Имаш и легално такво кладење онлајн, betfair ти е на тој принцип, само што од секоја уплата зимаат минимален процент за нив од секој учесник затоа што е еден вид посредник или просто кажано кафана која ти гарантира дека ако погодиш одреден исход, ке ти биде платено, бидејки парите од двете страни се веќе кај кафаната на сигурно место. Е за таа гаранција за сигурност ти зимаат процент од добивката, а за останатото учесниците во опкладата си ги креираат коефициентите.Не знам сега поконкретно да ти објаснам, ако сакаш расчитај се по нетов за зa betfair и ке видиш која е разликата од класичните онлајн кладилници. Betfair е онлајн штедилница, така нешто, и луѓето кои се кладат преку betfair имаат посебни стратегии за кладење од оние кај класичата онлајн кладилница.
Проблемот кај овие нашиве локални кладилници е тоа што секогаш тие се во + и скоро секогаш, нудат нереална цена за одредена опклада. Ако еден тим кој игра против некој друг, и ако за тој тим букмејкерот одреди веројатност дека 70% ке победи 20% нерешено и 10% дека ке изгуби односно победа на гостинот (и нормално исходот односно збирот секогаш е 100%, бидејки сигурно е дека едно од тие три избори ке се случи) тогаш коефициентите би биле за кец- 1.42, за икс- 5.00 и за двојка- 10.00 ама кога ке ги видите овие коефициенти во билтен за било кој натпревар, пишете ми, одма идам да уплатам. Ама знам дека никогаш нема да се случи ова, затоа што кладилницата секогаш ке даде пример за кец-1.4 за икс- 3.70 за двојка- 6.5, што значи дека тие ни нудат нереална веројатност (поголема од реалната) која е изразена во коефициент кој ја одредува нашата добивка, и секогаш кога ке ги конвертирате овие коефициенти понудени од кладилницата, во проценти, како јас погоре што направив само обратно, од % што добив коефициент, кога ке ги соберете сите три избори 1,х,2 ке добиете процент поголем од 100% што во реалноста не постои, бидејки нели скалата на процентите се движи од 0 до 100 %, ништо не може да биде повеќе од 100%, ама очигледно кладилнициве нас не шибаат у здрав мозок, само што тоа многу од нашиве локални спортски коцкари не го знаат, т.е не можат да го знаат освен ако не знаат како се формираат коефициентите, како јас што знам.
Според мене 100 пати е подобро во 4 очи да се договори опкладата него да одиш во кладилница и да ти понудат нереална цена за еден натпревар. Е сега поризично е да, ама барем знаеш дека полесно можеш да добиеш повисок коефициент, дури и подобар од реалната веројатност.