А1 Македонија

немаше да биде лошо да ја кажеа и понудата на телефони :)
 
Подобрена тарифа од онаа што беше за 800. Топ, браво. Таман на 30.9 смеам најрано да продолжам договор, изгледа ќе фаќам тарифа на последен ден. :D
 
А можи веќе постоечки корисник на пост пејд да обнови договор со оваа понуда?
 
А можи веќе постоечки корисник на пост пејд да обнови договор со оваа понуда?
И мене ме интересира истово, ќе се јавам или ќе пишам маил и ќе прашам, па ќе пишам тука. Или ако дознаеш, пиши.
 
Не пропуштајте! Само во септември, со Vip роденденската постпејд понуда добивате 1000 MB, 1000 SMS и 1000 минути кон сите мрежи, за месечна претплата од само 555 денари, и тоа засекогаш! Исто така, добивате и телефон за 0 денари, а не заборавајте и 0 ден./мин. во Vip, засекогаш!

Понудата важи до 30.9.2012 за нови и за обновени Vip Постпејд договори склучени на 24 месеци.

http://www.Vip.mk/wsi.php/6491/555-rodenden-1000mb-1000sms-1000min

Од нивната фб страна.
 
И мене ме интересира истово, ќе се јавам или ќе пишам маил и ќе прашам, па ќе пишам тука. Или ако дознаеш, пиши.

Чекам информација од тебе и јас. :)
--- надополнето: 30 август 2012 во 20:45 ---
немаше да биде лошо да ја кажеа и понудата на телефони :)

колку што видов понудата на телефони останува иста. Цените на телефоните со оваа роденденска понуда е иста со постоечката Free M тарифа.
 
И мене ме интересира истово, ќе се јавам или ќе пишам маил и ќе прашам, па ќе пишам тука. Или ако дознаеш, пиши.
а) Важи ако потпишеш нов договор.
б) Ако продолжиш 3 месеци пред истек (моментално не користиш некаква промоција од типот на пола претплата, или некој попуст).
в) Ако користиш некоја промоција можеш 1 месец пред истек со тоа што се откажуваш од таа промоција.
т.е ако договорот не ти истекува во брзо време, не можеш да ја искористиш понудата.. како и секогаш, простата политика на вип :)
 
Jaс користам промоција на пола претплата. Тарифите и цените тогаш беа други.
Знам дека можам да ја продолжам, и тоа само 1 месец порано, како што пиша. Ме интересира дали можам да променам тарифа.
Пример сега сум на 600, плаќам 300. Дали можам пример да 1200/600? Па да си чекам, оти роденденската изгледа привлечно.
 
Не си на 600, туку на 500, и плаќаш пола, односно 250+18% ДДВ=295 денари :)
И неможеш да промениш тарифа како што сакаш, можеш само во веќе постоечките тарифи. Пола месечна претплата беше промоција која траеше месец дена и толку.
И ми се чини, дека договорот можеш да го обновиш 1 месец пред да ти истече договорот, или пак доколку мигрираш во повисока тарифа, можеш и 3 месеци однапред да го обновиш договорот ( за првото сум сигурен, за второво не баш)
 
И неможеш да промениш тарифа како што сакаш, можеш само во веќе постоечките тарифи.
Точно.
И ми се чини, дека договорот можеш да го обновиш 1 месец пред да ти истече договорот, или пак доколку мигрираш во повисока тарифа, можеш и 3 месеци однапред да го обновиш договорот ( за првото сум сигурен, за второво не баш)
И ова е точно. Ако сакаш да ја задржиш тарифата, најрано можеш еден месец пред да ти истече договорот. Доколку сакаш да земеш некоја од новите тарифи, можеш 3 месеци порано да го продолжиш договорот. Претпоставувам и новата роденденска тарифа важи како земање нова тарифа, и ќе може да се продолжи договорот 3 месеци однапред. Ако не, ќе почнам да колам низ салон :нинџ:.

Иначе со новава тарифа нема да се плаќа 555, туку околу 655 ДДВ-то го испуштиле за да ја направат попривлечна понудата.
Мораше да го расипеш роденденов! :sneaky::P
 
Мораше да го расипеш роденденов! :sneaky::P
Епа изгледа само тоа не е точно, еден тип, на fan страната на вип на ФБ, вели демек цената со ддв е таа 555, иако ништо чудно и ддв да лупнат, па да испаднат 655 :)
Иначе мислам со голема сигурност дека ќе може 3 месеци пред да истече договорот да се премине во оваа промоциона тарифа :)
 
Здраво,дали може да го задржам бројот од т мобиле и да се префрлам на вип и дали после извесно време ке можам да го вратам од вип на т мобиле бројот ? ЧД
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom