Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.694
Поени од реакции
11.907
Никој човек на светот не го сака месецов, а мене ми е роденден на 9ти :(
Па смени си го датумот бе. Прероди се во некој друг месец и готово. Мене ми е во Октомври :(
Најдобро е или Јуни/Јули или Крај на Декември/почеток на Јануари (y)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Абе не можам да дочекам у пичку материн!!!!!!!!!!
Овој Септември е најглуп можен месец. Трансфер периодот заврши, летото ќе заврши, факсот почнува а еве пола месец нема фудбал. Па Јули е поинтересен да му ебам мајката!
--- надополнето: 6 септември 2012 во 20:26 ---
Добро бе Биафран. За доста добар дел од ова си во право. Ама никој не ја бара овде главата на Џерард. Нити пак на Реина. Само викам дека треба да седнат малку на клупа. Играч е едно а менаџер е друго. Ќе му треба време на Роџерс за ова што сака да го направи. Играчите ќе мора да научат да играат така. Или нема да играат воопшто - тоа е тоа!!
А дека Роџерс згреши на многупати - згреши. Затоа и ќе му пцујам жена!
Разликата меѓу Реина,Џерард итн и Роџерс е тоа што овие можат да бидат седнати на клупа ако не играат добро. Некое време ќе поседат на клупа дури се свестат па со добри тренинзи ќе ја вратат формата и ќе се вратат во тимот. А Роџерс не можи да биди седнат на клупа

Отпрво може мислев поинаку, но сега (Реина е исклучок, викам Reina out веќе 6 години), мислам дек Џерард игра слабо само заради Роџерс.
Како и одбраната.
Можеби треба Роџерс да размисли на таа опција - да ја прилагоди играта на можностите на играчите кои ги има. А со тек на време, играчите да ги прилагодува на стратегијата што ја има.
За да не се случуваат вакви работи.

Не е возможно Џерард на овие години да се смени, и од Џерард да постане... некој randomard.
--- надополнето: 6 септември 2012 во 20:40 ---
Па смени си го датумот бе. Прероди се во некој друг месец и готово. Мене ми е во Октомври :(
Најдобро е или Јуни/Јули или Крај на Декември/почеток на Јануари (y)
Jас сум на 9ти Јануари, и засега, овој четврт век сум задоволен од покажаното (на датумот на раѓање) :pos:
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
За Џерард мислам дека треба да му се промени малце позицијата. Цело време додека ја води топката повеќе од 5 секунди успева да ја загуби, па според мене треба да се постави малце постатично и конците да ги влече од малце поназад. Фали и цврстина у неговата игра, со ваква поставеност ништо не праиме, само губи топки а пасевите никад не се прецизни. Би било добро да биде играчот што ќе ја задржи топката и полека и смирено да додава меѓу соиграчите, а истовремено да ја смири играта и да го прилагоди темпото. Само проблемот кај него е што баш тоа темпо кое ние бараме да го постигне, он е научен да игра против него, активно и динамично. Али мора да има начин да се вклопи, кај секој играч може да се најдат квалитети кои доколку се искористат правилно би било од бенефит на цел тим. А ако кај Џерард кој е еден од најкомплетните играчи во светот не може, све паѓа у вода. Мислам дека Џерард највеќе бенефит во играта би имал доколку му се погоди соиграчот на теренот, а тоа би бил никој друг туку Лукас. Супер играше Стиви со Лукас и Шелви под истава филозофија, па може тоа ќе да е лекот...
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Ова интервјуво на Роџерс што го ставија на "И Јас Сум Ливерпул YNWA" стварно вреди да се слушне. Трае 45 минути, па ако немате попаметна работа како мене, ислушајте го.
 
Ќе гледам голф...:icon_mrgr:
Него, следниот пат на рапорт, минатиов пат на „собиранката“ касно дознав кој си и што си.
Биафра секогаш прашува „шо учиш и кај ќе се запишвиш“, така да, спремај се за следниот пат. :icon_lol:
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Ќе гледам голф...:icon_mrgr:
Него, следниот пат на рапорт, минатиов пат на „собиранката“ касно дознав кој си и што си.
Биафра секогаш прашува „шо учиш и кај ќе се запишвиш“, така да, спремај се за следниот пат. :icon_lol:
Договорено. Тогаш таман 18 ќе бидам па ќе можеме да правиме муабет на интелектуално ниво на возрасни мажи :D
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Biafran Jet Set те разбирам што сакаш да кажиш, ама баш заради тоа што го спомна за одбраната (која никогаш не играла на кратки пасови и не превземала ризик дури била топката назад, и Реина да игра sweeper keeper (така се вика тоа ти што го кажа оти и Реина учествува во акциите) е потребно време....сигурно Шкртел нема да научи преку ноќ да игра тика-така. Нормални се вакви грешки ама нас за жал не коштаат голови. И затоа велам чим се фатија за ова оро нема бркање на Роџерс. Што ќе се случи ако на пример накај Јануари веќе почнат нашиве да го играат тоа што Роџерс го сака, а на пример на крај на сезона да завршиме 6ти 7ми? Ќе го избркаат? Тогаш ќе ја направат најкастрофалната грешка. Чим го ставија Роџерс на чело, нека го остават неколку години (како што изјавија на почеток оти ќе биди).

Џерард- Едноставно некои играчи неможат да научат тика-така, а не посебно играч како Џерард кој цела кариера игра на долги топки и има 32 години. Ама јас мислам оти Роџерс него не му ни бара да ја игра класичната тика-така, сигурен сум оти му има дадено повеќе слобода од другите играчи (почесто од нив да игра на долги пасови), па лани истото беше и во Свонси, со Ешли Вилијамс. Човекот имаше процентуално најмногу испратени долги топки во лигата (поточно во првите беше) а играше за Свонси и требаше да игра тика-така. Мене не ми пречи Џерард ако игра така, напротив ова е Англија и долгите топки и центаршутевите неможиш целосно да ги искорениш што мене ме радува.
--- надополнето: 6 септември 2012 во 21:20 ---
Ќе гледам голф...:icon_mrgr:
Него, следниот пат на рапорт, минатиов пат на „собиранката“ касно дознав кој си и што си.
Биафра секогаш прашува „шо учиш и кај ќе се запишвиш“, така да, спремај се за следниот пат. :icon_lol:
За некоја недела, сум со ниет да идам накај Скопјето, па сум за да ви дојдам да го гледаме заедно Ливерпул, онака кајганџиски собир :)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
the_kop, да дојш, редно е да напрајме генерална собиранка.

Јас дури се обрзувам да му платам пат (се разбира, карта со воз, не сум буржуј да финансирам автобуска карта), на Rosemberg. Едвај ја чекам епската средба меѓу Розата и Peja989, тоа би било joy to behold.

Другите, од кај сте бе? Scouser88, intro, kazioX, @S.L, Suarez 7; што мисли дека сум за City...@Ливерпул, genius2...

За другите знам, а за тие што заборајв, проштевајте и дај да се собериме некош. :icon_mrgr:
 
Ставре од Швицарска

Желба по титула :D
Член од
25 август 2011
Мислења
2.700
Поени од реакции
2.805
Го одбив Ливерпул и потпишав за Стоук затоа што не сакам навивачите на Манчестер Јунајтед да ме мразат"- Мајкл Овен :icon_lol: :tapp:
--- надополнето: 6 септември 2012 во 22:07 ---
the_kop, да дојш, редно е да напрајме генерална собиранка.

Јас дури се обрзувам да му платам пат (се разбира, карта со воз, не сум буржуј да финансирам автобуска карта), на Rosemberg. Едвај ја чекам епската средба меѓу Розата и Peja989, тоа би било joy to behold.

Другите, од кај сте бе? Scouser88, intro, kazioX, @S.L, Suarez 7; што мисли дека сум за City...@Ливерпул, genius2...

За другите знам, а за тие што заборајв, проштевајте и дај да се собериме некош. :icon_mrgr:
Тетово City :D
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
http://www.youtube.com/watch?v=w2b_OREGlMY
Еве ви бе копуци едни, тики-така, раздробена,објасната со зборови , секоја зона што треба да прави.....
убо си кажува оти играчите во средината се клучот, тие одредуваат дали нападот ќе биди брз, од која страна ќе оди нападот итн итн, и сосем на крај вели PATIENCE IS KEY, ама ние во никој случај не сме трпеливи а мора да сме ако сакаме да играме тики-така
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.694
Поени од реакции
11.907
И мене :) На 1ви.
Сепак не си вага (n)
--- надополнето: 6 септември 2012 во 23:14 ---
http://www.youtube.com/watch?v=w2b_OREGlMY
Еве ви бе копуци едни, тики-така, раздробена,објасната со зборови , секоја зона што треба да прави.....
убо си кажува оти играчите во средината се клучот, тие одредуваат дали нападот ќе биди брз, од која страна ќе оди нападот итн итн, и сосем на крај вели PATIENCE IS KEY, ама ние во никој случај не сме трпеливи а мора да сме ако сакаме да играме тики-така
Не знам зошто ама во последно време сум многу трпелив (за играва и филозофијата). А за гледање утакмица пак сум ненормално нестрплив. Туку ѕирнав малку хајлајтс за утакмицата со Арсенал и не изгледавме толку лоши како што многумина овде сакаат да прикажат. Човек ќе помисли дека топка не сме пипнале и шанса не сме створиле. Ебаве неписмени ебаве само за плачење ве бива
 
Kajgana Shop

На врв Bottom