Разликите во резултатите од духовните опити кај припадниците од различните религии, покажуваат дека припадниците на различни религии, имаат различни богови. Тоа не мора да ме наведе на рационален заклучок дека има повеќе богови, т.е. дека другите религии, кои исповедаат политеизам се во право, и дека тие, ѓоамити, го побиваат моето тврдење за постење Еден/Троедин, вистински Бог.
Вистината е една, по неа трагаа сите мудрољубци уште од античкиот Свет, но не ја најдоа, така да вистината не може да се дели на „вистинчиња„,каде секое „вистинче„ е вистинито само за себе...
Ако Бог Е Еден, Он ни‘ остава една вистина. Ако боговите се „многу„, тогаш имаме некоја какофонична вистина. Вистината е една, а лагите се практично неограничени на број. А кој е татко на лагата, тоа е одамна познато...
Вроденото човеково чувство (и потреба) од вистинитост, е сосема доволно и за атестите да можат да разликуваат вистина од лага. Убеден сум дека ниту еден атеист, не сака да биде излажан, оти тоа го гледам во моето секојдневие...