Друже не си ѓи троши парите и времето.. сакаш да научиш програмирање, најдобриот начин е земај книгата во раце, читај и пишувај кодови.. има колку сакаш форуми каде луѓето се наклонети да ти помогнат со се што не ти е јасно.
Ако знаеш англиски ќе ти испратам пдф книги по ПП, само кажи ми..
Е сега што да избереш?
VisualBasic ... како што кажаа погоре, веќе го губи сјајот, наместо VisualBasic ти препорачувам C# (или Java)
C# и Java се таканаречени High level programming languages. За разлика од C или C++ (и c++ всушност се смета за high level)
Прво за C# - чија синтактса е многу слична на C++ бидејки Microsoft го креираше според неговите стандарди, C# поджува повеќе концепти на програмирање како и главниот концепт - објекто ориентирано програмирање. Во целост ја поджува технологијата на Microsoft .NET. Со C# може да градиш визуелни апликации за Windows, конзоли,веб апликации итн. (и Linux).
Java e исто така High level programming language, кој има слична синтакса на C# Многу луѓе сметат дека предноста на Java над C# е неговата мулти-платформска подршка. Апликациите компајлирани од Java истовремено работат на Windows, Macintosh, Linux. Но исто така многу луѓе сметат дека брзината на апликациите создадени во Java се значително поспори од апликациите создадени во C#. (се си има предности и мани)
Сега за C++ - Овој јазик е еден од најмоќните
се користи во многу области од IT индустријата.
Нумерички пресметки: Physics, graphical games, finance, statistics;
Bit fiddling: drivers, operating systems, networking, embedded devices and systems;
И секаде на друго место каде има потреба од прецизна алокација на меморија.
Во целост кажано - C++ ти е јазик кој ти овозможува вистинска контрола над меморијата и начинот на пресметки како процесорот CPU така и над GPU.. со тоа добиваш супер-брзи апликации кои во некој проекти се "услов" - еве пример, ако имаш задача да направиш програма за некоја научна установа која работи со ѓенетски модификации, и тие сакаат да се направи симулација на некаква секвенца која всушност побарува милјарда калкулации... тогаш најдобар избор ти е C++ за оваа работа (не дека не може да ја направиш програмата со друѓите јазици, но 90% шанси дека C++ ќе биде најдобар)..
Сега за C - C++ e наградба над C, но C е јазик кој сеуште се употребува во широки размери, кога и да ти треба уште повеќе брзина избираш C пример ако треба да програмираш драјвери, кернели или некој друг вид на low level code избираш C. C++ е нирвана за "брзина" - но сепак компајлерот на C++ не е толку добар како на C кога станува збор за оптимизација на асембли.. C е подобар, бидејки C ѓи нема тие додатни библотеки, helperс, немаш потреба од класи итн... Всушност, кога и да има потреба од пишување на малечок екстремен брз код - се користи C.
Горе долу тоа е тоа - сега избери си сам.
Инаку јас почнав со C++ и сега учам C# (сам дома - и по форуми по малку) ..
Избрав C++ бидејки порано незнаев за ова што ти го напишав, а се префрлив на C# бидејки сакам да програмирам Windos GUi-based applications..
Поздрав