Абе како за инат знаев дека обидите за дискредитација ќе бидат насочени на возраст, пишав дека така постарите напаѓаат и сега место спротивното да ми се докажеш ти истите грешки ги правиш од а до ш што ти ги кажав јас. Многу верглање во еден пост за ништо. Јас Лет 3 не можам да им докажам на тие луѓе каков бил системот тогаш од проста причина што тие луѓе со секое достојно поштовање се прости и неуки. Ама тоа не е поголемиот дел од проблемот. Поголемиот дел од проблемот е што се инатливи, горди, суетни, слепци и слепи приврзаници, па ти и да им кажуваш дека ако имаш една јаболка и ако некој ти даде уште една јаболка тоа се две јаболки пак џабе ти е. Не можеш бе пријатељу да ме обвинуваш за површинско гледање кога ти ја гледаш фасадата. Како што сега ги шминкаат многу згради во Скопје да се лични а внатре гипс картони и штедење материјали за поефтино па и човек со основен поим за архитектура и градежништво сфаќа дека обичен земјотрес со средна јачина пуздер ќе направи. Е и ти така. Мене ме интересира дали народот живеел и како живеел. Меѓутоа исто така мене ме интересира на кој принцип функционирало тоа, нешто за што тебе ич ташак не те боли и тоа дури и си го кажуваш. Пак ќе кажам ти си спиел по паркинзи, воопшто не си се замарал со разглобување на системот. Таа дрога ти правела тебе да ти биде многу убаво до стадиум на слепа приврзаност да ти во суштина не можеш или не сакаш да согледаш што всушност му се дешава на твојот организам. Нема што да те убедувам тебе Лет 3. На моето филозофирање ти немаш одговор, ти не гледаш или не сакаш да видиш ништо, ти не сфаќаш или не сакаш да сфатиш ништо. Ти си како таа една моја другарка која кога ја прашав-Добро зошто одиш уште со тој идиотот неспособен, арогантен, посесивен, ни камен да не фрлиш на него? Таа ми одговори-Ама јас го сакам. И што мислиш можам ли јас на неа да и докажам било што? Ти си со главата во Дизниленд, за жал со уште многу од твојата генерација кои дел се дури и добро образовани луѓе, и ќе речеш критички треба да резонираат, постари со искуство. Не бе брате ментален склоп во кутија од 10 см3, ни да мрдне ни лево ни десно, е толку била успешна таа пропаганда. Затоа ти и твоите соученици па се до мене и моиште соученици треба да одиме во пензија. Не можам да кажам дека сум оптимист дека новите генрации ќе сменат нешто од нешто. Ама верувам дека од вашите генерации аир нема ама скоро ич. И не се согласувам дека на темата треба просто да и се пристапи и да треба да одговориме со да или не, оти тоа ме потсеќа на една реплика од Шешељ на судењето во Хаг чиј што одговор може да се примени и тука на темава
Sudija: - "Gospodine Šešelj, molim Vas odgovarajte na pitanja samo sa DA ili NE."
Šešelj: - "Ne mogu se adekvatno braniti sa DA ili NE.
Mogu li ja Vas da pitam nešto a Vi da mi odgovorite sa DA ili NE?"
Sudija: - "Možete."
Šešelj: - "Znaju li Vaši roditelji da ste Vi homoseksualac?....."DA ili NE ?
многу дрндања без ни еден факт. Јас ти кажувам дека реално се живеело поарно во СФРЈ ти пак нешто “фасади, дроги, не било то реално...“ па појди види увери се прашај наоколу колку работници кои работеле по фабрики купиле станови и куќи и направиле викендици и прашај денес работниците до каде се со купување на станови? прашај наоколу нек ти покажат слики од годиѓшнио одмори и кој колку пати бил на море (зборам за работничка класа) прашај колку пати им била исклучувана струја и чукал извршител на врата во време на СФРЈ, прашај колку плаќале за прегледи лекарства за запишување на факултети ....
Истата логика уште пострашна важи и денес, погледни ги новопечените милионери македонски , дали е сето тоа спечалено онака природно или е само пломба зад која се крие расипан заб?
Човекот од свои 20 и некои години почнува да живее и заснова семејство па до некои 60 години кога веќе не може да твори има 40 години живот, Мислиш на 60 ќе рече “Животот ми помина во немаштија, оскудица, здравствени проблеми за кои немав пари да ги решам,немам ни доволно стаж за нормална пензија децата ми се неозбедени стамбено, немаат работа секогаш под притиосок од политика војна економија заглавен сум со борчови и неплатени сметки... али сум среќен оти тој живот е последица на природно нормално општество а не ко порано што успеваа во тие 40 години и да стигнат до пензија да направат куќа, купат стан вработат деца врз основа на нереалност !!?? хаххаха мнооогу си наивен. Мене ме интересира да сум обезбеден јас и моето семејство а дали тоа некој филозоф го нарекува “лажно, нереално...“ ич не ме интересира.
Јас не филозофирам. Ти филозофираш. Јас ти давам реални состојби од СФРЈ и денес. И тврдам дека по мое искуство што работев и во двете општества и сум подложел на социјални, школски здравствени, безбедносни... системи во двете времиња дека каде каде поарно се живеело во СФРЈ од колку денес.
Кога дома ќе однесеш плата со која можеш да платиш сметки, храна, кредит за станот џепарец за децата, нешто да одвоиш за годишен одмор ќе седнеш да се замислуваш за принципот како тоа функционира?? исто како што се замислува американец кој точи 25 денари литар бензин и се мисли “по кој ли принцип јас возам вака ефтино“
Тој принцип е општеството и државата.
Штом државата мене ми овозможува да сум вработен, имам покрив над глава, одам на одмор, не се плашам дали ќе имам пари за лекар или лекови, не се мислам од кај да најдам пари за школување на деца, можам секоја година да одам негде на одмор, 2-3 пати годината ќе ми даде пакет сувомеснати, зимници, полутки, кашкавал, ќе ги држи улиците и градовите безбедни од криминал, ќе ми даде и тринаесета плата.... јас ќе бидам среќен и уживам. Тоа треба да е целта на секоја држава, на граѓаните да им овозможи максимум сигурност и благодет.
Немам ништо против и овој сиостем сега да ми овозможи бесплатно лекување, школување, вработување, ефтини и приступачни станови или градење, одење на одмор, плата доволна комотно да го поминам месецот. Ич нема да давам отпор на такво нешто. Али не можат... или неќат... или не знаат.