Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
08-11.jpg
 
Средувањето на оваа работа секој пат после поголем дожд е многу побитна работа од кружни и паркинзи и кај шо требит и кај шо не требит.

сад
 
Какви глупи муабети вртат овие уфилманиве, па мислете дали воопшто ќе ги гласате било кои од нив.

Не дека овие првиве не се во право, ама и нивните градоначалници не мрднале со прст во исти ситуации во други места.

ВМРО ДПМНЕ: Невремето ги покажа сите слабости на канализациониот систем во Охрид
icon_at_textsize.gif
черашното невреме на површина уште еднаш ги извади сите слабости на канализациониот систем кој го преплави градот, за што одговорен е градоначалникот на Охрид, обвини денеска на прес конференвија ОК ВМРО ДПМНЕ.
-Вчерашната презентација на изгледот на улиците на Охрид после краткотрајното невреме беше всушност сликата и вистината за тоталната неодговорност на Петрески и за жал презентација на вистината дека Петрески во 8 години ништо не инвестирал во потребите на Охрид ниту во централното подрачје ,ниту во повисоките делови од градот. Од таа негова неодговорност штетите ги трпат сите граѓани на Охрид но и туристите кои гледајќи ги овие слики добиваат поинаква претстава за градот, обвини ВМРО ДОМНЕ.
Според оваа партија неодговорен чин претставува и формирањето на јавното претпријатие Нискоградба чија обврска е грижата за одводниот систем, но наместо за тоа, парите на граѓаните се трошат во други цели на крајно коруптивен начин, а услугите не се извршуваат.
OhridNews
2
11.08.2012 14:13

Прочитана е : 475 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
А па овие со елементарниве непогоди Спомнале само улици шо не беа поплавени.За Туристичка, Кленоец, дел од АСНОМ, Дејан Војвода, Абас Емин, Aриф Мустафа, Стив Наумов, Бистрица, Сатеска, 7-ми Ноември ништо :facepalm:
Општина: За ВМРО ДПМНЕ и елементарните непогоди се вина на градоначалникот
icon_at_textsize.gif
o-na_vn.jpg
Во Охрид, вчера за кусо време наврнаа 42 литри дожд на метар квадратен и дуваше ветар со брзина од 90 метри во секунда, За сите тоа беше опасна елементар непогода , а за ВМРО- ДПМНЕ шанса за се што ќе се случи во да го обвинат градоначалникот Александар Петрески, се вели во реакцијата од Кабинетот на градоначалникот на општина Охрид, на обвинувањата што на негова адреса денеска ги упати ОК ВМРО ДОМНЕ - Охрид.
-Вашите градоначалници го направија колекторот кој не функционираше, јас го доизградив, го ставив во функција и целосно го исплатив од прв до последен денар, заедно со огромните затезни камати;
Изградивме колекторска примарна и секундарна мрежа на потегот Лагадин-Пештани, во должина од шест километри, со две нови Пумпни станици, со што сите туристички населби од овој дел, конечно, добија канализација и конечно го заштитивме Езерото, што, патем, да Ве потсетиме, е законска обврска на Централната власт;
Изградивме фекална канализација во Велгошти, во Лескоец, во Пештани, во Рача, во Подмоље, во Болнички комплекс;
Извршивме целосни реконструкции на улиците “Гоце Делчев“ и “Даме Груев“ со комплет нова водоводна, канализациона и дождовна мрежа, нови тротоари и ново улично осветлување;
стои во соопштението, во кое уште се наведени реконструкциите извршени во населбата “Билјанини Извори“, и во населбите „Горна и Долна Влашка Маала“.
Од локалната самоуправа посочуваат дека колекторскиот систем во Охрид е единствен од ваков вид во Македонија и дека не е толку совршен да ги издржи големите елементарни непогоди.:tapp:
OhridNews
11.08.2012 16:18
Прочитана е : 226 пати
Значи тој колекторот шо толку го испофали дека го доизградил го изградил со грешки.Ама не, сигурно е од претходниците пред 10-тина години.
 
5138482_700b.jpg


Апел до Аце едно вакво да ставит кај Велгошти, Видобишта а мојт и кај варошани едно. :icon_lol:
 
Дан знајте некој да изнајмвит стан за студенти...ама нешто поповолно да бидит.
 
После најавите за инвестирање во Македонија и отварањето на фирма во земјава, милијардерот од Индија, Субарта Рој и сопственик на Сахара груп почнува со конктретни активности.
Низ Охрид кружат информации дека индискиот милијаред Рој купуваат хотел во Охрид, од каде би се вршеле сите активности поврзани со најавите за вложување на капитал во делот на Охрид и Преспа каде треба да никне огромен комплекс налик на Лас Вегас со казина и коцкарници и каде би престојувале претставници на Сахара груп.
Оваа информација ја потврдија и некои од сопстевниците на хотелски објекти и угостители но никој не сака јавно ништо да коментира под образложение дека самата компанија ќе го обелодени договорот за влез во Македонија, за почеток со купување на хотел во Охрид. Неофицијално се споменуваат имиња на неколку хотелски капацитети со кои било разговарано, со дел од нив преговорите пропаднале, а за кој хотел станува збор за сега никој од инвоплвираните во туризмот не сака да коментира.
http://lihnid.com/world-news/ohrid/11730-roy-kupuva-hotel-ohrid.html
 
Еве како е и по плаживе. Гужви немат, мене искрено овај период ми е најубав за одење на плажа.

img2119j.jpg



img2118m.jpg


img2129a.jpg
 
Еве како е и по плаживе. Гужви немат, мене искрено овај период ми е најубав за одење на плажа.
Не само плажите, него и целиот Охрид е мнооооогу поокеј у септември. Затоа и сум на одмор сега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom