Мислам дека малку се работи за изместена перцепција. Скржавоста не е доблест или недостатог на богатите туку се манифестира кај сите слоеви.
Себеси се перцепирам како човек кој е во подобра материјална состојба барем од 80% од лицата на моја воздраст во Македонија, во последно време се соочувам со префрлање дека сум бештија од пријатели кога се работи за позајмица или пак трошење на средства во нешто што не ми прави ќеиф или пак немам реална потреба.
Му имам дадено на неколку пријатели одредени помали суми и дел од нив немаат воопшто намера да ги вратат, навистина не ми значат ништо 500 или 1000 ден. и со драга волја би им дал неповратен заем, но истите кога дошле кај мене побарале позајмица со некое спремно образложување. Кога веќе дале ветување, нека си го исполнат.
Кога ќе се начекаме ги потсетувам на моменти, барем дел од нив и некако превртуваат очи, демек сум некој изгилиз за 500 ден ги трујам на секое.
Не ми е воопшто за парите (мислам за таква мала сума), колку што се работи за принципиелност.
Мајсторите се посебна приказна пак, првиот водоводџија ми побара 500 евра за да пушти две цевки вода, кога му побарав спецификација да ми даде колку чинат материјалите, колку чини работната рака почна да кемка дека може да појде подолу.
И тој другиот ме одра, ама таква ми беше ситуацијата што немав избор и морав да платам 4/5 илјадарки поскапо од реалната сума. После ќе излезе муабет дека си од Мокрино од причина што не сакаш да те прават будала неписмени.
Слушнав муабет дури и од што сум ингилиз не си купувам автомобил и се возам со точак.
Ме интересира колку од тие што критикуваат би биле модерни Робин Худовци и би делеле богородици кај сиромаштијата.