Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Не знам дали некој се сеќава на The Sword and the Sorcerer (http://www.rottentomatoes.com/m/sword_and_the_sorcerer/) забавно култно треш филмче од '82 година кое што порано го утепуваа од давање по наши телевизии а особено на Сител кога заедно со Hawk the Slayer(уште еден...класик...) ги пуштаа секој викенд после 12 часот . После прекинаа со тие маратонски прикажувања па се префрлија на порно ама ние не се жалевме и мушки трпевме. Филмот се работеше за Талон, принц со амнезија кој во слободно време е авантурист и поседува мач со три острици од коишто двете од страна по потреба ги исфрла со притискање на копче(ковачите на оружје во средниот век биле особено познати по својата имагинација). Талон филмот го поминува пијан, тепан, намачкан со зејтин, на крст, над принцеза, под принцеза и успат успева да се освети за мртвата мајка и татко за на крај заедно со дружината да одјава накај зајдисонцето среќен и задоволен. После тоа екранот се затемнува и следи порака;

Watch for Talon's next Adventure
Tales of the Ancient Empire
coming soon

И 22 години подоцна режисерот на тој филм кој е исто така познат по филмовите Кикбоксер 2 и ....Кикбоксер 4(исто така познати класици од етерите на нашите телевизии) го исполнува ветувањето дадено 2 декади претходно и ни го носи ова ново ремек дело.
Нека не ве залаже продукцијата и глумата што е прикажана во трејлерот, сепак не се работи за порно(знам, и јас бев тажен отпрвин :().
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
What's Eating Gilbert Grape(1993)
Филмов го гледав пред неколку години и бев фасциниран, ретко кој филм толку ме погодил. Му го дадов на тројца другари да го гледаат, и единствено што ми искоментираа после гледањето е како се насмеале кога Леонардо Дикаприо си го чепкал носот.:place:
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Филмов го гледав пред неколку години и бев фасциниран, ретко кој филм толку ме погодил. Му го дадов на тројца другари да го гледаат, и единствено што ми искоментираа после гледањето е како се насмеале кога Леонардо Дикаприо си го чепкал носот.:place:
Филмот е поим за ДРАМА. Си има таква тематика, со така добро развиени карактери и на најдобар можен начин прикажана егзистенција за преживување. Глумата е страшна, особено онаа на Дикаприо кој ито како добро се внесува во кожата на дете со посебни потреби. Го изгледав без да трепнам.
А за другарите батали, ги имам и јас такви, обично обожаваат да гледаат некоја комедија со 5 просек или некое друго филмче со оценка до шестката.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.351
До толку ли никој не го гледаше MIB III во кино? Гледам 5-6 души пишале дека дури сега го гледале на торенти.
 
penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Значи Тим Бартон е тотално вон форма. Цели седум години нема направено задоволитен филм, поточно од Corpse Bride. Свини Тод ми беше половично добар, имаше некои светли моменти, ама тоа не треба да биде доволно за режисер од таков ранг. Но, Dark Shadows. :facepalm: Ајде ваљда ќе се извади со новиов анимиран.
Ехххх, златен Ед Вуд, е тоа беа добри времиња...
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047

Dark Shadows баш беше класика Бартон. Што се мене тиче Ed Wood беше вонсериски.
A Свини Тод е прекрасен мјузикал, заслужува повеќе од "половично добар". :)
 
penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Dark Shadows баш беше класика Бартон. Што се мене тиче Ed Wood беше вонсериски.
A Свини Тод е прекрасен мјузикал, заслужува повеќе од "половично добар". :)
Ма јок, Dark Shadows е лош филм без разлика што стилот му лежи на Бартон. Тотално бездушен филм! Кај снимал он вакви филмови.:(
За мене прекрасни мјузикли се: Singin in the rain, Мулен Руж, Across the universe... Свини во никој случај не можам да го споредам со нив, но не велам дека е лош.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
До толку ли никој не го гледаше MIB III во кино? Гледам 5-6 души пишале дека дури сега го гледале на торенти.
Го гледав пред месец и нешто, ја украле малку идејата од Back To The Future, инаку арно е за релаксација..
--- надополнето: 9 септември 2012 во 20:30 ---
Ма јок, Dark Shadows е лош филм без разлика што стилот му лежи на Бартон. Тотално бездушен филм! Кај снимал он вакви филмови.:(
За мене прекрасни мјузикли се: Singin in the rain, Мулен Руж, Across the universe... Свини во никој случај не можам да го споредам со нив, но не велам дека е лош.
Ако се согласи њот со твоево мислење ќе го есапам за најголем хипстер.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047
Ако се согласи њот со твоево мислење ќе го есапам за најголем хипстер.
Оти? :cautious:
Не само мјузиклите туку и општо така ги делам филмовите. Значи квалитетен филм, па секој што преферира, има простор за играње вкус карта. Пример јас како даркер :icon_lol: дури мјузиклот што го гледам сакам да е црн. Ko Sweeney. Singing in the rain и Аcross the Universe се одлични филмови, ама Мулен Руж на пример не ми легна, и тука е ова правилото на исклучок, добар/квалитетен филм/мјузикл, ама не за сечиј вкус. Или незнам, зависно и од расположение на пример, еtc..

A под класика Бартон не мислев дека е одличен оти ниту Бартон не ми е премногу одличен. И баш просек искочи филмот, а за со женска па, одличен.
Затоа Ed Wood реков е вонсериски, стандард кој ретко ќе го стигне пак, или пак со амин да го помине. :)
 
Ради ова...:P
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
Кога сме кај Бартон, еден од моите омилени режисери, за мене Big Fish му е најголемиот филм некогаш направен. Да не беше овој филм, мислам дека Mr. Nobody немаше да постои.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047
:D оправдано тогаш.

Го сакам јас Бартон, не му пропуштам филм, ама сепак не сум онака воодушевен од неговата работа. Го сакам плус оти како ќе ги видиме Деп и Хелена во некој проект.. :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom