Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.585
Поени од реакции
22.304
Банана држава водена од неписмена политичка елита.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Nazad si zaradi tvoite politi;ari, koi ja kradea ova dr\ava.....
(ne znam kolku pati go spomnav ova)
Абе ептен си во право дека сме назад поради нашите политичари ама ептен си во право, но да не бевте вие и вашите срања ние ке имавме и време и живци да им кажеме СТОП на политичарите лопови КАПИТО
--- надополнето: 2 септември 2012 во 02:21 ---
Јас ви кажувам дека сами ќе бараме да се федерализираме или да се отцепуваме!
И ЈА ТАКА МИСЛАМ живи кај ке живиш само до љушпа да не живиш
--- надополнето: 2 септември 2012 во 02:27 ---
Па знам и форумов стана Рамковен веќе
хаха ТЕ САКАМ
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Па знам и форумов стана Рамковен веќе
Кај да е, ќе почнат и на албански да пишуваат на форумов, па севишнио ејсид ќе треба специјално преведувачи да бара ко во собрание со слушалкине шо држат седници, така и нас да ни преведуваат. Па 25% од темите да бидат поврзани со албанците, сите теми да бидат двојазични, а тие што се однесуваат на албанците да бидат напишани прво на албански, па после на македонски јазик. И нормално, да се запази процентот на 25% модератори и админи.... во спротивно ќе излезат со калашникови, после молитвата од џамија и ќе се закануваат со џихад
 
хахахахахах
абе па имаме администратор по рамковен
--- надополнето: 2 септември 2012 во 03:17 ---
хахахахахах
абе па имаме администратор по рамковен
а како може и јас да станам администратор
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.620
Поени од реакции
5.259
Не туку дека мислеше дека ќе успее да се пробие очигледно станува збор за лице кои би давало информации или логистика на ОНА со еден збор припадници беа.

Среќа кинеска бомба застарена не експлодира.

Ги напуштија би9дејќи нели Армијата им се обрати за НИВНА безбедност бидејќи додека се во селото не може да ја гарантира нивната безбедност.

Тие што останаа, претежно старци останаа само за да бидат жртви т.е колатерална штета па да рече ОНА-еве гледајте убиваат и старци-тоа е стара тактика герилска за да се придобие населението.

Имаше крадење бе како немаше, исто и вилите во тетовско а и после ОНА кога Македонците кои ги чистеа од селата исто така се им собраа-злато,пари СЕ-ете им плати....тоа беше контролирано лудило и им успеа,а жртви има ден денес:(

Ако некој сака да уништи куќа ќе користи стандардно експлозивно полнење кое го користеше тогашна инженерија ако е Граната голема е веројатноста да била испалена од топ па пробила но да не експлодирала-и не е една такви стотици имаше исто и од миноифрлачите на ОНА многу не експлодираа-па после ги деминираа луѓе со јаки живци и добар тренинг-Германци беа мислам.

Имаше ќорави пукања-не велам не тоа го правеа најчесто насочувајќи го оружјето и пукајќи кон една мета(објект најчесто) затоа и толку ќерамиди испукани-ова го имаше и кај двете страни.

Ракетите се прецизни и имаат домет од над 4-5 километри тогаш беа Штурм наведуваните а се користеа и ненаведувани-овие без наведување не се толку прецизни самиот збор ти кажува ненаведувани.

Повеќето беа од Косово тоа сакам да ти кажам и тие беа иницијатори а добија поддршка од локални Криминалци,наркодилери и радикали+ пасивноста на Љубчо кој тоа сакаше за да краде повеќе и излеат што е можно повеќе од тие седумстотини милиони проклети..

Во тетовско има репортирано случаи самите родители кажаа дека ги пуштиле со ќерката ако остане машкото да се бори ако не сите ќе ги истепале, исто така ОНА тепаше и малтретираше Албанци кои одбиваа да соработуваат и тоа е документирано не е еден туку повеќе случаи.

вака сега на 500 метра од последната куќа се терористи, така да тие лица се иселуваат од тие куќи,заклучуваат и крај-тој дел каде се водат борби нема население или е по подруми.

Он не знае(снајперот или митралезџијата) дали човекот е албанец,Македонец или ром(не му пише на чело) а убивањето Цивили укажува демек војската не ве штити ИСЕЛЕТЕ СЕ т.е целта е да се влее страв што и им успеа-но после ослободувањето на Кале беше поинаку.

И да стрелаа ОНА по сите цивили имаше памтам добро убиен албанец од снајпер, ранети две девојчиња, повредени македонци а Целта на ОНА беше да се исплашат цивилите и ни дење да не можат да живеат нормално.

Ами на каков-како што виде на сликата зад Оклопното возило АРМ припадниците заземаат положба бидејќи нуди заштита и заслон дотур на муниција.

Расте бидејќи има над 4000 албанци кои не одат на работа а се запишани само за да биде пополнета квотата-а тоа не е по рамковниот т.е треба да се вработат но откако ќе заминат другите во пензија има и над 1000 македонци кои исто така со партиски пазарења се ставени на ИЗМИСЛЕНИ работтни места а ги плаќаме СИТЕ НИЕ и тоа од НАШ ЏЕБ-а не работат, не придонесуваат чисти паразити ама јасно ти е зошто се овие вработувања-за да добијат гласачи а кога 80% од населението е на праг на сиромаштија и едвај крпи некој да те ебе на здрав мозок не бива, замисли ние имаме администрација повеќе од Белгија која е 10 милиони а ние сме 2 милиони и имаме над 120 000 вработени државно кои цедат 60% од буџетот(и затоа немаме пари за развој за нов гасовод,фабрики, поевтини кредити со монетарни интервенции)-за да платиме администрација и кредити земаат:facepalm:) и секогаш се користат како гласачки апарат-ете ти ги пример тие 4-5000 Албанци кои се така вработени да имаат по 4 члена ете му на ДУИ 20 000 гласа исто е и со ДПМНЕ пикни 2000 души кој до лифт кој портир,стопер на шалтер, кафекувар а некој не ни иде е сега такви 2000 помножи ги по 4 ај и баби и дедовци имаш 6 значи од 2000 по 6 добиваат СИГУРНИ 12 000 гласови-тоа сакаат партиите тоа и гледаат, раздели, кради и владеј а ваму некој нека се вреѓа, нека се боде со нож додека они се шетаат и не ИМ е ГАЈЛЕ ЗА НАС.

Нормално.

А да се обединиме заедно и да им кажеме доста не ебете на здрав мозок сакаме нормнален живот, пристојна работа и плата-точно е дека имаат СЕ ама кога се случува НАРОДОТ тогаш секој паѓа што сака нека има, а нема да се случи НАРОДОТ се додека сме разединети посебно што потпаѓаме на вакви ниски провокации кои се режирани да го оттргнат вниманието од покачувањето на Цените, затоа и поклонување и менување..немај Мака ќе им текне и друго

Благодарам и уште еднаш ти кажувам моќта е во нас само кога сме ОБЕДИНЕТИ а државава е премногу мала за да бидеме толку разединети-неопходна е Сенародна, граѓанска иницијатива која треба да никне како никулец и од неа да испаднат прави лидери кои ќе се грижат за народот, за мирот и неговата Благосостојба оти ако ние не се пазиме и чуваме и живееме добро меѓу себе нема Гркот или Србинот да не пазат ниту Косово ни пак Бугарија-нашиот двор треба ние да си го средиме ако го оставиме на другиве само отпадот ќе ни го фрлат и го прават тоа додека ние се расправаме кој да земе метла а кој ЦИФ за стакло.

Зборот ми е што сме полнети со предрасуди и стереотипи, наместо последните години да се решаваат многу проблеми, ние креираме додатни......
Еве конкретниот истиот случај гледаме различно јас како албанец и ти како македонец,
а истовремено немаме институција која може да пресече, затоа што јас лично не верувам во институциите воопшто......а ти и веруваш затоа што го истакнува тоа што сакаш да веруваш, во конкретниот случај дека двајца припадници на ОНА (татко и син) го на паѓаа пунктот и со бомба сакале да уништат, а јас како албанец верувам во тоа што го кажува народот затоа што за мене е полесно да верувам дека институциите се криви, дека убиле татко и син на сред бел ден.....дека бомбата не била бомба итн.....
Исто како малтретираните работници како и многу други случаи, не дека не може да се решаваат, туку намерно се оставаат така како неизлечена рана за да биде употребена кога е потребно........

После премногу се политизирани и рамковните вработувања, овие 10 год, за секое вработување се појавува по 100 пати на секоја телевизија, цело време се бомбардира народот со информации демек еве колку албанци се вработуваат, јас лично никогаш во вести не сум слушал дека во адмнинистрацијата се вработувани македонци.......
Дали навистина се нема вработено македонци во последните 10 год?????????
Еден од столбовите на Рамковниот договор е и децентрализацијата, ако една општина не може име на едно училиште да менува тогаш за што к... ми треба тој градоначалник немакедонец....
не дека мене лично би ми сметало македонско име...........
А за децентрализацијата на економски план да не зборуваме воопшто............

Главната и најсуштествена поделба што ја прави власта на народот е што ги дели на македонци и албанци, последните години игра со оваа алатка, но премногу е ризично, ги има своите амортизатори телевизии, кои кога е потребно ја креваат тензијата, а и понекогаш кога е потребно ја смируваат, како да добиле друг уредник.........оваа контролирана криза е премногу опасна.............а оваа власт ја употребува како дете со играчка ........
Ако нема национално помиривање меѓу макеоднците и албанците никогаш ова земја нема да иде напред......имаш право кога велиш дека сами треба да си го средиме дворот.......

НО пак е народт крив, барем дел кој ја подржува оваа политика на нацинализам, ако ние како албанци не се чистмие од тие што го подржуваат овој начин на владеење и ако вие како макеоднци не се чистите од тие што ја подржуваат овој тип на власт нема да можиме да се помириме, ако не се помириме нема просперитет...........
поздрав
 
M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Абе ептен си во право дека сме назад поради нашите политичари ама ептен си во право, но да не бевте вие и вашите срања ние ке имавме и време и живци да им кажеме СТОП на политичарите лопови КАПИТО
--- надополнето: 2 септември 2012 во 02:21 ---

И ЈА ТАКА МИСЛАМ живи кај ке живиш само до љушпа да не живиш
--- надополнето: 2 септември 2012 во 02:27 ---

хаха ТЕ САКАМ
и јас тебе :D
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.175
Поени од реакции
18.243
Кутрите обесправени мали хрчки

Гостивар доби булевар на балистот Џемо Хаса

02
СЕП 2012​
13:08​

Булеварот ЈНА во Гостивар се преименува во булевар Џемо Хаса. Оваа одлука на гостиварските советници, која е донесена без советници-Македонци, значи без почитување на принципот Бадентерово мнозинство, во петокот е објавена во Службениот весник на општината. Се очекува реакцијата на надлежните органи.
Според Албанците, Џемо Хаса е борец за Голема Албанија, а според историјата тој за време на Втората светска војна бил сојузник со италијанските окупаторски сили, се борел за голема Албанија и спроведувал невидено етничко чистење по македонските села во западна Македонија. Денешното толкување на албанските политичари е дека Џемо Хаса се борел против идеологијата на партизаните, а не против нечија етничка припадност. Според пратеникот Сулејман Рушити, поднесувач на иницијативата за градење споменик на Хаса, тој бил борец за човекови права на сите граѓани на регионот, антикомунист и најмаркантна личност од поновата албанска историја, а комунистите ја искривиле историјата и му дале балистичко-фашистичка квалификација.

Во општината Гостивар власта ја има партијата на Руфи Османи, НДП, која во пакетот за преименување на улиците, без македонските советници, одлучи и други улици да ги носат имињата на Мајка Тереза и Александар Велики, но напишани на албански јазик, на Лека и Мад и други имиња на припадници на ОНА. Најавена е претставка од советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, а се очекува и реакцијата на државните органи. Интересно е и тоа што за оваа одлука гласале и двајцата советници од Демократската партија на Турците, коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Советот на општината Гостивар 12 советници се од НДП, 7 од ДУИ, 4 од ВМРО-ДПМНЕ, 3 од СДСМ, 2 од ДПТМ…
Неодамна во изјавата за Телма претседателот на Советот на општината Гостивар, Фадил Зендели, вели дека било крајно време да почне процесот за преименување на улиците:
„Преименувањето не е ново прашање, тоа се одолжува веќе три години. Се согласувам дека е деликатно, но ние мора да дискутираме на таа тема. Со постојните имиња на улиците постои дисхармонија во однос на реалната состојба што произлегува од етничката структура. Затоа одложувањето повеќе не може да се толерира.“
Пред две години тогашната партија на Имер Селмани ја промовираше иницијативата за изградба на споменик на Џемо Хаса во центарот на Гостивар.
Споменик на Џемо Хаса е веќе поставен уште во 2006 година во неговото родно село Симница. Досега за ова поставување немаше никаква реакција од страна на надлежните државни органи.
Македонските историчари велат дека какво било обележување на името Џемо Хаса во Македонија всушност значи воскреснување на фашизмот.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
и така идат тие работи... прво добија „права“ (пошто порано ги немале нели само зашто биле албанци).. после терористи добија амнестија.. па после истите тие добија титули борци за човекови права... после добија министерски и пратенички фотељи... па двојазичност... па улици по нивни „херои“... еве сега добија имиња на нивни „херои“ истотака на неколкумина училишта... утре да не се чудите кога ке се смени името на некој град... да не се чудите кога премиер или претседател ке дојде некој што се вика „Љурзим Зекири“ и тн и тн и тн.... и знаете кај е шлагот? кога на државното знаме ке дојде некој орел и името на државата веќе нема да биде македонија....
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969

Еве еден текст на место... а не од оние на Бурекот, Мирка, Миленко и остала багра, која не убедува дека вината не е наша, бидејќи таква е желбата на Американците!

Турнати гаќи
Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

Ние немаме потреба да се помируваме меѓу себе. Треба да си се помириме со судбината...

1 Ние Македонците, патриоти како што не дал Господ и чеда на Александар, ќе им дадеме на Грците 270 милиони евра за да ни изградат 28 километри автопат кон Гевгелија. Тие нам вето за НАТО, ембарга, блокади кон ЕУ, скршени регистарски таблички, ние ним оп - 270 милиони евра. Што да се прави кога се мора. Така рекле од Европската банка, Грците биле најдобри на тендерот, ние играме по меѓународни правила... Демек, така ни било пишано. Од судбината не се бега.
Дваесет и една година, откако станавме независна држава, глава не ни дадоа да дигнеме, брутално се изживуваат врз нас, ни го начукуваат до балчак секаде и секогаш каде што има прилика, прават сe за да не снема, а ние моравме баш ним да им дадеме 270 милиони евра. Додуша имаме добро оправдание. ЕУ од нас тоа го бара. А може и НАТО. Затоа што они се внатре, а ние не сме.
Па имаат ли Грците поголеми пријатели од нас? Во оваа криза што ги снајде, толку верна љубов никој не им покажал. Па ние повеќе им помагаме отколку што тие самите се спремни да си помогнат. Малку е што стотици милиони евра им оставивме на одмор и на шопинг. Сега ќе им платиме да ни направат троа пат за да можеме побрзо да стигнеме на плажа. За што побргу да им ги однесеме и парите од дома. Не само тие што ни ги собрала државата од даноци.
А тие, какви се, утре ќе ни речат: "Да не бевме ние, ни пат немаше да имате". Ние ќе мислиме дека тоа е вистина и ќе им бидеме вечно благодарни.
2 Се извинувам за дезинформацијата од минатата сабота. Кога пишував каков тек ќе има приказната ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ, го споменав средното училиште "Нико Нестор" во Струга во кое секој почеток на школска година и пред секои избори има меѓуетнички тепачки и после и Албанците и Македонците бараат да се учи во посебни смени.
Е не било "Нико Нестор". Туку "Рајко Жинзифов", "Цветан Димов", "Јане Сандански" и "Никола Вапцаров". И не била Струга. Туку скопски Чаир каде што ДУИ ги смени таблите на училиштата во "Исмаил Ќемали", "Хасан Приштина", "Јашар Бег" и "Имри Елези". Министерството за образование вели дека таблите на училиштата се сменети незаконски, а Инспекторатот за локална самоуправа се закани дека ќе мора да интервенира и полицијата да ги врати старите табли.
Е тоа ќе правиме. Едните ќе ги ставаат, другите ќе ги вадат таблите. Па потоа првите ќе ги вратат старите табли, а другите ќе ги вадат. И така додека не се истепаме. Па ќе се смириме и по неколку години ќе викаме "Камо да беше само до таблите". И таблите ќе ни станат добри. Како сега што ни се добри и двојазичните патокази и слушалките во Собранието за кои се распукавме во 2001 година.
Во меѓувреме, патриотите и чуварите на достоинството и образот и кај Македонците и кај Албанците ќе имаат уште една причина за избори. А ние одново и одново ќе се помируваме.
Ние немаме потреба да се помируваме меѓу себе. Треба да си се помириме со судбината.
3 Откако на вчерашната насловна на ВЕСТ побаравме од српскиот рокер Бора Чорба пред да пее за државни пари во Скопје да се извини што вика дека Македонците се Срби со говорна маана и дека Македонија е Вардарска Бановина, на Фејсбук имаше многу реакции. Меѓу нив и едно филозофско рационализирање: Подобро четник отколку учка.
Ужас! Подобро за кого!? За Македончето, чиј прв избор е да се помири со судбината. Змија или магаре. Не може - ни змија, ни магаре. Туку мора секогаш изборот да ти биде змија да те апне, или магаре да ти го бапне. И од многу филозофирање на крај и змија ќе те апне и магаре ќе ти го бапне. И ќе го апнеш ако мора. Оти така било пишано.
4 Прво на Тодор Александров, кој бил нарачател на убиството на Ѓорче Петров му дигнаа споменик во скопската населба Кисела Вода и му дадоа еден мост. Потоа со денови на МТВ ни држеа историски час за неговиот лик и дело. Веројатно да му најдеме оправдание зошто го отепал Ѓорче. И вчера на денот кога и него го отепале одржаа не една, не две, туку три панихиди.
На едната панихида имало луѓе од ВМРО-НП на Љубчо. Па црквата не пратила поп. Оти Љубчо бил против Македонија. За разлика од Тодор Александров. Кој бил против Македонците.
5 Цел живот мислев дека поговорката Наведната глава сабја не ја сече е турска што ние сме ја прифатиле оти ни легнала на табиетот. Ама ќе да е дека Турците нас не цитирале.
Грците сакаат да не нема, ние им плаќаме. Српски квази ѕвезди викаат дека не нема. И на нив им плаќаме. Струјата и парното поскапеа, сите кукаат, а никој не излегува на протест. Живееме во ѓубре, а се навредуваме ако тоа го видиме на филм. Тоалетите во школите (со и без табли) ни се извор на зараза, а се лутиме кога странските амбасади ни ги реновираат. Не ни пречи што со непланска градба се уништува Охридското Езеро ама ни пречи ако за гомната во езерото се пишува во весниците...
Што кажува тоа за нас како заедница? Дека, на овој или оној начин сме корумпирани. И дека од пуста мрза не се ни обидуваме да си ги кренеме гаќите. Ако веќе сме избрале да седиме натртени.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=7C10D8DC0A4B5E4384155D5B6C24486B
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.572
„Разбуди се!“ - Ја поздравуваме одлуката за менување на имињата на училиштата во Чаир
Скопје, 2. септември 2012 (ИНПРЕС)

Граѓанското Движење „Разбуди се!“ ја поздравува одлуката на четирите основни училишта од општина Чаир во Скопје, за промена на нивните имиња наследени од минатиот систем.
Во соопштението испратено до медиумите, од „Разбуди се!“ велат дека овој акт исполнил една дамнешна желба на родителите на учениците кои се школуваат и едуцираат во овие училишта.

- Сметаме дека волјата на родителите, учениците и вработените во образованието е неприкосновена и треба да се почитува од сите без исклучоци, а посебно од тие кои управуваат со институциите и кои треба да бидат во служба на граѓаните. Ниту едно дискретно министерско право не може да ја одмине вољата на абсолутното албанско мнозинство кое што на најтранспарентен и најдемократски начин, преку советите на родители на спомнатите училишта притоа потполно придржувајки се на законските одредби, одлучија да се сменат називите на училиштата што беше поддржано од страна на општина Чаир и се реализираше пред почнувањето на оваа школска година, велат од „Разбуди се!“ од каде додаваат дека ги поддржуваат и инициативите на другите општини за измена на називите на училиштата, улиците, итн., наследени од претходниот одамна напуштен систем, според волјата и желбата на локалното население.
Според нив, за овие акти треба да се одлучува на локално ниво, а никако на централно ниво. Одобрувањето од страна на министерот треба да е формален акт а никако суштествен, во форма на дозвола или да се користи за цели на дневната политика, додаваат од „Разбуди се!“
Од „Разбуди се!“ ги потсетуваат личностите кои во моментот раководат со министерските ресори дека тие не се партиски министри или претставници на своите етнички заедници, дека тие се министри на сите граѓани и дека како такви положиле заклетва пред Собранието дека ке ги почитуваат законите и Уставот. Ова обврзувачки значи и потполно почитување на Охридскиот договор и неговиот дух без никакви политички калкулации. Иднината на земјата лежи врз хармоничните меѓуетнички односи на двете најголеми заедници со взаемно почитување. (Крај)

Секогаш кога купувате алкохолни пијалоци од увозникот Гемак, давате пари за "Разбуди се". Гемак е нивни спонзор, а Артан Груби, беше избран од нив за човек на годината. (Џони Вокер и сл. само од фришоп...иначе си го купуваш куршумот сам)
 
B

Black Guard

Гостин
Казаки напиша:
Јас ви кажувам дека сами ќе бараме да се федерализираме или да се отцепуваме!​
Зависи дали ќе се интегрираме првенствено во НАТО-тоа е решение на долг Рок ама сега Грција поодамна е на рововска позиција нашиве немаа волја за изнајдување формула на пример Северна Македонија не е проблемн а понудија без да го стават на маса идентитетот па откако се рашири антиквизацијата се осетија загрозени т.е ткивото да не им се распадне, националното јадро па го чачнаа и идентитетот-сепак не е Касно

Зборот ми е што сме полнети со предрасуди и стереотипи, наместо последните години да се решаваат многу проблеми, ние креираме додатни......
Брат тие предрасуди и проблеми ги НЕМАШЕ цели 50 години се до интервенцијата во Косово и ОНА(УЧК) во Македонија -благодарение на нашите, јас сум живеел со Албанци и живеам и знам дека тие стереотипи се булшет.

Е кога сме кај додатни проблеми-тука се партиите, имено рамковниот не бараше знаме-ама ајде попуштивме и тоа знаме на друга држава што е ГРЕШКА вашето знаме како етничка заедница можеше да биде поинакво.

Еве конкретниот истиот случај гледаме различно јас како албанец и ти како македонец,
а истовремено немаме институција која може да пресече, затоа што јас лично не верувам во институциите воопшто......а ти и веруваш затоа што го истакнува тоа што сакаш да веруваш, во конкретниот случај дека двајца припадници на ОНА (татко и син) го на паѓаа пунктот и со бомба сакале да уништат, а јас како албанец верувам во тоа што го кажува народот затоа што за мене е полесно да верувам дека институциите се криви, дека убиле татко и син на сред бел ден.....дека бомбата не била бомба итн.....
Еве чист пример-тогаш си од ретките Албанци кои немаат доверба во АРМ а дури 85% имаат ДОВЕРБА така велат анкетите значи и Албанците и Македонците АРМ ужива најголема доверба.

А ако сме веќе за убивање-погледни ја снимката се гледа како едниот вади и пиштол, и би сакал да го провериш бројот на жртви цивили во Чеченија, Косово и Македонија-самата бројка ќе ти каже дали АРМ убиваше цивили или не- а виде дека можеа и имаа средства.(најсериозно погуглај и ќе видиш-ќе најдеш ДОКАЗ.)

Исто како малтретираните работници како и многу други случаи, не дека не може да се решаваат, туку намерно се оставаат така како неизлечена рана за да биде употребена кога е потребно........
Тие нема да се решат-има амнестија и Крај пример за уште едно ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ на рамковниот но и ДПМНЕ се виновни-тоа го сторија за фотеља.

После премногу се политизирани и рамковните вработувања, овие 10 год, за секое вработување се појавува по 100 пати на секоја телевизија, цело време се бомбардира народот со информации демек еве колку албанци се вработуваат, јас лично никогаш во вести не сум слушал дека во адмнинистрацијата се вработувани македонци.......
Дали навистина се нема вработено македонци во последните 10 год?????????
Повторно ќе напоменам поентата е вработувањата да одат по ЕКОНОМСКИ ОСНОВ т.е македонец оди во пензија и доаѓа Албанец-а вака за едно работно место идат тројца што значи еден работи а другиве се паразити или од 120 000 администрација 80 000 се паразити кои година по година треба да се редуцираат( е ова е болно) и затоа немаме пари за развој.

Еден од столбовите на Рамковниот договор е и децентрализацијата, ако една општина не може име на едно училиште да менува тогаш за што к... ми треба тој градоначалник немакедонец....
не дека мене лично би ми сметало македонско име...........
А за децентрализацијата на економски план да не зборуваме воопшто............
Ама поентата е нема потреба од промена а и има децентрализација но за одредени Х случаи Централната власт е надлежна а не е кој кур ти е Албанец градоначалник-како прво и основно тој е градоначалник на Македонска општина го Бирале Македонски граѓани и треба да се грижи за општината да има економски Бум(како струмица) а не да добива поени и да прави тензии-ме разбираш и има албански Херои од ВВ2 нека одберат нивно име зошто на терорист??

Кога 200 училишта поднеле барања зошто да не и овие-очигледно станува збор за непочитување на Државата и тоа ДИРЕКТНО што е лош знак-демек правиме што сакаме-но не мислат каде може тоа да доведе!!?!?!

Што се однесува за Економската децентрализација е смешно да говориме за неа-па општините посебно во провинција НЕМААТ ЕКОНОМИЈА гигантите не работат-којк ќе го полни буџетот па да исплаќаат???

Само Скопје може а другите градови НЕ-ние не бевме спремни за децентрализација едноставно некои реформи бараат да имаш првен Јака економија па после да одиш чекор по чекор..а ние еден напред два НАЗАД.

Главната и најсуштествена поделба што ја прави власта на народот е што ги дели на македонци и албанци, последните години игра со оваа алатка, но премногу е ризично, ги има своите амортизатори телевизии, кои кога е потребно ја креваат тензијата, а и понекогаш кога е потребно ја смируваат, како да добиле друг уредник.........оваа контролирана криза е премногу опасна.............а оваа власт ја употребува како дете со играчка ........
Ако нема национално помиривање меѓу макеоднците и албанците никогаш ова земја нема да иде напред......имаш право кога велиш дека сами треба да си го средиме дворот.......
Апсолутно и сум оптимист-само останува на нашата генерација да го стори тоа-ако молчиме и се мразиме нема да добиеме НИШТО-само душманите ќе ни се ситат(а ги имаме), сигурен сум дека ако поведеме СЕГРАЃАНСКА иницијатива за разбирање, меѓусебно помагање и враќање на добриот соживот кој беше традиција(колку пати сум одел на слатко кај албанци-комшии имам неколку али за празник-и добро е благото:))..Значи накратко ако го сакаме ова сите тие кои се ЗА нека скинат членски книшки од партии бидејќи сме луѓе и во мене и во тебе крвта е црвена-Исти сме заслужуваме пристоен живот а никој нема да ни даде ако ЗАЕДНО не побараме-во франција на први мај 30 000 трактори го блокираа париз а кај нас од алкохол и дрога си блокираа мозок, сообраќајќи и.т.н

НО пак е народт крив, барем дел кој ја подржува оваа политика на нацинализам, ако ние како албанци не се чистмие од тие што го подржуваат овој начин на владеење и ако вие како макеоднци не се чистите од тие што ја подржуваат овој тип на власт нема да можиме да се помириме, ако не се помириме нема просперитет...........
поздрав
Ама рамковниот е помирувањето но ти велам се мисинтерпретира (зло)употреби за дневнополитички цели а и за гласачка машинерија, што се однесува до мене ПОМИРЕНИ СМЕ(остави ги 15-17 годишните-ќе сватат еден ден што мислеле...ејј едно детуле скоро наполни 18 ми нудеше пари да му правам молотови и да палел албанци на училиште-али не го пријавив во полиција ќе го следат а не е кадарен за такво нешто да стори-нејсе не сум будала да бидам соучесник во нешто што може да направи нова спирала на насилство е а такви кои сакаат да палат има на двете страни и тоа се забеганите Националисти лигуши кои го Изрезилија името ВМРО(илинденско во ВВ2 па и од 90-сеттите) а и сецесионистите од албанска страна кои уште сонуваат голема Албанија и бодат по автобуси без да разберат дека нема да имаат ниту струја а ќе добијат Х проблеми посебно ако Косово појде со Албанија.

Значи ние сме помирени, но не сме ОБЕДИНЕТИ а за основни прашања треба да сме обединети-ете тоа е Македонска нација сочинета од луѓе кои имаат УМ но користат разум без разлика дали се Македонци,Албанци или која било ет. заедница или народност-истапување како Нација е практично ОБЕДИНУВАЊЕ и појачување-налик Швајцарија има германци,Италијанци, Французи-па ете живеат ама мојата теза е точна-си има соживот бидејќи има Економска СЛОБОДА-не му трпат децата, не се секира-па кој курац да се замара италијанецот против Француз-живеј и остави да живеат-така треба и ние, и треба да побараме укинување на овие национални партии оти играат само на карта на права и национализам што предизвикува непотребна Омраза, значи нека има две три, четири партии на идеолошка база а во нив ќе членуваат и Албанци, Срби, Македонци-прв чекор треба да биде политичко обединување а потоа следува Економско.

Прочитав ги Спомна германија и франција за пример-па и Македонија е Пример еве со Албанија имаме добри односи, дури и кога беше во криза праќавме брашно а Грците се иживљаваа праќајќи Ќебиња...абе ХРАНА требаше тогаш,понатаму им нудиме помош за гасење пожари, фаќаме странски Криминалци-Р.Македонија нема покажано непријателство кон ниедна држава или демонстрација на Сила(како грција со воените вежби а србите одма до Косово кај бујановац имаат Цела Бригада-тоа е притисок)-сешто треба е иницијатива-досегашните невладини организации само переа пари и оставија негативен имиџ а не знам зошто СИТЕ СТУДЕНТИ не се обединат и од Охрид,Битола тетово,Скопје, треба лидер со јасна визија кој ќе им каже на политичариве дека ако си играат со ризикуваат ОНИ ДА ИЗГОРАТ-а тоа не треба да биде кажано само од Албанци или Македонци туку од име на ЦЕЛА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА.

Колку побрзо се обединиме-толку подобро за нас и нашите поколенија.

Биди поздравен.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Еве те прашувам, каков профил имале пред 15 год тие 90% од албанците??????
--- надополнето: 1 септември 2012 во 19:22 ---

Ги спомнав германците и французите во контекст на добри меѓусоседн и односи, и покрај сите конфликти и човечки жртви што ги имале.....
Ти не бараш права со калашников затоа што не си бил никогаш во таа позиција.....
Дали нешто овие влади по последните години попуштиле кога протестирале дури македонци???????
Ако она била од надвор, тогаш пак сме криви што им дадовме моќ со тоа што имаше огромно незадоволство низ албанците и така добија нивна подршка..
Тие што биле градски луѓе не биле дискриминирани Н-И-К-О-Г-А-Ш оние Бени нонстоп и сестраму се еден пример ... луѓе еманципирани никогаш не биле дискриминирани ама луѓето којшто цел живот во изолирани во село живееле и сеа доаѓаат во град и се однесуваат како шерифи воедно непристојни , незнаат македонски немаат однесување НЕМОЖАТ да се вработат на пристојно место биле Македонци или Албанци , а сега имаме обратен случај прости , незнаат македонски , незнаат ни англиски дури нити да ракуваат со компјутер нити имаат однесување се вработени во администрација (пример) само заради тоа шт осе Албанци е тоа е дискриминација
--- надополнето: 2 септември 2012 во 17:06 ---
Кутрите обесправени мали хрчки

Гостивар доби булевар на балистот Џемо Хаса

02

СЕП 2012
13:08

Булеварот ЈНА во Гостивар се преименува во булевар Џемо Хаса. Оваа одлука на гостиварските советници, која е донесена без советници-Македонци, значи без почитување на принципот Бадентерово мнозинство, во петокот е објавена во Службениот весник на општината. Се очекува реакцијата на надлежните органи.

Според Албанците, Џемо Хаса е борец за Голема Албанија, а според историјата тој за време на Втората светска војна бил сојузник со италијанските окупаторски сили, се борел за голема Албанија и спроведувал невидено етничко чистење по македонските села во западна Македонија. Денешното толкување на албанските политичари е дека Џемо Хаса се борел против идеологијата на партизаните, а не против нечија етничка припадност. Според пратеникот Сулејман Рушити, поднесувач на иницијативата за градење споменик на Хаса, тој бил борец за човекови права на сите граѓани на регионот, антикомунист и најмаркантна личност од поновата албанска историја, а комунистите ја искривиле историјата и му дале балистичко-фашистичка квалификација.
Во општината Гостивар власта ја има партијата на Руфи Османи, НДП, која во пакетот за преименување на улиците, без македонските советници, одлучи и други улици да ги носат имињата на Мајка Тереза и Александар Велики, но напишани на албански јазик, на Лека и Мад и други имиња на припадници на ОНА. Најавена е претставка од советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, а се очекува и реакцијата на државните органи. Интересно е и тоа што за оваа одлука гласале и двајцата советници од Демократската партија на Турците, коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Советот на општината Гостивар 12 советници се од НДП, 7 од ДУИ, 4 од ВМРО-ДПМНЕ, 3 од СДСМ, 2 од ДПТМ…
Неодамна во изјавата за Телма претседателот на Советот на општината Гостивар, Фадил Зендели, вели дека било крајно време да почне процесот за преименување на улиците:
„Преименувањето не е ново прашање, тоа се одолжува веќе три години. Се согласувам дека е деликатно, но ние мора да дискутираме на таа тема. Со постојните имиња на улиците постои дисхармонија во однос на реалната состојба што произлегува од етничката структура. Затоа одложувањето повеќе не може да се толерира.“
Пред две години тогашната партија на Имер Селмани ја промовираше иницијативата за изградба на споменик на Џемо Хаса во центарот на Гостивар.
Споменик на Џемо Хаса е веќе поставен уште во 2006 година во неговото родно село Симница. Досега за ова поставување немаше никаква реакција од страна на надлежните државни органи.
Македонските историчари велат дека какво било обележување на името Џемо Хаса во Македонија всушност значи воскреснување на фашизмот.
Пуно искрено кажи фер ли е да именуваме улици без бадинтер и фер ли е да именуваме улици по ПРОТИВНИЦИ на оваа држава и по ФАШИСТИ !? o_O
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Не се менуваат имињата на училиштата и улиците во Делчево или Прилеп ... туку во Чаир и Гостивар.

Во тие училишта 90% од учениците се албанци и нормално ќе носат имиња на албански личности.

Или , ако сакаат , нека се преименува некое училиште во Делчево по името на Неџат Аголи или Арбен Џафери , па тогаш нека останат старите имиња и во Чаир.

И македонските улици и училишта имаат спорни имиња за албанците , има такви кои во Втората светска војна убиле стотина албанци (цивили).

Улици се именувани по српски личности , а во улицата живеат мнозинство албанци , и сега вие го браните тоа име ? Ако може српско , албанско име може 100 пати повише.

Помирете се со овој факт , преименувањата ќе продолжат , тоа нема што да им пречи на македонците .. улиците со македонско мнозинство ќе продолжат да бидат истите макар биле : Ленинова , Кримска , Вуковарска , Вук Караџиќ , Титовелеска , Србија ...

Но ако албанците се мнозинство во овие улици , овие имиња не можат повеќе да преживеат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom