ги исплаши..."

Не ништо на одмет да се знаат овие поединости што ги изнесува херојската мајка за својот херојски син.

Не делат веќе 70 години од од тој, непријатен за сеќавање ден 24 јули 1942 година, од оној зловес и кобен плотун на дисциплираните, студени цефки, кога разулавената фашистичка џган на царборисовата Бугарија стори еден од своите најтешки злочини, убивајќи го големиот поет, комунист, Македонец и заљубеник на човештвото - Никола Јонков Вапцаров

Не на одмет ако уште еднаш подвлечеме: МАКЕДОНИЈА ГИ РОДИ.



Жално...
 
Член од
27 октомври 2011
Мислења
21
Поени од реакции
20
За сите бугарски интернет тролови и за сите добронамерни Бугари кои би налетале на темава. Ако модераторот мисли дека трудов не е соодветен за темава, нека го брише постов.


НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ И ЕТНИТЕТ КАЈ
ДРУГОЈАЗИЧНИТЕ МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРЦИ

д-р Науме Радически

Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Скопје
Филолошки факултет „Блаже Конески“

I

Самото промислување на националниот идентитет, во најопшта смисла, подразбира зафаќање совистински предизвикувачки, но и со не малку сложени, а не ретко дури и тешко разрешливи и ризични прашања. Особенона просторите на југоисточна Европа, каде што сè уште се и поактуелни и поживи прашањата ако не толку за можно недовршените, тогаш и особено за планирано пренасочуваните и затемнети процеси во развојот на некои од националните култури, а со тоа и на самите нации – една вистинска гама од испреплетени национални и народносни процеси и односи во минатото (Мыльников, А. С., 1984: 220-226), ако не дури и невозможно можни прелевања на едни во други етноси. Најмногу, пак, дискусиите за тие прашања се подгреваат веќе со самото вадење на маса на аргументите на/за македонскиот национален идентитет и етнитет. Сложеноста на македонското национално прашање најшироко резултира од долговековната бездржавност и политичка потчинетост на Македонија. Во најдиректна причинско-последична врска со бездржавноста, пак, е не само отсуството на сопствени национални институции, особено на сопствен училишно-образовен систем, а посебно и најмногу од тоа неделивите оневозможености на природниот пулс и развоен ритам на македонската национална култура. Во прашање е, значи, долгорочната национална и социјално-економска обесправеност на Македонците, која во деловите на македонската етничка територија што се наоѓаат надвор од границите на Република Македонија не престанале ни до денес.

Се додадат ли на тоа уште и централната позиционираност на македонскиот народ на овој дел од Европа и особено долгорочните различни и континуирани дејства на сите и секогаш подобро позиционирани соседи за присвојување на македонски територии, а со тоа присвојување и на македонските национално-културни вредности, дури тогаш би можело да се тргне кон можно детектирање, се разбира, на претпоставките за, поради надворешните фактори, попречуваниот и усложнет национален развој на македонскиот народ. Со тоа, всушност, би се откриле далеку повеќе јазолните преплетувања на сметките и на интересите на во таа сфера заинтересираните и жестоко ангажирани соседи, а преку нив и на големите европски сили. Прашањето за македонскиот национален идентитет и етнитет извонредно успешно може да се разгледува низ објективот на оној дел од литературата на Македонците што настанува на други јазици. Така е бидејќи литературата може да биде најсуптилен регистратор на политичките игри на соседите врз националната свест и потсвест на Македонецот во изминатите два века. Респектирајќи ги сознанијата и ставовите во компаративистиката за примарноста на јазикот на кој е создаден текстот во определувањето на авторот и на делото кон една и(ли) кон друга национална литература (Доровски, И. 1995: 60) за нас сега и овде воопшто не се неважни ниту историските, политичките, социјално-економските, културните и особено психолошките околности во кои е настанато литературното дело. Посебно, пак, ни е важно во кои пошироки околности е остварена токму неговата предметна јазичност, односно кои се и какви се причините за неговата другојазичност или зошто не е реализирано на јазикот на народот од којшто произлегува авторот.

Сосема разбирливо дека камерниот карактер, како и работниот предмет на овој прилог, ниту имаат цел ниту пак можат да ја зафатат пошироко оваа и досега често и широко и авторитетно, а не ретко и не без предиспозиции разгледувана проблематика. Нашето сегашно внимание, затоа, е сконцентрирано исклучиво врз аналитичкото трансферирање на прашањето за националниот идентитет и етнитет од бескрајните политиколошко-социолошки теоретизирања кон живиот материјал што го пружа литературата. Затоа и се определивме за пристап и разгледување на ова прашање во делата и во личните примери барем на некои претставници на другојазичниот дел од македонската литература. Таа, пак, поради погоре спомнатите предуслови, широко се опредметува во XIX и уште повеќе во XX век и, колку што дава одговори на некои од извонредно чувствителните прашања на/во македонскиот национален развој, не помалку отвора и некои поспецифични и нови. Особено поради тоа што многу автори од македонски национален происход целосно, а некои само делумно, не само во минатото туку и денес сè уште се остваруваат не само на позициите на инојазичноста туку и на инонационалноста.

Во пристапот кон оваа проблематика не можеме да влегуваме несвесни дека националниот идентитет на литературниот творец и на литературниот текст не може да не се проблематизира веќе со самото тоа што се остварува на некој друг јазик. Особено, пак, и најмногу е така поради тоа што во својата другојазичност, на глобално рамниште, македонските автори се остваруваат како во својата, така и надвор од својата национална средина. Некои од нив на друг јазик се остваруваат во туѓи земји и во туѓи национални средини, а некои во делови од македонската етничка територија што се насилно приклучени кон некоја туѓа национална и државна организација. Така е, се разбира, кога е во прашање реализацијата на македонските творци на јазиците на соседните народи, но не е исто кога таа реализација е на јазиците на некои подалечни земји и народи. Позициите на македонската литературна другојазичност се усложнуваат веќе со самиот факт што во сите нејзини варијанти се работи за делумно или, што е исто така веројатно, во некои случаи и за целосно прекинување од неговиот примарен, уште подобро речено, природен комуникативен, рецепционен ареал. Во македонските специфичности на овој план, се разбира, има и некои финеси кои ќе настојуваме да ги детектираме понатаму, и тоа врз поконкретните примери на одредени автори и на нивните остварувања.

Па сепак, уште овде можеме да додадеме дека најпрво со нејзината јазична изместеност, а потоа и со изместеноста од својата примарна и природна територијална, егзистенцијална, а со тоа уште и социолошко-идеолошка и особено културна основа, македонската другојазична литература, односно литературата што ја создаваа или што – под некои околности и надвор од државно оформениот дел од македонската етничка територија – сè уште ја создаваат Македонците на други јазици (прашање кое, вообичаено, во светот не предизвикува толку многу потреси и возбудувања), претставува вонредно суптилен барометар, не само за сопствената национална идентификација на Македонецот во минатото и во современоста туку и на сложените состојби во кои се наоѓал или се наоѓа тој, особено надвор од неговата матична етничка територија.

При самото зафаќање со овие толку многу суптилни специфичности во долгорочното одржување на македонскиот национален идентитет, ако не дури и во опстојувањето на македонското национално битие, воопшто не сме несвесни за деликатноста, за недостапноста, ако не дури и за табуираноста на некои прашања и теми кои сè уште и никако не сакаат да останат како специфичност само за некои периоди од нашето подалечно или поблиско минато. Независно од тоа што на политиколошко-социолошки рамништа тие се постојано актуелни и постојано, со помала или со поголема резултатност, се говори за нив (Рудометоф, В., 2003). И не само што не остануваат во минатото туку, во духот на модерната и актуелна глобализација или лажна (де)вавилонизација на современиот свет, нè следат и денес. Во сето ова, не сме несвесни ни дека за да се пристапи аналитички кон прашањето за националниот идентитет и етнитет кај македонските другојазични писатели, како и кога би бил предмет на разгледување македонскиот национален идентитет и етнитет воопшто, претходно треба да се биде соочен или барем секогаш да се има предвид и воопшто не помалку сложената гама од познато-непознати недоречености во врска со идентитетот и етнитетот и на останатите народи на Балканот. И тоа е особено така поради тоа што тоа се, главно, оние народи на чии јазици, во за македонскиот народ редовно неповолни околности, се остварува еден голем дел од неговата литературна продукција.

Освен тоа, не толку проблемот на литературната другојазичност колку проблематиката на идентитетот воопшто, проблематиката на македонскиот национален идентитет бара аналитичката сонда да се спушта и многу подлабоко во минатото, ако не уште подлабоко, тогаш барем до/во времето кога во Македонија сè уште не беа активирани пропагандните експанзионистички машинерии на младите држави од нејзиното соседство. До толку млади и експанзионистички агресивни бидејќи беа создавани пред да бидат оформени нациите што требало да ги создаваат нив (Рудометоф, В., 2003: IX). Ова последново подразбира да се биде соочен со извонредно сложени прашања, а потоа правилно да се детектираат особено и пред сè насилните упади во процесите на македонскиот национален развој. Така е бидејќи тие секогаш биле со тенденција за дестабилизација на тие процеси, но и за промена на нивниот тек, т.е. за негово пренасочување кон другите национални текови и матици. Никако не би требало да се дезавуираат притоа, особено нивните истовремени интенции за можно чистење, бришење на сите траги што останале од нив како резултат на македонската препознатлива културна и духовна развојност. Воопшто не е непознато дека во прашање биле вистински идеолошки војни, за кои се чини дека денес немаат доволно слух ниту со воено-политичките процеси преоптоварената историографија ниту пак редовно со наднационални прашања, веројатно не без право, презафатената филозофија, не пак некои други аналитички дисциплини што не можат да им се посветат главно поради скоро финално исчистениот фактографски терен за соодветни аналитички шпекулации. Мноштвото актуелни дискусии и студии што настануваат во наше време, пак, знаат само за, од суровите дејства на историјата и на политиката, исчистениот простор, на кој одвај ако се препознава неговиот автентичен лик.

Големиот број литературни творци кои воопшто или делумно не создаваат на мајчиниот македонски јазик и дома, во својата национална средина, туку на наметнатиот јазик и јазик на нивното училиште, односно творци кои создаваат на официјалниот јазик на нивната втора или нова татковина, значи, се поконкретниот предмет на нашево сегашно набљудување. Се разбира дека воопшто не може да се исклучи ниту создавањето на јазик што би можел да се позиционира на рамништето на нужна, ако не и на обврзна прифатливост преку некоја друга одредница, а најчесто тоа е јазик кој е во некоја надредена позиција. Со насловот на овој прилог, меѓутоа, директно поставеното прашање воопшто не ни ветува и не ни помага на планот на некаква олеснителна ниту пак поконкретно насочена пристапност кон извонредно широко зафатениот работен предмет во прилогов што настанува. Особено доколку сакаме аналитички да се движиме до изнаоѓањето на некој можен одговор и на прашањето за одразот на практикуваната другојазичност врз свесната, а не помалку и врз латентната позиционираност на авторот по линијата на неговиот основен и примарен, а некогаш дури и навистина непроменлив, зошто да не, национален идентитет и ентитет. Така е бидејќи таквата сложеност најмногу и пред сè резултира од далеку посложените (особено во однос на соседните народи) состојби во кои опстојуваше и се развиваше македонскиот народ веќе во претходните векови. Попречувањата во неговиот национален развој беа особено тешкопоследични веќе во XIX век, времето кога многу и поблиски и подалечни народи далеку понепречено, послободно и посамостојно го започнуваа својот државен развој, а пред или паралелно со тоа, национално се дефинираа и се доизградуваа. Во XX век, пак, веќе на почетокот, покрај таквите атаци врз природните текови на националниот развој, македонската земја и македонскиот народ се соочија со делења и со масовни селења, а на одделни делови и со вистински геноцид.

Нашите сегашни тешкотии, дополнително и посебно се во врска уште и со недофатливиот квантум на другојазичната литература што ја создаваат Македонците во подалечното и во поблиското минато. Дотолку повеќе што станува збор за автори и дела што се реализирале не на еден, туку на повеќе туѓи јазици, како во сопствената земја, во татковината, далеку повеќе во многу поблиски и подалечни другонационални и другојазични средини, а со тоа уште и во секогаш извонредно различни околности. Во тие различни околности и би можело да се бараат основните предуслови за реализацијата на тие автори на некој или на некои од повеќето можни туѓи јазици.

Тоа значи дека, со намера за целисходно аналитичко промислување од конкретна аналитичка позиција, сега сме застанати пред еден голем дел од литературното наследство на Македонците настанувано во минатото. Пристапувајќи му, најпрво, en bloc, не можеме да не констатираме дека пред нас се испречува пред сè и особено неговата апсолутна несинхронизираност – во секој поглед. Тоа воопшто не е неочекувано, бидејќи во прашање е работна материја и проблематика со извонредно сложена и испреплетена хронологија. Тоа значи и дека застануваме пред проблемски сложените и за вистинска вредносна анализа не лесно податливи појави и вредности, не пак за една скоро невозможна систематизација на овој така крупен, а сепак специфичен дел од литературната продукција на еден делен и пределуван, на еден поробуван, раселуван и многустрано угнетуван народ. Тешкотиите во пристапот кон овој дел од неговата литературна продукција се во најдиректна врска, односно дел од глобалниот аналитички пристап кон него. Сето тоа нè води кон констатацијата дека на едно исто прашање, на прашање какво што е и прашањето на националниот идентитет и етнитет кај другојазичните македонски литературни творци, треба да му се пристапува за секој случај, т.е. за секој автор, а понекогаш и за секое негово дело, настап или позиција посебно и поразлично. Различно и за автори што создаваат во исто време, различно и за автори што создаваат на ист (туѓ) јазик или во иста другојазична, па и иста другонационална средина. Дотолку повеќе што, сосема очекувано, зависно пред сè од околностите и од притисоците, некои автори покажуваат различности на планот на своето национално идентификување, односно манифестираат промени од време до време или од едно до друго нивно остварување, јавно дејствување и слично.
--- надополнето: 12 септември 2012 во 19:23 ---
II

Извонредно широк радиус на проблемски детекции и на аналитички експликации е потребен веќе при еден само навидум елементарен и едноставен зафат на позициите во врска со националниот идентитет веќе кај некои македонски литературни творци од/во XIX век. Така е најмногу поради тоа што XIX век – и тоа на целиот простор на Југоисточна Европа – сè уште не можеме да го набљудуваме, ниту пак да го дооткриваме или преоткриваме поинаку, освен како еден, на прв поглед нетипичен развоен вртеж, во кој се испреплетуваат цел ред процеси низ кои се дефинираат, или се редефинираат ред народносно-национални развојни процеси и субјекти. Таквиот вртеж, поедноставен како актуелна мапа на идеи, е карактеристичен, помалку или повеќе, за сите народносно-национални средини на Балканот, особено за оние што влегуваат во, или што го сочинуваат јужнословенскиот ареал како негов централен и најголем дел. Но, така е особено и до колку овој простор се набљудува en bloc и до колку не се имаат предвид развојните специфичности на секој народ од регионот посебно. Така е и до колку не се знае и до колку не се чита посуптилно и аналитички она што на овој план се случуваше и во текот барем на неколкуте претходни векови.

Ова последново е нужно да се рече, т.е. да се има предвид за да се допре особено до вистинските состојби на македонскиот културен простор, со оглед на неговата најнеповолна, централна, просторна позиционираност на Балканот. Веројатно нема да бидеме многу далеку од вистината ако констатираме, ако речеме дека таквата неповолност најмногу ги збунува, ги изместува и дестабилизира токму македонските творци во XIX век. Тие беа изложени на дејствата на моќни надворешни фактори, при што се засегнати, ако не и зафатени во некои подолгорочни и територијално пошироки инонационални и инојазични културни процеси. Некои како да биле дури и предодредени да бидат производ, дериват и однапред дадени жртви на/во/за/од тие пошироки и инонационални процеси. Дека главните потези во тие процеси ги влечеле, а со тоа и ги насочувале или ги пренасочувале уште во тоа време, веќе далеку поповолно позиционираните соседи и нема што да се зборува. Воопшто не е ни чудно што во XIX век, дури и пред довршувањето на процесите на национално осознавање кај нив, поповолно позиционираните соседи ги формираа нивните (национални) државни творби.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom