Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вие зборите за разлика на сиситем и негово функционирање. А темата е дали се живеело подобро или не. Факт е дека народот живеел подобро, со некои 90%. Ако во тој систем каде за секого имало работа после 18 години, на некого таткото или мајката останале невработени или биле мрзи светски или незнам што да речам.
Економски неиздржлив систем кој се покажа на дело. Но дека народот живеел подобро и подостоинствено секако дека живеел. Ние денес преживуваме има разлика.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Без да станувам досаден и да те прашувам некои прашања од типот на дали знаеш на кој принцип се тоа функционирало, или на пример зошто имбецил да е директор само затоа што бил со партија и клановско владеење, или како може после толку јачање дека куќата е градена со тони бетон, арматура, хидро и термоизолации со максимално добра статика со толку прекрасни мудри стабилни и зрели луѓе да пропадне за период од 3-5 години и цело тоа курчење да изгледа патетично смешно. Ќе ги рипнам сите тие основни и незгодни прашања оти како што реков џабе е не можеш да ме сфатиш оти ја гледаш јабуката од надвор како сјаје убаво, црвите внатре не можеш или не сакаш да ги видиш. Површинско гледање на работите, не можам да те обвинам за тоа, ти си спиел по паркинизи и ништо не ти било, а кафетинот ти бил на рецепт, како сакаш да настапам јас на таков инфантилен муабет и да ти објаснувам работи кои нити те интересирале нити си бил запознаен со нив, нишај врата зимај плата, југцето во гаража, 2 недели на Петровац на мору, кој ќе се замара сега како во Белград работи механизмот. Ве подебавале со најстариот начин на играње уште од римско време-леб и игри. Ете кај се јавува тој испран мозок кој гордо и арогантно тврдите дека го немате. Среќа сега може да се стигне до повеќе податоци и убаво да се разгледаат работите па дечкото од ако не се лажам 21 година има повеќе увид од многу стари сфрј-овци кои се изнапишаа тука, ама знаеш вистината боли. Боли кога ќе ти кажат дека си живеел во илузии, дека се тоа било една тешка превара дека те играле како магарето со морковот. Тешко на гордите обожаватели на Смитс и К(ј)ур, толку обземени со себе да им објасниш дека биле ебани на суво, нивната тешка суета никогаш нема да сфати а камо ли да прифати тоа. А за прогони не ми отворај уста, да не ти почнувам од дома 3 случаеви имам само. Затоа само ќе те отпоздравам со две песнулиња, би требало да ги знаеш овие. Знаеш што сакаат да кажат?

нема потреба за понатамошна дискусија со тебе и докажување кога се живеело подобро, твојата реченица кажува се...во случајов незнам кој е исфрустрираниот........
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Без да станувам досаден и да те прашувам некои прашања од типот на дали знаеш на кој принцип се тоа функционирало, или на пример зошто имбецил да е директор само затоа што бил со партија и клановско владеење, или како може после толку јачање дека куќата е градена со тони бетон, арматура, хидро и термоизолации со максимално добра статика со толку прекрасни мудри стабилни и зрели луѓе да пропадне за период од 3-5 години и цело тоа курчење да изгледа патетично смешно. Ќе ги рипнам сите тие основни и незгодни прашања оти како што реков џабе е не можеш да ме сфатиш оти ја гледаш јабуката од надвор како сјаје убаво, црвите внатре не можеш или не сакаш да ги видиш. Површинско гледање на работите, не можам да те обвинам за тоа, ти си спиел по паркинизи и ништо не ти било, а кафетинот ти бил на рецепт, како сакаш да настапам јас на таков инфантилен муабет и да ти објаснувам работи кои нити те интересирале нити си бил запознаен со нив, нишај врата зимај плата, југцето во гаража, 2 недели на Петровац на мору, кој ќе се замара сега како во Белград работи механизмот.
Млад си и се уште не го знаеш живото онака во оригинал. Појди денес на некој стечаец или технолошки од фабрика која му хранела фамилија и му направила куќа за 20 години работа во СФРЈ и објасни му дека тоа бил неприроден и вештачки систем а сега живее од социјала од 3000 денари и на стари години бара негде било каква работа да може дома да има струја и каква таква храна и дека е тоа оној вистински природен начин да функционира едно општество. Кажи му на родител на дете за чије здравје и спас ставил жиро сметки и моли за пари за лек или операција а во СФРЈ него го оперирле бесплатно па дури и во Белград или Загреб го праќале на државен трошок, дека сега системот функционира како што треба а не ко тогаш со нишање врата и земање плата.....
Ти гледаш површински, јас гледам подлабоко. Тебе не те интересира дали народот во СФРЈ бил згрижен социјално, стамбено здравствено, образовно, дали имал безбедност на улици дали имал вработувања, годишни одмори, синдикални помоши...... Што е една држава без народ? Оди в планина огради си неколку хектари земја прогласи држава и живеј најубо што можеш - али нек ти дадат уште 100 души да се грижиш за нивната благодет и да обезбедиш добри услови за живот па тогаш филозофирај. Кога во 80 десетите преминав во цивилен сектор се вработив во ЕМО - Охрид. ЕМО имаше отворен конкурс за вработување. Одиш бараш работа - добиваш работа. Таа година емо го направи рекордот во равботење со промет од околу 100 милиони долари. Во рамките на СФРЈ ЕМО беше успешна фирма. 1993 немавме веќе плата. Ни делеа бонови за некои прескапи продавници, немаше абер повеќе од работа за германија, ирак, либија, кувајт, индија... одеднаш систем кој хранеше 4000 семејства испадна дека не чинел!! еее германија земаше производи од ЕМО и тоа без ознака со празно место да се стави производител, кузнај што марки ставаа таму. и дојде време на “здрав природен капитализам“ и одеднаш останавме без плати фабрики цели гранки на индустрии замреа. Никој не ми бараше членска книшка за вработување, во цела СФРЈ од 20+ милони население, сојузот на комунистите имаше околу 2 милиони членови. Имаше и директори и шефови кои не биле членови на партија. Тој систем функционираше, реални пари се вртеа со генерации, реално се купуваше и градеше се трошеше и плаќаше. Имаше увоз имаше извоз, но парите беа изгледа паметно распределувани. Не завршуваа по пат во џепови на секоје чиновниче со книшка в џеп. Не мораше да плаќаш на секој чекор да завршишработа. Имаше некој морал, срам беше да крадеш, директор или шеф кој ја крадел фирмата беше јавно бележан и презиран и завршуваше во затвор. Не се ни осеќаа големи социјални разлики. Кога умре Тито ништо од сите тие вили, коли летниковци, никакви пари и богатства... не останаа за неговото семејство. Се беше и остана државно, го користеа после други претседатели и функционери. Децата негови кој завршил школо кој не кој се вработил кој не. На Тито не можеш да му најдеш дека вујко, брачет, кумот, внукот.... го пикнал овде или онде, не можеш ни да посочиш со прст на згради хотели дуќани и речеш “Е ова си го зеде за себе незаконски и му остаи на фамилијата“ Имаше моралност која одеше одозгора надолу. Денес да видам убав мобилен на улица ќе си го земам за себе, не оти сум лопов не оти ми треба туку оти е природно... оти така морално се очекува да го направиш. Оти ќе те зафркаваат после “глуп еден шо го враќаше бе јас да бев ќе си го земев“ Една сторија во СФРЈ се случи нешто незамисливо, атентат на турскиот амбасадор во Белград во 1983, либанци по потекло од ерменијаи, на семафор со пиштоли го убиле него и шоферот. Народ наоколу се вдаде во потера по атентаторите! Тоа беше незамисливо за цек свет, странски весници се чудеа како е тоа можно да луѓе ризикуваат свои животи за опште добро ?? студенти, таксисти, пензионери, милиционери. Во таа потера и пукотници загина еден студент, еден пензионер е потешко ранет и една жена полесно. Двата се фатени и осудени. Али сакам да ти поентирам степен на моралноста на едно општество. Во такви моменти не се глуми. Не е тоа манифестација па да верглаш ппароли оти мораш. Не е партиски митинг на кој одиш оти се надеваш дека ќе те вработат како нивен. Тоа е реалноста.

Мене никој а посебно ти, не може да ме убеди дека сега ова е поприроден почовечки похуман и подобар систем од колку тој во СФРЈ. Затоа што јас ги живеев двата системи работев во двата, го поминав и здравството и социјалното и школството во двата и сум жив сведок на две времиња и на едното се сеќавам со радост а на другото со грч во желудникот.
А твоето филозофирање од теориски книги “како тоа тогаш функционираше“ не може ни за секунд да ми смени сеќавања дека обичен работник беше најаден, стамбено обезбеден, децата школовани здравствено и социјално релаксиран..... Функционираше одлично.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.062
Поени од реакции
24.972

Абе како за инат знаев дека обидите за дискредитација ќе бидат насочени на возраст, пишав дека така постарите напаѓаат и сега место спротивното да ми се докажеш ти истите грешки ги правиш од а до ш што ти ги кажав јас. Многу верглање во еден пост за ништо. Јас Лет 3 не можам да им докажам на тие луѓе каков бил системот тогаш од проста причина што тие луѓе со секое достојно поштовање се прости и неуки. Ама тоа не е поголемиот дел од проблемот. Поголемиот дел од проблемот е што се инатливи, горди, суетни, слепци и слепи приврзаници, па ти и да им кажуваш дека ако имаш една јаболка и ако некој ти даде уште една јаболка тоа се две јаболки пак џабе ти е. Не можеш бе пријатељу да ме обвинуваш за површинско гледање кога ти ја гледаш фасадата. Како што сега ги шминкаат многу згради во Скопје да се лични а внатре гипс картони и штедење материјали за поефтино па и човек со основен поим за архитектура и градежништво сфаќа дека обичен земјотрес со средна јачина пуздер ќе направи. Е и ти така. Мене ме интересира дали народот живеел и како живеел. Меѓутоа исто така мене ме интересира на кој принцип функционирало тоа, нешто за што тебе ич ташак не те боли и тоа дури и си го кажуваш. Пак ќе кажам ти си спиел по паркинзи, воопшто не си се замарал со разглобување на системот. Таа дрога ти правела тебе да ти биде многу убаво до стадиум на слепа приврзаност да ти во суштина не можеш или не сакаш да согледаш што всушност му се дешава на твојот организам. Нема што да те убедувам тебе Лет 3. На моето филозофирање ти немаш одговор, ти не гледаш или не сакаш да видиш ништо, ти не сфаќаш или не сакаш да сфатиш ништо. Ти си како таа една моја другарка која кога ја прашав-Добро зошто одиш уште со тој идиотот неспособен, арогантен, посесивен, ни камен да не фрлиш на него? Таа ми одговори-Ама јас го сакам. И што мислиш можам ли јас на неа да и докажам било што? Ти си со главата во Дизниленд, за жал со уште многу од твојата генерација кои дел се дури и добро образовани луѓе, и ќе речеш критички треба да резонираат, постари со искуство. Не бе брате ментален склоп во кутија од 10 см3, ни да мрдне ни лево ни десно, е толку била успешна таа пропаганда. Затоа ти и твоите соученици па се до мене и моиште соученици треба да одиме во пензија. Не можам да кажам дека сум оптимист дека новите генрации ќе сменат нешто од нешто. Ама верувам дека од вашите генерации аир нема ама скоро ич. И не се согласувам дека на темата треба просто да и се пристапи и да треба да одговориме со да или не, оти тоа ме потсеќа на една реплика од Шешељ на судењето во Хаг чиј што одговор може да се примени и тука на темава

Sudija: - "Gospodine Šešelj, molim Vas odgovarajte na pitanja samo sa DA ili NE."

Šešelj: - "Ne mogu se adekvatno braniti sa DA ili NE.
Mogu li ja Vas da pitam nešto a Vi da mi odgovorite sa DA ili NE?"

Sudija: - "Možete."
Šešelj: - "Znaju li Vaši roditelji da ste Vi homoseksualac?....."DA ili NE ?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
prasanjeto e dali podobro se ziveel9o vo sfrj , DAAAAAAAAAAAA , podobro se ziveese otkolku sega, a ne e prasanjeto -- predavanja za ekonomijata
Ова е дефинитивно чист доказ за комплетната неписменост на Македонскиот народ.Друже најжалното не е ај да кажеш да беше само ти туку најголем дел од народот го има истото мислење.

Како можете да кажете дека си живеело подобро кога системот заврши со крвава војна која ние ја избегнавме за влакно.Цел систем базиран на кула од лаги,финансиски малверзации и продавање ветер и магла.

Тоа е како да имаш компанија каде секој работник зима по 1000 евра месечна плата едно 4 години потоа фабриката иде во комплетен стечај зошто не била профитабилна 4 години и да се рече еј многу успешна фабрика беше тоа ептен добро се заработуваше во нејзе.А па директорот вистински водач ,камо ли да се вратат тие времиња.Е тоа е вашиот муабет.Да не беше за плачење ќе се смеев.

Ако беше толку добро немало кога се отвориле границите на Југославија да побегне повеќе од 1 МИЛИОН НАРОД од чии девизи што ги праќале на своите што останале долго се одржавал истиот трул систем.
 
L

Luki Junior

Гостин
И тогај е имало социјални разлики, и денеска има социјални разлики... Само шо тогај повеќето човеци са биле еднакво сиромашни и еднакво неинформирани шо се случува околу них...

Оваа ного подсеќа на прикаската, врзи еден којн, рани го со зоб и сено 5-6 месеца зимата.. И после го пушти... Па ќе се нагледаш на сеир и испосерувајне....

Не може еден систем да се базира на уништување на се шо е направено дотогај, да ја среде целата образована интелегенција, да собере парите и земјата од човеците, да ги користе како ангарија под надимак на ударнички акции, да биде здрав у основата... Не може да собереш се од средната класа и да дадеш на сиромаштијата, да ги напрааш клеветачи, полицајци, доушници, удбаши, бригадири, а до чера са немале вода у очите, за да имаш власт на сила.

Говорете за бесплатни нешта... бесплатни нешта само на цртан филм... Секое нешто се плаќа од народо.. А народо има право да знае дека му одат парите.. И не, чистачката у работничкио совет не требе да има иста моќ како некој попаметен човек...

Уништил го македонското село, самио народ е посерен од ќотек за да се престрое, уништил го сопственио јазик, идентитет под капата демек дека создава нешто ултрамодерно, ново, чисто и про-југословенско...

Едно прашање: Хипотетички, ако не е била Македонија у Југославија, и недајбоже е имало некаков капитализам после војната... Дали ќе ги е имало истите нешта шо ги е имало у СФРЈ или до ден денешен ќе сме биле у “каменото време“ (како шо некои човеци сакат да кажат оти македонија била забравена од господ пред комунистите у однос на образование, начин на размислување, и економски потенцијал)?
 
Не да бевме независни од Југославија ќе отидевме или со Британците и Американците и со Ченто и Лазар Соколов за претседател и министер за економија + сите кредити од Маршаловиот план сега ќе бевме каде каде пред сите.Да не зборам за фактот дека Американски бази ќе имавме со декади кои ќе оставаа грди пари во државата.

Или пак со Советски Сојуз ќе ни беше даден пиринскиот дел ( како што бил и планот ).Ќе бевме гасифицирани и поврзани со ресурсно богатиот исток. А кога се распадна советскиот сојуз ќе бевме и сеуште добро навооружани и способни да се браниме.Ќе имавме развиена инфраструктура со Албанија и Бугарија.

Генерацијата Македонци што ја ослободи Македонија скоро сите беа против диктаторот Тито и први се дигнаа против истиот ,али затоа нивните деца и внуци ги изедоа гомната на истиот и уше му викаат и ден денес фала.

Во Македонија пропагандата беше најуспешна али што може да се очекува од народ кој се гордее со необразованост и каде живеат луѓе кои викаат "Не ми мешај економија важно тогаш се живееше подобро" :facepalm:
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
И тогај е имало социјални разлики, и денеска има социјални разлики... Само шо тогај повеќето човеци са биле еднакво сиромашни и еднакво неинформирани шо се случува околу них...

Оваа ного подсеќа на прикаската, врзи еден којн, рани го со зоб и сено 5-6 месеца зимата.. И после го пушти... Па ќе се нагледаш на сеир и испосерувајне....

Не може еден систем да се базира на уништување на се шо е направено дотогај, да ја среде целата образована интелегенција, да собере парите и земјата од човеците, да ги користе како ангарија под надимак на ударнички акции, да биде здрав у основата... Не може да собереш се од средната класа и да дадеш на сиромаштијата, да ги напрааш клеветачи, полицајци, доушници, удбаши, бригадири, а до чера са немале вода у очите, за да имаш власт на сила.

Говорете за бесплатни нешта... бесплатни нешта само на цртан филм... Секое нешто се плаќа од народо.. А народо има право да знае дека му одат парите.. И не, чистачката у работничкио совет не требе да има иста моќ како некој попаметен човек...

Уништил го македонското село, самио народ е посерен од ќотек за да се престрое, уништил го сопственио јазик, идентитет под капата демек дека создава нешто ултрамодерно, ново, чисто и про-југословенско...

Едно прашање: Хипотетички, ако не е била Македонија у Југославија, и недајбоже е имало некаков капитализам после војната... Дали ќе ги е имало истите нешта шо ги е имало у СФРЈ или до ден денешен ќе сме биле у “каменото време“ (како шо некои човеци сакат да кажат оти македонија била забравена од господ пред комунистите у однос на образование, начин на размислување, и економски потенцијал)?
Пишувај Македонски жити се..се измачив да те прочитам и разберам притоа.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Sussaro, да си здрав и жив што ти се свиЃа животов у денешно време....

Неблагодарноста кон државата што од бановина, те претвори во Македонија претпоставувам дека ти е резултат на незнаење и зачмаеност во денешниве услови (сител, канал 5 - тоа се бескрајни предели и хоризонти).
Ниту Илинден 1903, ниту некој пред тоа не воспостави земја во која се зборувало македонски, народ кој се нарекувал Македонци, држава која се нарекувала Македонија. Секоја почит за сите што се бореле пред тоа, ама КПМ го остварила тоа, па ако сакате може да се јебете сите што не сакате да е така. Во склоп на ниедна друга балканска земја овој народ во сите околности (кои очигледно на 2 милиони македонци не им се јасни), ќе броевме едно 10 000 луѓе, не повеќе.

За економската политика на СФРЈ, сите што јадете бабури против нејзе, точно е, Југославија се задолжувала и крваво ги враќала кредитите(пар/непар, рестрикции...).
Нон-сенс е да споредуваш време во кое немаше дете кое учеше со мене кој имаше еден невработен родител и време во кое кладионица е главно занимање на 95% од работоспособни магариња што по искинати тренерки шетаат низ маало цел ден....тоа ли ти ги праи животот денешен толку прекрасен!?

Проблемите на таа држава и денешнава не се рамнат.....глава стаам, дека појма немате како изгледа држава растурена од војна, како се гради истата и кога е изградена 99% од инфраструктурата на земјата во која живеете. Да не мислите дека Грујо или Бранко ви донесеа пат и струја во Свирипичино!? И ден денес на места луѓено у говна живеат, тие им градат тениски терени....
Затоа видете само за што се задолжуваме во последниве 20 години - за пензии и плати на администрација и во задње време - за споменици и простачки-обликувани згради. Ако пред 30-40 години работа во државна администрација била привремена или отскочна даска, денеска истата е сламка за преживувања, дојка на која и е закачена пола држава....прашање е на ден кога све ова ќе распука по шавови....

И зборите за комунисти, ко да се марсовци....тоа се вашите баби и дедовци....
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.062
Поени од реакции
24.972
Јасно ти е дека си апла надаргументиран и уште се курчиш. Магично!
И од тебе не очекував некој посебен придонес, ни на крај памет нема да се оправам со тебе како тоа сум јас надаргументиран, сепак и ти си дел од таа групација опишана погоре и добро ти го знам пристапот на форум. Него почнаа младиве да прашуваат некои незгодни прашања и да вадат некои интересни заклучоци. Јас нема да ја направам вашата грешка ќе ги оставам нив да се искажат мислам дека ќе биде забавно, и така се имам многу распишувано на вакви слични теми години уназад. Тебе за почеток ќе те оставам да издискутираш со аргументи и академски трудови да видам колку ќе можеш да одбраниш. Ако е колку Лет 3 веќе почнувам да се плашам. Ајде да видиме со што ќе почнеш-со фактот дека си постар од мене и тоа прави да ти тече мозок од уши, или со моментот дека се спиело на паркинг и било побезбедно. Првичен план ми е само да си читам и ако заслужиш ќе ти стискам лајк оти не сакам да дојдам на твоето ниво на култура за да дебатирам. Сцената е твоја, продолжи, истакни се, не заборавај арогантно да ме дискредитираш во твој стил знам дека така ти е поубаво на душа.
 
L

Luki Junior

Гостин
Username1, е на каков јазик пишам ако не на Македонски... не сам образован да знам стандарден јазик.... Плус ако ме читаш ќе научеш по некој збор од затуцаните и прости провинцијалци... :icon_lol::icon_lol:

DBack, не е курчејне... просто не можеме да се убедеме едни со други оти е било поарно или полошо...

Risto_PoP_Trajanov_VIII Генерацијата шо ја “ослободи“ Македонија беа паметни и учени човеци.. Затава сите изнијаа по затворите у Штип, Идризово, и Голи Оток... Дојде генерација на човеци шо колат кози оти ги јадат фиданките по планината.... Човеци шо ќе се курчат со кафанџиски финти научени на аутопут Лесковац - Београд....
Генерација на ЈНА, 4та најсилна у свет.... Генерација на најголем тунел на вештачка акумулација, само оти можат да напраат... Генерација на директори у мерцедеси како водат државни фирми.... и се курчат со шопинг у солун, виена, париз, цирих, амстердам...... Додека дел од народо живее у колиби и нема вода, канализација, патишта, и струја.... Генерација шо радо би наклеветила комшијата за реакционер, анти-владин активист, контра-револуционер... Најголемото чувство за припадност да е Југословен, а не Македонец (по принцип требе да е обратно).... и оште еден тон други нешта...

За економија не ми се говоре, оти секоја година е добивала помош у жито од американците, само и само да се преране.. Кој не верува, нека провере на интернет... :):)
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
[ Генерацијата шо ја “ослободи“ Македонија беа паметни и учени човеци.. Затава сите изнијаа по затворите у Штип, Идризово, и Голи Оток... Дојде генерација на човеци шо колат кози оти ги јадат фиданките по планината.... Човеци шо ќе се курчат со кафанџиски финти научени на аутопут Лесковац - Београд....
Генерација на ЈНА, 4та најсилна у свет.... Генерација на најголем тунел на вештачка акумулација, само оти можат да напраат... Генерација на директори у мерцедеси како водат државни фирми.... и се курчат со шопинг у солун, виена, париз, цирих, амстердам...... Додека дел од народо живее у колиби и нема вода, канализација, патишта, и струја.... Генерација шо радо би наклеветила комшијата за реакционер, анти-владин активист, контра-револуционер... Најголемото чувство за припадност да е Југословен, а не Македонец (по принцип требе да е обратно).... и оште еден тон други нешта...
Кози не у планина него у Скопје, пошо глеам дека појма немаш, не си од Скопје....
Директориве пак ги има, шопингот го има, ама ги нема тунелите, канализацијата, патиштата.....и не си ни Југословен, ни Македонец, туку ФИРОМ-ец си за пошироката јавност....
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
И тогај е имало социјални разлики, и денеска има социјални разлики... Само шо тогај повеќето човеци са биле еднакво сиромашни и еднакво неинформирани шо се случува околу них...

Оваа ного подсеќа на прикаската, врзи еден којн, рани го со зоб и сено 5-6 месеца зимата.. И после го пушти... Па ќе се нагледаш на сеир и испосерувајне....

Не може еден систем да се базира на уништување на се шо е направено дотогај, да ја среде целата образована интелегенција, да собере парите и земјата од човеците, да ги користе како ангарија под надимак на ударнички акции, да биде здрав у основата... Не може да собереш се од средната класа и да дадеш на сиромаштијата, да ги напрааш клеветачи, полицајци, доушници, удбаши, бригадири, а до чера са немале вода у очите, за да имаш власт на сила.

Говорете за бесплатни нешта... бесплатни нешта само на цртан филм... Секое нешто се плаќа од народо.. А народо има право да знае дека му одат парите.. И не, чистачката у работничкио совет не требе да има иста моќ како некој попаметен човек...

Уништил го македонското село, самио народ е посерен од ќотек за да се престрое, уништил го сопственио јазик, идентитет под капата демек дека создава нешто ултрамодерно, ново, чисто и про-југословенско...

Едно прашање: Хипотетички, ако не е била Македонија у Југославија, и недајбоже е имало некаков капитализам после војната... Дали ќе ги е имало истите нешта шо ги е имало у СФРЈ или до ден денешен ќе сме биле у “каменото време“ (како шо некои човеци сакат да кажат оти македонија била забравена од господ пред комунистите у однос на образование, начин на размислување, и економски потенцијал)?
Луки, ногу ме е мерак да та читам и ногу убаво си пишеш. Воа шо го напиша се е жива истина. И за којно, и за испосерувајнето, и за јазико, и за народо. Тиќи, ја сам малце, как ги викат бе, цепидлака. Ако пишеш „којн“ и „посерувајне“, не бива да пишеш „уништување“. Ќе ти ја изонаде морфолошката конзистенција, а сос тава и дијалекто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom