Понекогаш треба да направите нешто лудо, нешто откачено, нешто што отсекогаш сте го посакувале, а никако не сте собрале храброст да го направите…
леле ама совет.....
--- надополнето: 16 септември 2012 во 04:51 ---
После 11 години во врска ретко кој останува верен. Вашата врска е оддамна пукната чим си заминала со друг. Наместо да се обвинуваш и да имаш грижа на совест, запомни дека тоа се случува во речиси секоја долга врска. Немаш потреба да кажуваш, ако можеш да ја поправиш врската арно, ако неможеш раскини ја.
Фаза ти е тоа дека неможеш да живееш без него и дека го сакаш најмногу на свет, зошто да го сакаше толку многу немаше да излеташ на страна. Тоа е само чувството на вина и страв да не бидеш откриена и оставена од личноста со која делиш толку години. За следниот излет нема да ти биде толку тешко
Мој совет дај си пауза на себе си и размисли дали вреди да го лепиш скршеното или да ја затвориш приказната од 11 години. Верувам ќе ја избереш втората опција после некое време.
1.Чисто празноверие.Никаква подржана теза.
2.Тоа се вика љубов.Вистинска.Барем се надевам во овој случај.(Фаза е тоа дека и е досадно и монотоно.) Љубовта не поминува така лесно како заљубеноста во прите месеци,а за монотонијата и досадата постојат начини за решавање.
А тоа што излетала со друг само ја покажува нејзината слабост.Ништо повеќе.
Во секоја ситуација во животот кога бегаме од проблемот наместо да се соочиме со него и да пробаме да го решиме ние покажуваме слабост.
Бегањето од едно нешто кон друго (најчесто исто така негативно) се вика поместување.Тоа е одбрамбен механизам на егото кое постои да не утеши дека сме решиле нешто.А всушност сме далеку од решение.
Проблеми и караници има во секоја врска но монотонијата и досадата е проблем настанат од двајца.
Треба некогаш да се запрашаме дали и ние имаме удел во тоа.Како му е на нашиот партнер? А не само да гледаме за себе.Сепак 11 години делеле телесни течности и што уште не.
Давање совети во вакви ситуации е крајно несоодветно.Уште понесоодветно е наметнување чувства и емоции кои другиот може и не ги чувствува но поради својата слабост и ранливата позиција во која се наоѓа е лесно да ги прифати како сугестија.
Доколку некој од нас имал „идентично“ искуство како ова погоре не значи дека има право да збори и да дели совети.
Сечие искуство е субјективен конструкт кое и под контролирано исти услови може да доведе до различни доживувања за истото.
Девојката треба сама да реши со себе пред се што сака понатаму од врската и иднината со партнерот.
И како за крај,нека се запраша како би се чувствувала кога ситуацијата би била обратна?
Тој одговор може да и помогне во размислувањето.
--- надополнето: 16 септември 2012 во 04:55 ---
знам тоа...се работи за сосема 2 различни системи али кога ми се изваде кондомот мислам дека спермата дојде во контакт со вагината. Колкави се шансите сперматозоид (сам по себе) да навлези во вагината па и да стаса до јајце клетка
Друже,луѓе пробуваат со години да зачнат а не пак со „малце истече“.
За да забремени девојката потребно е доста голема количина течност да навлезе длабоко во нејзиниот полов орган.И од тие неколку илјади сперматозоиди дали само 3-4 ќе се фатат за јајниците и ќе се оплодат.
Се надевам не си малер па да пукаш со просек 2 од 2.
Не се фурај.Ќе видиш.
п.с
уште малце охрабрување
Ако не се лажам,сперматозоидите умираат веднаш на воздух или на температура различна од телесната (?)
Така да,ако не си свршил директно во нејзе внатре,скоро нема шанси да забремени (за ова прочитај по нет како беше точно не се сеќавам убаво).