Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ќе работиме повеќе, понапорно и поефективо отколку старците во комунизмот.
хаха немате вие идеали какви што имаа младите во 40сети 50 сети 60 сети во СФРЈ, кога се градеше. Ај соберете се самоиницијативно и без пари без надокнада направете некое добро дело, ете има села низ МК каде нема пат, треба канали за нивите, некој насип, исечете дрва, пробијте тунел за побрзо и полесно да стигнуваат од едно место во друго..... земете лопати мотики колички и едно лето 3-4 месеци направете нешто. Колку за проба да видите колку ќе ве држи еланот да правите нешто за народно добро и без парична надокнада.
 
В

Вештерот

Гостин
Прочитај убаво дали сум прескокнала, делница до Гостивар. Мислам читајте подобро и без емоции, јас не сум југоносталгичар, само мразам нереални филмови.
Она што е направено е направено, нема лага пред фактите и боговите молчат. Но она што е останато мине со 90% на цела територија. Значи малку реалност не е на одмет.
Извини, во хаосот на постови не приметив. Прифатено.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
А можеа од Србија накај Унгарија да направат автопат а не можеа од Македонија кон Бугарија да направат така? А и Унгарија и Бугарија беа дел од варшавскиот пакт, Србија имаше железница кон Унгарија зошто Македонија немаше кон Бугарија. Немој да ми кажуваш приказни заради политички причини кога и Унгарија и Бугарија беа дел од варшавскиот пакт и спроведуваа политки на Москва, значи не бил проблемот заради коминизмот. Очигледно повеќе сакале пари да си инвестираат кај нив отколку кај нас. За што ја сметаа Македонија во поранешна Југославија како земја со ефтина суровина и ништо повеќе Македонија и во Рамките на Југославија беше најсиромашна, ама јеби га, сите папагали, Југославија ,Југославија, уште кога ќе видам колку македонци жестото навиваат за Партизан или Црвена Звезда а не за Вардар, не треба да кажувам повеќе за кого нашите драги комунисти куропушачи на Белгград за каде дигале рака да идат инвестициите.
Ај сега кажи уште дека и ние сме ја ранеле СФРЈ и да ти биде комплетен постот, јебемти автопат за бугарија споредуваш Бугарија и Романија знаеш ли која патна инфраструктура ја има романија а која и ден денес ја има бугарија, од каде понатака од софија ? кај на курот , знаеш ли кон колку земји се транзитира низ романија или незнаеш ? Знаеш ли дека и од српска страна патиштата кон бугарија се никакви и дека никогаш не ни се размислувало за правење на автопатишта на таа страна, за бугарија нити имало извоз ниту имало увоз, немало никогаш потреба за градење на автопатишта натаму, како што не гледам дека има и сега некоја потреба.
 
В

Вештерот

Гостин
хаха немате вие идеали какви што имаа младите во 40сети 50 сети 60 сети во СФРЈ, кога се градеше. Ај соберете се самоиницијативно и без пари без надокнада направете некое добро дело, ете има села низ МК каде нема пат, треба канали за нивите, некој насип, исечете дрва, пробијте тунел за побрзо и полесно да стигнуваат од едно место во друго..... земете лопати мотики колички и едно лето 3-4 месеци направете нешто. Колку за проба да видите колку ќе ве држи еланот да правите нешто за народно добро и без парична надокнада.
Нема што ние да се собираме и да пееме за маршалот. Невидливата рака на пазарот ќе ја заврши сама таа работа по пазарна цена при која има еквилибриум помеѓу побарувачката и понудата. Ќе се изгради точно тоа што му треба на пазарот, а не непотребни глупости да се удираме во гради. И денес сме далеку од пазарна економија и капитализам тоа е факт. Но ќе дојде и тоа време. Затоа ти напишав дека ќе сме не само поработливи туку и поефективни и попродуктивни.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Делумно, во одредени периоди се градело и рушело (од војните)....еве линк, се градело и во СФРЈ
http://www.mzi.mk/mzi.php
А каде е овде во приказнава модернизација и забрзување на железнички транспорт (нели, поефтинување по единица време...)?

Можеби за тебе не бил аеродром, но тогашните услови и развојот на светската авиомрежа ваљда биле сосем доволни. Сега што, имаме 3 карго и 2 патнички
Сега од една страна не признавате обновување на патишта зошто тоа било само обновување на "свети" комунистички патишта а од друга страна за железница и аеродроми важи спротивното.

Значи за железница се нема пуштено еден километар нова пруга.Се што има е и ден денес останато од Турците и СХС кралство.И тоа не само што немаат пуштено туку ја имаат и скратено пругата до Охрид.

Додека сме биле под Бугарска окупација повеќе се градело пруги за 3 години одколку за време на СФРЈ за 45,

За аеродромите важи истото.Аеродром изграден од Американците откако постоечкиот во сегашна општина Аеродром бил срушен.Можеби малку бил подновен али тоа е тоа.

Е во Охрид аеродромот е навистина изграден за време на СФРЈ.

Голем дел од локални патишта денес во Македонија се од време на СХС уште и втора светска војна ,а не се ретки ни тие од Турско време.

Патем и тие изградени за време на СФРЈ во најголем дел се обновувани патишта од Турско и СХС.

А како што вие рековте на почеткот ОБНОВУВАЊА НЕ СЕ ВАЖАТ.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Џабе објаснуваш додека не прочитаат во утрински весник и додека не дадат на алфа не ти веруваат. Го утепаа премиерот од забевање зошто направил локален пат, ама некој треба да им напише во весник дека тоа е за да можат и тие луѓе да имаат бар колку толку попристојни услови за живеење, го утепаа од заебавање , не живеат на некое такво место да живееле да видиш дали ќе си правел вицови, зошто не е виц да кршиш кола секој ден и да чистиш кал од кондури секој ден. Македонска работа.
Јас зборувам од тоа што имам видено Скопје и Скопско во Градот Скопје има многу ново асвалтирани улици доста проширени кружни текови и други чуда главните улици се во ОК состојба иако има уште доста да се прави посебно во споредните улички. Знам ова е малку предизбора кампања ама подобро на дела од ТВ спотови и Митинзи. Не е така лошо се прави доста на локално ниво сега. Најверојатно за автопатиштата и пругите ќе свртат пред парламентарни избори. Се на се ОК е подобро е од порано али секогаш може уште. Често пати одам странство на неколку месеци и кога се враќам секогаш има нешто ново...Повеќе се приметува кога не си тука некој период кога си стално во МК послабо се забележуваат овие работи.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Ај сега кажи уште дека и ние сме ја ранеле СФРЈ и да ти биде комплетен постот, јебемти автопат за бугарија споредуваш Бугарија и Романија знаеш ли која патна инфраструктура ја има романија а која и ден денес ја има бугарија, од каде понатака од софија ? кај на курот , знаеш ли кон колку земји се транзитира низ романија или незнаеш ?
Словенија 2 милиони жители ,Македонија 2 милиони жители види Словенија што инфраструктура наследи иди види Македонија што инфраструктура наследи а да не зборам за Компании па кој компании ги наследи Македонија кој Словенија(додуша на 90% и од тие фабрики што ни останаа им ебаа мајка комунистичките директори ,зошто јеби га капитализам е пазарна економија не е за паразити и во пеење друже тито ми ти се кунемо). А Словенија доби фарики како gorenje, iskra, union pertol, lek ljublana,.......... ние една рафинерија, еден фени, и нешто челична индустрија добивме. Инаку прво иди во романија прошетај па после јади бурек кој има подобра инфраструктура Македонија или Романија, иди види ги другите градови освен Букурешт на што личат и види ги другите градови и инфраструктура , па кажувај ми приказни за Романија. Ни Бугарија нема некоја подобра инфраструктура од Македонија, па колку сакајте кажувајте приказни.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
хаха немате вие идеали какви што имаа младите во 40сети 50 сети 60 сети во СФРЈ, кога се градеше. Ај соберете се самоиницијативно и без пари без надокнада направете некое добро дело, ете има села низ МК каде нема пат, треба канали за нивите, некој насип, исечете дрва, пробијте тунел за побрзо и полесно да стигнуваат од едно место во друго..... земете лопати мотики колички и едно лето 3-4 месеци направете нешто. Колку за проба да видите колку ќе ве држи еланот да правите нешто за народно добро и без парична надокнада.
Кое самоиницијативно бе.

Перење мозок дека ако никој не отиде од секое семејство е срамота за семејстовот.Тоа е самоиницијативно?

Материјалите за градба да не беа самоиницијативни,или пак смештајот и храната на работниците?

Да ако под самоиницијативно подразбираш "Ќе ви одбиваме по некој % од вашата плата а вие можете само да ќутите и си ги пратите децата да го градат" .

Али зошто збориш многу за самоиницјативно дојди кај мене во населба и пред зграда да видиш што прави самоиницјативноста.

Од фудбалско теренче со рефрлектори,до наши приватни убави бандери,до цвекиња,дрва и фонтани,клупи и тоа без ни еден денар од општината уствари само казни даваат и доаѓаат да се караат дека сме трошеле многу вода и сме граделе незаконски.

Кај мене секој дуќан е издаден,дури има и неколку работилници со вработени,приватна лекарка,аптека.школо за странски јазици и уметничко студио за мали деца да учат и цело време врви народ дека е се средено.

САМОИНИЦИЈАТИВНО ДРУЖЕ БЕЗ ЕДЕН ДЕНАР ОД ОПШТИНАТА

ЕВЕ ТИ ВИСТИНСКА САМОИНИЦИЈАТИВНОСТ ДРУЖЕ

611 КИЛОМЕТРИ АВТОПАТ ИЗГРАДЕНИ ЗА ЕДЕН СААТ БЕЗ НИ ЕДЕН ДЕНАР ЗЕМЕН СО СИЛА ПРЕКУ ЗАКОНИ ИЗГРАДЕН ОД ПОПУЛАЦИЈА ПОМАЛА ОД НАШАТА.

http://www.hemmings.com/hmn/stories/2011/01/01/hmn_feature15.html

.
.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Ај сега кажи уште дека и ние сме ја ранеле СФРЈ и да ти биде комплетен постот, јебемти автопат за бугарија споредуваш Бугарија и Романија знаеш ли која патна инфраструктура ја има романија а која и ден денес ја има бугарија, од каде понатака од софија ? кај на курот , знаеш ли кон колку земји се транзитира низ романија или незнаеш ? Знаеш ли дека и од српска страна патиштата кон бугарија се никакви и дека никогаш не ни се размислувало за правење на автопатишта на таа страна, за бугарија нити имало извоз ниту имало увоз, немало никогаш потреба за градење на автопатишта натаму, како што не гледам дека има и сега некоја потреба.
Немој да го ставаш во недоумица E-75 преку унгарија те носи во Словачка, Чешка(ги земам како две ентитета, ако некому му одговара нека ги земе како еден), Полска, по потреба Украина. Железничката пруга кон Aвстрија и Италија.И железницата и автопатот низ Македонија водат до Солунското пристаниште(На кое Југословенските пратки имаат повластени стапки и право на екстериторијалитет).
Од друга страна мрежата кон Бугарија,во тоа време би овозможила што?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Сега од една страна не признавате обновување на патишта зошто ...
Не дека не признавам, тоа се факти. Не знам дали си возел автопатот Велес, патиштата накај Дебар, улиците низ Скопје (за другите градови не знам)... И она што се обновува од инфраструктурата во независна Македонија трае помалку од една тура ајвар.
Патем и тие изградени за време на СФРЈ во најголем дел се обновувани патишта од Турско и СХС.
Не е баш така. Скопје беше до Капиштец (кој не постоеше), понатаму немаше улици и згради, не беше урбанизирано. Од другата страна не постоеше Бутел 2, Бутел 1, населба Радишани. Од третата страна градот се протегаше до после основното училиште Б. Миладиновци во Стар Аеродром, понатаму беа ливади и земјоделски аеродром. Кога сето тоа се изгради, урбанизира и тие станови и бараки кога им се дадоа на обичните граѓани? Што се однесува до земјотресот, не е точно дека е главна причина за урбанизација и станбено згрижување на граѓаните. Гореспомнатите делови од Скопје немаа допирни точки со земјотресот. Се работеше за индустријализација како процес/промена, а заради тие промени или реформи, дел од граѓаните искористија да го осигураат станбеното прашање. Другиот дел од граѓаните купија станови и куќи, некои само со една плата.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Словенија 2 милиони жители ,Македонија 2 милиони жители види Словенија што инфраструктура наследи иди види Македонија што инфраструктура наследи а да не зборам за Компании па кој компании ги наследи Македонија кој Словенија
Зошто викаш наследи кога тие компании постоеа за време на СФРЈ? Муабетов, беа насекаде , ама после се префрлија во Словенија и они ги наследија. Тоа се компании кои веќе имале тредиција на постоење. И тука имаше такви, ама едно што имаше превработеност, второ што ги раскрчмарија.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Зошто викаш наследи кога тие компании постоеа за време на СФРЈ? Муабетов, беа насекаде , ама после се префрлија во Словенија и они ги наследија. Тоа се компании кои веќе имале тредиција на постоење. И тука имаше такви, ама едно што имаше превработеност, второ што ги раскрчмарија.
Извини молим те потсети ме каде во Македонија Горенје имала фабрика или Лек Љубљана А? Не ме заебавај...................... Инаку да ти расчистам ако си можел од продавница да купиш горенје не значи дека , и се присутни тука со фабрика , зошто по твоја логика ако можам да купам во Македонија Мерцедес јас имам и фабрика за Мерцедеси во Македонија .
 
1.Gorenje Founded 1950

http://en.wikipedia.org/wiki/Gorenje

2.Iskra

Iskra ("Spark") was an electronic equipment manufacturer in Yugoslavia, established on March 8, 1946 in Kranj, Slovenia

3.Union Petrol Founded 1945

http://en.wikipedia.org/wiki/Petrol_Group

Ајде која е големата Словенска индустрија пред Југославија ?

И да ја имало знаеш што се деси со Српската воена индустрија ( зошто само они и ја имаа пред Втората Светска Војна ) ?

Беше префрлена во Хрватска и Босна да се развие нивната индустрија.

Нашите единствени пак вредни компании беа МЗТ,ЕМО - Охрид,ОХИС и Санос. ( од кој МЗТ и Санос имаа директна конкуренција во други републики за разлика од Словенските кои имаат комплетен мопол ) .Санос дури и во Југославија не можел да ги добие тендерите поради Икарбус.Такви проблеми Словенските фирми немаа кој имаа сигурен пласман.

Единствениот што може да се каже монопол дека сме го добиле е ОХИС и тоа е тоа.

Денес МЗТ и ЕМО се држат некако .Првиве највеќе пропаднаа зошто државата не им дава да произведуваат оружје или делови за истото.

Охис го ограбија комунистичките директори.Се збогатија од шверц на прашок по Турција,Србија и Косово.

Санос намерно е саботиран до ден денешен.

.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Нема што ние да се собираме и да пееме за маршалот. Невидливата рака на пазарот ќе ја заврши сама таа работа по пазарна цена при која има еквилибриум помеѓу побарувачката и понудата. Ќе се изгради точно тоа што му треба на пазарот, а не непотребни глупости да се удираме во гради. И денес сме далеку од пазарна економија и капитализам тоа е факт. Но ќе дојде и тоа време. Затоа ти напишав дека ќе сме не само поработливи туку и поефективни и попродуктивни.
Ова само личи на филозофија на некој кој има желба да работи со пари... нешто како берза... трговија.. ова она.. шлепер овде - шлепер онде. Немаш економија и стопанство, се гради со генерации... а ти чекаш сега за да после 20-30 години превземете а пошто така сте биле така работливи и знаете шо треба - одма ќе сте направвеле?!!? хаха
дечиња златни..
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Извини молим те потсети ме каде во Македонија Горенје имала фабрика или Лек Љубљана А? Не ме заебавај...................... Инаку да ти расчистам ако си можел од продавница да купиш горенје не значи дека , и се присутни тука со фабрика , зошто по твоја логика ако можам да купам во Македонија Мерцедес јас имам и фабрика за Мерцедеси во Македонија .
Следниот пат кога ќе читаш внимавај на целата мисловна целина. Доста е важно ако сакаш да разбереш што сакал да каже авторот,а да не се донесат погрешни заклучоци. Сеа гледам дека има потреба да си го објаснам постов.
Зошто викаш наследи кога тие компании постоеа за време на СФРЈ? Муабетов, беа насекаде , ама после се префрлија во Словенија и они ги наследија. Тоа се компании кои веќе имале тредиција на постоење. И тука имаше такви, ама едно што имаше превработеност, второ што ги раскрчмарија.
Целта ми беше да укажам на погрешната перцепција која ја имаш за локацијата, респореденоста и начинот на концентрација на компании во СФРЈ.
Читајќи го овој твој пост, излегува дека после распадот земјите договорно ги делеле ресурсите(Пред се компаниите)
Словенија 2 милиони жители ,Македонија 2 милиони жители види Словенија што инфраструктура наследи иди види Македонија што инфраструктура наследи а да не зборам за Компании па кој компании ги наследи Македонија кој Словенија(додуша на 90% и од тие фабрики што ни останаа им ебаа мајка комунистичките директори ,зошто јеби га капитализам е пазарна економија не е за паразити и во пеење друже тито ми ти се кунемо). А Словенија доби фарики како gorenje, iskra, union pertol, lek ljublana,.......... ние една рафинерија, еден фени, и нешто челична индустрија добивме.
А факт е дека таква поделба не ни постоела, ниту е физички изводлива. Компаниите кои постоеле во рамките на Словенија(Сојузна република Словенија), пак останале во Словенија(Република Словенија). Исто и за Македонија. Што имало за време на СФРЈ тоа останало непосредно по распадот.
Дали ти е појасен мојот пост или да објаснувам како на дете од 5 години?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom