Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
31 мај 2011
Мислења
30
Поени од реакции
5
Госпожа, доста работи си помешала, размисли уште еднаш дали си за таму. :)
Обично програмирање не е смер, и тој е факултетот... нема трет. :)
Ме интересираа разликите помеѓу КНИ и овој смер, сум пишала факултет мислејќи на смерот. Знам дека тој е еден факултет. :)
 
Член од
7 август 2012
Мислења
57
Поени од реакции
3
Ми треба мислење за предметот НАПРЕДНИ БАЗИ НА ПОДАТОЦИ односно која е тежината на предметот од 1-10 :) :
Вовед во XML, полу-структурирани податоци и XML шеми и бази на податоци.
Прашални јазици за пребарување. Веб и бази на податоци. Оперативни и
аналитички бази на податоци и проблем на пребарување. Дистрибуирани бази на
податоци. Хоризантална и вертикална фрагментација. Протоколи за обработка на
прашања кај дистрибуирани бази на податоци. Бази на податоци и мобилни
системи. Решенија во Oracle и MS SQL сервер.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.265
Поени од реакции
2.261
Ќе запишам сега 5ти семестар на ИКИ. Едниот изборен ќе ми биде секако мрежно програмирање. Е сега за вториот се думам меѓу Мрежни оперативни системи и Машинска интелегнција и учење. Некој со збор-два да поможи ако може со мислење?
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Ќе запишам сега 5ти семестар на ИКИ. Едниот изборен ќе ми биде секако мрежно програмирање. Е сега за вториот се думам меѓу Мрежни оперативни системи и Машинска интелегнција и учење. Некој со збор-два да поможи ако може со мислење?
Мрежни Оперативни Системи е релативно лесен предмет, се учи *nix околина, FTP, Telnet, и ред други работи.
Пошто се работи за предмет кој го предава професорката Соња Филипоска, се полагаат два дела:
-теорија - материјал: слајдовите. Кога полагав јас, требаше да одговориме на 10тина прашања.
-задачи - се полага на хартија, има кратки прашања кои се паѓаат од аудиториските вежби, како и задачи.
-семинарска - опционална, ако собереш доволно поени за да положиш, и не ти се работи повеќе, можеш и да не ја направиш, ама мислам дека носеше 10 или 20 поени.

Знае професорката да пушти список повремено, така да, ако го одбереш предметов, ти препорачувам да одиш на предавања. Не само заради поените, туку и поради тоа што и предметот е интересен, а Соња е ѕвер, како и секогаш.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Може ли некој да ми каже од каде можам да извадам потврда дека сум студент за да можам преку родителите да се лекувам со сини картони и дали има онлајн уплатница некаде :)
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Може ли некој да ми каже од каде можам да извадам потврда дека сум студент за да можам преку родителите да се лекувам со сини картони и дали има онлајн уплатница некаде :)
What if I told you дека форумов не е студентски прашања...

...у студентски прашања.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
What if I told you дека форумов не е студентски прашања...

...у студентски прашања.
Абе знам тоа ама оти сум од Струмица прашав дали може некаде да се најде уплатницата да уплатам од тука и да одам да ја земам...
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Абе знам тоа ама оти сум од Струмица прашав дали може некаде да се најде уплатницата да уплатам од тука и да одам да ја земам...
Не е уплатница. Лифче е шо ти го даваат на студентски. И мора печат на студетски да ти мавнат.
 
Член од
13 јуни 2008
Мислења
92
Поени од реакции
0
Ќе може ли некој да даде некој совет за кои предмети да ги изберам сега во 5ти семестар?
Се мислам помеѓу: Компјутерска Графика, Мрежно Програмирање и Софтверско Инженерство, па ако може збор два некој да каже за секој од нив :)
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Ќе може ли некој да даде некој совет за кои предмети да ги изберам сега во 5ти семестар?
Се мислам помеѓу: Компјутерска Графика, Мрежно Програмирање и Софтверско Инженерство, па ако може збор два некој да каже за секој од нив :)
Компјутерска графика е типичен програмерски предмет, ама има и математика, но го немам слушано предметот, и колку што имам слушано од колеги, добар предмет е, ама треба повеќе од солидно познавање на C да се има, како и солидно познавање на математиката, за да можеш да положиш.

Мрежно програмирање, истотака го немам слушано, само знам дека не е баш најлесен на свет. Од лани се полага на хартија, за разлика од пре-лани, и годините претходно, кога се полагаше на компјутер. Еден колега што долго време работи со .net технологиите, имаше проблеми со тој предмет. Кога он, што останува за "обичните" луѓе. :)

А од Софтверско Инженерство, бегај како од ѓаволот. Се учи ST библиотеката, односно STL, и може да се смета како напреден курс по C++. Се полага теорија и се полагаат задачи. Теоријата е.. токму тоа, теорија, не е нешто што не се учи, ама има еден тон слајдови. Башка, ако не одиш на предавања кај Ѓоргевиќ, каде што пола од работите кои ги кажува, ги нема на слајдови, ќе имаш проблеми при учењето.
Практичниот дел се состои од три главни задачи. Креирање на template класа, втората задача е со функциски објекти, а третата е со граф. Не ме прашувај подетално за задачите, го немам положено предметот, а го немам ни учено.

Има едно златно правило на ФЕИТ/ФИНКИ, никогаш не запишувај предмет кој е задолжителен за друг смер.Ти препорачувам да го испочитуваш тоа правило, што се однесува до Софтверско Инженерство.
 
Член од
14 јуни 2012
Мислења
22
Поени од реакции
0
primana sum na EES i sega neznam dali da se premestam na TKII ? Koja nasoka e podobra ?
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Ќе може ли некој да даде некој совет за кои предмети да ги изберам сега во 5ти семестар?
Се мислам помеѓу: Компјутерска Графика, Мрежно Програмирање и Софтверско Инженерство, па ако може збор два некој да каже за секој од нив :)
Софтверско Инженерство ни на сон. Одвратно тежок предмет, и премногу обемен. Ќе се каеш и тоа доста. Едина 6ка ми е, ми го руши цел просек.

Мрежно Програмирање ти е уствари .нет и јава. Лично јас не го слушав ама тие што го слушаа баш и не беа многу задоволни. Порано било повеќе .нет и се било супер, а сега било пола пола да речеме и на крајот викаат дека од двете што си ги учел, незнаеш ништо. Компјутерска Графика исто не го слушав, али бев на првиот час зашто бев решен да го запишам, тоа ти е така лесен предмет, далеку полесен од претходните два, мислам дека и втор колоквиум со семинарска беше, така да ако сакаш лагано да си поминеш и да не се замараш многу многу со учење земи го Графика, ако не иди на Мрежно Програмирање. Тежок е, мислам и усно има ама колку толку ќе научиш нешто корисно што веројатно ќе ти користи понатака, се зависно кон што сакаш повеќе да се ориентираш.
 

AleksandarT

Reckless
Член од
16 ноември 2005
Мислења
180
Поени од реакции
9
Софтверско инженерство задачите се интересни , предметот у глобала не е тежок ама заради тоа што има досадно усно и 'посериозна семинарскa' замара малце.
За мрежно исто така не е тешко ама од минатата година ставија и усно и тоа е ептен на памет, ништо сериозно ако не те мрзи да учиш на памет. Семинарската пак е нешто слично и тоа е .
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Оти Вовед во роботика никој не го спомнува?
По насловот на предметот делува дека и содржината е интересна. Но, веќе е во пракса докажано дека насловот може да лаже, ужасно многу. Мислење ваше за предметов? Се сведува на теорија или има и програмерски дел/куцање код?
Се двоумам меѓу роботика, компјутерска графика и мрежно пограмирање :confused:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom