Помош: Општи прашања, совети, трикови..

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Иначе со 2те можеш да пичиш и десктоп и веб апликации, само што со јава ќе можеш да креираш мултиплатформски софтвер, а што се однесува до C ќе треба да се замараш со 300 дрангулии дури успееш да ги имплементираш дот нет библиотеките на друг оперативен систем.

Поквалитетно е Java EE посебно најновата верзија ја дотераа како што треба, и е доста подобро од .NET, но е малку потешко да се научи затоа што во Јava EE веднаш почнуваш со потешкиот дел на учење и подобрите методи на градење на систем, додека кај .NET e многу поедноставно да почнеш но после одреден период гледаш како треба да се градат системи. Исто така многу битна работа е тоа што кај Java EE еднаш направена апликација, може да работи со подоцнежните верзии на платформата без проблем, за разлика од .NET од тоа што имам читано, правени се измени во самото јадро на платформата т.е Object класата и па миграција од .NET 2 на .NET 4 е невозможна ако не се смени некој дел од кодот.

Толку за подобро и поквалитетно, потражено е .NET од едноставна причина многу брзо се прават едноставни апликации за почетници е добар и фирми кои меѓу другото сакаат да се бават и со правење на web апликации го користат заради тоа и за тоа бараат такви луѓе а за поплатено незнам, мислам дека Java e многу подобра за подолгорочна инвестиција и има една голема разлика за Java може да се најдат платформи за безпари и тоа многу лесно за разлика од .NET каде ретко има платформа за безпари.
--- надополнето: 1 септември 2012 во 18:43 ---
у мк со c# има работа највеќе
Шо не пробаш со есперанто
 
Член од
19 октомври 2011
Мислења
296
Поени од реакции
253
Почни од C и C++ и после терај со Java, C# и топ си. :D Попат научи и Јаvascript, jQuery, CSS, PHP, MySQL, ASP.NET и full си хехе. Од некаде мора да почнеш, а тоа е од основите. Значи почни со C, па C++ итн.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Моја препорака ти е да почнеш со Пајтон. Потоа научи нешто HTML + CSS (основи), прочитај нешто за MVC и научи Django. Кога сега би почнал да учам програмирање, би почнал со оваа комбинација. Пазарот за десктоп апликации полека исчезнува, ориентирај се на мобилни (Java + android или iOS) или веб.
 
Член од
13 ноември 2010
Мислења
242
Поени од реакции
58

Пајтон е премногу динамички јазик за да се почне дирректно со него.
Според мене , ако некој почнува да учи јазик , тогаш подобро е да се почне со некој статички , за добро да ги научи концептите на програмирањето , па потоа да премине на пајтон или нешто друго.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079

Ако почнува да учи јазик...прво нека биде Англискиот :)
 
Член од
10 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
54
Нема таква работа како најдобар програмски јазик. Секој си е најдобар за целта за која што е предназначен. Најдов една табела од една книга која што врз база на видот на програмите прилично прецизно има определено кој јазик за што е и дава некаква елементарна представа:

Langs.jpg

Е да, сега во табелава нема категорија “Нај-баран јазик“ (нели сепак учиш програмирање за да печалиш), но и тоа е релативно.
acealek88 горе напиша дека десктоп-апликацискиот пазар исчезнува и би било добро да се ориентираме кон android и iOS. Има некоја вистина, не би било лошо и тоа да се поднаучи.

Според мене, јазици со кој нај-лесно се наоѓа работа се Java и C#. Така да би ти препорачал да се одлучиш меѓу некој од овие два и да го научиш добро. Доброто е што се и прилично блиски и брзо можеш да се префрлиш од едниот кон другиот. Многу често се спомнува дека C# е просто Java со друго име. Главната разлика е што C# е подобар за софтвер зависен од Microsoft, а со Java е обратното.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Пајтон е премногу динамички јазик за да се почне дирректно со него.
Според мене , ако некој почнува да учи јазик , тогаш подобро е да се почне со некој статички , за добро да ги научи концептите на програмирањето , па потоа да премине на пајтон или нешто друго.
Не би требало да биде проблем тоа што Пајтон е динамички типизиран јазик, тој факт може само да го олесни учењето. Тоа е една од причините зашто php е лесен за учење. Друго, со пајтон ти треба далеку помалку знаење за да направиш нешто конкретно, а тоа е најбитниот момент. Логиката се развива со решавање конкретни проблеми и посложени проекти, не со "најди го најголемиот број во матрицата" задачи.

Некој спомна C++... C++ е банана јазик, има многу пропусти и катастрофален дизајн. Лош е за дебагирање и грешките што ги дава се неразбирливи за почетници. За учење ОО концепти се зема Јава па се продолжува со C# (делегати, ламбда изрази, екстензии = LINQ итд.).

Ете, тоа е моето мислење.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Не го сваќам ова "Најдобар", кажи критериуми по кои бараш еден јазик да е најдобар. За мене е PHP пошто најмногу работа наоѓам за него.
Филозофииве што ги слушам овој бил ваков оној таков, блах, една работа, најдобар јазик е тој што ќе ти го полни џебот. Ако имате проект што бара асамблер и се исплаќа да се нафатите ондак тој ќе ви биде најдобар.

Логиката е секаде иста, а дали ќе го кажиш вака или така не менува многу.

Како и да е, кажи критериуми да можеме да мавниме еден филтер на јазициве
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
8
Поени од реакции
1

Мислев на тоа кој јазик за какви проблеми највеќе се употребува и кои од тие проблеми се решаваат во нашите фирми, односно како што кажа кој највеќе ти го полни џебот овде во Македонија.
 
Член од
13 ноември 2010
Мислења
242
Поени од реакции
58
Не би требало да биде проблем тоа што Пајтон е динамички типизиран јазик, тој факт може само да го олесни учењето. Тоа е една од причините зашто php е лесен за учење. Друго, со пајтон ти треба далеку помалку знаење за да направиш нешто конкретно, а тоа е најбитниот момент. Логиката се развива со решавање конкретни проблеми и посложени проекти, не со "најди го најголемиот број во матрицата" задачи.

Некој спомна C++... C++ е банана јазик, има многу пропусти и катастрофален дизајн. Лош е за дебагирање и грешките што ги дава се неразбирливи за почетници. За учење ОО концепти се зема Јава па се продолжува со C# (делегати, ламбда изрази, екстензии = LINQ итд.).

Ете, тоа е моето мислење.
Доколку ме прашаш мене , и јас би рекол дека пајтон е во топ 3 програмски јазици.
Но акопрашанјето беше кој е најдобар јазик за почетник , тогаш би препорачал ц++ или јава па дури и паскал.
За нив има многу литература и се пред се чисто императивни јазици , во пајтон се користи и многу функционално програмирање, што воопшто не е лошо за некој што знае да програмира бидејчи многу ги олеснува работите , но ако сака почетник добро да научи да програмира , тогаш дефинитивно треба да почне со чисто императивен јазик.
Како и да е, све се сведува на тоа за што ќе го користиш.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
- Воопшто невкусно кога на ваков арогантен начин се однесува некој како Dzish .. зарем не би било подобро да земеш и да објасниш што е и како во врска со темата, освен тоа што користиш иронија да ѓи потсмеваш друѓите барем кои малку се потрудилe да помогнат на друг форумџија? ..
Ако се јави некој сезнајко, да речи дека разлика измеѓу Јава и C# e во синтакса (а баш Microsoft го исфрли C# на пазарот со премногу слична синтакса до јавата, мене и уште 100 години VB ќе ми биди многу по-кодерски ориентиран јазик) а од друга страна да незнај да кажи дека Ц се компајлира, а јава се интерпретира... Не само шо ќе користам иронија, туку и ќе почнам да пцујам пошто дозволувам(е) програмер да се замислува некој кој шо поседил измеѓу тастатура и столица појќе од 2 месеци.

Инаку, на темава конкретно, незнам. Да ме убиеш, незнам кој е најдобар програмски јазик. Мене најмногу ми лежи VB надополнет со vb script...
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24

Вака... И јава компајлира Compile во превод значи Собира, Составува..
Еве како оди процедурата во Java - Java компајлерот го составува/собира (компајлира)напишаниот код во .java фајлот. Разликата лежи во тоа што јава компајлерот не составува код кој е типичено дизајниран специфично за еден оперативен систем. Во склоп на тоа, создава уште еден фајл наречен bytecode и истиот тој фајл ѓи содржи класите.. фајлот се вика .class exstension. Bytecode е како идеализирана форма на машински јазик (од тука, Java е и мултиплатформски јазик) (но за тоа да функционира, било која машина која користи јава апликација мора да има инсталирано Java интерпретер -затоа се вика дека јавата не компајлира, што всушност не е вистина.... интерпретерот (или јава екстензијата) е само ... "преведувач" - Од тука, јавата го зема Java bytecode .class фајлот, и го преведува во јазик кој твојот компјутер може да го разбере..
Интерпретерот е како еден мулти-преведувач на Java код- па баш и заради ова Javaта има проблеми со брзината и никогаш нема да биде толку брз како друѓите специјално дизајнирани јазици за одреден оперативен систем. Бидејки кога и да стартуваш јава апликација таа работи преку интерптетерот на Јавата преку целиот животен циклус на програмата. За разлика од друѓите јазици.. Еве да речам C кој кодот директно го компајлира специфично дизајниран за одредена платформа.
То је то...
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
26
Поени од реакции
0
Здраво, дали некој може да ми каже како се движат цени на десктоп апликации. Треба да правам, но до сега само веб сум работел. Па не сум многу запознаен со пазарот на декстоп апликации.

Апликацијата е за евиденција на членови. Поголем број на податоци, и печатење на неколку видови извештаи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom