Ај место во метал, тука ќе пишам што ми е на душа за новиот албум на Avenged Sevenfold. Нешто како рецензија, боље као мрчење, ама нема везе.
Значи закажано е да излезе на 30 овој месец, но благодарение на некој пират порано излезе на торент, јас на ќеиф сабајле го симнуем, и пуштам прва трака. Очекував интро како од Waking the Fallen или Sounding the Seventh Trumpet, а добив интро кое ме потсеќа на црковна музика помешана со мафијашки стил. Ебаго, прво разочарување. Втора песна, и така и така, ништо посебно, недај боже револуционерно, ни пак ме воодушеви. Ај, боље е од првата се тешам. Идемо даље, трета песна, ја ислушав пошто излезе како сингл, онака добра песничка, певлива, си заврши работа. Ипак најдобра до сега. Даље, 4та песна, глуп наслов, ама пак не е лоша и онака за потполнуење место на албум врши работа. 5та трака, најдобра според мене, Critical Acclaim, прва што ја слушнав од овој албум скоро пред месец и пол. Супер си е песната, малце анти-Буш, со муда е правена, добри рифови, добар текст, добри скримови и затоа држи примат според мене. Даље, 6та трака, коа почна си викам овие кантри ќе почнат да пеат, нешто религиозен наслов, шо ти знам... Имаше 2-3 моменти во песната кои онака беа супер, другото беше просечно... Gunslinger е супер песна, Lost просечна, Scream и така и така, а последнава е за последна песна од албум - искрено лоша.
Ова го пишав по прво слушање, не се чудите ако се предомислам после.
Ама за прв впечаток, џабе толку чекање...
Дека се песните како Unholy Confessions, Chapter Four, Eternal Rest, Second Heartbeat, Sidewinder, M.I.A.... ебаго претходните 3 албуми се ѕверски, овој дефинитивно разочарува...
Значи се на се, добар албум, ама слаб во споредба со неговите претходници. Омилени ќе ми останат Waking the Fallen и City of Evil... овој мислам дека е избрзан, боље да почекале уште некое време за да напраат подобри песни...
Шедоус вели дека овој албум им е најзрел до сега, јас велам дека е најлош до сега... од зрелост, з нема... малце сум суров, ама ова ми е една од омилените групи и мразам кога ќе заебат работа вака...