Прво, најбитно е дека работата не е колку сакаш ти да земаш кредит, туку колку имаш плата и обврски (исто и жирантите) во банки, односно ‘колку си кредитоспособен‘, според процена на банката.
Значи битни работи се:
- дали си имал претходен или паралелно друг кредит дали одела нормално наплатата;
- дали користиш кредитна картица и колку редовно ја исплаќаш итн.;
- дали имаш/користиш пречекорувања на тековна сметка;
- дали платата ти е ок редовно исплатена и колкава е нејзината висина - ќе видат последни 3 месечни исплати и ќе извадат просек од тие 3 плати за примањата);
- да си вработен на неопределно работно време, како предност, по можност барем година дена.Сите овие податоци за вработувањето ги земаш од сметководителот во фирмата (образец М1/М2 и ПДД-МП).
Тек после разгледување на сиве овие околности и добивање соодветна кредитна ризик класификација, добиваш сума за која би можел да подигаш кредит.Најчесто е максимум 33% односно една третина од платата, а ако е од 30.000 нагоре имаш можност за 50% задолжување.
Друго,разочаран си од Тутунска (а ќе си и од другите поголеми банки) пошо кај нив постојат доволен број клиенти, па нивната позиција им дозволила такви ограничувања со цел сигурност во работата, па тие би ти диктирале услови за кредитирање.Од друга страна, условно кажано помалите банки се во постојана потрага по капитал со цел подобра позиција на пазарот, па критериумите се кај нив поинакви т.е. полабави.
Е сега, ако си во Тутунска најверојатно до 300.000 ти е без жирант; за над 300.000 ќе си обезбедиш жирант со плата кај нив, а ако имаш среќа да обезбедиш жирант вработен во јавна администрација тогаш и не е битно во која банка е врзан со плата.Плаќаш за меница од 100 до 500 денари во зависност од висината на кредитот, 200 денари на шалтер за аплицирање за кредит и 2-3 % провизија (во зависност од банката) од вредноста на кредитот.
Трето, важно е да имаш многу трпение за потпишување едно 15-20 страни документи и такви ми ти ситници.Среќно.