Ако се јави некој сезнајко, да речи дека разлика измеѓу Јава и C# e во синтакса (а баш Microsoft го исфрли C# на пазарот со премногу слична синтакса до јавата, мене и уште 100 години VB ќе ми биди многу по-кодерски ориентиран јазик) а од друга страна да незнај да кажи дека Ц се компајлира, а јава се интерпретира... Не само шо ќе користам иронија, туку и ќе почнам да пцујам пошто дозволувам(е) програмер да се замислува некој кој шо поседил измеѓу тастатура и столица појќе од 2 месеци.
Инаку, на темава конкретно, незнам. Да ме убиеш, незнам кој е најдобар програмски јазик. Мене најмногу ми лежи VB надополнет со vb script...
Вака... И јава компајлира Compile во превод значи Собира, Составува..
Еве како оди процедурата во Java - Java компајлерот го составува/собира (компајлира)напишаниот код во .java фајлот. Разликата лежи во тоа што јава компајлерот не составува код кој е типичено дизајниран специфично за еден оперативен систем. Во склоп на тоа, создава уште еден фајл наречен bytecode и истиот тој фајл ѓи содржи класите.. фајлот се вика .class exstension. Bytecode е како идеализирана форма на машински јазик (од тука, Java е и мултиплатформски јазик) (но за тоа да функционира, било која машина која користи јава апликација мора да има инсталирано Java интерпретер -
затоа се вика дека јавата не компајлира,
што всушност не е вистина.... интерпретерот (или јава екстензијата) е само ... "преведувач" - Од тука, јавата го зема Java bytecode .class фајлот, и го преведува во јазик кој твојот компјутер може да го разбере..
Интерпретерот е како еден мулти-преведувач на Java код- па баш и заради ова Javaта има проблеми со брзината и никогаш нема да биде толку брз како друѓите специјално дизајнирани јазици за одреден оперативен систем. Бидејки кога и да стартуваш јава апликација таа работи преку интерптетерот на Јавата преку целиот животен циклус на програмата. За разлика од друѓите јазици.. Еве да речам C кој кодот директно го компајлира специфично дизајниран за одредена платформа.
То је то...