Јанша призна: Словенија е пред банкрот (Протести во Словенија заради штедните мерки)

Член од
24 март 2010
Мислења
15.313
Поени од реакции
26.231
Нормално веќе се оформува мислењето насекаде во Европа дека ова е Германско масло за да се контролира Европа.Ако доволно луѓе веруваат во истото кога кулата од карти ќе почне да се руши.Екстремизмот ќе почнува целосно да се насочува кон Германија.Они ќе бидат обвинети за корумпираните влади и за економската криза и можат ептен лошо да си поминат.

Плус немаат и баш некое мирољубиво историско минато па дури и историјата работи против нив.

Германија може да заврши како жртвеното јагне за излез од економската криза.
Да не беше германското влијание во Европа пресудно, Јанез Јанша немаше да биде на функција за да треба да ја дава оваа изјава. :D
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Еве една песна која ја отсликува состојбата додека Еу пука од сите страни а ние плачеме што не не примаат:)

'cause nothing compares
nothing compares to you
.......... nothing can stop these lonely tears from falling
tell me baby where did I go wrong?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Она што е уште поинтересно кога веќе ја начнавме Германија како тема е изјавата на Меркел дека мултикултурализмот е мртов. Со оглед на веќе започнатата дискусија за Германија, дали тоа Меркелица нешто ни кажува меѓу редови? Јас пак не се согласувам со неа, унитарната држава каква што сите ја познаваме е мртва. Самата ЕУ како унија е мултикултурна (европски држави, различни култури во една унија) , а ако тие толку ја форсираат ЕУ да се развива тогаш како може мултикултурализмот да умре кога имаме отворени граници во ЕУ, слободно движење (освен за Ромите, како што гледаме сите, за Ромите важат други правила во ЕУ очигледно, срцки без двојни стандарди) и слично?

Националната држава е измислица на 20 век поточно на претседателот на САД Woodrow Wilson кој после Првата Светска Војна ја почнал глупоста наречена еден народ една држава.

Примери за национални држави пред 20 век во историјата биле ептен ретки и скоро секогаш неуспешни.Истите национални држави донесоа само етнички чистења,граѓански војни и најголемиот покољ во човечката историја ( Втора светска војна ).

Државата како институција е смешно како функција да и биде дадено да претставува само една националност тоа е дефиницијата на Нацизам а денеска е земена како дефинција за држава.Најуспешните држави во светот и историјата денес се измешаните држави со повеќе племиња.

Дури и во самиот Манифест на Крушевската република стои дека се прави република чии темели ќе бидат Слобода и еднакви права на сите граѓани во истата без разлика на нивната националност и вера и во која сите се повикани независно дали се Македонци,Албанци,Власи или Турци.Истата не претставувала некаква држава на Македонската националност туку требало да биде дражва во која има СЛОБОДА И ЕДНАКВИ ПРАВА ЗА СИТЕ.

Ние не сме одлучиле да правиме држава зошто мора да имаме.Туку дека никоја од постоечките држави не сакала да ни ги даде правата.

Затоа и Македонците помогнале толку многу во Младотурската револуција,зошто мислеле дека ќе има реформи и Османлиската империја ќе стане држава еднаква за сите а не само за една националност.


Мислам имали поглупава работа од ова што се случува моментално на Балканот.

ДЕЛБА,ДЕЛБА и само ДЕЛБА

Не гледаме околу што да се обединиме туку само да се ДЕЛИМЕ.

И НАЈЖАЛНОТО Е ЗА ШТО СЕ ДЕЛИМЕ ? ЗА ДА ИМАМЕ СВОИ ДИКТАТОРИ

Каква комплетна небулоза и глупост.Да се делеа земјите за слобода па потоа слободните држави да се обединуваат против тираниите ќе имаше смисла али вака е апсурдно.

Хрватите и Србите се направија парче за Хрватите да избегаат од диктаторот Слободан за да отидат со диктаторот Туџман и денеска да бидат уште повеќе крадени и со помалце слободи.Босанците се кољаа како ненормални за што ? За денеска сите 3 националности да си имаат свои сопствени диктатори кои се богатат како луди додека народот трпи.За што се тепаа Косоварите,да избегаат од Милошевиќ и завршија под Хашим,Нато и 40% невработеност.


За што ебано ние се тепаме сега со Албанците?

За дали сите да живеееме под заеднички диктатор Гвујо-Бране или пак едните да живеат под Гвујо-Бране а другите под Амети,Тачи .

Буквално нема смисла.


Не верувам во некоја обединета светска влада и такви глупости али верувам дека треба да се соработува директно со други земји со кои взаемна соработка е неизбежна посебно за задоволување на потребите за ресурси и трговски патишта.



.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Инаку апропо муабетов што го правиме за Германија, еве една интересна статија на Гардијан па кој е заинтересиран, бујрум.

Еве еден краток извадок:
Even with Merkel's plan to accelerate the timetable for a new treaty, there is a big question mark over whether an as yet undefined form of political union can be agreed quickly enough to save the euro. Just as Germany has sought to impose its economic preferences on the rest of the eurozone, it is now also likely to seek to impose its political preferences, based on the lessons it has drawn from its own history. In other words, it will seek to reshape Europe as a larger version of its own federal system, which has a relatively weak executive constrained by strict rules and a strong parliament and judiciary.
П.С. Гардијан имаат цела рубрика посветена на кризата во ЕУ - клик тука.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За жал секогаш економските кризи, предизвикуваат и политички кризи
Мене ми е неразбирливо да главно занимање на банките во цел свет е тргување со државните обврзници
И кај нас е тоа присутно ако се погледене колкав процент од капиталот на банките се пласира во благајнички записи и слично
Наместо капиталот да служи за развој на индустријата, земјоделството и слично, Најголеми пари се кредити на државите.
Затоа индустријата е уништена и во САД и во ЕУ
Слушнав дека на светско ниви е намалено производството на храна, наводно поради суша
Не верувам дека имало суша, за да се произведе храна потребен е капитал Изгледа капиталот наместо во земјоделство се пласира на државите
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Каков капитал кога нема дожд :D Ова е точно, барем за Македонија е така, и нема тука никакви заговори. И кога ќе видите, се започна од намалувањето на рестрикциите, контролите и огромните задолжувања, се во интерес на тој 1%...
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ке гледаме филмот - повеке Европа. Според мене - декември ке е битен и ке започне голема дебата за консолидациja, повеке Европа, повеке власт на ЕК и така натаму...
Словениja е далеку от банкрут. Ако таа има трудности ке стасат пари по различни канали, но како цело ЕЦБ ке откупи уште обврзници. Инфалциja ке доjде.
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.296
Поени од реакции
26
Мој совет, вадете парите од НЛБ Тутунска.. Не ми изгледа светла иднината на НЛБ групацијата
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Каков капитал кога нема дожд :D Ова е точно, барем за Македонија е така, и нема тука никакви заговори. И кога ќе видите, се започна од намалувањето на рестрикциите, контролите и огромните задолжувања, се во интерес на тој 1%...
Постојат системи за наводнување... Има земји каде морската вода се десалинизира и се користи за наводнување.
За добро земјоделско производство потребно е вложување, не само машини, туку семе, ѓубре., хемикалии за заштита, повеќе пати орање.... за се е потребен капитал
Ми се чини ако вака продолжат, може да настане и глад, а гладта е еден од јавачите на апокалипсата за Човечкиот род
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Германија не контролира ништо. Ни верувам дека ова што се случува во моментов во еврозоната е резултат на некаков мастер план на германците за доминација во Европа.
Природно изгледа, да се дојде до такви или слични заклучоци ради менталниот склоп што е карактеристичен за најголем дел од денешното население (и ја тука се пронаоѓам), за секој нов феномен да бараат објаснување и да рационализираат во познати поими и по познати patterns. Не сме ние криви, така не учи денешната култура и особено формалното образование, па ако не може нешто со што првпат се сретнуваме, да се објасни на поинаков начин тогаш претпоставуваме дека е резултат на волева активност на некој друг субјект.
Ваљда ради тоа се појавија толку терии на заговор во последните години.

Империи не постојат одамна и со нив е одамна завршено, барем такви какви што ние ги разбираме. Дури и кога историски се збореше дека се распаѓаат, во нив веќе се случуваше борба на партикуларни интереси. Слично е и со националните држави, кои веќе пола век и повеќе не се ентитети со една единствена агенда во даден момент, како што луѓето претпоставуваат.
Да се надоврзам на постот на Ристо погоре ( одлични 2 поста (y)), националните држави се креација на крајот на 18 и 19 век. Не се нешто трајно, неменливо, туку се само фаза, во која рака на срце ние и баш не живееме, ама толку сме навикнати така да размислуваме, што луѓето ги доживуваат како апсолутни. И посебно е интересно што скоро сите на нив мислат како на свесни субјекти.
Денешните држави не ги контролираат други држави, лидери, етнички групи или елити. Денеска господари се bond market, stock market, FOREX , мултинационални компании итн. Они водат политика, они носат одлуки. Само малку да се сменат бројките на тие големите екрани во Њујорк, Лондон, Хонк Конг, и на премиерот и на цел негов кабинет им се качува притисок.
Германија не контролира, Германија спасува гз, како и ред други држави во последните 3 години.

Процесов веројатно е нормален. И политички, зошто 10 години уназад се збори дека со ваква структура Еу неможе да оди никаде, само никој не сакаше јавно да излезе и да го каже тоа. И економски зошто, само консолидирана Европа е способна да се натпреварува со останатиот дел од светот, инаку со тек на време нема да биде голем играч веќе.
Да потсетам дека има академци што сметаат дека континентална Европа идела во овој правец и пред еден век, пред Прва светска војна, ама тогаш имало уште империи што штителе trade routes и колонијална доминација.
Битно е да се спречи било каква радикализација на населението (мада тоа изглеа се потешко и потешко), и воскреснување на некои политички струи, зошто уште еден било каков конфликт и враќање во клопките на националните држави, може Европа да ја прати на пат кон маргините.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Процесов веројатно е нормален. И политички, зошто 10 години уназад се збори дека со ваква структура Еу неможе да оди никаде, само никој не сакаше јавно да излезе и да го каже тоа. И економски зошто, само консолидирана Европа е способна да се натпреварува со останатиот дел од светот, инаку со тек на време нема да биде голем играч веќе.
Да потсетам дека има академци што сметаат дека континентална Европа идела во овој правец и пред еден век, пред Прва светска војна, ама тогаш имало уште империи што штителе trade routes и колонијална доминација.
Битно е да се спречи било каква радикализација на населението (мада тоа изглеа се потешко и потешко), и воскреснување на некои политички струи, зошто уште еден било каков конфликт и враќање во клопките на националните држави, може Европа да ја прати на пат кон маргините.

Не е нормален процесов.

Ова е централизирање на Европа во една организација многу налик на EUSSR.

Европа нема никаква потреба да се консолидира или пак централизира.

Ние немаме никаква потреба да се здружуваме со Холанѓаните,Британците,Шпанците,Скандинавците.Они не ни се потребни на нас исто како што ние не сме им потребни на нив.Да се биде во унија со истите нема никаква поента.

Некоја помала Балканска конфедерерација помеѓу Хрватска,Босна,Србија,Црна Гора,Романија,Бугарија,Албанија,Грција и Македонија ( колку многу држави за колку мал простор ) би имала поента и цел.Прво зошто сите овие земји меѓу себе си најчесто најважни трговски партнери.Второ таква конфедерација би излегувала на 3 мориња и би ги контролирала трговските патишта Запад-Исток кои идат преку Турција.А и сите овие земји заедно би ги обединувале највеќето потребни ресурси освен нафта и гас.

Проблемот е што ниеден од народите во дадениве земји ниту го разбира зборот Слобода а уште помалце слободни пазари.Секој од овие народи се пали на најниските човекови пориви како да навредиш некој и да покажеш колку си супериорен наспрема некој послаб да не ни зборам што за истите протекционизам е основа на економија ( што е комплетна глупост) .

А иста ваква унија е невозможна ако се базира на централизирана моќ и истата би завршила како Југославија или како што наскоро ќе заврши ЕУ кога ќе почне да се централизира.





.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ке гледаме филмот - повеке Европа. Според мене - декември ке е битен и ке започне голема дебата за консолидациja, повеке Европа, повеке власт на ЕК и така натаму...
Словениja е далеку от банкрут. Ако таа има трудности ке стасат пари по различни канали, но како цело ЕЦБ ке откупи уште обврзници. Инфалциja ке доjде.
Ни едно сценарио не е исклучено. Зошто мислиш дека ќе играат на печатење, што ќе добијат?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ни едно сценарио не е исклучено. Зошто мислиш дека ќе играат на печатење, што ќе добијат?
Немаат друга опција.Секоја друга школка ја отворија во потрага по бисери.

Даноците се дигнати до небо.
Заштедените пари се потрошени
Кредитните картички се пред сечење.

Или ќе кратат социјални програми и ќе признаат дека социјалистичкиот проект повторно е неуспешен и ќе ја децентрализираат ЕУ пак како што беше на почеток ( слободна трогвија и место за дебата ) или ќе печатат пари.

Али како сите до сега личности во историјата опијанети од моќ верувам дека ќе идат со второто само за да уживаат уште малку повеќе во моќта,





.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ние сме го изеле од Турците неколку века пред Наполен Бонапарта да прави поход, така да не ти е точна тезата дека при секој воен судир во Европа Македонија страдала ,инаку Македонија претежно го кркала пред другите да го кркаат. Пример нас не распарчија уште пред да почне I светска војна.
Ние секогаш сме биле преводници и визионери за ваквите работи.:)
Нешто како првото кокиче што ја навестува пролетта.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Мој совет, вадете парите од НЛБ Тутунска.. Не ми изгледа светла иднината на НЛБ групацијата
Не дигај паника без потреба! Некој што не ги познава како работи финансискиот систем ќе го уплашиш, како прво Народна банка има регулатива дека на годишно ниво странските банки не можат да повлечат повеќе од 10% од капиталот кон својата банка мајка, а со 10% од Капиталот што го има НЛБ тутунска во Македонија , НЛБ нема да може ни повеќе од 8% да покрие од своите потреби, над 1,5 милијарда евра треба НЛБ да собере за докапитализација , така да ако повлечат 100 милиони евра од НЛБ тутунска словенците само повеќе штета ќе направат и луѓе ќе повлекуват пари и ќе ја изгубат довербата, така да Словенците никат нема да си дозволат тоа за релативно ситни пари во конкретниот случај, инаку Нлб Тутунска е една од ретките банки што ги поседува НЛБ а е во добра позитива во последните години! Инаку до 30 000 евра се осигурани депозитите, колку за твоја информациија , од страна на владата и специјален фонд за такви случаеви.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom