Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
тоа е исто со овој систем каде 80% од администрацијата ги лади своите јајца во канцелариите под клими со мои пари купени и трошат струја со мои пари платена а останатите 20% седат дома а земаат плата, и сите тие земаат плата од моето дуќанче каде работам и црнчам деноноќно за трипати помала плата од горенаведениве:tapp::facepalm: да не зборувам за тешкиот криминал за 3 дрвца 350.000 евра или споменик од 10.000.000 евра а истиот коштал во стварност 50.000 евра:facepalm: не да се распадне, еден ден ќе си ебе матер вкрај.за плачење е сега, не тогаш, не знаеш и молчи!
види, јас сум видел и осетил два системи, трет не, ако би бирал меѓу овие два, без размислување би го одбрал првиот, сам велиш, будалите односно поголемиот дел од народот го кажува истото, не си го ставиш прстот на чело и да се запрашаш ЗОШТО е тоа така? или ете, сите биле будали само ти и ретко кој овде паметен, да не се повторуваме, ти кажаа погоре, постоеше средна класа која беше задоволна од се и сешто, денес таа средна класа одвај преживува и се прашува утре кој нов данок и намет ќе ни смислат овие паразити.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
хахах па како да не . СФРЈ беше многу толерантно општество освен во прашања на верска национална и расна нетрпеливост. Па стотици иљади југословени одеа на работа на запад и се фалеа со тој живот и систем па никој не ги затвори. Економската и социјална сигурност во СФРЈ беше реалност. Германија ќе спечалеше појќе пари но не и нарушено здравје, стрес, несигурност. Тоа беше познато и без да ни го пери некој мозокот. Али не смееше да маниш национализам. Што е и разбирливо во мултинационално и мултиетничко и верско општество. На свадба во србија, пијан татко на зетот ги собра трубачите и бараше да му ја свират Ој војводо Синѓелиќу. (мислам дека тој синѓелиќ и е некој војвода од српско турски војни не од 2ра светска али нема врска) трубачите одбија, рекоа - ќе одиме зартвор за тоа, по тро натегање , 3 пати му ја исвирија химната Хеј словени и сите беа задоволни. Значи да кажам (барем во мое врем,е од средина на 70 десети до почеток на 80 десети) дека повеќепартиски систем и демократски бил поарен од овој сега - не мислам дека нешто ќе ми се случеше. Пошто слушав такви изјави понекогаш од нашинци дојдени тука на лето али на никој ништо не им се случи. Али да почнеш за голема македонија, Голема Албанија, Србија, Хрватска, исламска босна - е пази се.
Јас тогаш, во времето на СФРЈ воопшто не чувствував слобода јавно да го критикувам општеството во кое живеев без да имам последици по себе и своето семејство. Татко ми, иако високообразуван, не беше партиски функционер или член, па не беше во состојба да заработи и стекне доволно за да купи стан, кола, да си овозможи средно-стандарден годишен одмор, или пак да ги задоволи потребите и желбите на семејството, па 12-тина години работеше во странство (САД и Германија). Во времето кога ние дома возевме Опел, луѓето со завист не гледаа и среќни беа ако успеале да дојдат до некое Фиќо, Застава или Лада. Да, социјалното прашање беше решено подобро, но дали постоеше можност за „обичните смртници“ да си го решат животното прашање доволно квалитетно?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
тоа е исто со овој систем каде 80% од администрацијата ги лади своите јајца во канцелариите под клими со мои пари купени и трошат струја со мои пари платена а останатите 20% седат дома а земаат плата, и сите тие земаат плата од моето дуќанче каде работам и црнчам деноноќно за трипати помала плата од горенаведениве:tapp::facepalm: да не зборувам за тешкиот криминал за 3 дрвца 350.000 евра или споменик од 10.000.000 евра а истиот коштал во стварност 50.000 евра:facepalm: не да се распадне, еден ден ќе си ебе матер вкрај.за плачење е сега, не тогаш, не знаеш и молчи!
види, јас сум видел и осетил два системи, трет не, ако би бирал меѓу овие два, без размислување би го одбрал првиот, сам велиш, будалите односно поголемиот дел од народот го кажува истото, не си го ставиш прстот на чело и да се запрашаш ЗОШТО е тоа така? или ете, сите биле будали само ти и ретко кој овде паметен, да не се повторуваме, ти кажаа погоре, постоеше средна класа која беше задоволна од се и сешто, денес таа средна класа одвај преживува и се прашува утре кој нов данок и намет ќе ни смислат овие паразити.
Кој систем се сменил?

Според устав сме социјална држава.Уставот и Законите ни се напишани од екс-социјалисти и нивните ученици.Сите политичари ни се екс-социјалисти.

Единствената разлика е што сега го имаме изборот меѓу повеќе социјалистички партии и ништо друго.Да кажеш дека имаш можност да бираш меѓу два система е шега.

Кој е воопшто вториот систем?

Да брат дефинитивно.

Што ако имаш бројки мислиш дека си во право.Па само 20% од колонистите во Америка биле против Кралот и сакале Слобода место Тиранија.Али види ги глупаците требаа да го слушаат мнозинството и да останат со Велика Британија.

Па најлесно е да се заведе масата со глупи демагогии и популистички фрази кои се секогаш подржани или со класна или етничка војна.Секој идиот ќе го избере познатото лошо наспрема неизвесна иднина .

Патем да си кажам од напред јас во ниеден момент не сметам дека сум поинтелигентен од некој друг.Дали пообразуван да ја гледам целосната слика ( само заради фактот дека сум имал кој да ми ја даде правилната литература ),АБСОЛУТНО.


.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Не брат зошто итнернет ќе имаа само високите партиски службеници,а истото ќе важеше и за мобилни.
да бе. Југа беше северна кореја, така тебе те лажат, тв, радио, телефон имаа само високите партијски службеници, народот не:facepalm: абе не трескај глупости и не си замислувај дека Југа беше како што е сега северна кореја, имаше 10 пати поголема демократија и никогаш не тргна накај краен комунизам, беше социјалистички уредена!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Тие ги оставале иселеници дека дома враќале секое лето милијарди и милијарди од кои живеела Југославија.

Да ти си можел да кажуваш колку е добар животот таму али пробај да го смениш системот и ќе се самоубиеш во тил.
МИЛИЈАРДИ.....:pos::pos::pos:
..Кои бе црни милијарди оставале...:pos:.. па ко ќе дојдеа ко последни црви се влечеа од гости на гости, нит смештај, нит јадење нит пиење плаќаа... змија у џебот имаа!
Оди у америка пробај да го смениш системот... :vozbud:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не брат зошто итнернет ќе имаа само високите партиски службеници,а истото ќе важеше и за мобилни.
--- надополнето: 1 септември 2012 во 14:58 ---



Што збориш бе кога Лазар Соколов првиот министер за индустрија во Македонија после одржано предавање за пазарна економија во Белград пред централното раководство на КПЈ е пратен на Голи оток и потоа живее како отпадок до крајот на својот живот.

Сега и кога искочија кодошките досиеја се виде дека надгледувале Палестински студенти за да не ширеле идеи за Слобода и слободна економија меѓу народот.

ПАЛЕСТИНЦИ !!!!

Тие ги оставале иселеници дека дома враќале секое лето милијарди и милијарди од кои живеела Југославија.
Секогаш обиди се да ги сфатиш моменталните општествени и политички услови не само во земјата туку и во регионот и светтот пред да дадеш суд и оценка за потезите на државата. Кога почна војната со јапонија, Америка сите граѓани од јапонска националност ги стави во концентрациони логори. Прави, виновни, сомнителни несомнителни - ги изолираше. Веднаш по војната околу 50.000 французи во ослободена франција (западна демократска и слободна ) беа стрелани многу често само ради сомневање во симпатии кон германски окупациони сили. Во Италија по војната мислам дека 27.000 италијани се ликвидирани врз основ на идеи за поинаква - фашистичка италија, во Југославија која уште се бореше се до 1955 со остатоци на четници балисти и усташи по планинте и која во 1948-1953 беше во реална постојана опасност од напад од светска суперсила СССР и која беше разурната, опустошена со големи проблеми и за храна и производство и на политички и идеолошки план и под притисоци на Англија и Америка како да си го уреди системот се направи Голи оток каде ојдоа и виновни но и невини луѓе. Такво беше времето такво беше решението за тој момент. Има и многу Црногорци, Срби, Хрвати ... кои завршија на голи оток. Не секој беше виновен. Но не постои речиси држава и систем кој во некои историски тешки моменти не направи некои радикални чекори во интерес на државата.
Палесттинците не ширеле само економија меѓу народи туку и омраза кон израел и пропаганда за нивната борба. Во тоа време палестинците вршеа терористички напади, киднапирања поставувања бомби и герилски акции. Мислам дека еден студент - Хрват во 80 десетите привлечен од таква идеја појде и се приклучи на нивната организација и се покажа како немилосрден борец за палестинците, имаше и прекар некако со лав беше... не знам, али како и да е тука идеа, студираа и беа гости на СФРЈ, исто како и либијци, никеријци, замбијци, ирачани.... али да не се занесуваме дека некоја било која земја ќе остави група странци од проблематични региони без надзор и контрола. Мислиш ли дека во демократскиот запад и европа не се предмет на контрола жители студенти и работници од арапски земји??
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
но дали постоеше можност за „обичните смртници“ да си го решат животното прашање доволно квалитетно?
а сега пак што можат да си го решат животното прашање да си го решат, остај што да ти расправам, со 100-150 евра плата, кај да е, до крајот на овој век, можеби и ќе соберат за едно посрано станче од 50-60 квадрати:pos: 90% живеат со татковото и дедовото од времето на тој комунизам што го негирате вие:facepalm:
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
МИЛИЈАРДИ.....:pos::pos::pos:
..Кои бе црни милијарди оставале...:pos:.. па ко ќе дојдеа ко последни црви се влечеа од гости на гости, нит смештај, нит јадење нит пиење плаќаа... змија у џебот имаа!
Оди у америка пробај да го смениш системот... :vozbud:
Па денеска Македонија живее од девизите на Авганистанците,Албанците и иселениците.

Да не се нивните девизи фиксниот курс ќе пропаднеше пред повеќе од декада.

Ене ти од дражавата официјални извештаи има дека нешто повеќе од една милијарда влезено од иселениците и тие што работат во странство.

И тоа е само за Македонија. А Косово,Хрватска,Србија ?

Ти ако си имал скржави роднини иселеници тоа е твој проблем јас имав пријател каде секое лето му доаѓаа и полна кола му носеа од се секоја година.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Јас не знам некој што му влегле во глава приказниве за Југосавија, догмиве за Тито и остали срања да можеш да го убедиш во спротивно. Јасно и гласно објаснуваш дека таков систем е неодржлив на долг рок, они ти одговараат можев да спијам на клупа, бесплатно здравство, 20 дена на одмор итн.

Абе луѓе, дедо ми и баба ми со четврто оделение не може да имаат продуктивност за да заработат од плата два стана и да направат куќа, ако се обични работници, нема систем кој може да го овозможи тоа. Па уште сите оделе по одмори, зимување, од каде пари за тоа бе?

Исти стојко, кога некој за 30 години, ќе си вика, многу беше јако во Македонија за време на груевски, зимавме плата а седевме дома, топ беше. НЕма тука дискусија, дека тие пари се земени од некој па на него му се дадени, не е тоа битно, битно државата ти го овозможила тоа. Филозофија немој не ме јеб...:tapp:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Јас тогаш, во времето на СФРЈ воопшто не чувствував слобода јавно да го критикувам општеството во кое живеев без да имам последици по себе и своето семејство. Татко ми, иако високообразуван, не беше партиски функционер или член, па не беше во состојба да заработи и стекне доволно за да купи стан, кола, да си овозможи средно-стандарден годишен одмор, или пак да ги задоволи потребите и желбите на семејството, па 12-тина години работеше во странство (САД и Германија). Во времето кога ние дома возевме Опел, луѓето со завист не гледаа и среќни беа ако успеале да дојдат до некое Фиќо, Застава или Лада. Да, социјалното прашање беше решено подобро, но дали постоеше можност за „обичните смртници“ да си го решат животното прашање доволно квалитетно?
Обичен смртик денес и тогаш... хмммм да размислам, ете работиш за 20.000 денари, имаш струја, вода телефон комуналии огрев... на кои ќе ти одат 7-8.000 имаш потрошувачка кошничка која не е испод 12.000 денари, имаш и проблеми со заб а и раката те мачи. детето сака да се запише на факултет а те чека и рата од кредит од 3000 денари, детето бара нов мобилен и половна веспа а возиш неригистрирано југо кое трокира. Значи ќе платиш сметки ќе купиш јадења некако ќе избегаваш рати за кредит детето нема да го запишеш и ќе оди со точак и ќе има мобилен со 300 денари кредит месечно, ќе виси во парк оти нема за кафиќ забите ќе доскапаат а ти ќе трпиш болки раката нема да можеш да ја санираш по бањи а годишен одмор ќе користиш да фатиш тезга негде да редиш плочки или шаловаш арматура а југото ќе го заборавиш пред зграда со избледена лепенка “колата се продава“


мислам дека во СФРЈ ќе беше полесно
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
да бе. Југа беше северна кореја, така тебе те лажат, тв, радио, телефон имаа само високите партијски службеници, народот не:facepalm: абе не трескај глупости и не си замислувај дека Југа беше како што е сега северна кореја, имаше 10 пати поголема демократија и никогаш не тргна накај краен комунизам, беше социјалистички уредена!
Да, имаше едвам 2 ТВ канали и исто толку на радио! Сателитска не беше дозволено да се постави. Додека во други земји мобилната телефонија се ширеше со молскавична брзина, овде за нас тоа беше мисловна именка, ако сакаше да одиш на одмор во странство, мораше да се снаоѓаш за девизи кај шиткачи на црно по ненормално висок курс, немаше опција да увезеш автомобил од странство па мораше да уплатиш однапред и да чекаш половина година за да добиеш една посрана Застава која ќе ја платиш исто колку и на пр. Опел од многу поквалитетно производство, но не во СФРЈ.
-Што ти беше толку убаво во СФРЈ?
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
temava e so ? t.e. prasanje a nama anketa staveno pa da gi vidime rezultatite :) iako mislam deka nakaj 80% smetaat deka se ziveelo podobro
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Секогаш обиди се да ги сфатиш моменталните општествени и политички услови не само во земјата туку и во регионот и светтот пред да дадеш суд и оценка за потезите на државата. Кога почна војната со јапонија, Америка сите граѓани од јапонска националност ги стави во концентрациони логори. Прави, виновни, сомнителни несомнителни - ги изолираше. Веднаш по војната околу 50.000 французи во ослободена франција (западна демократска и слободна ) беа стрелани многу често само ради сомневање во симпатии кон германски окупациони сили. Во Италија по војната мислам дека 27.000 италијани се ликвидирани врз основ на идеи за поинаква - фашистичка италија, во Југославија која уште се бореше се до 1955 со остатоци на четници балисти и усташи по планинте и која во 1948-1953 беше во реална постојана опасност од напад од светска суперсила СССР и која беше разурната, опустошена со големи проблеми и за храна и производство и на политички и идеолошки план и под притисоци на Англија и Америка како да си го уреди системот се направи Голи оток каде ојдоа и виновни но и невини луѓе. Такво беше времето такво беше решението за тој момент.

Прво ти нормален ли си бе ? Такво било решението.Тоа е оправдувањето?

Оф боже.Ова е како во концентрационите логори Германците што ги убивале евреите што се правдале со "Така ни беше наредено".


Друго нешто .Рузвелт во Америка освен од тешките либерали и социјалисти од секој друг е сметан за најлошиот претседател кој највеќе го прекршил уставот.Он е на исто равниште негде со Линколн за еден од најлошите претседатели во Американската историја.

Трета работа. Повторно оправдување така правеле во регионот .

И што сите во регионот земат да се самоубиваат ајде и ние да го направи истото.

Па во Украјна ( една од најголемите житници во светот ) за време на Ленин умреле стотици илјади од глад ( има документирани случаи каде родителите си ги јаделе мртвите тела на децата умрени од глад од што немало што да се јаде ) ,за Ленин житото да го префрли на Исток и да дели субвенционирана пченица на жителите на Москва и Санкт Петерсбург за да нема бунотви против новата власт.

Јас мислам тогаш требале така и во Македонија да ни направат дека нели "регионално " се правело така.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Обичен смртик денес и тогаш... хмммм да размислам, ете работиш за 20.000 денари, имаш струја, вода телефон комуналии огрев... на кои ќе ти одат 7-8.000 имаш потрошувачка кошничка која не е испод 12.000 денари, имаш и проблеми со заб а и раката те мачи. детето сака да се запише на факултет а те чека и рата од кредит од 3000 денари, детето бара нов мобилен и половна веспа а возиш неригистрирано југо кое трокира. Значи ќе платиш сметки ќе купиш јадења некако ќе избегаваш рати за кредит детето нема да го запишеш и ќе оди со точак и ќе има мобилен со 300 денари кредит месечно, ќе виси во парк оти нема за кафиќ забите ќе доскапаат а ти ќе трпиш болки раката нема да можеш да ја санираш по бањи а годишен одмор ќе користиш да фатиш тезга негде да редиш плочки или шаловаш арматура а југото ќе го заборавиш пред зграда со избледена лепенка “колата се продава“


мислам дека во СФРЈ ќе беше полесно
Не работам за 20.000 денари месечно, не работам воопшто а имам приходи многу поголеми од тоа што го спомна! Сите сметки ми се на време платени, децата ги школувам на приватни универзитети, секој член од моето семејство има солиден автомобил (јас и постариот син имаме + х1 мотор), немам рати од кредити за отплаќање ниту пак долгови на кредитни картички. Децата не ми дремат по паркови или зад зграда со „зидарско пиво“ во рака, реума фала богу немам, забите ми се здрави...И најважното, она кое ме прави исклучително горд:
-Не сум партиски определен, уште помалку пак член на некоја партија!
Друго нешто треба да ти кажам за да сфатиш зошто сметам дека СФРЈ не беше за мене подобра?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Прво ти нормален ли си бе ? Такво било решението.Тоа е оправдувањето?

Оф боже.Ова е како во концентрационите логори Германците што ги убивале евреите што се правдале со "Така ни беше наредено".


Друго нешто .Рузвелт во Америка освен од тешките либерали и социјалисти од секој друг е сметан за најлошиот претседател кој највеќе го прекршил уставот.Он е на исто равниште негде со Линколн за еден од најлошите претседатели во Американската историја.

Трета работа. Повторно оправдување така правеле во регионот .

И што сите во регионот земат да се самоубиваат ајде и ние да го направи истото.

Па во Украјна ( една од најголемите житници во светот ) за време на Ленин умреле стотици илјади од глад ( има документирани случаи каде родителите си ги јаделе мртвите тела на децата умрени од глад од што немало што да се јаде ) ,за Ленин житото да го префрли на Исток и да дели субвенционирана пченица на жителите на Москва и Санкт Петерсбург за да нема бунотви против новата власт.

Јас мислам тогаш требале така и во Македонија да ни направат дека нели "регионално " се правело така.
Шом се чудиш на тие историски факти - значи дека ниту те интересира историјата ни историските настани. Македонските најголеми историски личности се оние кои убивале освојувале и покорувале други народи наредувале колежи и разурнувања. Ох боже па камо им помисла дека секој има право на свое мислење и дека наметнувањето на своето со сила и оружје е погрешно!? Атентат е херојско дело ако е насочено кон наш неприател но е подол и злосторнички чин ако некој “нивен“ убие некој наш. Освојувањата се ОК ако се наши освојувања али ако некој нас не пороби и донесе нивна култура овде - тоа е злосторство.

Деца...
--- надополнето: 1 септември 2012 во 15:48 ---
Не работам за 20.000 денари месечно, не работам воопшто а имам приходи многу поголеми од тоа што го спомна! Сите сметки ми се на време платени, децата ги школувам на приватни универзитети, секој член од моето семејство има солиден автомобил (јас и постариот син имаме + х1 мотор), немам рати од кредити за отплаќање ниту пак долгови на кредитни картички. Децата не ми дремат по паркови или зад зграда со „зидарско пиво“ во рака, реума фала богу немам, забите ми се здрави...И најважното, она кое ме прави исклучително горд:
-Не сум партиски определен, уште помалку пак член на некоја партија!
Друго нешто треба да ти кажам за да сфатиш зошто сметам дека СФРЈ не беше за мене подобра?
Знам, зато што тебе и на твоето семејство му е физички сега подобро.
Затоа и мене ми беше подоро во СФРЈ.

“Друго нешто треба да ти кажам за да сфатиш зошто сметам дека СФРЈ беше за мене подобра?“

фактот дека си добро ситуиран не значи дека надвор по контејнерри не бараат луѓето храна, дека фабриките се затворени дека има огромна невработеност мито корупција дека здравството и школството е до гуша во борчеви и неефикасно. ти не си општеството нирту си дел на мнозинството овде ти си во малцинство кои успееа некако да заживеат убаво, јас бев во мнозинството на оние кои во СФРЈ живееа добро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom