Ти си мн сличен со мене ко така кај мене 174 цм висина, 79 кг моментална тежина 20 години. Вака имам уште 15 дена додека да почнам, чекам да отидам скопје и да го направам планот (според јадењето во студентскиот да не фрлам дополнителни пари и да готвам самиот), инаку јас планирам да внесувам по 1500 калории, а да правам два тренинзи. Го правев тоа пред две недели, ама имам многу и физичка работа и за 8 дена скинав 3 кг.
Немам уште направено план за исхрана а ако ти врши работа еве го тренингот
Наутро околу 5 часот станувам и пијам минерална вода (во неа исцедени 3 лимони на 1,5 литар), на гладно и одам на трчање. Еден ден трчам околу 6 км, а друг ден пак спринтови по 150-250м (ми се собира се на се околу 2,5-3 км зависи колку имам сила спринтови).
Навечер вежбам уште еден тренинг и тоа:
1 Ден гради и трицепс
разбој (домашна изработка), склекови 4 различни врсти и спартанс, по 3 серии од секоја со по 40-30-25 повторувања само од спартанс 25-20-15, и стомачни од п90х., за трицепс правам вежби со своја тежина и со два еднорачни едниот (12кг другиот 17)
2Ден. Грб -Бицепс
вратило, правам 3 различни вежби на вратило по 3 серии 10-8-(4 до пет последна)
бицепсот го вежбам со еднорачните
и истиот ден скокам на јаже и удирам на вреќа боксерска(20 мин без престан на вреќата, после тоа јаже и пак вреќа 10 мин).
3.Ден одмор
Вака повторувам веќе 8ми ден за 8 дена имам симнато скоро 3 кг, ама внесувам многу малку калории (од 1200-1500).
Инаку ако сакаш да си составиш малку поразновидна исхрана отвори го планот за исхрана од п90х, таму имаш по денови и по оброци со пресметани калории. Јас се хранев така ако има таму пр. 6 белки од јајца, 50 гр сирење и нз зеленчук и прават 300 калории, а дневно се собираат преку оброците се на се 2000 калории јас ги намалував количините и некои скапи продукти ги заменував со други слични по нутритивна вредност на нив.
Со Лесно додека си на диетава оти знам како е да ти се јади да ти се плачи, ама кога се мора се мора да се издржи, за пола месец ќе се челичам и јас