Германија не контролира ништо. Ни верувам дека ова што се случува во моментов во еврозоната е резултат на некаков мастер план на германците за доминација во Европа.
Природно изгледа, да се дојде до такви или слични заклучоци ради менталниот склоп што е карактеристичен за најголем дел од денешното население (и ја тука се пронаоѓам), за секој нов феномен да бараат објаснување и да рационализираат во познати поими и по познати patterns. Не сме ние криви, така не учи денешната култура и особено формалното образование, па ако не може нешто со што првпат се сретнуваме, да се објасни на поинаков начин тогаш претпоставуваме дека е резултат на волева активност на некој друг субјект.
Ваљда ради тоа се појавија толку терии на заговор во последните години.
Империи не постојат одамна и со нив е одамна завршено, барем такви какви што ние ги разбираме. Дури и кога историски се збореше дека се распаѓаат, во нив веќе се случуваше борба на партикуларни интереси. Слично е и со националните држави, кои веќе пола век и повеќе не се ентитети со една единствена агенда во даден момент, како што луѓето претпоставуваат.
Да се надоврзам на постот на Ристо погоре ( одлични 2 поста
), националните држави се креација на крајот на 18 и 19 век. Не се нешто трајно, неменливо, туку се само фаза, во која рака на срце ние и баш не живееме, ама толку сме навикнати така да размислуваме, што луѓето ги доживуваат како апсолутни. И посебно е интересно што скоро сите на нив мислат како на свесни субјекти.
Денешните држави не ги контролираат други држави, лидери, етнички групи или елити. Денеска господари се bond market, stock market, FOREX , мултинационални компании итн. Они водат политика, они носат одлуки. Само малку да се сменат бројките на тие големите екрани во Њујорк, Лондон, Хонк Конг, и на премиерот и на цел негов кабинет им се качува притисок.
Германија не контролира, Германија спасува гз, како и ред други држави во последните 3 години.
Процесов веројатно е нормален. И политички, зошто 10 години уназад се збори дека со ваква структура Еу неможе да оди никаде, само никој не сакаше јавно да излезе и да го каже тоа. И економски зошто, само консолидирана Европа е способна да се натпреварува со останатиот дел од светот, инаку со тек на време нема да биде голем играч веќе.
Да потсетам дека има академци што сметаат дека континентална Европа идела во овој правец и пред еден век, пред Прва светска војна, ама тогаш имало уште империи што штителе trade routes и колонијална доминација.
Битно е да се спречи било каква радикализација на населението (мада тоа изглеа се потешко и потешко), и воскреснување на некои политички струи, зошто уште еден било каков конфликт и враќање во клопките на националните држави, може Европа да ја прати на пат кон маргините.