Изготвувањето на документите за основање се врши бесплатно во ЦР така да нема потреба да се плаќа некој да ти ја брка работата,такса на ЦР за регистрирање на ДООЕЛ/ДОО е 2399,00 (1199,00 за студенти). Или 2244,00 (250,00 за студенти) ако се поднесуваат документите online преку crm.com.mk
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 15:24 ---
За ликвидација на фирма постапката е малце подолга и се одвива во две фази
I фаза Ликвидација
-Уверение од Управа за јавни приходи – доказ дека се подмирени сите давачки.
-Потврда од Банка за состојба на жиро сметка
-Одлука за престанок со работа на друштвото-потпишана од основачите
-Одлука за разрешување на управител и именување на ликвидатор-потпишана од основачите
-Изјава заверена на нотар (дека нема отворено други жиро-сметки во ниту една банка на територија на РМ);
-ПП образец
-ППЗ образец
-Уплата од 1.603,00 ден. и плус 200,00 денари доколку има скратен назив кој се става во ликвидација
По добивање на решението,треба да поминат 7 дена па се оди со објава на ликвидацијата на веб страната на Централен Регистар со пополнување на пријава и уплата од 604,00 ден.
По истекот на 30 дена се пристапува кон 2 фаза ликвидација
II фаза Ликвидација-бришење
-Уверение од Управа за јавни приходи – доказ дека се подмирени сите давачки.
- Потврда од Банка за состојба на жиро сметка
-Одлука за одобрување на работата на ликвидаторот,извештај за работа и годишна сметка -потпишана од основачите
-Одлука за бришење на друштвото -потпишана од основачите
-Извештај дека во претходната година друштвото не работело и во текот на ликвидационата постапка немало никакви деловни трансакции.Во текот на постапката за ликвидација немало уплати,исплати на средства од сметка ниту вработувања на работници-Изјава дека нема отворено жиро-сметка во друга банка- од Ликвидаторот, заверена на нотар
- ПБ образец
-Уплата од 1.302 ден
-Добтоволна ликвидација 500,00 ден.
-Изјава заверена на нотар (дека нема отворено други жиро-сметки во ниту една банка на територија на РМ);
-Кон втората фаза се приложува и пропратно писмо за поднесена завршна пресметка за 2010 година