Kako da gi nateram tie sho ze zaebavaat so mene celo vreme da prekinat ednas zasekogas ?
ЦЕЛ 1: Да прекинеш контакт со нив
Чекор 0. Најди нешто што треба да го правиш за време на тоа што тие ќе те заебаваат (гледање телевизија,читање книга итн)
Чекор 1. Кога ќе се најдеш во друштво кадешто те заебаваат, ислушај ги.
Чекор 2. Прашај: „Дали имаш уште нешто да кажеш?“. Ако да, врати се на чекор 1.
Чекор 3. Кажи: „Благодарам, сега тргни ми се, имам друга работа“. И прави ја работата што си ја припремил на чекор 0.
Чекор 4. Доколку и понатаму не престануваат заебанциите, кажи „Дали имаш друга работа освен да им го трошиш времето на другите?“. Ако одговорот е не, кажи „Патетичен си“ и врати се на чекор 1.
Чекор 5. Кажи „Пријатно“ и врати се на работата што си ја припремил во чекор 0.
На овој начин оние што те заебаваат повеќе нема ниту збор да ти прозборат и ќе ги изгубиш и како другари.
ЦЕЛ 2: Да ги задржиш во твојот живот без да те заебаваат повеќе
Чекор 1: Кога ќе се најдеш во нивно друштво, дури и пред да кажат некоја заебанција, кажи „Кој прв ќе ме заебава? Правам список за тоа кому сум му омилена тема за разговор и кој колку мисли на мене“ и направи табела од сите луѓе и фаќај рецки кој колку заебанции на твоја тема кажал.
Чекор 2: Доколку некој од нив не кажува (или малку кажува) заебанција на твоја тема, кажи „Тој-и-тој, зарем само толку имаш да кажеш за мене? Зарем воопшто не ти значам?“, а доколку некој многу заебанции на твоја тема кажува, кажи „Тој-и-тој, не сум знаел дека сум ти толку значаен во животот и дека ме сметаш за ѕвезда. Благодарам многу. Ќе сакаш ли да одиш да ми купиш сокче/грицки/што-и-да-е? Малку сум жеден/гладен/што-и-да-е“.
Чекор 3: Доколку дојде до физичко пресметување, биди спремен да ја примениш постапката при Целта 1.
Чекор 4: Сè додека се гледаш со нив, носи го тефтерот и прибележувај. Кога во еден момент ќе забележиш дека нема рецки во него, значи дека веќе не те заебаваат.
Поздрав и со лесно.