ВЛези во било кој подфорум (кај што сакаш да ја отвориш темата де) и горе десно ќе видиш отвори тема.Се согласувам татко ми пријател му бил па ќе купиме дојде пријателот не убедуваше имав стар компјутер нема да мрдне но сепак стар беше но 6 години се поквари тоа е инаку од Амц никогаш и на други луѓе кажувам Изгледа ние сме најнормални тука што сме коментирале до сега бидејќи луѓето уште не знаат па се летаат во Амц
--- надополнето: 25 август 2012 во 01:43 ---
Инаку да ве прашам како да отворам тема нов сум на кајгана ме интересираат многу работи не се снајдов ?
Ок сега една кратка приказна за тебе.Да пишам или да не пишам, да не си мавнам баксуз сам на себе ама ајде...
Компјутерите од Анхоч, Сет или било кои други фирми се имуни на корисничка негрижа? Мавни чекан на парче од АМЦ и од Анхоч, само оној од АМЦ ќе се расипе?
Сум имал компјутер и од анхоч и од амц. Зборот ми е, досега не сум имал проблеми со ниеден компјутер. Зборувам стриктно за хардвер. Софтверски сум правел глупости во текот на овие 15 години ама само за подобар ум ми послужиле сите тие.
И јас Анхоч би го ставил далеку, далеку пред АМЦ, ама не е ни приближно толку лошо. Повеќето луѓе што купуваат и користат компјутери не се ни приближно доволно писмени ама пак на свој ум купуваат. Нормално тој корисник ќе дигне узбуна кога ќе му снема некоја икона од десктопот, и ќе отера се упм (без разлика дали било анхоч, амц, сет).
Јасно ми е дека АМЦ се слаби и значително понеквалитетни од Анхоч ама силно тврдам дека 85% од проблемите се поради корисниците.
Има логика, ама не дај боже да се расипе. Може да стане интересно.Преваранти се АМЦ, на нив не би им дал да ми склопат ПЦ, односно не би купил куќиште од АМЦ, многу се имаат жалено од лоши делови.
Купувајте само апарати ко лаптоп, ТВ, работи кои они неможат да ги курецаат, најсигурно е, доколку веќе сакате да купите од АМЦ.
Епа таков е народов. Прост. Да беа во Грција да видиш дали ќе преживеаа АМЦ.Тоа е затоа што народов на слепо купува и интернетот му служи само за порничи. Мавни 2-3 срча за АМЦ на нет и доволно е.
Да не излезе дека ги бранам АМЦ и нивните начини на работење. Искрено те пратам низ форумов и на некој начин ти се восхитувам од твоето познавање на хардвер. И јас сум хардвер ентузијаст ама далеку од тебе или некои други членови овде. Она што е сјебено уште од старт, и фактот што бетер од кинези ги склопуваат компјутерите е едно, ама од здрав компјутер (каков-таков) да го сјебеш у смисла да го наполниш вируси, логери и сл. и да тврдиш дека од таму таков никаков компјутер ти продале е глупост.Ок сега една кратка приказна за тебе.
Во животов сум купил доста хардвер, како за мене така и за блиски пријатели, најчесто (Сет, Анхоч и Мебиус) како и за брат ми.
Нити еднаш немав влезено во АМЦ, а причините се веќе познати, но со една фирма имавме некоја ситна работа, и наместо да платат, ни дадоа предлог да ни дадат GT210 како компензација, си викам зошто да не, ќе дојде добро во стариот пс на брати ми, ќе гледа HD филмови без да сецка.
Ок, идеме таму да ја земеме картата, све договорено, и доаѓам таму му кажувам на тој све што како, давам фактура, и иде типот и од излог ми дава графичка, одма ми падна сумљиво ама си преќутив.
На пат накај дома, што да видам, картата отворана....ај си викам и онака е говно карта, има гаранција, за 2000 денари не се замарам, важно да работи.
Доаѓам дома, пробувам, што да ти кажам, не дава слика, картата рикната! викам дали е ова можно, после толку време апстиненција, влегов во катастрофалната фирма, и од прва ми дадоа користена карта, која не работи, се докажа од уште еднаш зошто ги бие таков глас!
Ок ќе си речеш случајност нели? идеме таму, ни ја заменија картата за друга, за истата за само еден месец, да се расипе фенот, пак коинциденција? нене, тоа е чкарт роба и неодговорна - т.е фирма со многу лоша полиса на работа - и се разбира контрола на квалитет.
АМЦ - ужас.
Види, во право си. Има секакви луѓе, сите различно го користат и го одржуваат компјутерот. Ако некој си го одржува куќиштето чисто, внимава по какви сајтови сурфа и какви програмчиња инсталира, не би требало да има проблем, освен ако ептен хардверот е за никаде. Во случајот на Псај, он добил дефектен хардвер, а од многу случаи од АМЦ се има случено истото. Не дека тоа не се случило и на друго место, ама важно е како изреагирале на тоа.Јас имам комп од АМЦ и свесен сум дека внатре е рингишпил во поглед на квалитет, ама не сум имал ниту еден проблем.