А1 Македонија (VIP)

Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Јас сум бил на сите оператори, арно ама само со вип на пост пејд. И сега од наредниот месец ми почнува периодот за обнова на договор.

И одамна гледам се жалите тука сите што продолжувате договор за бенефиции. Еден член ако памтам добро, успеа да издејствува 500 денари попуст при купување телефон o_O.

И сеа ме интересира. Што уствари даваат другиве оператори како бенефиција за продолжување на договор? Да знам што да барам, и со што да се јачам пред вработените тамо.
 
A

Advokatisce

Гостин
И јас сега тоа го гледам. Т-мобиле дава телефони за помалце пари и плус може ако сакаш да земеш телефон со доплата може да плаќаш на рати.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
658
Поени од реакции
544
Јас веќе си зедов од ОНЕ, сакав да ја фатам промоцијата со тројно повеќе, а договорот од едниот број на вип кој го користев, ќе оди во историјата. не планирам да чекам да воведат нови понуди, кој ништо чудно да бидат и глупи, а ова од оне не ми се пропушташе. Друг број, кој го користи мајками, на пола месечна М претплата, едвај успеав да најдам телефонче за 0 денари.
вработената во оние малечките салончиња шо ги има на секој ќош, прво ја чекав пола сат да дојди, т.е. ојдов во соседните продавничиња да прашам кај е, па ја викнаа и ете ја нога за нога дојде...
и имаше самсунг и сони екриксон, обични телефончиња....
му викам сакам да има македонско мени, зошто е за мајками, и ми вика: „сони ериксонот има бугарско, ај да провериме“..... и го приклучва телефонот и вика: „имаш англиски, српски, бугарски, албански“.... и јас О.о
и ме гледа, проверва во личната карта и ми вика: добро е, не ја утнав скроз. какви се дегени земат плата!

по две години, ќе видам каква ќе биди понудата на пазарот, иако гледам оне се разбуди од зимскиот сон и е решен да се врати на второто место
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
И јас сега тоа го гледам. Т-мобиле дава телефони за помалце пари и плус може ако сакаш да земеш телефон со доплата може да плаќаш на рати.
Кој те излажа бе тебе???
Долги 5-6години сум на претплата на т-мобиле(пакет 4броја)на два пати требаше да го продолжам договорот.Првиот пат ништо не ми дадоа попуст за телефони,вториот пат ми се јавуваат од таму и ми викаат господине доколку сакате да го продолжите договорот ви следуват 4телефони.Одам јас да го продолжам договорот и да си земам телефони кога тој таму ми вика дека мораш да ги платиш сите во кеш само еден на рати можеш.:confused:Им викам дека ми се јави ваш колега и дека ми рече дека ми следуваат 4мобилни бесплатно,не грешка сте вака е сеа.Го повишив малце тонот и одма го викна тој од обезбедување демек се понашам непријатно.Сеа пред месец дена ми се јавуваат пак со истиов изговор и одам пак и ми вика господине вас ви следуваат 4мобилни од кој само два можете на 3рати да ги платите а два во готово.Прашувам јас па добро бе 5-6години сум претплатник не ми следува некој поволности и ми вика епа еве господине можете на рати да платите и пак 500ден. го плаќате мобилниот на пример вреди 22000 јаг го плаќам 21500 и плус на три рати а другите истата цена во готово треба ги платам.Ај немав друг избор и си одбрав мобилни и одам после пак во тимобајл и ми вика дека само еден имате право да го плаќате на рати:facepalm:Ај да не се нервирам бетер викам добро дај ми ги овие мобилни.Ми вика само еден го имаме другиве ги немаме.А кој имате прашувам и ми кажува таму некој телефони кој и на најголемиот непријател не би му ги препорачал.И ајде сеа кој поволности дава Т-МОБИЛЕ???
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
И ајде сеа кој поволности дава Т-МОБИЛЕ???
Се согласувам, кога треба да се земе апарат, се они нешто го немаат на лагер, или имаат еден. Еднаш ми дадоа апарат што уствари бил во излог, си отидов дома и ми се јавија да им го вратам. Најдобра мрежа? Ма кој ги ебе, не им се ставам никад!
 
Член од
2 март 2011
Мислења
99
Поени од реакции
12
Ако сакаш постпејд стај се на Вип Л тарифа или евентуално на ОНЕ ама во секој случај имај си број на припејд од Т-мобиле за да бидеш достапен нон стоп :)
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Реалноста е дека ние уствари се стремиме да одбереме оператор којшто најмалку ќе не заебава. :icon_lol:
 
A

Advokatisce

Гостин
Кој те излажа бе тебе???
Долги 5-6години сум на претплата на т-мобиле(пакет 4броја)на два пати требаше да го продолжам договорот.Првиот пат ништо не ми дадоа попуст за телефони,вториот пат ми се јавуваат од таму и ми викаат господине доколку сакате да го продолжите договорот ви следуват 4телефони.Одам јас да го продолжам договорот и да си земам телефони кога тој таму ми вика дека мораш да ги платиш сите во кеш само еден на рати можеш.:confused:Им викам дека ми се јави ваш колега и дека ми рече дека ми следуваат 4мобилни бесплатно,не грешка сте вака е сеа.Го повишив малце тонот и одма го викна тој од обезбедување демек се понашам непријатно.Сеа пред месец дена ми се јавуваат пак со истиов изговор и одам пак и ми вика господине вас ви следуваат 4мобилни од кој само два можете на 3рати да ги платите а два во готово.Прашувам јас па добро бе 5-6години сум претплатник не ми следува некој поволности и ми вика епа еве господине можете на рати да платите и пак 500ден. го плаќате мобилниот на пример вреди 22000 јаг го плаќам 21500 и плус на три рати а другите истата цена во готово треба ги платам.Ај немав друг избор и си одбрав мобилни и одам после пак во тимобајл и ми вика дека само еден имате право да го плаќате на рати:facepalm:Ај да не се нервирам бетер викам добро дај ми ги овие мобилни.Ми вика само еден го имаме другиве ги немаме.А кој имате прашувам и ми кажува таму некој телефони кој и на најголемиот непријател не би му ги препорачал.И ајде сеа кој поволности дава Т-МОБИЛЕ???
незнам што ти дале тебе, али јас гледам други информации на нет. Така да би требало да им е точно тоа што го објавиле.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
незнам што ти дале тебе, али јас гледам други информации на нет. Така да би требало да им е точно тоа што го објавиле.

На интернет може да пишува едно ама реалноста е друга;)Поготово со овие од Т-мобајл.Пример:Гледаш ти на страната нивна некојси телефон на рати и други поволности си решил да го земеш тој телефон по секоја цена.Во себе едвај чекаш да дојде другиот ден да појдеш и да го земеш на пример ајфонот, и си пресметал све што како според страната нивна.Дошло сабајлето и ти одма пред најблиската продавница на т-мобајл едвај чекаш да се отвори продавницата за да си земеш ајфон.Влагаш таму и во цела продавница само еден човек и обезбедувањето.Му одиш на тој и му викаш вака и вака работава дојдов да потпишам договор и да земем телефон(ајфон бе).Тој те слуша внимателно и после 10-15мин ти вика господине овде се наплаќаат само сметки а за договори на другата страна.А таму нема никој,го прашуваш кај е тој што треба да се обратам ти вика дека не е дојден уште почекај едно 5-10мин.Чекаш чекаш ти едно саат време ако не и појќе на работ си на нервен слом и прашуваш пак кога ќе дојде и тој ти вика еве сеа почекајте малце како да ти рекол првпат и си чекаш ти уште пола саат и излага човек од внатре кој мислиш дека претходната вечер ја испил цела кафана нит гледа нит му се гледа нешто пред очи и му кажуваш за договорот кој сакаш да го склучиш со нив и после две-три минути ти вика ај кажи пак да го најдам во понудава.Тебе главата ти чади во буквална смисла на зборот го повишуваш тонот и му се обраќаш крајно изнервиран.Ти вика ГОСПОДИНЕ ВО МОМЕНТОВ ГО НЕМАМЕ ТЕЛЕФОНОТ НА ЛАГЕР ПОЧЕКАЈТЕ МАЛЦЕ ДОЈДЕТЕ ЗА 5-6ДЕНА.За тоа време ти губиш желба да земеш телефон но си викаш ај што се пет дена.Поминале тие пет дена одиш пак во Т-мобајла и истата слика како што беше кога појде првпат.После доаѓа човекот и му се обраќаш дека си бил тука пред една недела за договорот а тој те гледа како од марс паднат и незнае што е работа после малце по малце му текнува(10-15мин мислење) за што се работи и ти вика дека ја чекаат испораката од странство за мобилни ама таа доцни.И ти вика дај те ми ваш број на телефон кога ќе стигне ќе ви се јавиме.Губиш живци и прашуваш што телефони имате на лагер??Ти кажува таму некој мобилни од памтивека и те убедува дека телефонот е џам,мнооогу е добар и таканатаму.Ти го гледаш така :eek:и го гласно пред сите го тераш у трилепе и си заминуваш и си викаш леле:facepalm:па кај најдов јас глупав да ми текне дека т-мобајл давале поевтини телефони.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
658
Поени од реакции
544
Vip operator

пред 17 минути
Здраво Vip заедницо... За половина час ќе се вклучиме во живо на прес конференцијата на која што ќе претставиме уште едно супер изненадување за сите вас. Следете не!


претпоставувам ќе има нови тарифи!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom