Семејно насилство

Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
На годишен одмор се запознаваат 3 жени ,Французинка ,Швеѓанка и Македонка .
Уз моабет сите заедно доашаат до заклучок дека мажите им се снобови ,мрзливи ,не сакаат да помагаат и ги интересира само спорт и тв.
Се договараат да ги игнорираат ,да не чистат да не прават јадење ,да не ги перат па да видат каква реакција ке има.
Другата година да се сретнат на истото место и секоја да каже резултат од експериментот.
Другата година се среќаваат и секоја треба да каже што се случило со мажот ,па почнуваат..

Французинката- прв ден ништо не гледам ,мува не го лази ,втор ден исто ,трет ден почна да си прави јадење и полека свати дека треба нешѕто и сам да прави сега е супер ...

Швеѓанката - исто и кај мене ,прв ден ништо не гледам ,втор и трет ден ништо ,четвртиот си се помири и сега сум раат...

Македонката - прв ден ништо не гледам ,втор ден ништо не гледам ,третиот ден почна полека едното око да ми се отвара ......
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.606
Поени од реакции
2.224
Темава намерно е отворена во оваа категорија, неможев да смислам подобар наслов.

Случајот е следен:

Обично се работи за малтретирани деца и еден малтретиран родител, но овде се работи за малтретирано дете од страна на двајцата родители. Сега сите како деца сме јаеделе чотек, па затоа и да пријавам не сум убеден дека нешто ке се превземи.

Да разјасниме на почеток, девојчето ми е девојка, се запознавме на ФБ пред помалце од една година, и кога работава стана посериозна занејзе започнаја проблемите. Меѓу нас одеше бавно дека сме од различни околини и не делат 100 километри. Јас имам 17 таа 14, бидејки знам на овие години разликата итоа како имаат врска.
Бев голем идиот дека кога и да ми спомнеше дека ја малтретираат мислев ги преувеличува работите. Додека еден ден не избега, собрала пари за автобус купила карта и дојде кај мене. Се се случи брзо, не стоевме тогаш најдобро доста се каравме па помислив дека ради тоа избегала, а не дека неможе да издржи повеке домаи.
Нормално родителите разбраа и веднаш дојдоја. Се сретнав со нив и се ми гледаше океј, започнавме добро и бев убеден дека не и прават ништо а и дека нема нас да ни пречат. Па ајде потоа неколку дена, како што е редот прво побара дозвола од нејзините дали може да се видиме, тие и дозволија па јас појдов таму. Е тука запозна сериозното.

Комуницираме на телефон и на фејзбук. Веднаш и го зеле телефонот и најверојатно се случило нешто многу поголемо. Имамвме обичај да се слушаме на секој 1 сат, а ја немаше 5-6 часа да се јави, па успеала да ми пише порака од друг телефон. Пораката многу ме загршижи, ме молеше да и помогнам бидејки станало многу лошо и не можела да издржи. Често пати и велеле дека немора да ја чуваат и неможе да се мери со нејзината сестра и брат. Ради ова скоро и се убеди дека не и се вистински родители...

Јас избезумен почнав да и звонам знаејки дека телефонот и го имаат земено и се надевав ке се јави некој од нејзините. И по 40 пати звонење, им попуштија изгледа нервите се јави мајкаи, ја побарав девојкава да ми ја даде да се слушниме, ми вика неможе, зошто прашувам, ми вика така. Заборави изгледа да го исклучи тлефонот и слушнав како и вика и ја удира.
Ја видно нервозен по некое време се јавувам пак, крева таткои, истите прашања истите одговори. Му викам јас ке дојдам тогаш таму, и одма почна да се дере и пцуе ко ненормален и да ми се заканува.

Проблемот е очигледен, таа трпи ради мене. Се прават за да прекиниме ние, а она најчудното ми е што така стана преку ноќ. Ако прекиниме, најверојатно ке се среди се, но ниту јас можам да ја оставам ниту таа мене. Несакам да одам до крајни граници, а сигурен сум дека таа пак ке избега. Несакам да одам таму, бидејки сигурно ке се деси нешто лошо, тешко се контролирам кога сум нервозен, а и имам досие во полицја поради закана со нож. Но тогаш бев мал 7мо одд, па се средив, но сега сум најблиску пак да пукнам.
Затоа сакам некако да им дам на знаење дека нема јас да се откажам, макар да би морал да ги пријавам во полиција за тоа што и го прават.

Веќе два дена нема ни трага ни глас. Утре почнуваме на школо па се надевам ке ми се јави.

Сево ова звучи можеби патетично, но кој бил во ситуација да биде малтретиран од родители и приморан да ја расипе врската, добро разбира што се случува.

Крајната цел ми е да небиде повеќе малтретирана а ние да се гледаме. Се водеа на телевизија некои кампањи за семејно насилство, па ако се пријави дали за ваков случај би можело нешто да се превземе? И каде да се пријави. Дали мора таа самата да пријави или можам и јас?

Ке ве замолам само без тролање, ако има некој совет нека сподели ценам секакво мислење кои се залага да помогне.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Треба сама да пријави...а нема да пријави бидејќи е зависна од нив.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Мислам дека и ти можеш да пријавиш, ама од нејзе после зависи што ќе превземе. Имај во предвид дека ако пријави може ќе бидеме одземена од социјалните служби и одведена во дом дека се работи за малолетничка. И после враќање дома нема.. А спомна брат ил сестра имала, тие како реагираат кон нејзе?
 
Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891

Друже, како што прочитав работава е сериозна.
Е сега ти треба да размислиш. Дали ја сакаш за да идеш до крај со тоа.
Она секако дека нема да пријави, а ти немој да избрзуваш, бидејќи веќе имаш досие и ако направиш некоја глупост ти ќе бидеш виновникот така да полека.
Прво ако продолжат вака, закани им се и ти дека ќе ги пријавиш.
Ама јебига брат една година сум постар од тебе, знам како е, такви сме избрзуваме, не мислиме, лесно може да не испровоцираат.
Она има 14 години, ако точно сум пресметал сега треба да е 8 одделение така ? Можеби грешам извини.
Ама пријателе млади сте, знам дека сега сакаш да и помогнеш и ја сакаш но размисли. Што ако сето ова е поради тебе ?
Што ако раскинете и малтретирањето престане ?

Пред што да направиш размисли за тоа. Знам дека тоа нема да биде лесно и за двајцата, но ако тоа е подобро за неа ти треба да го направиш првиот чекор, сепак си поголем.
Уште сте млади ( не дека јас сум многу постар од тебе ) но цел живот е пред вас.

Ајде со лесно и не избрзувај.
Поздрав.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
Поодамна истражував за семејно насилство во РМ и дојдов до застрашувачки бројки. Обично настанува поради стрес, нервози и финансиска криза во семејството. Многу молчат и никој не се осмелува да признае, малку се информирани дека можат да се обратат кај адвокат кој е задолжен за такви случаи. Сите страдаат во ваков случај. Пијанство, агресија, гени и секојдневни проблеми проследено со слаб карактер и незрелост. Има да се пишува многу на оваа тема. Најмногу патат децата кои различно го доживуваат насилството. Некои ќе се сокријат и молчат и цел живот ќе патат, некои ќе излезат и ќе почнат на друг начин да го искажуваат стравот и тагата.
Фала богу ќе се запрепастиш... Дека ни цвета државата и сите среќни сме па ќе нема нервози и стрес, а фала богу се произлегува од тоа.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Што да кажам друго кога веке се ти кажале претходно.

Нејзе ја посоветувај да пријави зошто може да и остане траума од која ке се секава до крај на животот.
Таа самата треба да е свесна дека мора да стави крај на измачувањето.Се е во нејзини раце сега.
И кој ти гарантира дека нема да се промени сета оваа ситуација и кога би биле разделени?Никој.
Ако си спремен да одиш до крај макар и да имаш повторно проблеми со законот тогаш бујрум.Спремај се за голема битка.
Ако нема промена и следните неколку дена мислам дека треба да се консултираш со стручно лице кое ке те упати како да постапиш правилно.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.297
Поени од реакции
3.669
GreenRoot она што може да го направиш во нашава е*ана држава е само да се повлечеш, тука нема да добиеш акција од социјални служби, тука нема да добиеш акција од полиција... додека не избега од дома цела истепана и замини во болница која по службена должност мора да пријави џабе е се тука. Навистина жалам што вака е работава но таа е 14 години, беспомошна, зависна... да беше таа 18 е друго ама како малолетничка сама ништо нема да може да направи во нашава држава. Да беше некој друг а не родителите можеби нешто би се случило со медиумска презентација или законска акција но вака само штета за неа ...
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.606
Поени од реакции
2.224
Прво ви благодарам на сите за мислењата.
Треба сама да пријави...а нема да пријави бидејќи е зависна од нив.
Не е баш зависна. Заборавив да споменам дека и баби живее со нејзе, таа ако не и даде да јаде, нема да јаде. Ја гледаат како да е куче на улица. Од зимата до сега како соленка е направена, и плус нервозите...
Мислам дека и ти можеш да пријавиш, ама од нејзе после зависи што ќе превземе. Имај во предвид дека ако пријави може ќе бидеме одземена од социјалните служби и одведена во дом дека се работи за малолетничка. И после враќање дома нема.. А спомна брат ил сестра имала, тие како реагираат кон нејзе?
На тоа прво размислив ако биде одземена од социјална служба. Затоа несакав да избрзам па прашав овде, има лујге сигурно кои на мои години поминале слични работи. Со сестраи нестои арно многу е злобна. Со братје стои многу подобро, ми вика ако заминам од дома тешко ке ми е само брат ми дека нема да го гледам.
Друже, како што прочитав работава е сериозна.
Е сега ти треба да размислиш. Дали ја сакаш за да идеш до крај со тоа.
Она секако дека нема да пријави, а ти немој да избрзуваш, бидејќи веќе имаш досие и ако направиш некоја глупост ти ќе бидеш виновникот така да полека.
Прво ако продолжат вака, закани им се и ти дека ќе ги пријавиш.
Ама јебига брат една година сум постар од тебе, знам како е, такви сме избрзуваме, не мислиме, лесно може да не испровоцираат.
Она има 14 години, ако точно сум пресметал сега треба да е 8 одделение така ? Можеби грешам извини.
Ама пријателе млади сте, знам дека сега сакаш да и помогнеш и ја сакаш но размисли. Што ако сето ова е поради тебе ?
Што ако раскинете и малтретирањето престане ?

Пред што да направиш размисли за тоа. Знам дека тоа нема да биде лесно и за двајцата, но ако тоа е подобро за неа ти треба да го направиш првиот чекор, сепак си поголем.
Уште сте млади ( не дека јас сум многу постар од тебе ) но цел живот е пред вас.

Ајде со лесно и не избрзувај.
Поздрав.
Точно си пресметал 8мо е. Да ја оставам не доажа во предвид, премногу ја сакам а и знам дека таа нема да ме остави. Многу трпела за мене. Откако го пишав постов на Кајгана успеала да ми пише порака. Јасно и дале на знаење да бира меѓу мене и нив. Таа ме одбрала мене, па сега се плаши што ке биде. Знам дека сме млади, можеби звучам како манијак, бидејки сум постар и донекаде можам да ги разберам нејзините да беа нормални родители. Ама не се, не ми ни дадоа шанса да ме запознаат, само тогаш еднаш ко се видовме сватив сега дека само правеле лице пред мене.
Што да кажам друго кога веке се ти кажале претходно.

Нејзе ја посоветувај да пријави зошто може да и остане траума од која ке се секава до крај на животот.
Таа самата треба да е свесна дека мора да стави крај на измачувањето.Се е во нејзини раце сега.
И кој ти гарантира дека нема да се промени сета оваа ситуација и кога би биле разделени?Никој.
Ако си спремен да одиш до крај макар и да имаш повторно проблеми со законот тогаш бујрум.Спремај се за голема битка.
Ако нема промена и следните неколку дена мислам дека треба да се консултираш со стручно лице кое ке те упати како да постапиш правилно.
Спремен сум да одам до крај, но од секое лошо има и полошо тоа ме колеба. Нема да избрзувам пробав да се смирам утре ке ми се јави од на школо па ке видиме каква е ситуацијата.
GreenRoot она што може да го направиш во нашава е*ана држава е само да се повлечеш, тука нема да добиеш акција од социјални служби, тука нема да добиеш акција од полиција... додека не избега од дома цела истепана и замини во болница која по службена должност мора да пријави џабе е се тука. Навистина жалам што вака е работава но таа е 14 години, беспомошна, зависна... да беше таа 18 е друго ама како малолетничка сама ништо нема да може да направи во нашава држава. Да беше некој друг а не родителите можеби нешто би се случило со медиумска презентација или законска акција но вака само штета за неа ...
Годините мислам дека се најголем проблем ако пријавиме. Таа е 14 јас 17. А башка 1.89 сум висок:confused: И тука е проблемот, ке треба се да се раскаже како што е, како што јас кажав овде па се плашам дека ке е уште полошо.
 
Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Прво ви благодарам на сите за мислењата.
Не е баш зависна. Заборавив да споменам дека и баби живее со нејзе, таа ако не и даде да јаде, нема да јаде. Ја гледаат како да е куче на улица. Од зимата до сега како соленка е направена, и плус нервозите...

На тоа прво размислив ако биде одземена од социјална служба. Затоа несакав да избрзам па прашав овде, има лујге сигурно кои на мои години поминале слични работи. Со сестраи нестои арно многу е злобна. Со братје стои многу подобро, ми вика ако заминам од дома тешко ке ми е само брат ми дека нема да го гледам.

Точно си пресметал 8мо е. Да ја оставам не доажа во предвид, премногу ја сакам а и знам дека таа нема да ме остави. Многу трпела за мене. Откако го пишав постов на Кајгана успеала да ми пише порака. Јасно и дале на знаење да бира меѓу мене и нив. Таа ме одбрала мене, па сега се плаши што ке биде. Знам дека сме млади, можеби звучам како манијак, бидејки сум постар и донекаде можам да ги разберам нејзините да беа нормални родители. Ама не се, не ми ни дадоа шанса да ме запознаат, само тогаш еднаш ко се видовме сватив сега дека само правеле лице пред мене.

Спремен сум да одам до крај, но од секое лошо има и полошо тоа ме колеба. Нема да избрзувам пробав да се смирам утре ке ми се јави од на школо па ке видиме каква е ситуацијата.

Годините мислам дека се најголем проблем ако пријавиме. Таа е 14 јас 17. А башка 1.89 сум висок:confused: И тука е проблемот, ке треба се да се раскаже како што е, како што јас кажав овде па се плашам дека ке е уште полошо.

Пријателе, не е работата колку трпела. Знам дека не ви било лесно.
Работата е уште колку ќе трпите ?
Посебно она. Значи ако почнеш да пријавуваш, само ти ќе изгубиш, нема они. Тие и се родители на неа.
А ако и дале дознаење дека ти си причината за нивното девијантно однесување спрема неа, тогаш ти тука неможеш ништо да направиш, освен да се повлечеш.
Тешко е знам, јебига брат, но некогаш мора и тоа да се направи.

Понекогаш ги пуштаме оние кои ни значат да продолжат со животот, само заради тоа што ги сакаме.
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.606
Поени од реакции
2.224
Пријателе, не е работата колку трпела. Знам дека не ви било лесно.
Работата е уште колку ќе трпите ?
Посебно она. Значи ако почнеш да пријавуваш, само ти ќе изгубиш, нема они. Тие и се родители на неа.
А ако и дале дознаење дека ти си причината за нивното девијантно однесување спрема неа, тогаш ти тука неможеш ништо да направиш, освен да се повлечеш.
Тешко е знам, јебига брат, но некогаш мора и тоа да се направи.

Понекогаш ги пуштаме оние кои ни значат да продолжат со животот, само заради тоа што ги сакаме.
Потполно те разбирам што сакаш да кажиш, но онаа патетична изрека разумот ти вика едно а срцето друго, тоа ми се случува. А да прекиниме сега, знам дека ке и е уште полошо дека ке се осејка како никој да не ја сака. Многу пати ми го рекла тоа. Подоцна можеби ке биде полесно, но јас цело време и зборував дека живееме за сегашноста не за иднината. Да чекавме на иднината ке почекавме уште 4тири години да стане полнолетна и нека свират после на кавал.
 
Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Потполно те разбирам што сакаш да кажиш, но онаа патетична изрека разумот ти вика едно а срцето друго, тоа ми се случува. А да прекиниме сега, знам дека ке и е уште полошо дека ке се осејка како никој да не ја сака. Многу пати ми го рекла тоа. Подоцна можеби ке биде полесно, но јас цело време и зборував дека живееме за сегашноста не за иднината. Да чекавме на иднината ке почекавме уште 4тири години да стане полнолетна и нека свират после на кавал.
Да но ако продолжите вака, тоа никаде нема да ве одведе. Треба да се размислува паметно.
Јасно ми е дека се сакате и се тоа, но дали е оваа најдобрата работа што ќе ја направите ако продолжите да се борите против нешто што е поголемо и помоќно од вас, а да водиш битка која што знаеш и си свесен дека ќе ја изгубиш е само залудно верување во нешто што никогаш нема да се оствари.

Затоа треба да се размислува за иднината. Ти си поголем 17 години имаш, одлучи што ќе биде подобро за тебе, а и за неа.

Она можеби ќе се осеќа дека никој не ја сака, но барем насилството и малтретирањето од страна на нејзините родители ќе престане.

Едно ќе ти кажам како пријател и како другар. Она е 8 - мо одделение, ја чека средно школо после тоа, а во средно сите се оформуваме, стануваме она што подоцна ќе бидеме, едноставно се изменуваме и можат многу работи да се сменат тогаш.

Затоа размисли дали вреди пријателе. Дали вреди сето тоа што го поминуваш заради неа, а не е воопшто лесно знам, ни за неа ни за тебе.
Но може ова да биде пролазно нешто.

Пушти ја нека продолжи понатаму без тебе, види како ќе се одвиваат работите. Знам ова не ти паѓа ни на крај памет и си помислуваш дека сум обична будала, но мора да се размислува за иднината сакале вие или не, а ќотек да трпи некој уште 4 - ри години додека да стане полнолетен верувај дека нема да е воопшто лесно, нешто ќе пукне и кај неа, а и кај тебе.

Ти си знаеш најубаво како ќе биде, немора и знам дека нема да ме послушаш, ама барем пробај да постапиш правилно и без глупости.
 
Член од
17 мај 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
што ќе биде со пријавениот , ке превземал лли нешто кај нас во оваа срање дрзавава?

O

Orion.

Ништо за жал. Само ќе го однесат идиотот во полициска станица и ќе зборат со него, после тоа ќе го пуштат дома пак да се иживува со недложните...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom