US Open 2012 [27 август - 9 септември]

Шампион/ка на US Open 2012


  • Вкупно гласачи
    54
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
+1. Не ме нервира Новак али фамилијата му е :facepalm:
Испадот вчера на татко му кон судијата беше епик. Да не ти се верува што гледаш. Чим Федерер стигнал да пререче на семејство да заќути тоа е тоа.

Sea za kakvi uslovi pravime muabet ? Ne trenira so ventilatori on i slicno, ima uslovi koi ednostavno na odredeni teniseri ne im odgovaraat, neznam sto ti e cudno toa, ko sto na primer i na Berdih ne mu odgovarase veterot, zema eden set a podocna bese inferioren, cel mec se smeese radi uslovite a Marej rutinski go dobi, tesko takva rutina deka ke mu bese toj mec vo normalni uslovi. Broj 1 vo Svet ne znaci deka pod difolt mora da e i fenomenalen vo vetroviti uslovi, ne gledam tuka nisto cudno, i Ferer tesko deka ke mu zemese set da ne bese veterot, uste so Ferer se vide kolku mu odgovaraat takvite uslovi samo vcera daleku poslab bese veterot za razlika od sabotata, osven moze vo prv set sto bese pojak, se vide toa i po igrata i na dvajcata.

Inaku ja ne go vadam Novak od porazot radi veterot, jasno precizirav kade go izgubi mecot, i celo vreme toa poslednava godina go zboram, prviot servis, uzas. Bez samodoverba gi igra gejmovite koga servira, uste od cetvrtiot set se nadzirase brejkot i mu bese staveno na doznaenje deka mora da ja podigne igrata na svoj servis, odnosno, da go opravi istiot, a on najslabo servirase koga bese najpotrebno i bidna, izgubi.

p.s. Da igrase Nadal, Marej ni do finale nemase da stigne. :pos: Abe apla mu bea poklopeni kockite, toa ne mozes da go negiras, ko nikad do sea, ako nekoja godina bil blisku do titula, odnosno najblisu do titula, toa bese ovaa.
Значи да се разбереме, ако ја свртеше вчера победата ќе беше и покрај ветрот, а сега изгуби заради ветрот.:icon_lol:

Да не ја вергламе, стојам на тоа дека тенисер од врв на тенис ќе ги совлада условите. Инаку не е за во врв. Далеку е Новак од тонење или нешто слично, ама има лек и за неговата игра, ланската година нема да се повтори и тоа е тоа. Ама види добро е да има конкуренција која ќе ја разбива тројката за да видиме дека тениска игра и без нив.

П.С Ете за тоа зборам. Што би било кога би било. Како знаеш до каде би стинал Надал? Знаеше некој дека ќе изгуби во второ коло од некојси Росол. Спорт е ова не се знае. Затоа не се потценува и се гледаат фактите. Тие си кажуваат се. Јас не сум фан на тие работи од типит „поклопени коцки“. Излегол на терен против најдобрите двајца два пати едно по друго и ги победил. Ете така стојат овие коцки кои ги гледам јас.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Честитки до Мареј потполно заслужена победа, и конечно дојде време после 1936 друг Британец да освои слем.....
Вчера најмногу дојде до израз напредокот кој го има Мареј откако тренира со Иван Грозни (Иван Лендл де :) ). Карактеристиките кои го красеа Мареј пред да тренира со Лендл беше неговата физичка спремност и одбрана, но Лендл го направи Мареј од одличен играч на мрежа, така да сега Мареј е поразновиден во нападот, немора само да се зазида на 3 метри зад основна линија и само да префрла (што вчера и беше случај искрено), но најголемата работа која ја направи Лендл а која очајно му фалеше на Мареј, е МЕНТАЛНАТА СТАБИЛНОСТ, Мареј пред да тренира со Лендл, доколку имаше ситуација како во вториот сет кога прокоцка два брејка и пак успеа да го добие сетот, во нити еден случај немаше да го добие....според мене најзаслужен за овој напред на Мареј е Лендл, дојде времето на Мареј, да му ги затне муцките на критичарите и нивната прашања, дали е способен Мареј да освои слем, кога ќе го освои, итн итн
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.197
И
Значи да се разбереме, ако ја свртеше вчера победата ќе беше и покрај ветрот, а сега изгуби заради ветрот.:icon_lol:
Mi gi izvrte sea zborovite zasto nikade ne go rekov toa ...
Znaci toa ne mi go prepisuvaj mene, iako sum so stavot deka uslovite vcera ne bea onie pravite koi bi mu odgovarale na Nole, odnosno, onie normalnite pod koi spored mene tenisot treba da se igra, 21vi vek sme na kraj kraeva a pravime muabet za grand slam.
Sto se odnesuva do sovladuvanjeto na uslovite, dur ne iskusis da go gledas toa so teniser za koj navivas i na koj dobro mu ja znaes igrata dzabe zboris, ti rece i Psyside, istoto sto i ja ti go velam, prvo, tenis u 21vi vek treba da se igra vo perfektni uslovi za kvaliteten tenis, ne e ova fudbal, ili formula 1, vtoro, veterot mu lezi na Marej bajagi, bar vo pogled na dvajcata negovi posledni protivnici, ako odime po ovaa logika, Marej gotovo, bolji e od Nole zasto posnaodliv e vo netipicni uslovi za tenis, bidejki neli ako bil broj 1 pod difolt mora da vladee vo bilo kakvi uslovi za igra. Mi nema logika toj stav, pogotovo ne ona,ne e za vrv, zasto ? Zasto ima protivnik od drugata strana koj podobro se snaoga vo netipicni uslovi za tenis. :ROFLMAO:
Nadal se bunese za plavata podloga, isto i Nole, ete ti razlicni uslovi za igra, netipicni, na koi ne se naviknati, znaci spored ova sto sega mi go prilozi, Nadal ne e za vrvot zasto na nekoj mu teknalo plava zemja da im pusti na teniserive ...a ja pa se soglasuvav potpolno so negoviot stav vo vrska so toa.

Najdi mi go komentarot od startot na mecot, koga i dvajcata gresea na svoj servis, po 2 brejka napravija, Nole se smeese bas radi takvata igra, napravi brejk a se smeese i praese nekoi potezi so glavata, sreka se smiri kolku tolku vremeto pa ne gledavme pickarski tenis, pretpazliv do maksimum, so strav ja mavaa topkata i povazno im bese da pomine mreza a da ne zavrsi u aut, samo pole na protivnik da e pa sto bide bide ....
Nejse, pak ke ti kazam, trgni go ova na strana, Nole imase golema sansa da pobedi, sam se zaeba, da ne se povtoruvam sega pak sto kako zasto.

p.s. koga sme kaj tatkovcite,onoj na Nadal ne e nisto poaren, i nego u surat mu se glea toa. ;) So nebitni raboti se zamarate be ... zeni, plus Dardi. :D Mene ok mi se site od boksovive na drugive, sekoj na svoj nacin si gi bodri svoite.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Пишете тука околу финалето најкасно до вечер, 22 часот, кажете си се што имате бидејќи потоа темава ќе биде заклучена, да не излезе " не знаев, ова она... "

Во право си е RocknRolaa, дошол Новак до не знам колку 40+ победи во низа, беше способен да биде прв година и кусур и сега одеднаш му смета ветрот кој е ист и за другиот играч, епа за информација при ветар Мареј изгуби 6-1 6-2 од Надал во Индијан Велс (2009), иако 1-2 месеци пред тој меч Мареј го тепа Надал во Ротердам. Значи, не смее да се бараат оправдувања, ви го пишувам ова како неутрален фан за овој US Open.

И ајде веќе нека се враќа Надал на терените, не е ни тенисот то шо беше. :D :ROFLMAO:
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
619
Поени од реакции
947
Конечно дојде и овој ден! Сега само Вознијацки остана без ГС!
Уште од почетоков на годината, од кога почна да работи со Лендл, се приметуваше разлика во играта на Мареј; особено против Федерер, Надал и Новак. Од сега натаму ќе гледаме еден нов Мареј, посамоуверен, подобар.
Пред почетокот на УсО Матс Виландер во интервју кажа дека Серена и Мареј ќе освојат титула !:)
Andy+Murray+Ivan+Lendl+barely+flashes+smile+zzKoYXwVvg2l.jpg Лендл се смее ?!?и ова го дочекавме!
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.396
Поени од реакции
113.872
Не бе Syn и интервјуа имам гледано со татко му, тешка сељачина ми е. И од тоа од тв секако ќе добијам впечаток, никој од фациве во спортскиов живот за кој навивам не ги знам лично па така да носам заклучок, можеби си се фини луѓе. Зборам за понашањето на трибина кога се седнати, и мајка му и брат му и татко му баш се понашаат ко што рече Дарди ко да ќе го освојат светот, разбирам јас дека се балканци и дека им е син ама не е ова фудбал или кошарка такво навивање да се прикажува.
Со еден збор арогантен е.
Џабе ја терате дискусијава за ветрот, едноставно на некои тенисери им одговара и со ветер а на некои воопшто не им одговара и тоа. Чист пример е Рафа против Федерер во Индиан Велс, Рафа беше во одлична форма и бев сигурен дека ќе го добие Роџер но ветрот помати се. Во такви услови Рафа е инфериорен поради неговите спинови кои на ветер немаат успех за разлика од Федерер на кого и такви услови на игра му одговараат.

За Мареј сеа да напишам нешто. Можеби сите го сместивме во големата четворка, можеби и така е но сепак она вчера не беше ниту малку ветувачки дека ќе претставува сериозен проблем на другиве тројца. Премногу осцилации има во играта, вчера за победата на Мареј беше крив само еден човек а тоа е Новак. Кога започна петиот сет на фацата на Енди му се гледаше дека е уплашен до коска, али Новак со неговиот мизерен прв сервис и мислам со една дупла сервис грешка буквално му поклони брејк на Мареј и го врати психички во мечот. Новак ненормално грешеше, нетипично за него, премногу неизнудени грешки имаше.
Мојот став е дека било кој од Рафа или Роџер да беше на терен ќе го изгазеше Мареј, нормално тука го исклучувам лошиот и слаб Ноле од вчера. Али небитно е сето ова сеа, Мареј си освои Грен Слем и да оставиме времето да покаже дали сме во право или ова е само повремен блесок на Мареј.

Сега следува можеби најгрдиот дел од сезоната, два Мастерси каде има премногу откажувања, стандард си е тоа, се до Мастерс Купот во Лондон.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.197
Пишете тука околу финалето најкасно до вечер, 22 часот, кажете си се што имате бидејќи потоа темава ќе биде заклучена, да не излезе " не знаев, ова она... "

Во право си е RocknRolaa, дошол Новак до не знам колку 40+ победи во низа, беше способен да биде прв година и кусур и сега одеднаш му смета ветрот кој е ист и за другиот играч, епа за информација при ветар Мареј изгуби 6-1 6-2 од Надал во Индијан Велс (2009), иако 1-2 месеци пред тој меч Мареј го тепа Надал во Ротердам. Значи, не смее да се бараат оправдувања, ви го пишувам ова како неутрален фан за овој US Open.

И ајде веќе нека се враќа Надал на терените, не е ни тенисот то шо беше. :D :ROFLMAO:
Пак со тие оправдувања, никој не бара оправдувања, со тоа што ако некој каже дека едни услови повеќе му одговараат на едниот од другиот тоа под дифолт и не е правдање за поразот, ја не гледам ништо лошто во тоа што има луѓе кои сакаат да гледаат тенис у најнормални услови у 21ви век, со покриви на централни терени и слично, па да се види на терен кој е кој во ситуација кога секој од тенисерите ќе има можност да го покаже она што најдобро го знае ...
Надал се бунеше за плавата земја ? Се бунеше, а исти беа условите за сите, ама ете него тоа му сметаше, па више Надал ко Надал и се што има освоено у кариерата испаѓа според муабетиве не смеел да се буни, или, глупо делувало тоа, или сеа ова пу пу не важи, па нели ако е крал на земјена подлога, ова фарбаново нема да му смета, ваљда ми ја сваќаш поентата, истиот муабет и тука можеме да го водиме, не дека ја се согласувам со истиот, напротив, тоа фарбата беше подеднаква глупост ко и фактот што америте дозволија у Сабота да се игра тенис..

Нема везе, Ноле губеше 2-0, се врати, имаше Се што беше потребно да победи, без разлика на условите, се адаптираше на истите, може во нормални услови, оние најидеалните за тенис мечот немаше да има ваков тек, поготово не првиот сет, тоа сепак никад нема да го дознаеме, небитно, какви и да се условите, Ноле со онаква игра на свој сервис ко у последниот сет, нит Троицки нема да може да го добие. Штета за мечот, бидејќи имаше епик тек, а таква да е неговата игра на негов сервис у последен сет, мада човек е на крај краева, му попушти и телото на крајот, факт е дека Мареј у секој можен поглед си ја заслужи титулата, остајте го Psyside што хејта. :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Јас кажав еднаш и пак ќе кажам, јас не викам дека условите за игра не се исти, јас викам дека ако немаше ветер Ноле ќе тепаше, актерот подобро се снаоѓа на ветер и тоа е тоа. Ако сакате реално да збориме, видете како изигра Ноле до финале, а како актерот, доста подобар тенис прикажа од актерот Ноле, и ќе беше далеку по заслужено доколку он земеше.

До пред овој слем, имав почит за актерот и имав дури и симпатии, кога освои олимпијада, искрено не ми беше криво воопшто, исто кога и го загуби Wimby ми беше жал што испадна.
Крајот мој за тие чуства дојде кога почна да се фаќа за нога и кичма и на овој слем, како и претходно што правеше, ама ај си викав можда е некоја ситна повреда, ама не е тоа ситуацијата, он го прави тоа свесно за да ги извади од ритам противниците, така да тоа што сум скроз негативен за него нема никад веќе да се смени, за глумци нема простување бе и тачка.

Ако на ова се додаде дека 90% од времето игра тешка дефанзива дефанзива на која и Надал може да и подзавиди, you get the idea....Надал барем знае да премине од дефанзива во офанзива, за разлика од овој. Jасно е како ден каков тип земал слем, актер + уништувач на тенис, класичен pusher што би рекле странциве.

Се на се колку и да нејќам, честито за фановите, и за RocknRolaa, што оствари одлични прогнози, и да јас ја утнав мојата прогноза исто така.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.396
Поени од реакции
113.872
Ако на ова се додаде дека 90% од времето игра тешка дефанзива, дефанзива на која и Надал може да и подзавиди Надал барем знае да премине од дефанзива во офанзива, за разлика од овој јасно е кој земал слем, актер + уништувач на тенис, класичен pusher што би рекле странциве.
Баш ова и сакав да го искажам преку мојот претходен пост. На следниот турнир нема Ноле да има 200 неизнудени грешки, на следниот турнир нема Федерер да изгуби од Бердих, Надал ќе се врати, така да со ваква игра нема што он да бара со овие тројца. Пишав и погоре еве и сега ќе пишам, со ваква игра како вчера ќе беше уништен и од Роџер и од Рафа и од Ноле кога е нормален.
Но ајде да не биде дека го хејтам сега а вчера зборев добро за него, ќе покаже АО како стојат работите, таму се надевам ќе има најсилна конкуренција и ќе го видиме Мареј на дело.
 
P

PewDiePie

Гостин
Ако кај таборот на Мареј има една Мама Мареј ... кај таборот на Џокович сите се два пати по тешки од Мама Мареј.

Тата Џокович со неговата фаца ти е како офицер кој дава наредба за напад на Сребреница.

Кај целиот негов табор преовладува иста фаца, а нивната подршка после освоен поен личи на : Убиј , заколји да противник не постои.

Кај беа оние момците што зборуваа за повисоката класа на Џокович , што ќе ги тепал овие другите со 3:0 ? Да му ја **** повисоката класа.

И што беше тоа негово радување , за секој освоен поен се радуваше (со познатите фаци) како да го освоел Ролан Гарос.
Тоа е тоа,сите го гледаат истото освен фановите на ноле.

Јас очекувам уште да паѓа,минатата година беше баш неверојатен ама годинава е баш просечен,и да ЕДНА квалитетна година не те прави голем,не.

Аргументи за поразот,ветре му дувнало на господинот :pos::pos:
Го свиреле,публиката била wоша :( Па да,секоја година го свират на УС Опен против кој и да игра,знаете зошто ? Зошто е многу класа и многу воспитан,и многу знае да стегне заби и да игра.

Се гледа по родителите негови,круша под круша паѓа.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Спортот општо и спортистите како такви се станати многу свилени и размазени во денешно време и ова е нешто во кое никој не може да ме разубеди. Не ми читајте меѓу редови, не мислам сега никој конкретно, туку е моја забелешка од тоа што го гледам во текот на годиниве.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Marej nikogas nemoze da bide ni Rafa ni Nole sfatete go toa isto kako sto ni Del Potro ne moze da osvoi uste eden gren slem koga na vrvot se matematicarot,dopinguvacot i fajterot Srbin ili sto i da e na vrvot je.

Nema kapacitet deteto samo sto se bori bez mozok.

So pari deneska se moze da se kupi.
 
L

Löwe

Гостин
Не, на USO Мареј ќе биде уништен од некој од големата тројка, јас сум прилично сигурен во ова,
Ене кај е Америка, ке дое, ќе го видите и Мареј таму, нервите далеку од тоа дека си ги оправил, 10 пати главата си ја мавна, го фрла сеуште рекететот и тоа во мечеви каде е доминантен и го има противникот во џеб
Мареј ќе се скрши на следниот слем, ќе биде уништен од Делпо/Федрер или Ноле, ама ајде да не зборам пред време, не е далеку USO :)
Само дел од коментарите после Олимписките игри :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.396
Поени од реакции
113.872
:pos::pos: Ilumious Овој сериозен бил бе, ја мислев дека вчера бил пијан али чим и денеска продолжи со постовиве очигледно нешто не е у реду со него.:pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom