Формула 1 - сезона 2012

Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Конечно ја дадоја на спорт клуб.... Аууу, не коментатори, КОМЕНТАТОРИШТА. Абе, 500 евра ќе платам годишно ако треба, само да ја гледам спортклуб. мтв, нека оди по ѓаволите.

Батон, недопирлив.... му треба да се врати во победнички ритам, а мислам дека Белгија и наредната Монца се патеки шо му одговарат на Мекларен.
На спортклуб ли одеше? Гледам јас инсерти од трката откога заврши ама мислев така само даваат. Ќе се самоубијам, на МТВ пак гледав.

Не знам дали Батон ќе имаше таква лесна трка ако не се случеше тоа на стартот и ако двата ред була имаа подобри стартни позиции. Батон е сигурен шофер, ризик 0. Денес му се погоди и такви шанси не пропушта.

И видовте ли кој го постави најбрзиот круг на трката и во кој круг? Иронии
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Грожан казнет со 50.000 евра и забрана за настап на следниот Ф1 викенд во Монца. Сурово. Многу сурово. Непамтам кога била изречена ваква казна, дисквалификација.

На спортклуб ли одеше? Гледам јас инсерти од трката откога заврши ама мислев така само даваат. Ќе се самоубијам, на МТВ пак гледав.
Јас имам RTL во дигитална таму гледав до сега, ама тро тупо е пошо не разбирам пола од муабетите... на МТВ гледав еднаш и доста ми беше. Спортклуб, топ коментаторите.

Не знам дали Батон ќе имаше таква лесна трка ако не се случеше тоа на стартот и ако двата ред була имаа подобри стартни позиции. Батон е сигурен шофер, ризик 0. Денес му се погоди и такви шанси не пропушта.
Му одеше колата цел викенд... така да џабе е, ред бул изгледаа побрзи пошто редовно форсираа, Батон беше поконстантен, затоа и издржа со 1 влегување.

И видовте ли кој го постави најбрзиот круг на трката и во кој круг? Иронии
Бруно Сена?
 

Lenny

Seventh Son of a Seventh Son
Член од
16 февруари 2012
Мислења
335
Поени од реакции
406
До кога бе ваквите идиоти ќе ги пуштаат во болид , све тоа камиказите како Хамилтон , Малдонадо , Перез ,Грожан и Кобајаши у затвор да се пикнат , сите другиве паметни а они по 5 позиции на старт сакаат да ќарат па пи*ка му материна 300 км е тркава па ако си брз ке се види немора невини да страдаат ради ти шо си глуп. Баш ми е криво за Алонсо , таман ќе го стигнеше рекордот на Шуми и бум ете ти 3 болида над глава. Иначе браво за Батон конечно да си врати самодовербата , ете колку значело сетапот да го погодиш а и гумите и он и Фетел до перфекција ги зачуваа.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 18:23 ---
Грожан казнет со 50.000 евра и забрана за настап на следниот Ф1 викенд во Монца. Сурово. Многу сурово. Непамтам кога била изречена ваква казна, дисквалификација.
Па убооо му сториле , сеа има 5 пати да мисли пред секоја кривина како ке влага . Ама гледам ќе може 3тиот возач да го замени , значи Жером Д'Амброзио ќе ја вози деби трката за Лотус. :facepalm:
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Не паметам кога последен пат некој добил казна како што доби Грожјан но факт е дека заеба многу работа можеше да загине Алонсо...
Хамилтон испадна најголемиот лузер во целава работа одлично ги зареди последните трки и Грожјан му заеба апла работата и поради овој негов испад да не освои титула.
Алонсо ни крив ни должен тркава ке беше 100 пати поинтересна со него и Хамилтон во игра.
Хулкенберг ми е возачот на трката многу убаво се гради како возач полека полека и мислам дека ке го биде опасно шофериште понатаму во неговата кариера.
Честитки до Батон сосема заслужено без конкуренција.
Од Кими се очекуваше повеке но сепак одличен перформанс и од него и заработи многу битни 15 поени исто така битката со Шуми беше топ :)
Фетел добро извозе не направи ни една грешка во микс со одличната стратегија на РБР профитираше многу.
Следна е Монца најбрзата трка во шампионатот ке биде жустро :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Грожан казнет со 50.000 евра и забрана за настап на следниот Ф1 викенд во Монца. Сурово. Многу сурово. Непамтам кога била изречена ваква казна, дисквалификација.
Tака треба само бре, строга рака само му е лекот т.е. им е лекот. На тој начин може да се доведат само во ред тие недоквакани крелци, кои со едвај две сезони во спортов се понашаат како шерифи на патеката, ако им го погодат механичарите сет апот за трката. Третина се такви, глава да те заболи кога ги гледаш околу фаворитите, да не знаеш дали се поопасни кога се напред, или позади. Ова ќе биде убаво упозорување и за другите, кои во иднина ќе размислат барем еднаш пред да направат некоја слична глупост. Нека го земат за пример Нико Хулкенберг, човекот си е возач на место. Се најде случајно на висока позиција после хаосот, ама типот си ги знае можностите и не правеше проблеми на никој. На место му беа дуелите и фер и поштено си ја заврши трката. Да сакаше он, не ли можеше да ги клецне Вебер, Себ, Шумахер кога ги влечеше позади !?

Btw го помилува ги Чарли Уајтинг на Малдонадо за спидингот на стартот ?? - Јасно се виде дека овој рано тргна, и самиот Чарли замавна со главата во тие моменти. Да не му прегледаа низ прсти поради тоа што го оштети болидот при гужвата на стартот, па мораше веднаш да влегува во бокс ..


Jenson, Jenson !!

 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Малдонадо две казни за во Монца 5 места назад стартување поради преран старт и уште 5 места поради сударот вкупно 10. Така треба само строго.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Малдонадо две казни за во Монца 5 места назад стартување поради преран старт и уште 5 места поради сударот вкупно 10. Така треба само строго.
ТО ! САМО ДЕЛКАЈ, ДУР НЕ СЕ ДОДЕЛКАТ !!

 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Конечно ја дадоја на спорт клуб.... Аууу, не коментатори, КОМЕНТАТОРИШТА. Абе, 500 евра ќе платам годишно ако треба, само да ја гледам спортклуб. мтв, нека оди по ѓаволите.
Апсолутно!!! Не знам поради која причина Спорт клуб ТВ се реши преносот да оди на условно речено првиот канал, меѓутоа ова беше учебник за нашите "експерти" како стручно се коментира пренос. Секоја чест, мислев дека после преносите на Хрт2 нема да го кажам ова, но дефинитивно феноменални коментатори.

Околу трката што да се каже. Грожан ми ги крена нервите до плафон, но што да се прави кога се појавија многу "возачиња" кои не знаат каде е границата помеѓу агресивно возење и она кое е опасно по живот. Затоа во целост ја оправдувам казната како за него така и за Малдонадо.

Батон заслужено си победи, Алонсо не по своја вина загуби премногу драгоцени бодови, Фетел одлично ја искористи укажаната шанса и со второто место денес може да биде задоволен. Кими уште еднаш на подиумот што само ја покажува неговата константност.

Се на се, интересна трка (за мене како фан на Ферари разочарувачка:) ) која се надевам дека нема директно да решава за шампионот во Формула 1.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
- Жером Д'Амброзио ќе настапи за тимот Лотус на претстојното Италијанско ГП.
http://www.formula1.com/news/headlines/2012/9/13748.html

Белгиецот е тест возач на Лотус и тој ќе го пополни местото на суспендираниот Роман Грожан. Ова ќе биде прв негов старт на гридот во Ф1, по финишот на ланската сезона кога настапуваше за тогашниот тим на Вирџин, сегашна Марусија.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Многу збиени и тесни времиња, посебно на вториот тренинг. Првите 12 во нешто над 8 ипол десетинки. Доста изедначено и отворено ќе биде утре. Батон гледам два пати втор, а и Луис покажал заби. РБ тенко нешто, а ? :sneaky:

ПС - Доста возачки рокади во пресрет на ова ГП :
- Покрај од порано најавената замена на суспендираниот Грожан - Жером Д'Амброзио ќе вози за Лотус.
- Ма Куинг Хуа стана првиот кинез кој настапил на Ф1 ГП викенд, во тимот на ХРТ (ќе го менува Картиќејан).
- Валтери Ботас е новото финско име во Ф1, кој своето деби ќе го има во тимот на Вилијамс, на местото на Бруно Сена.
- Жуле Бијанки од Франција ќе настапи за тимот на Форс Индија, на местото на Пол ди Реста.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
One-two, one-two !!

Шпиончето се угуши у Q3. Луис го постави најдоброто време во завршната сесија и овој подпадна под притисокот. Знам дека вчера имаа проблеми Ферари, но денес делуваа доста брзо и верувам дека не е во прашање технички квар посреди, за слабото време на Шпионот во последната сесија. Бајаги време помина од последната 1-2 победа на МекЛарен. Увави поени му се тацна на МекЛарен кои ако ги капитализираат утре, дебело ќе ја делнат предноста на РБ во конструкторите, па и убаво ќе умешат прсти и во трката за Шампионот, судејќи по резултатите на повисокопласираните конкуренти.

Can't wait.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Не знам што му бидна на Алонсо во Q3 имал добар перфроманс на Монца највероатно не можел да се пронајде чим Маса има трето место можеше Алонсо пол без проблем :D
Честитки за 1-2 на Мекларен само што утре се земаат поени ке видиме како ке се одвива трката.
Штета за Алонсо сепак сеуште верувам во него утре ако го најде правилниот начин може да постигне нешто повеке.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.222
Поени од реакции
1.481
Sepak imalo nekoj problem na bolidot na Alonso, na negovata facebook strana e objaveno "Very good job Felipe!
Get a problem on Fernando's car prevented him to fight for the pole. Looking forward to the race."
 

Kajgana Shop

На врв Bottom