Какви глупи муабети вртат овие уфилманиве, па мислете дали воопшто ќе ги гласате било кои од нив.
Не дека овие првиве не се во право, ама и нивните градоначалници не мрднале со прст во исти ситуации во други места.
ВМРО ДПМНЕ: Невремето ги покажа сите слабости на канализациониот систем во Охрид
черашното невреме на површина уште еднаш ги извади сите слабости на канализациониот систем кој го преплави градот, за што одговорен е градоначалникот на Охрид, обвини денеска на прес конференвија ОК ВМРО ДПМНЕ.
-Вчерашната презентација на изгледот на улиците на Охрид после краткотрајното невреме беше всушност сликата и вистината за тоталната неодговорност на Петрески и за жал презентација на вистината дека Петрески во 8 години ништо не инвестирал во потребите на Охрид ниту во централното подрачје ,ниту во повисоките делови од градот. Од таа негова неодговорност штетите ги трпат сите граѓани на Охрид но и туристите кои гледајќи ги овие слики добиваат поинаква претстава за градот, обвини ВМРО ДОМНЕ.
Според оваа партија неодговорен чин претставува и формирањето на јавното претпријатие Нискоградба чија обврска е грижата за одводниот систем, но наместо за тоа, парите на граѓаните се трошат во други цели на крајно коруптивен начин, а услугите не се извршуваат.
OhridNews
2
11.08.2012 14:13
Прочитана е : 475 пати
© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
А па овие со елементарниве непогоди Спомнале само улици шо не беа поплавени.За Туристичка, Кленоец, дел од АСНОМ, Дејан Војвода, Абас Емин, Aриф Мустафа, Стив Наумов, Бистрица, Сатеска, 7-ми Ноември ништо
Општина: За ВМРО ДПМНЕ и елементарните непогоди се вина на градоначалникот
Во Охрид, вчера за кусо време наврнаа 42 литри дожд на метар квадратен и дуваше ветар со брзина од 90 метри во секунда, За сите тоа беше опасна елементар непогода , а за ВМРО- ДПМНЕ шанса за се што ќе се случи во да го обвинат градоначалникот Александар Петрески, се вели во реакцијата од Кабинетот на градоначалникот на општина Охрид, на обвинувањата што на негова адреса денеска ги упати ОК ВМРО ДОМНЕ - Охрид.
-Вашите градоначалници го направија колекторот кој не функционираше, јас го доизградив, го ставив во функција и целосно го исплатив од прв до последен денар, заедно со огромните затезни камати;
Изградивме колекторска примарна и секундарна мрежа на потегот Лагадин-Пештани, во должина од шест километри, со две нови Пумпни станици, со што сите туристички населби од овој дел, конечно, добија канализација и конечно го заштитивме Езерото, што, патем, да Ве потсетиме, е законска обврска на Централната власт;
Изградивме фекална канализација во Велгошти, во Лескоец, во Пештани, во Рача, во Подмоље, во Болнички комплекс;
Извршивме целосни реконструкции на улиците “Гоце Делчев“ и “Даме Груев“ со комплет нова водоводна, канализациона и дождовна мрежа, нови тротоари и ново улично осветлување;
стои во соопштението, во кое уште се наведени реконструкциите извршени во населбата “Билјанини Извори“, и во населбите „Горна и Долна Влашка Маала“.
Од локалната самоуправа посочуваат дека колекторскиот систем во Охрид е единствен од ваков вид во Македонија и дека не е толку совршен да ги издржи големите елементарни непогоди.
OhridNews
11.08.2012 16:18
Прочитана е : 226 пати
Значи тој колекторот шо толку го испофали дека го доизградил го изградил со грешки.Ама не, сигурно е од претходниците пред 10-тина години.