Антинаучна литеарура

  • Креатор на темата Креатор на темата J. T.
  • Време на започнување Време на започнување
Имплицирав дека христијаните страдаат од слепило со таа реченица...

Иако не требаше. Беше непотребна импулсивна провокација на која што за среќа MIKI1 не наседна и дискусијата продолжи нормално.

Хмм. Ок нека е така. Но некако влезе во дискусија со сериозен пристап, а притоа настапуваш од апсолутна суперпозиција дека ти си во право и се друго што и да ти се каже, а не се поклопува со твоето мислење, е неточно.

Од каде ти навира таа супериорност?

И што те наведе на таа импулсивна реакција? Огорченоста кон Хриситјанството и неговото учење, ли?
 
Науките никогаш нема да ни‘ испорачаат ниту една конечна вистина.
Догмата е соборно утврдена, проверена и докажана вистина, од Бога потврдена.

Така, не мешај и не споредувај човечки со Божји вистини...
Докажана со што?
Со тврдењата дека земјата е центар на универзумот и дека сонцето се врти околу неа?
Со тврдењето дека земјата не е постара од 8000 години?
Со тврдењето дека сите животински видови кој постојат денес ги собрало на дрвен брод долг 137 метри, широк 23 и висок 14 метри?
 
И повторно на почетокот како пред една година.

Истите прашања.

СЛедуваат сега истите одговори:P
 
Зошто се предпоставува дека има крајна состојба? .

На човековото битие, „фабрички„ му е вградено љубопитството, кое бара смисла и цел на сите нешта во Вселената. Искуствено, знаеме дека се‘ што е во Светов, е створено во даден момент, има свој „рок„ на траење и свој завршеток...

Ако е така, тогаш, која е крајната состојба од „напредокот„, ако тој „напредок„ има свој почеток, ако тој „напредок„ тековно, значи „елиминација на недостатоците„? И, конечно, кога сите тие недостатоци, сите по ред, ќе бидат елиминирани и поправени од „напредокот„, што ќе остане, за да биде „напреднато„? Дали таа крајна состојба е некој вид на апсттактно-идеално-идеализирана состојба?
--- надополнето: 2 септември 2012 во 16:58 ---
Докажана со што?

Со духовиот опит од членовите од Црквата.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 16:59 ---
Со тврдењата дека земјата е центар на универзумот и дека сонцето се врти околу неа?

Тоа е очигледна појава, а очигледните докази, нели, не се докажуваат...
--- надополнето: 2 септември 2012 во 17:00 ---
Со тврдењето дека земјата не е постара од 8000 години?

Наспроти оваа цифра од 8 000 г, ја имаш и онаa непојмлива цифра од 4,5 милј. години Земјина старост..

Ствар укуса, разбираш...
 
Да речеме дека си во право.

Е сега, ако тековната генерација луѓе „открие„ некоја „нова„ вистина или надгради некоја постојна вистина„, тоа значи дека претходната генерација луѓе живеела во заблуди? Или, ако некоја наредна генерација, открие уште „понова„ вистина од нашава/денешнава, значи дека ние, денес, живееме со и во наша заблуда, или во најдобар случај, во полу-вистина?
Постојано откриваме нови работи кои се поиздржани од предходното разбирање на истата проблематика. Станува збор за наука, постојан процес на истрашување, експериментирање и создавање теории за одредени прашања. Поимот "апсолутна вистина" постои само во религијата, науката постепено го надоградува знаењето и ги проширува можностите на човекот.
Земи го ова за пример,малку карикиран, ама колку за илустрација, ~1900 години религија(Христијанство) и човекот се уште беше "заглавен на земја".
Доаѓаат браќата Рајт на овој свет и почнува добата на аеронаутиката.Стотина години после нив успеавме да пратиме и контролирано да приземјиме објект, кој можеме да го контролираме , опремен со страшно осетливи инструменти , тежи скоро тон, на Марс.
Цела таа наука, технологија и техника е овозможена поради овие, како што ги викаш, полу-вистини.Само што не се полу-вистини. Тоа е севкупното човечко знаење од многу области, кое полека се акумулирало и надградувало, пред се поради желбата на човекот да осознае како навистина функционираат работите.
 
Со тврдењето дека сите животински видови кој постојат денес ги собрало на дрвен брод долг 137 метри, широк 23 и висок 14 метри?

Yeah, right...

Извесни мангупи, имаат направено пресметки, дека Ноевиот брод, навистина имал простор за сите животински видови, 8-те луѓе и потребната храна за нив. Патем, постојат и видео-записи, од остатоците од Ноевата арка, најдени на планината Арарат...
 
На човековото битие, „фабрички„ му е вградено љубопитството, кое бара смисла и цел на сите нешта во Вселената. Искуствено, знаеме дека се‘ што е во Светов, е створено во даден момент, има свој „рок„ на траење и свој завршеток...

Ако е така, тогаш, која е крајната состојба од „напредокот„, ако тој „напредок„ има свој почеток, ако тој „напредок„ тековно, значи „елиминација на недостатоците„? И, конечно, кога сите тие недостатоци, сите по ред, ќе бидат елиминирани и поправени од „напредокот„, што ќе остане, за да биде „напреднато„? Дали таа крајна состојба е некој вид на апсттактно-идеално-идеализирана состојба?
Љубопитството само по себе не е пат до таа апсолутна вистина за која мислиш дека само ти го имаш патот до неа.
Осознавањето е процес кој во себе вклучува не само информации туку и искуства. Децата се далеку пољубопитни од возрасните, но недостатокот на искуство ги прави да бидат далеку "посиромашни" во поглед на животно искуство и поседување на вистини.
За да ја контемплираш та "крајна состојба", треба да станеш дел од таа "крајна состојба", да го достигнеш нејзиното ниво. Нема друг начин, се останато е служење на стравот и догмите.
 
Хмм. Ок нека е така. Но некако влезе во дискусија со сериозен пристап, а притоа настапуваш од апсолутна суперпозиција дека ти си во право и се друго што и да ти се каже, а не се поклопува со твоето мислење, е неточно.
Од каде ти навира таа супериорност?
Читај назад никаде не тврдам дека јас имам одговор за нешто. Ако не можеш да сфатиш зошто сум апсолутно убеден дека науката бара вистина, а религијата бара да ја прифатиш нејзината без доказ тогаш нема што да се збори понатаму. Едноставно не секој е склон кон логичка дедукција.(Ова не го сметам како недостаток кај човек, па така не го сваќај како провокација).

И што те наведе на таа импулсивна реакција? Огорченоста кон Хриситјанството и неговото учење, ли?
Голот што го прими Ливерпул беше причина за импулсот.

Инаку воопшто не сум огорчен од христијанството. Сметам дека Исус бил далеку пред своето време од морален аспект. Е, сега не секој може да разбере метафора искажана од интелегентен човек. Па, ајде да се колеме следните 2000 години за да докажеме кој е во право.

Исплашен сум од религијата воопшто. Дава изговор за многу лоши дела.
 
Читај назад никаде не тврдам дека јас имам одговор за нешто. Ако не можеш да сфатиш зошто сум апсолутно убеден дека науката бара вистина, а религијата бара да ја прифатиш нејзината без доказ тогаш нема што да се збори понатаму. Едноставно не секој е склон кон логичка дедукција.(Ова не го сметам како недостаток кај човек, па така не го сваќај како провокација).

Голот што го прими Ливерпул беше причина за импулсот.

Инаку воопшто не сум огорчен од христијанството. Сметам дека Исус бил далеку пред своето време од морален аспект. Е, сега не секој може да разбере метафора искажана од интелегентен човек. Па, ајде да се колеме следните 2000 години за да докажеме кој е во право.

Исплашен сум од религијата воопшто. Дава изговор за многу лоши дела.

Ок, тогаш:P

п.с. Не играј друг пат 1 на Ливерпул ;)
 
Со духовиот опит од членовите од Црквата.
Повели накратко објасни го тој опит.
Наспроти оваа цифра од 8 000 г, ја имаш и онаa непојмлива цифра од 4,5 милј. години Земјина старост..

Ствар укуса, разбираш...
Не е никаков ствар на укус. Позади таа цифра од 4,5 милијарди години стојат научни факти, докажани и проверени.
Yeah, right...

Извесни мангупи, имаат направено пресметки, дека Ноевиот брод, навистина имал простор за сите животински видови, 8-те луѓе и потребната храна за нив. Патем, постојат и видео-записи, од остатоците од Ноевата арка, најдени на планината Арарат...
Во моментов на земјава постојат над 5 милиони видови на животни, повели земи дигитрон и пресметај колку простр ќе има за десет милиони единки, плус потребната храна и вода на брод долг 137, широк 23 и висок 14 метри.
 
Љубопитството само по себе не е пат до таа апсолутна вистина за која мислиш дека само ти го имаш патот до неа.
.

Љубопитството не е патот, само по себе, но е добар почеток за патот од Богобарањето...
 
Со духовиот опит од членовите од Црквата.
Повели накратко објасни го тој опит.
Тоа е очигледна појава, а очигледните докази, нели, не се докажуваат...
За да одредиш центар на нешто, потребно е да го знаеш обемот. На кој начин е очигледно дека земјата е центар на универзумот, кога обемот е непознат?
 
За да ја контемплираш та "крајна состојба", треба да станеш дел од таа "крајна состојба", да го достигнеш нејзиното ниво. .

...што е само еден од многуте знаци на нескротен егоцентризам и желба за изедначување со „крајната состојба„ (читај: Творецот...), но без напор, без вложен труд, туку онака: сакам се‘, сега, веднаш и овде...
 
Можеби заклучокот - болдот се однесува на твоето лично искуство, не не и на моето.
 
Повели накратко објасни го тој опит.

Не би требало да направам такво нешто, но еве, за да не добивам забелешки дека бегам од одговорот, еве ја накратко, таа „процедура„:
1. Богобарање
2. Средба со Творецот
3. Отворање на духовните очи
4. Увид во својата отпадната/огревовена состојба
5. Тргнување по патот Христов.
6. Надеж за заработуање свое место во Царството Христово и Небесно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom