UEFA Europa League - сезона 2012-2013

  • Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување
S

Stivie G

Гостин
europa-league-logo.jpg

Европа Лигата е второ по квалитет фудбалско натпреварување на стариот контитент. Во неа учествуваат 48 екипи поделени во 12 групи. Во нокаут фазата продолжуваат првите две пласирани од секоја група плус 8-те трето пласирани екипи од групите во ЛШ.

Групите се:


289670_404000899664824_645360901_o.jpg

Најтрофејни тимови во ова натпреварување се Ливерпул, Интер и Јувентус со по освоени 3 титули. Актуелен бранител на трофејот е шпанскиот Атлетико Мадрид.

Финалето од ова натпреварување се игра на 15 мај на Амстердам Арена.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Ливерпул би требало грчевито да се бори со Јанг Бојс за третото место. Кое исто и како четвртото, ќе му обезбеди пласман на Енфилд Роуд.

Општо инаку, доста интересни групи. И квалитетна е лигава воопшто.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Само треба да се зголеми наградниот фонд, за да играат озбилно тимовите. Реално огромна е финансиската разликата од ЛШ до ЛЕ.
 
Член од
20 август 2012
Мислења
1.426
Поени од реакции
448
Едвај чекам Партизан-Интер во Белград,тоа ке биде вистински спектакл.Ако се знае дека Интер нема големи мотиви во Европа Лига можно е да се случи некое изненадување.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.580
Поени од реакции
22.294
Само треба да се зголеми наградниот фонд, за да играат озбилно тимовите. Реално огромна е финансиската разликата од ЛШ до ЛЕ.
Е, ама сепак не е за подценувајне. Хановер лани направи 20м ЕУР со премии, влезници, пари од спонзори и тв-права. И секако има доста звучни имиња во ЛЕ.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Едвај чекам Партизан-Интер во Белград,тоа ке биде вистински спектакл.Ако се знае дека Интер нема големи мотиви во Европа Лига можно е да се случи некое изненадување.
Не размислувај вака,погрешно е.Интер реално и со втор состав да игра против Партизан,ќе ги победи.
Оставете ја победата на Хајдук на сред Милано,мене лично ми е многу сомнителна,а и верувам на повеќето.
Добра пара ќе земе Интер од ТВ правата,од натпреварите во групи и во зависност од тоа колку далеку ќе стигне.
Реално само Рубин Казан вака така може да му парира на Интер за првото место,ама не верувам да им дадат некој силен отпор.
Лесна група за Интер,очекував нешто потешка,но добро е и вака,ќе имам шанса да отидам во Белград.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Ливерпул би требало грчевито да се бори со Јанг Бојс за третото место. Кое исто и како четвртото, ќе му обезбеди пласман на Енфилд Роуд.

Општо инаку, доста интересни групи. И квалитетна е лигава воопшто.
Сварно. Покрај таков квалитет мислам дека треба оние тимови што ќе бидат трето место да продолжат во ЛШ, нема смисла иначе.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Сварно. Покрај таков квалитет мислам дека треба оние тимови што ќе бидат трето место да продолжат во ЛШ, нема смисла иначе.
Браво што ја долови целата поента на мојот коментар. Секоја чест.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.500
Поени од реакции
6.936
Натпреварувањево поарно да го нема, и да делат бонуси на екипите што стасале од 4 до 8 место во лигите, овоа е само малтретирање и понижување на сите вклучени.
Како прво гледаноста му е пет пати помала од ЛШ.
Клубовите не сакаат да играат поради малата заработка.
Играчите не даваат сто проценти зошто им е поважна лигата.
Овоа е натпреварување колку да го има, не оти нуди некој квалитет, само шпанците и германците го играат, и тоа вторите екипи.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.965
Поени од реакции
16.323
Сварно. Покрај таков квалитет мислам дека треба оние тимови што ќе бидат трето место да продолжат во ЛШ, нема смисла иначе.
Шо им фали на тимовите?
Лигата е потценета само што не се фрлаат многу пари во неа т.е разликата помеѓу неа и ЛШ и ЛЕ е огромна во однос на тоа, а квалитетот и не е баш многу голем, минимално е..
Оваа година има многу добри тимови во лигата.
Сеа ако сакаш да тераш инат тоа е веќе друго.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Натпреварувањево поарно да го нема, и да делат бонуси на екипите што стасале од 4 до 8 место во лигите, овоа е само малтретирање и понижување на сите вклучени.
Како прво гледаноста му е пет пати помала од ЛШ.
Клубовите не сакаат да играат поради малата заработка.
Играчите не даваат сто проценти зошто им е поважна лигата.
Овоа е натпреварување колку да го има, не оти нуди некој квалитет, само шпанците и германците го играат, и тоа вторите екипи.
Поарно да го нема натпреварувањето. Оти, сите досега што го освоиле, или воопшто играле, го играле со сила, на клоци ги кренаа „освојувај или ќе добиеш забрана за настап!“
- ама нејќам, знаеш, слаба е лигата, не ми се игра!
„А бре играј таму, освојувај лига што треба да се укине и ќути“

На таков начин Ливерпул, Јувентус, Интер, Атлетико, Парма, Севиља и останатите ги правеа титулите тука. Со сила.

И кога сме кај укинување заради послаба гледаност во сооднос со друга лига.

Нека ти ја укинат Серија А, и онака е далеку помалку гледана од Премиер. Или Примера.

А, ако е за квалитет, пак истото. Или бар нека ти ја стават во мирување. Што има италјанските екипи да се понижуваат и малтретираат во таква слаба и негледана лига?

Или и тоа натпреварување е колку да го има?
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.500
Поени од реакции
6.936
Поарно да го нема натпреварувањето. Оти, сите досега што го освоиле, или воопшто играле, го играле со сила, на клоци ги кренаа „освојувај или ќе добиеш забрана за настап!“
- ама нејќам, знаеш, слаба е лигата, не ми се игра!
„А бре играј таму, освојувај лига што треба да се укине и ќути“

На таков начин Ливерпул, Јувентус, Интер, Атлетико, Парма, Севиља и останатите ги правеа титулите тука. Со сила.

И кога сме кај укинување заради послаба гледаност во сооднос со друга лига.

Нека ти ја укинат Серија А, и онака е далеку помалку гледана од Премиер. Или Примера.

А, ако е за квалитет, пак истото. Или бар нека ти ја стават во мирување. Што има италјанските екипи да се понижуваат и малтретираат во таква слаба и негледана лига?

Или и тоа натпреварување е колку да го има?
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Да не имаше кавги меѓу фанови на Интер и Ливерпул кој да ја отвори темава? :)

Инаку шала настрана, добри групи, ќе има многу интересни утакмици.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom