Топ 20 МК евергрини (Завршено е гласањето и одбрани се песните)

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Еве мој избор на песни што мислам дека се навистина евергрини и никогаш не се заборавија, а не верувам и дека ќе престанат да се слушаат во скоро време. Секако, листата е многу подолга, ама се задржав на 20 како што е наведено...

1. Ареа - Сите мои слики
2. Владо Јаневски - Црно тиквешко
3. Влатко Стефановски - Џипси сонг
4. Дарио - Косоока
5. Драган Каранфиловски Бојс - Опасно сум вљубен во тебе
6. Драган Мијалковски - Кажи нешто драга
7. Драган Мијалковски - Кажи ми
8. Зафир Хаџиманов - Како Вардар
9. Зијан - Пушти коси
10. Јаков Дренковски - Скитник
11. Конкорд - Високи штикли и црни чорапи
12. Лева Патика - Неправда
13. Меморија - Оган под ѕвездите
14. Мизар - Почесна стрелба
15. Мики Јовановски Џафер - Сонце за три светови
16. Нина Спирова - Еден бакнеж
17. Олгица Христовска - Свирете ја зајди, зајди
18. Силви Бенд - Ангели ме носат
19. Славе Димитров - Чија си
20. Трајче Манев - Осамен
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Абе, ај да не мрчам, мнозинството песни овде се на место, ама Владо Јаневски најзастапен?!?!?! Аман бе, кога стигнавме Владо Јаневски да ни биде репер за евергрините во „последните“ 50 години....
Знам дека се работи за вкус, и секој може да си најде песна која е негов/нејзин фаворит, ама на листава го има Трифун КОстовски (wtf?!?!?!?!?), а ја нема, Тања Станковиќ, да речеме, или Џокси... (да не продолжувам со Макфестовски и Скопски хитови од доцните 80ти и раните 90ти)...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Од листата овие ќе ги издвојам, мене барем што ми се најдраги, иако 90 посто од песните се прекрасни...

Бис Без - Дал да плачам ил да пеам
Верица Ристевска - Галебе
Владо Јаневски - Не зори зоро
Драган Каранфиловски - Опасно сум вљубен во тебе
Драган Мијалковски - Кажи ми
Зафир - Како Вардар/ Љуби ме и главата горе/ Земи момче Македонче/ Од љубов не се бега (сите ми се подеднакво драги)
Јаков - Скитник
Игор - Време за плачење (многу го сакам текстот)
Кемал Монтено - Ивана (Песнава е легендарна)
Конкорд - Високи штикли и црни чорапи
Слабинац - Летај ми летај гулабе
Леб и Сол - Скопје/Чукни во дрво
Лева Патика - Неправда
Маријана и Росана - Признавам
Меморија - Оган под ѕвездите
Мизар - Почесна Стрелба
Џафер - Лага и измама/ Сонце за три светови (ги љубам!)
Никола Автовски - Кажи зошто ме остави
Нина - Еден Бакнеж
Олгица - Свирете ја Зајди зајди
Силви Бенд - Ангели ме носат
Симеон - Ти си некаде (Исто ко претходниот член, кога ја слушам песнава Цацко ми излага пред очи:icon_mrgr: )
Славе Димитров - Чија си
Трајче Манев - Осамен


Инаку од Тоше, па и од Каролина можеле да изберат подобри песни, а се уште не ми се верува дека ја нема Маја Оџаклиевска со Не допирај ме и Многу солзи исплакав...Сериозно? Како бе???:eek: Не допирај ме мислам дека е најмоќна македонска балада. Па и Гиш со Самовилска свадба...

Има уште многу други, ама ме мрзи сега да мислам, така да тоа подетално утре.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Ако веќе евергрини ја сум за вистинските како Кажи Нешто Драга иако и предложените од Тоше, Каролина, Калиопи се ок ама не за евергрини. Кажи нешто драга поред мене #1
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Аргахнгел-Милион долари
Бастион-Мистер Комплекс
Владо Јаневски-евергрин и тајна отровна(не знам зашто не се на листава)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако веќе евергрини ја сум за вистинските како Кажи Нешто Драга иако и предложените од Тоше, Каролина, Калиопи се ок ама не за евергрини. Кажи нешто драга поред мене #1
Остаревме Игор, чим евергрини станаа Владо Јаневски и Ареа тури ни пепел :icon_mrgr:
Прекраснотии...
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Драган ме разочара, ја заборави легендарната песна на Гоце Николовски - Моја серенада, побогу човеку тоа не смее да се случи(n)
Мојата листа:
Гиш - Моја гитара- фантастична песна со еден од најдобрите вокали кои оваа држава ги има и ќе ги има (субјективен сум да, Гиш ми е омилен лик)
Зоран Милосавлевиќ - Роза сина, знам како и за кого е настаната оваа песна, по таа приказна која ја слушнав ја има песнава мојата подршка
Зафир Хаџиманов - Од љубов не се бега, актер, поет, боем нема потреба повеќе да се збори за него
Игор Џамбазов - Време за плачење, само ќе напишам ШОУМЕН, секој на песнава се има лом направено во некое кафанче, во некој период од животот.
Леб и Сол - Скопје, главниот град опеан во една легендарна песна, за неа Влатко ќе рече; Денеска нема шанса да ја напишев оваа песна, тоа беа други поубави времиња.
Меморија - Оган под ѕвездите. Апостол Поце Икономов и неговата боја на глас.
Владо Јаневски - Што и да ќе помине, секогаш поминува кога тогаш
Архангел - Милион долари, Ристо Вртев ама не те најдов, човекот кој зборовите ги вади од дното на душата и срцето, ПОЕТ :cuc: има и подобри од нив ама ајде некој не избрал тоа што треба.

П.С Во листава фалат најмалку 50 песни кои се репрезент за евергрин. Нокаут и евергрин :facepalm:
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.899
Поени од реакции
717
Настрана неписменоста од типот Тоше ПроеВски,Кажи неСто драга......

1.Ристо Самарџиев-Бела
2.Венко и Џафер-Лага и измама
3.Тоше Проески-Тајно моја
4.Владо Јаневски-Црно Тиквешко
5.Кемал Монтено-Ивана
6.Славе Димитров-Чија си
7.Маријана и Росана-Признавам
8.Леб и Сол-Чукни во дрво
9.Брејк-Во бестрага
10.Зијан-Пушти коси
11.Зафир-Како Вардар
12.Драган Каранфиловски-Опасно сум вљубен во тебе
13.Верица Ристевска-Галебе мој
14.Ареа-Сите мои слики
15.Олгица Христовска-Свирете ја зајди зајди
16.Нина Спирова-Еден бакнеж
17.Љупка Димитровска-Ѕвона ѕвонат
18.Нокаут-1000 причини за крај
19.Брејк-Во бестрага
20.Славе Димитров-Каде песно моја

21.Tрајче Манев-Осамен :D

My Top 21 :D
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.028
Поени од реакции
24.649
Тежок избор, на темава можам со часови да пишувам. Листата ја правам пристрасно и по мои ќејф, значи ќе испуштам некои песни кои не ми се по ќејф а народот ги сакам а ќе додам мои поомилени. Mакедонската музика ја делам пред и по 98-ма. Во 98-ма Магија победија на Макфест, и Макфест отиде у курац. Откога Макфест отиде у курац цела сцена отиде со него на исто место. Едно од ретките нешта, пост 98-ма кои вредат да се спомнат е Ареа-Сите мои слики. Песната беше апосултен мега-хит долго време, сите ние тогаш имавме чувство дека токму тоа беше она вистинското после долго време што и требаше на нашата сцена. Општо целиот албум Врати на имагинацијата е фантстичен, a Aрea е бенд што сите ние си го сакаме.
Би започнал со Никола Автоски и Кажи зошто ме остави. Ако не се лажам тоа може да се вброи како прв македонски евергин хит. Направена во шлагерски џез стил кој барем јас многу го сакам тој олд скул џез саунд, песнава дефинитивно и објективно заслужува свое место во топ 20. Милион долари на Архангел е ремек дело во македонскиот рокенрол, и може и и најдобрата нумера направена воопшто на овие 25713 километри (и шире). Веднаш после тоа Банкрот блуз бенд и Моја гитара текстот е чиста поезија музиката е во фантастична кохезија со текстот. Една страхота од блуз балада. Автограм и Одам на југ би ги ставил тука од носталгични причини, успеале баш на носталгија барем мене да ми влијаат и затоа би ги додал тука, самата песна те вика да се вратиш дома, спротивно од смешните обиди на владата плус Владо Јовановски. Од истата причина Дома си е дома на Владо Јаневски би ја вметнал ама првата верзија, а не онаа катастрофално срање верзијата со некој диско ритам во позадина, тоа му беше промашај на векот. Кога сме веќе кај Владо, Црно Тиквешко е многу, премногу тешка песна, најтешка од сите понудени, да те накостреши како ладна вода врз грб, без разлика колку пати е слушана и преслушана. И не може некој што не е од Балкан, нити да направи таква песна, нити да ја испее како што треба а нити да ја сфати, за ова во двете раце би се кладел. Лажливи времиња, Армен, Венко и Биз-Бес, магија од песна каква само меланхолична нота дава гитарата. Дал да плачам ил да пејам е зародишот на македонскиот рокенрол и таа песна претставува една химна на цела една генерација. Бис-без се дефинитивно македонските The Who. На Верица Ристевска и двете предложени-Галебе мој тажен, и ти си песна што ќе трае заслужуваат да се најдат во потесниот избор. Дупла водка на Дарио беше и остана негов знак на препознавање, исто како и на Бојс-Опасно сум вљубен во тебе. На 223-305 од Мијалковски сите ја знаат уште од деца, нема свадба, свирка, било народна, забавна, нема дури ни албанско радио каде што песната не била пуштена или отсфирана, а тука некаде е и Како Вардар на Зафир. Зијан со Пушти Коси. Кај оваа песна не треба да чекаш кулминација. Уште со самото интро со гитарата па до самиот крај песната прави една невидена акустична вожња како ретко која од понудените. Игор Џамбазов не би го ставил со Време за плачење туку со Скопје-Сарај-Матка една исто така претешка песна која мислам дека остави поголем отисок и ден денешен кај слушателите.. Каљопа би ја ставил со Оби ме оти мое време беше. Високи штикли и црни чорапи откога се појави на Т-хоум рекламата воскресна од мртвите, и сега е на редовен репертоар на скоро сите тезгазрошки бендови. Одма после таа ја свират Неправда од Лева Патика. И двете се трејдмарк македонски рокенрол песни. Утре ќе довршам...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom