Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Доста патувам и морам да признаам дека секоја година патиштата ми изгледаат се подобри и подобри.
Чудна работа и јас патувам често и го забележувам сротивното. Може да ми кажеш на која делница е подобрен патот?
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
.
Доста патувам и морам да признаам дека секоја година патиштата ми изгледаат се подобри и подобри.
абе прашај прво КОЈ ГИ ИЗГРАДИ, не кој им тури по посрани 5 сантими асфалт..а да, заборавив, тоа беа мексиканците:pos:
 
В

Вештерот

Гостин
Чудна работа и јас патувам често и го забележувам сротивното. Може да ми кажеш на која делница е подобрен патот?
Скопје Куманово и кон границата. Тоа беше многу лош пат како макадам беше. Сега е подобро. И погоре имаш и други примери набројав.
--- надополнето: 3 септември 2012 во 13:28 ---
абе прашај прво КОЈ ГИ ИЗГРАДИ, не кој им тури по посрани 5 сантими асфалт..а да, заборавив, тоа беа мексиканците:pos:
Не знам дали сфаќаш но со ова признаваш дека прееска бев во право
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
абе прашај прво КОЈ ГИ ИЗГРАДИ, не кој им тури по посрани 5 сантими асфалт..а да, заборавив, тоа беа мексиканците:pos:
45 години бевме во Југославија ни изградија до пола автопат кон Грција(не ни автопат до крај сега откако ќе го доправат ќе биде автопат) и готово се утепала Југославија од градење автопати ,железници и што уште не, затоа сите 20 години пцујат што не е докрај коридорот 10 автопат, зошто немаме пруга со Бугарија и Албанија затоа што немаме автопат кон Бугарија затоа што немаме железница кон Албанија, до пред некоја година ни заобиколница во Скопје немаше, тоа е све заради што за пола век се утепаа од градење. Контрадикторни сте кажувате дека тогаш се граделе и дека затоа има а сега викате ништо нема ништо не се гради катастрофа сме, дај одлучете се првин.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Чудна работа и јас патувам често и го забележувам сротивното. Може да ми кажеш на која делница е подобрен патот?
Последниве 2 викенда бев до Марков Манастир и Горе на СЦГ Чучер и Бањани патиштата се чичка нови не се сеќавам кога сум одел по села и да најдам нов пат. Инаку патот за накај Матка е крш низ Глумово после и пред е ОК...Мој впечаток е дека се праваат повеќе патишта од порано.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Инаку еве некои примери на автопати и делници. Гостивар - Тетово. Скопје - Тетово, обиколницата (мене лично обиколницата ме воодушевува и мислам дека тука навистина некој се потрудил да ја конструира), до Петроец тој делот, Накај Куманово патот до пред некое време повеќе личеше на макадам отколку асфалт сега е веќе ок, истотака Е 75 надолу од Скопје до границата пополека се обновува.

Скопје - Тетово е направен, нема дупки. Тетово - Гостивар тесен али нема дупки. Што значи таа делница се одржува. Обиколницата е нова и супер е. За 20 години една обиколница.
Ај да ги видиме другите патишта:
Е 75 од Скопје за Гевгелија е автопат со највисока патарина. Имаш 30, велешка 60 и Неготино 50. Гледам дека дури сега го прават, а тој пат беше со кратери. Плус е тесен автопат до Велес и очигледно имаат намера само да шминкаат. Делницата Велес - Скопје е очајна, значи толку големи дупки има што можеш да се фрлиш од пат. Гледав во петокот дека потполнуваат дупки на мостовите, а мостовите пред 2 години као ги правеа. Значи асфалтот е толку квалитетен што издржува 2 години.
Од Велес до Гевгелија цело време рипаш со колата на автопат. Делницата кај клисурата не и најдоа решение, тесна со две ленти и една сообраќајка и отиде цел ден на пат да дремеш.
Плетвар е пуштен со три ленти беше со две. Пред Плетвар ти е пат со дупки и нерамнини, необележан и тесен. Битола - Прилеп па целиот пат се вдлабнал или испакнал. Како ридчиња на асфалт. Ѓавато да не зборам за да го средат со асфалт, делница Битола- Ресен. Ресен-Охрид потесен и полош пат здравје.
Делници Велес-Штип ридче долче. Штип- Делчево, Струмичкиот дел тесни патчиња.
И фактички за 20 години е направена обиколницата, пуштена лента на Плетвар и делница до Гостивар. Браво. Се друго е остаток од некое друго време.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Последниве 2 викенда бев до Марков Манастир и Горе на СЦГ Чучер и Бањани патиштата се чичка нови не се сеќавам кога сум одел по села и да најдам нов пат. Инаку патот за накај Матка е крш низ Глумово после и пред е ОК...Мој впечаток е дека се праваат повеќе патишта од порано.
Џабе објаснуваш додека не прочитаат во утрински весник и додека не дадат на алфа не ти веруваат. Го утепаа премиерот од забевање зошто направил локален пат, ама некој треба да им напише во весник дека тоа е за да можат и тие луѓе да имаат бар колку толку попристојни услови за живеење, го утепаа од заебавање , не живеат на некое такво место да живееле да видиш дали ќе си правел вицови, зошто не е виц да кршиш кола секој ден и да чистиш кал од кондури секој ден. Македонска работа.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
45 години бевме во Југославија ни изградија до пола автопат кон Грција(не ни автопат до крај сега откако ќе го доправат ќе биде автопат) и готово се утепала Југославија од градење автопати ,железници и што уште не, затоа сите 20 години пцујат што не е докрај коридорот 10 автопат, зошто немаме пруга со Бугарија и Албанија затоа што немаме автопат кон Бугарија затоа што немаме железница кон Албанија, до пред некоја година ни заобиколница во Скопје немаше, тоа е све заради што за пола век се утепаа од градење. Контрадикторни сте кажувате дека тогаш се граделе и дека затоа има а сега викате ништо нема ништо не се гради катастрофа сме, дај одлучете се првин.
Што ЗБОРИШ БРЕ ЛАВУ ти удри шапот во глава а ? Автопат и железница за Албанија па до 91 тоа беше граница која што не можеше да се помине бе не автопати или железници да се праватѕ таму, Оџа колку бункери има наредено на таа граница толку влакна немаш на главата, за Бугарија автопат железница. Ај што ке ти пишувам кога ти се знаеш :pos:
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Баш штета што го нема.Е така е и за маршалот.
--- надополнето: 3 септември 2012 во 13:06 ---

Ќе работиме повеќе, понапорно и поефективо отколку старците во комунизмот.
--- надополнето: 3 септември 2012 во 13:07 ---

Доста патувам и морам да признаам дека секоја година патиштата ми изгледаат се подобри и подобри.
Црко Маршал, ама јбг последниве 20 години маршал до маршал стигаат на власт. Бар така се замислуваат.Сеа некои ќе бидат запаметени како Папа,Наполеон и не знам што се друго wannabes, ама еден асален нема. И имаат ист начин на делување. И сите му се диват на Маршалот. Затоа сме на ова дереџе дојдени. Стига на власт и кафаната за која ти зборуваш ја прави. Не се знае кој пие, кој јаде. Ама на крај јас и ти плаќаме. И најверојатно ќе дојде пак истата состојба. Мислам старашен нонсенс е да заклучи некој дека имало промена кај политичката насока во последните 20 години.
Приказнана дека ќе работиме повеќе,понапорно и поефективно e баш тоа. Приказна. Ти ако сакаш може да почнеш да рониш крв место пот, на крај ќе дојде некој мамин/татин шупак а.к.а. партизан ќе капитализира од твојот труд и ќе те тапша по грб велејќи ти "браво, со луѓе како тебе се гради држава". Он ќе си купи станче во Виена, а ти ќе се молиш да падне дожд за да го намокриш сувото грлото. Таа е поставеноста на нештата овде, така е било , така и ќе биде долго време.
Друга варијанта ти е да станеш партизан, па шо ќе ти дадат тоа. Кур-кур и тоа се јадело,па макар и својот.Важно ќе има да се преживее до следниот пресврт на власта, што во принцип и нема да смени ништо во целокупната слика.
А за патиштата, ми се плаче. Гледам го санирале патот, ставиле нов асфалт и после 2-3 недели се прават бразди. Наместо 10 цм, они ставиле 7. Ама си наплатиле како што треба.

Малку политички ми изгледа постов. Е политички. Таква е темата. А и таков е животот тука. Можеш да бираш само помеѓу две зла.За некој ова е напредок, за некој не. За време на СФРЈ избирале за тебе, а сега можеш да си бираш. Има со вазелин и без.Епа бујрум. Навали народе
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Скопје - Тетово е направен, нема дупки. Тетово - Гостивар тесен али нема дупки. Што значи таа делница се одржува. Обиколницата е нова и супер е. За 20 години една обиколница.
Ај да ги видиме другите патишта:
Е 75 од Скопје за Гевгелија е автопат со највисока патарина. Имаш 30, велешка 60 и Неготино 50. Гледам дека дури сега го прават, а тој пат беше со кратери. Плус е тесен автопат до Велес и очигледно имаат намера само да шминкаат. Делницата Велес - Скопје е очајна, значи толку големи дупки има што можеш да се фрлиш од пат. Гледав во петокот дека потполнуваат дупки на мостовите, а мостовите пред 2 години као ги правеа. Значи асфалтот е толку квалитетен што издржува 2 години.
Од Велес до Гевгелија цело време рипаш со колата на автопат. Делницата кај клисурата не и најдоа решение, тесна со две ленти и една сообраќајка и отиде цел ден на пат да дремеш.
Плетвар е пуштен со три ленти беше со две. Пред Плетвар ти е пат со дупки и нерамнини, необележан и тесен. Битола - Прилеп па целиот пат се вдлабнал или испакнал. Како ридчиња на асфалт. Ѓавато да не зборам за да го средат со асфалт, делница Битола- Ресен. Ресен-Охрид потесен и полош пат здравје.
Делници Велес-Штип ридче долче. Штип- Делчево, Струмичкиот дел тесни патчиња.
И фактички за 20 години е направена обиколницата, пуштена лента на Плетвар и делница до Гостивар. Браво. Се друго е остаток од некое друго време.
Што па ти се разбираш ?
Кој те терал да купуваш јастучари. ке си купиш федераши фапчиња,дајцови, шкоди, мерцедес 32 и немаш гајле, а не ти сакаш јастучар демек модерна работа биле :pos:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Пругата е оригинално изградена од Турците.

Единственото нешто што е направено во СФРЈ е да се тргне пругата од Кичево до Охрид дека ќе се "градело " нова.
.
Делумно, во одредени периоди се градело и рушело (од војните)....еве линк, се градело и во СФРЈ
http://www.mzi.mk/mzi.php
А каде е овде во приказнава модернизација и забрзување на железнички транспорт (нели, поефтинување на транспорт...).
Ако сакаш да ми кажеш дека тоа што го имавме беше аеродром ( кој исто така бил изграден оригинално од Американците ) не знам што да кажам.
.
Можеби...Сега имаме 3 карго и 2 патнички аеродроми? Не, останавме на тој еден.
Скопје е скоро цело изградено со странски пари добиени после земјотресот.
Барем со тие пари луѓето се стокмија со станови и бараки. Многу проекти, донации и кредити се дојдени овие 20 години во Македонија, но ништо фазла не е изградено од нив ниту на граѓаните им се дадени за станови. А другите градови?
 
В

Вештерот

Гостин
Скопје - Тетово е направен, нема дупки. Тетово - Гостивар тесен али нема дупки. Што значи таа делница се одржува. Обиколницата е нова и супер е. За 20 години една обиколница.
Ај да ги видиме другите патишта:
Е 75 од Скопје за Гевгелија е автопат со највисока патарина. Имаш 30, велешка 60 и Неготино 50. Гледам дека дури сега го прават, а тој пат беше со кратери. Плус е тесен автопат до Велес и очигледно имаат намера само да шминкаат. Делницата Велес - Скопје е очајна, значи толку големи дупки има што можеш да се фрлиш од пат. Гледав во петокот дека потполнуваат дупки на мостовите, а мостовите пред 2 години као ги правеа. Значи асфалтот е толку квалитетен што издржува 2 години.
Од Велес до Гевгелија цело време рипаш со колата на автопат. Делницата кај клисурата не и најдоа решение, тесна со две ленти и една сообраќајка и отиде цел ден на пат да дремеш.
Плетвар е пуштен со три ленти беше со две. Пред Плетвар ти е пат со дупки и нерамнини, необележан и тесен. Битола - Прилеп па целиот пат се вдлабнал или испакнал. Како ридчиња на асфалт. Ѓавато да не зборам за да го средат со асфалт, делница Битола- Ресен. Ресен-Охрид потесен и полош пат здравје.
Делници Велес-Штип ридче долче. Штип- Делчево, Струмичкиот дел тесни патчиња.
И фактички за 20 години е направена обиколницата, пуштена лента на Плетвар и делница до Гостивар. Браво. Се друго е остаток од некое друго време.
Мислам дека направи пропуст. Се тоа што јас набројав (за твојот дел од источна Македонија не можам да говорам затоа што натаму послабо одам) е направено во последниве 20 години. Инаку како занимливост да ти кажам дека Скопје - Тетово е изграден во времето на Љубчо па можеби затоа ти го прескокна тоа. Ако, ти се простува ипак чувствата понекогаш знаат да бидат посилни од разумот.;)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мислам дека направи пропуст. Се тоа што јас набројав (за твојот дел од источна Македонија не можам да говорам затоа што натаму послабо одам) е направено во последниве 20 години. Инаку како занимливост да ти кажам дека Скопје - Тетово е изграден во времето на Љубчо па можеби затоа ти го прескокна тоа. Ако, ти се простува ипак чувствата понекогаш знаат да бидат посилни од разумот.;)
Прочитај убаво дали сум прескокнала, делница до Гостивар. Мислам читајте подобро и без емоции, јас не сум југоносталгичар, само мразам нереални филмови.
Она што е направено е направено, нема лага пред фактите и боговите молчат. Но она што е останато мине со 90% на цела територија. Значи малку реалност не е на одмет.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Што ЗБОРИШ БРЕ ЛАВУ ти удри шапот во глава а ? Автопат и железница за Албанија па до 91 тоа беше граница која што не можеше да се помине бе не автопати или железници да се праватѕ таму, Оџа колку бункери има наредено на таа граница толку влакна немаш на главата, за Бугарија автопат железница. Ај што ке ти пишувам кога ти се знаеш :pos:
А можеа од Србија накај Унгарија да направат автопат а не можеа од Македонија кон Бугарија да направат така? А и Унгарија и Бугарија беа дел од варшавскиот пакт, Србија имаше железница кон Унгарија зошто Македонија немаше кон Бугарија. Немој да ми кажуваш приказни заради политички причини кога и Унгарија и Бугарија беа дел од варшавскиот пакт и спроведуваа политки на Москва, значи не бил проблемот заради коминизмот. Очигледно повеќе сакале пари да си инвестираат кај нив отколку кај нас. За што ја сметаа Македонија во поранешна Југославија како земја со ефтина суровина и ништо повеќе Македонија и во Рамките на Југославија беше најсиромашна, ама јеби га, сите папагали, Југославија ,Југославија, уште кога ќе видам колку македонци жестото навиваат за Партизан или Црвена Звезда а не за Вардар, не треба да кажувам повеќе за кого нашите драги комунисти куропушачи на Белгград за каде дигале рака да идат инвестициите.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Не навистина не ми е јасно како може некој да рече дека сега се живеело подобро отколку во СФРЈ, завршуваш образование се вработуваш по струка ( никој не сакал ни да помисли да работи нешто друго ) завршил економист работи како економист завршил педагошка работи наставник, завршил електричар работи електричар.
Немаше дете кое што не отишло на море,децата кој немаа пари да се хранат на училиште државата им плаќаше хранарина, работнички мензи со саглам ручеци сега не ти даваат ни хранарина.
Со една работничка плата се школувале деца се праќале на одмори, се правело банкети, свадби куќи се граделе. Сега не можеш да врзеш месец со месец со една работничка плата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom