Која банка има најдобри услови за кредит?

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
А друже, ќе ги земеш тие пари на кредит, ама дали знаеш дека во раката нема да ги видеш? Туку ако ти се за некоја инвестиција они таму ќе ги уплатат веднаш и ти ќе си тераш, а ако мислиш да го земеш за да имаш да шеташ или да се курчиш со нив, не, помина тоа време не дават веќе во кеш пари.
Не е баш точно, земав пред 2-3 месеци кредит од Тутунска, парите ми ги исплатија кеш (прво на трансакциска, за после 5 минути на шалтер да си ги подигнам). Дури и во плико ми ги стави дечкото од шалтерот (полно плико пари :drk:).
--- надополнето: 7 септември 2012 во 22:00 ---
Кој ти вика?На сметка ти ги префрлаат.
А зависи каков кредит бараш.Ако бараш за реновирање мораш да најдеш инвеститор да ти даде ф-ри.Они на него пари на сметка,а он на тебе кеш на рака.И волкот сит и овците на број
Мојот беше за реновирање, нит фактури нит бутур бараа. Јас мајсторите ги платив на рака.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
off topic
Точно така, но не сум сигурен дека сите банки и штедилници се членки на фондот.... вројатно банките се!?
"Банки, филијали на странски банки и штедилници основани во Р.Македонија се должни во Фондот да ги осигурат депозитите".
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Не е баш точно, земав пред 2-3 месеци кредит од Тутунска, парите ми ги исплатија кеш (прво на трансакциска, за после 5 минути на шалтер да си ги подигнам). Дури и во плико ми ги стави дечкото од шалтерот (полно плико пари :drk:).
--- надополнето: 7 септември 2012 во 22:00 ---


Мојот беше за реновирање, нит фактури нит бутур бараа. Јас мајсторите ги платив на рака.
Мене во Прокредит така ми направија
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Денарските штедни влогови се осигурени во Фондот за осигурување на штедни влогови и фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска против вредност на 30.000 евра.
Ако сакаш да штедиш над 30000 евра купи си обврзници. Имаат малку пониска камата (окулу 5%) ама заштитени се со евро клаузула ако им текне на шалабајзериве да девалвираат.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Прво, најбитно е дека работата не е колку сакаш ти да земаш кредит, туку колку имаш плата и обврски (исто и жирантите) во банки, односно ‘колку си кредитоспособен‘, според процена на банката.

Значи битни работи се:
- дали си имал претходен или паралелно друг кредит дали одела нормално наплатата;
- дали користиш кредитна картица и колку редовно ја исплаќаш итн.;
- дали имаш/користиш пречекорувања на тековна сметка;
- дали платата ти е ок редовно исплатена и колкава е нејзината висина - ќе видат последни 3 месечни исплати и ќе извадат просек од тие 3 плати за примањата);
- да си вработен на неопределно работно време, како предност, по можност барем година дена.Сите овие податоци за вработувањето ги земаш од сметководителот во фирмата (образец М1/М2 и ПДД-МП).

Тек после разгледување на сиве овие околности и добивање соодветна кредитна ризик класификација, добиваш сума за која би можел да подигаш кредит.Најчесто е максимум 33% односно една третина од платата, а ако е од 30.000 нагоре имаш можност за 50% задолжување.

Друго,разочаран си од Тутунска (а ќе си и од другите поголеми банки) пошо кај нив постојат доволен број клиенти, па нивната позиција им дозволила такви ограничувања со цел сигурност во работата, па тие би ти диктирале услови за кредитирање.Од друга страна, условно кажано помалите банки се во постојана потрага по капитал со цел подобра позиција на пазарот, па критериумите се кај нив поинакви т.е. полабави.
Е сега, ако си во Тутунска најверојатно до 300.000 ти е без жирант; за над 300.000 ќе си обезбедиш жирант со плата кај нив, а ако имаш среќа да обезбедиш жирант вработен во јавна администрација тогаш и не е битно во која банка е врзан со плата.Плаќаш за меница од 100 до 500 денари во зависност од висината на кредитот, 200 денари на шалтер за аплицирање за кредит и 2-3 % провизија (во зависност од банката) од вредноста на кредитот.
Трето, важно е да имаш многу трпение за потпишување едно 15-20 страни документи и такви ми ти ситници.Среќно.
Ауу друже колку бе ти кредити имаш земено :D
--- надополнето: 8 септември 2012 во 01:56 ---
Не е баш точно, земав пред 2-3 месеци кредит од Тутунска, парите ми ги исплатија кеш (прво на трансакциска, за после 5 минути на шалтер да си ги подигнам). Дури и во плико ми ги стави дечкото од шалтерот (полно плико пари :drk:).
--- надополнето: 7 септември 2012 во 22:00 ---


Мојот беше за реновирање, нит фактури нит бутур бараа. Јас мајсторите ги платив на рака.
И сеа како иде враќањето на парите или уште не си почнал да ги враќаш?
Ја па кога и да помислам на кредит секогаш во глава ми се јавува слика како тоа им ги враќам на шалтер...секој месец рата..па пак рата па камата...со години и години... и набрзо ми поминува желбата :D а после една радост ме облева кога ќе ми текне дека неам кредит за враќање.. па постепено тоа поминува во еуфорија и завршува со веселба :)

На пример:
Потрошувачки кредит до 72 месеци до 600.000 МКД

Максимален износ Мах. 600.000 МКД
Месечниот ануитет <= 1/3 од плата
Каматна стапка
11,5% годишна каматна стапка за вработени кои примаат плата во НЛБ ТБ(12,98% СВТ за износ на кредит од 600.000 МКД, каматна стапка 11,5%, рок на отплата 72 месеци, манипулативен трошок 2% и трошок за апликација од 200 МКД)*
11,75% годишна каматна стапка за вработени кои не примаат плата во НЛБ ТБ(13,50% СВТ за износ на кредит од 600.000 МКД, каматна стапка 11,75%, рок на отплата 72 месеци, манипулативен трошок 2,5% и трошок за апликација од 400 МКД)*

тоа се 77880 денари камата на годишно ниво...оф оф мераци...
 
Член од
5 јули 2008
Мислења
224
Поени од реакции
197
Не е баш точно, земав пред 2-3 месеци кредит од Тутунска, парите ми ги исплатија кеш (прво на трансакциска, за после 5 минути на шалтер да си ги подигнам). Дури и во плико ми ги стави дечкото од шалтерот (полно плико пари :drk:).
--- надополнето: Sep 7, 2012 8:00 PM ---


Мојот беше за реновирање, нит фактури нит бутур бараа. Јас мајсторите ги платив на рака.

Зависи колку ако е 1000-3000 евра да, ама 10-15 илјади евра тешко дека ќе ти ги дадат во кеш. Барем така ми имат кажено мои блиски кои земале поголема сума.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
И сеа како иде враќањето на парите или уште не си почнал да ги враќаш?
Ја па кога и да помислам на кредит секогаш во глава ми се јавува слика како тоа им ги враќам на шалтер...секој месец рата..па пак рата па камата...со години и години... и набрзо ми поминува желбата :D а после една радост ме облева кога ќе ми текне дека неам кредит за враќање.. па постепено тоа поминува во еуфорија и завршува со веселба :)

тоа се 77880 денари камата на годишно ниво...оф оф мераци...
Веќе вратив 2 рати, уште 22 остануваат :(. Парите ми ги земаат директно од сметка секој први, треба само да имам доволно средства за ратата на први.

Условите беа доста поповолни од тие што ти ги наведе, 8% камата (8,4% СВТ), за две години треба да вратам 260 евра камата за кредит од 3000 евра, тоа се околу 10е месечно, што е прифатливо за мене. Манипулативен трошок од 2% (60е) не платив бидејќи имаше промоција, платив само 500-600 денари за меница, апликација и слично.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.338
Поени од реакции
505
Mene ne mi se parite niti za odmor niti za nekoja pogolema investicija.Ednostavno imav pogreb periodov, sakam da zatvoram ok kredit i sakam ostanatiot del da gi orocam. Vraboten sum na neopredeleno, a kamatata premnogu ne mi e bitna, i taka nema ogromni razliki tuku mi e vazno sto pogolema suma da mi dade bankata so mojava plata od 20.000.
 
Член од
21 август 2012
Мислења
55
Поени од реакции
25
и јас сум на мисла за кредит но за купување на стан а ми фалат некои 4 до 5000 евра ама се се мислам баш заради високите камати и никако да се решам :facepalm:
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Имаше сеа промотивен период во стопанска банка нешо за ок кредит до крајот на годинава за 6,9 проценти ама само до крајот на годинава. Знам дека сигурно на тие што имаа веќе земено толку и беше каматата е сеа незнам дали тоа важи за новите? Треба да се праша.
--- надополнето: 8 септември 2012 во 17:28 ---
Веќе вратив 2 рати, уште 22 остануваат :(. Парите ми ги земаат директно од сметка секој први, треба само да имам доволно средства за ратата на први.

Условите беа доста поповолни од тие што ти ги наведе, 8% камата (8,4% СВТ), за две години треба да вратам 260 евра камата за кредит од 3000 евра, тоа се околу 10е месечно, што е прифатливо за мене. Манипулативен трошок од 2% (60е) не платив бидејќи имаше промоција, платив само 500-600 денари за меница, апликација и слично.
Не си земал многу и не е така висока каматата али рокот на враќање е краток. Ратата ти е 8150? Значи веројатно третина плата а?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
рокот на враќање е краток.
Така ми одговараше, на подолг рок плаќаш повеќе камата.

Ратата ти е 8150?
Така нешто.

Значи веројатно третина плата а?
Нешто помалку од третина.
--- надополнето: 8 септември 2012 во 17:37 ---
и јас сум на мисла за кредит но за купување на стан а ми фалат некои 4 до 5000 евра ама се се мислам баш заради високите камати и никако да се решам :facepalm:
Ако живееш под кирија тогаш се исплати да дадеш 400-500 евра за камати за да живееш во свој дом.
 
Член од
21 август 2012
Мислења
55
Поени од реакции
25
Ако живееш под кирија тогаш се исплати да дадеш 400-500 евра за камати за да живееш во свој дом.
Па не не живеам под кирија, живееме заедно со моите но станува тесно а и знаеш сам си е сам нели :)
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Ако живееш под кирија тогаш се исплати да дадеш 400-500 евра за камати за да живееш во свој дом.
:facepalm: Да ептен се исплати за кредит од 50 000 евра после 20 години треба да вратиш 80 000 евра.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
:facepalm: Да ептен се исплати за кредит од 50 000 евра после 20 години треба да вратиш 80 000 евра.
Читај пред да реплицираш, на човекот му фалат 4-5.000 евра, не 50 000.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom