Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Искрено мое мислење е дека ако Роналдо се реши да си оди од Мадрид, Ферги ќе направи се за да го врати во тимот.. Исто како што беше со Робин летово.. Ама така ептен страшни ќе бидеме.. :D
 
Па реално ако си оди може само да игра во манчестер. Зарем ферги би дозволил таков играч да засили конкуренти.
 
А ферги контролира се и во Реал?
Не контролира ама гз и гаќи е со Мурињо.

Бајдвеј глупости се ова со Роналдо, ќе си игра таму уште долго време.
 
Не контролира ама гз и гаќи е со Мурињо.

Бајдвеј глупости се ова со Роналдо, ќе си игра таму уште долго време.

Епа заедно со Мурињо ќе се врати и Роналдо и готово. :D
 
Абе не си правте филмови за Роналдо тој уште долго ќе остане во Реал Мадрид.
 
А ферги контролира се и во Реал?
Има клаузула во договорот според која играчи ко роналдо не може да играат за вештачки клубови, доволно кажа и мурињо. Барса отпаѓа, така да или реал или јунајтед, се друго е пролазно :)
--- надополнето: 9 септември 2012 во 17:57 ---
Епа заедно со Мурињо ќе се врати и Роналдо и готово. :D
И ја то ти говорим пријатељу
 
Никогаш не се знае ....
Роналдо јавно говори како Јунајтед му овозможи да стане тоа што е денес, а во Фергусон гледа втор татко ...

Ме изненади изјавата на Перез, кој рече, Роналдо требаше да каже дека нешто не му штима пред истекот на трансфер рокот, што можеби и значи дека ако дојде до тоа, Перез е спремен да го продаде ...

Мислам дека ке си изигра Роналдо уште некоја сезона во Реал, па потоа ке се врати во Јунајтед, нормално, доколку Ферги го дозволи тоа ...
 
А 7цата ќе му ја вратат ли? :)

Најтежок ни беше периодот после неговото заминување, додека екипата се адаптираше на животот после К. Роналдо. Дали сакам да гледам реприза на тоа? Па и не баш. А и не верувам дека ќе си оди некад од Реал.
 
АБе каков Роналдо какви бакрачи , нејќам да го гледам како се "лизга" по теренот и при секој најмал , близок контакт со некој играч .... и судија да ми свири непотребно и непостоечки фаули .... да ми изиграва некој си мангуп и да ми спие по теренот ....
 
Го имаш гледано последнава сезона како игра?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom