MAKEDONEC_PP
ПОБЕДАШ
ЈУВЕНТУС И ТОТЕНХЕМ ДОБИЈА КОНКУРЕНЦИЈА
Сега и Милан го сака Пандев
Јувентус и Тотенхем добија конкуренција за потписот на Горан Пандев, откако во трката се вклучи Милан, кој летово може да остане без Кака и во македонскиот напаѓач на Лацио гледа идеална замена за Бразилецот
"Старата дама" се уште е фаворит да го ангажира струмичанецот, но добрите односи помеѓу претседателот на Лацио Клаудио Лотито и првиот човек на Милан Адријано Галијани можат да го сменат тоа.
Истовремено, англиските медиуми пишуваат дека Арсенал и Челзи влегуваат во трката. Се верува дека тренерот на Арсенал Арсен Венгер одамна фо следи македонскиот напаѓач. Французинот во Пандев гледа замена за Емануел Адебајор, кој, најверојатно, ќе си замине од "Емирати" на крајот од сезоната. Во слична ситуација е Челзи, кое летово се соочува со можноста да остане без напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска Дидје Дрогба. Ако си замине Дрогба од "Стемфорд бриџ", Пандев е прва опција за негов наследник.
Договорот на 25-годишникот истекува на крајот од следната сезона и според извештаите во италијанските медиуми, станува сигурно дека уште ова лето ќе ја промени средината. Како и да е, самиот играч уште е несигурен за својата иднина.
- Се уште не знам што ќе правам следната сезона. Прерано е да се каже - им кажал Пандев на навивачите, според "Гол Италија".
Претседателот Лотито призна дека ќе биде многу тешко да го задржи напаѓачот на "Олимпико". Поранешниот играч на Интер е во Лацио од 2004 година, постигнувајќи над 50 голови во "небесно-синиот" дрес.