Антинаучна литеарура

  • Креатор на темата Креатор на темата J. T.
  • Време на започнување Време на започнување
На човековото битие, „фабрички„ му е вградено љубопитството, кое бара смисла и цел на сите нешта во Вселената.

Искуствено, знаеме дека се‘ што е во Светов, е створено во даден момент, има свој „рок„ на траење и свој завршеток...

Ако е така, тогаш, која е крајната состојба од „напредокот„, ако тој „напредок„ има свој почеток, ако тој „напредок„ тековно, значи „елиминација на недостатоците„? И, конечно, кога сите тие недостатоци, сите по ред, ќе бидат елиминирани и поправени од „напредокот„, што ќе остане, за да биде „напреднато„? Дали таа крајна состојба е некој вид на апсттактно-идеално-идеализирана состојба?
.
Не само човекот, секое живо суштество е љубопитно. Оваа карактеристика засега изгледа дека е универзална.Дури и наједноставните бактерии ја истражуваат околината во која се наоѓаат со цел, па веројатно да најдат најпригодно место за опстанок.

Искуствено многу малку знаеме. Да знаеме за нештата кои постојат во тек на човечкиот век.Знаеме и за оние нешта кои се забележани низ историјата, ама целата човечка историја е една незначајна точка во однос на староста на вселената, ова од должината на временскиот аспект. Не е точно дека знаеме дека се има свое траење и завршеток.Набљудувањата ни се далеку од совршени, а крајот на нештата е само начин на нивно дефинирање. Многу, многу нешта за кои велиме дека го достигнале својот крај, едноставно само ја менуваат својата состојба и изглед. Не можеме да донесеме заклучок дека крајот како таков постои.

И ова ме носи на третиот дел, крајната, ултимативна состојба на напредокот и самите својства и можни последици од истата. Единствено такво нешто, крај на напредокот може да се јави во статички универзум, место каде ништо никаде и никогаш не се менува, место кое доколку постојат технички можности се' може да се забележи; или во свет каде што љубопитноста и размислувањето се истребени,закопани и забранети засекогаш и секаде. Само тогаш напредокот би стигнал до точката која би била наречена крај.
За наша среќа ние не живееме на ниедно од овие две места, бар засега, бар така викаат досегашните набљудувања.
 
Не би требало да направам такво нешто, но еве, за да не добивам забелешки дека бегам од одговорот, еве ја накратко, таа „процедура„:
1. Богобарање
2. Средба со Творецот
3. Отворање на духовните очи
4. Увид во својата отпадната/огревовена состојба
5. Тргнување по патот Христов.
6. Надеж за заработуање свое место во Царството Христово и Небесно.
Зошто не би требало? Христијанството своите духовни пракси ги има наменето за сите колку што знам.

Ако овој духовен опит е заснован на догма која не ја преиспитувате, како ти ќе знаеш дека таа "вистина" која си ја добил на тој начин не е од ѓаволот?
Совршено битие создава совршена креација и нема потреба да ја суди и казнува. Зошто тоа заработување на место треба да зависи од некој или нешто друг/го а не од тебе самиот?
 
И ова ме носи на третиот дел, крајната, ултимативна состојба на напредокот и самите својства и можни последици од истата. Единствено такво нешто, крај на напредокот може да се јави во статички универзум, место каде ништо никаде и никогаш не се менува, место кое доколку постојат технички можности се' може да се забележи; или во свет каде што љубопитноста и размислувањето се истребени,закопани и забранети засекогаш и секаде. Само тогаш напредокот би стигнал до точката која би била наречена крај.
За наша среќа ние не живееме на ниедно од овие две места, бар засега, бар така викаат досегашните набљудувања.

Слична грешка има направено славниот Ххегел, таткото на дијалектиката. Имено, Хегел тврдел дека нештата во природата подлежат на дијалектичките принципи (движење/развој), но одеднаш за Хегел, субјективно, дијалектиката престанала да важи (???) со формирањето на пруската држава...Значи, “конечен„“ производ од хегеловата дијалектика е пруската држава!

Смешно е: одредени правила да важат за природните процеси, но што се случи одреден “конечен“ настан тие исти равила престануваа да важат! По каков чуден настан и причина, тие до тогаш важечки правила, престануваа да функцкионираат?


Ја ги има, ја ги нема!...
 
Зошто не би требало? Христијанството своите духовни пракси ги има наменето за сите колку што знам.

Ако овој духовен опит е заснован на догма која не ја преиспитувате, како ти ќе знаеш дека таа "вистина" која си ја добил на тој начин не е од ѓаволот?
Совршено битие создава совршена креација и нема потреба да ја суди и казнува. Зошто тоа заработување на место треба да зависи од некој или нешто друг/го а не од тебе самиот?

Секако ќе знаеш дали е од ѓаолот или од Бога.

Тоа го имаш со себе од раѓање, распознавањ ена доброто и злото.

ТИ се допадна ли објаснувањето на духовниот опит?
 
Зошто не би требало?

Оти не е многу мудро, јавно да се изразува својата духовност...Така, верникот лесно запаѓа во самобендисаност, припишувајќи го својот “успех“ на себе си а не на Бога и Неговата милост.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 17:34 ---
Христијанството своите духовни пракси ги има наменето за сите колку што знам.

Не е за сите, туку за оние кои се во Црквата, но и тоа не е „гаранција„ за успех и позитивен конечен исход...
--- надополнето: 2 септември 2012 во 17:38 ---
Ако овој духовен опит е заснован на догма која не ја преиспитувате, како ти ќе знаеш дека таа "вистина" која си ја добил на тој начин не е од ѓаволот?

Догмата, навистина, не се преиспитува па затоа и се нарекува„ догма„ а не „несигурна вистина„.

Дали таа вистина е од Бога или од ѓаволот, тоа е „ствар„ на расудување и на споредување на личниот духовен опит со опитите од останатите членови од Црквата, кои се забележани/запишани во црковното учење.

Во краен случај, не е исто духовното располоежние кај верникот кога се среќава со Божјата вистина и со демонската лага...Ете, пак се враќаме на потребата од духовен опит, а не од прост рационализам и прагматизам.
 
Слична грешка има направено славниот Ххегел, таткото на дијалектиката. Имено, Хегел тврдел дека нештата во природата подлежат на дијалектичките принципи (движење/развој), но одеднаш за Хегел, субјективно, дијалектиката престанала да важи (???) со формирањето на пруската држава...Значи, “конечен„“ производ од хегеловата дијалектика е пруската држава!

Смешно е: одредени правила да важат за природните процеси, но што се случи одреден “конечен“ настан тие исти равила престануваа да важат! По каков чуден настан и причина, тие до тогаш важечки правила, престануваа да функцкионираат?


Ја ги има, ја ги нема!...
Обележан е клучниот збор, а во црвено е фаличната логика. Дополнителен момент кај науката е способноста за автокорекција. Човекот сам по себе многу тешко да изврши автокорекција, пред се поради пристрасноста и егото, ама група луѓе лесно може да го прегазат било кој авторитет кој нуди неточни тврдења.
 
Совршено битие создава совршена креација

Погрешна премиса: тоа би значело дека Бог создал уште еден бог, рамен на себе си во својата совршеност. Адам и Ева не беа создаден како совршени, туку само потенцијално бесмртни.
 
Секако ќе знаеш дали е од ѓаолот или од Бога.

Тоа го имаш со себе од раѓање, распознавањ ена доброто и злото.

ТИ се допадна ли објаснувањето на духовниот опит?
Јас кога гледам на особините на јудео-христијанскиот бог, кој суди казнува, се лути, разгневува, растажува....итн, итн За мене таа слика е е далеку од слика за совршено битие, а со тоа и далеку од синоним за добро.
Оти не е многу мудро, јавно да се изразува својата духовност...Така, верникот лесно запаѓа во самобендисаност, припишувајќи го својот “успех“ на себе си а не на Бога и Неговата милост.
А зошто да е лоша работа успехот да биде твој? Каков е тој бог ако му пречи такво нешто? Ќе се навреди? Ќе љубомори?
 
Обележан е клучниот збор, а во црвено е фаличната логика. Дополнителен момент кај науката е способноста за автокорекција. Човекот сам по себе многу тешко да изврши автокорекција, пред се поради пристрасноста и егото, ама група луѓе лесно може да го прегазат било кој авторитет кој нуди неточни тврдења.

Начело, се согласувам. Повеќе пати имам напишано дека науките имаат неколку основни атрибути: континуалност, кумулативност и автокоректовност. Но токму тие, не можат да дадат никаков конечен одговор или конечна вистина...
 
Догмата, навистина, не се преиспитува па затоа и се нарекува„ догма„ а не „несигурна вистина„.

Дали таа вистина е од Бога или од ѓаволот, тоа е „ствар„ на расудување и на споредување на личниот духовен опит со опитите од останатите членови од Црквата, кои се забележани/запишани во црковното учење.

Во краен случај, не е исто духовното располоежние кај верникот кога се среќава со Божјата вистина и со демонската лага...Ете, пак се враќаме на потребата од духовен опит, а не од прост рационализам и прагматизам.
Првин велиш догмата не се преиспитува, потоа велиш потребен е духовен опит?! Ако несмееш да преиспитуваш дека напишаното е од Бог, каков ќе биде тој опит?!
 
Јас кога гледам на особините на јудео-христијанскиот бог, кој суди казнува, се лути, разгневува, растажува....итн, итн За мене таа слика е е далеку од слика за совршено битие, а со тоа и далеку од синоним за добро.

Остај ти особините на наведениот Бог.:P

Сите знаеме што е добро, а што е зло;)

Дали ти се допадна објаснувањето за духовен опит на MIKI1?
 
А зошто да е лоша работа успехот да биде твој?

Затоа што отпаднато битие, со оштетена примордијална природа, не може само од себе, со свои сили, да постигне совршеност, без помошта/милоста Божја...
 
Погрешна премиса: тоа би значело дека Бог создал уште еден бог, рамен на себе си во својата совршеност. Адам и Ева не беа создаден како совршени, туку само потенцијално бесмртни.
Не е погрешна премиса, ако тоа совршено битие има потреба да интервенира, поправа, казнува, забранува....и слично, значи дека креацијата не е како што сакал да биде, што значи дека таков креатор или е - 1. Несовршен, или 2. Садист.
 
Каков е тој бог ако му пречи такво нешто? Ќе се навреди? Ќе љубомори?

Тоа е Бог, кој не допушта да Му се превземе природата, оти постои јасна дистинкција меѓу „нествореното„ и „створеното„.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom